1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Промени во животот

Дискусија во 'Психологија' започната од Bright, 5 февруари 2010.

  1. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.516
    Навистина, животот е стресен и незамислив без проблеми. Стресот ги поттикнува луѓето на промени. Тоа е поттик за размислување како да се продолжи со животот, експериментирање и за создавање на сопствено искуство и животен стил. Често и размислувањето како да ги надминеме проблемите знае да предизвика уште поголем стрес, ако не можеме да најдеме и спроведеме соодветно решение за надминување. Промените може да бидат позитивни и негативни...

    Како ги прифаќате промените?
    Дали ве плаши фактот дека „Се‘ тече, се’ се менува“, односно дека се‘ е променливо?
    Дали имате храброст да направите големи промени во животот? Како на пример, преселување во друг град/држава, менување училиште/факултет, доброволно давање отказ од работното место, брак/развод?
    Или пак едноставно сакате да го чувате она што сте го стекнале.. што веќе преминува во монотонија?

    Повелете, дискутирајте ;)
     
    На elimkd му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Обожавам промени. Но не промени од видот
    добро за градот и би, ама на вакви промени би се осудила во екстремни случаеви кога околностите воопшто не ми одговараат. Но секојдневно се обидувам да променам нешта во мојот живот (мислам на маи работи) со што ите како можам да си разбијам монотонија. Доволно ми е едно шишање, ново парче облека, преуредување на собата...
     
  3. lucky

    lucky Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2010
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    0
    Здраво, здраво, јас лично кога бев помлада, не се плашев од ништо, од никакви промени, сменив работно место, бев во странство, итн. Но откога имам фамилија, деца да ви кажам не можам да се препознаам. Многу повеќе размислувам за се подлабоко. И да мора нешто да се направи мислам дека многу ќе се двоумам за било што.
     
  4. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.097
    Допаѓања:
    4.451
    Пол:
    Женски
    Кога бев помлада и јас често правев големи промени, го променив средното училиште, се запишав на факултет, ново работно место ..... секоја промена носи товар, носи неизвесност и кога си млад не размислуваш многу и полесно ги прифаќаш промените. Како поминува времето сакаш сигурност, сакаш да знаеш на што си, па промените во животот ги сведуваш на ситни ствари. Барем јас така правам :)
     
  5. Go-Girl

    Go-Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    3.712
    Допаѓања:
    3.988
    во овој период сакам промени и не се плашам од нив...сакам предизвици, сакам да видам и доживеам нешто ново :D
    си го променив стилот на облекување пред 2 год. после го променив начинот на размислување, го променив факултетот, сакам и да се преселам во друг дел од градов, ама тоа малку потешко да го реализирам :? постојано се трудам да запознавам нови луѓе, да се дружам со различни друштва, излегувам на места каде досега не сум била, не се ограничувам во правецот на музика кој го слушам....го живеам животов најдобро што можам и умеам и не се каам за ниту една промена која сум ја направила.....на се гледам како на едно ново искуство :P
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  6. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.747
    Допаѓања:
    65.194
    Пол:
    Женски
    Jaс сум човек што тешко се навикнува на промени. И многу мразам промени и кога ми се пореметува темпото на животот. Тоа е во главно, но понекогаш нормално дека добро доаѓа некоја промена. Инаку прилично тешко се навикнувам на промени( иако мислам дека тоа ми е лоша особина ама што да правам)
     
    На Victorya му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Marley

    Marley Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.093
    Допаѓања:
    1.128
    Пол:
    Машки
    ...jas sum Marley...a treda da bidam Mel Gipson... :worried:hock: :?
     
  8. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.852
    Пол:
    Женски
    И мене ми е страв од големи промени,ама сепак понекогаш е добро да дојде и до нив,промените го движат животот напред.А најмногу се радувам на некои ситни промени што ќе ме извадат од монотонијата.
     
    На Crna Dama му/ѝ се допаѓа ова.
  9. gwen

    gwen Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2009
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    81
    Сакам промени ама позитивни, ми го освежуваат темпото во животот.
    А баш сега сум во некоја фаза во која осеќам дека ми треба некој драстична промена.
    Особено последниве 2години напраив големи промени,
    и од истите некако ко пак се вратив на истото и ми е тапа,
    досадно и сакам ептен нешто ново.
     
  10. Marley

    Marley Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.093
    Допаѓања:
    1.128
    Пол:
    Машки
    ...za da budesh Mel Gipson...treba Marley da inash...golemi bubrzi...deli... :roll:
     
  11. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.645
    Сакам промени, промени на подобро. Но најпрво сакам да почнам со голема промена на самата себе, неопходна ми е. Живеам во голема монотонија, потребно ми е нешто. Млада сум, но многу размислувам за животот, итно ми треба промена, но како да немам хрброст за такво нешто, само желба. Постои нешто што ме спречува, бидејќи во моите фантазии се е поразлично.
     
    На Crna Dama му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.516
    Јас постојано викам дека сакам промени, дека ќе почнам да се дружам повеќе, дека нема да ме мрзи да излезам до на кафе, дека нема да ги преспивам утрата па и попладневни часови.. знаете.. се смеам на таквите мисли и мои постапки. Значи многу малку се променувам во тој поглед.
    Како и да е, ако нештото дојде.. добре дојде! Некои работи не можат да се сменат, добро е одма да се прилагодиме. Е сега мојот живот фаќа една патека и јас трчам по неа одредено време, како на пример 4 годишното акање до гимназијата, едно 30 минутен пат кој е прав ко писта и ми се здосади, ме нервират секој дел, и друг пат ако фатам пак се нервирам бидејќи се знам кај е, што е... и во последно време се тешам со помислата дека ете здравје Боже, таа промена ќе се случит Скопје.. нема сомнеж во тоа. И така. Други некој ептен важни одлуку не сум направила (од тие горенаведените) :)
     
  13. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.743
    Допаѓања:
    130.722
    Се' тече, се' се менува ми е животно мото. Кога ми е тешко мислам на тоа, и на ништо друго.

    Промени - да. Промените го движат светот, и што побрзо се прилагоди на тоа човек на тоа, толку подобро. Нормално дека кога си помлад и без обврски полесно ти е да правиш промени.
    Јас имам сменето неколку работни места (5 ако не се лажам). На последново лани ме фати сафра и бев со план да го сменам бидејќи предолго сум тука, ама ми го сменија работното место во фирмава, така што ми дојде како промена и останав. Можам слободно да кажам дека сум зависна од промени.
    Сум се селела неколку пати, и не би ми претставувало проблем пак да го правам тоа. Сакам и по дома да менувам бои на ѕидови, мебел - што можам и колку можам.
    Мислам дека не би ми било проблем и да се решам на развод ако има потреба. Фала богу нема, ама теоретски, сум размислувала на темата.
    И во кујната се трудам да внесувам промени - да експериментирам со јадења и слично.

    Мразам кога ќе се застојам, кога ме фаќа монотонија, кога ми се случуваат истите работи, кога ја работам истата работа... И кога ќе ме фати некое такво монотоно и депресивно расположение знам дека ми е потребан промена, и веднаш стапувам во акција!
     
  14. shiningstar

    shiningstar Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    623
    Допаѓања:
    307
    Правам промени, обожавам промени, а посебно радикални, ууу би можела да се селам, и имаме за мои 22 години сменето 5 места на живеење. Многу брзо се адаптирам на нова средина, на нови луѓе, различни карактери, можам да функционирам во секаква средина, од најцивилизирани средини до варварски места, градски и селски средини и луѓе од секаков социјален статус. Обожавам кога од доооолга коса ке ја ишишам мнооогу кратка, брзо преболувам неуспешни врски, секојдневни проблеми и разочарувања. Не поднесувам монотонија во никој случај...денес сум со едно друштво ,утре со друго секој ден мора нешто различно да ми се дешава. Мада тој јарецот што го имам во подзнак, потајно ми сигнализира некаква рамнотежа, во спротивно не знам хехе. Како и да е, само без љубов не би можела да живеам, а промени се добродојдени секогаш ;)
     
  15. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.348
    Пол:
    Женски
    Промените се дел од нашето секојдневие :) секој ден гледаме како некој си ја скратил косата или си ја фатил во реп , направил фризура итн.Ги прифаќам најнормално зашто нема да биде интересно ако се е монотоно.
    Имам храброст да направам поголема промена , а ќе ја направам за скоро време, барајќи подобра иднина секој би се согласил на промена нели?
    позз :D :)
     
  16. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    3.074
    Допаѓања:
    6.692
    Пол:
    Женски
    Многу,многу тешко свикнувам на промени...едноставно сум таква чувствителна личност што секоја промена влијае на мене :worried:
     
  17. Night.Star

    Night.Star Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2010
    Пораки:
    278
    Допаѓања:
    117
    Секогаш сум ЗА промени, големи, мали, секакви. Секогаш кога имам шанса за нешто друго, нешто ново-ја грабам. Кога треба да се оди некаде во странство, ако имам време и средства секогаш одам. Имав планирано да го сменам факултетот во една далечна држава оваа година, ама не излезе се како што планирав па тоа остана за тоа. Сега едвај чекам да дојде лето да заминам за Америка неколку месеци. Обожавам промени и мразам монотонија. Уживам во запознавање нови луѓе, посебно од други држави, нови култури, начини на живеење, странски јазици(одам на курс по италијански а од наредната неделе започнувам и француски)...како што би рекла цимерката моја-еднаш се живее! :smoke:
     
  18. red

    red Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2010
    Пораки:
    480
    Допаѓања:
    130
    Пол:
    Женски
    сакам промени,ама недрастичнии `од црно на бело`
     
  19. Fearless

    Fearless Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.344
    Луѓето по природа се плашат од промени, на пример да сменат работа, дечко, девојка, да ризикуваат и слично, затоа сметам дека тие што не се плашат се поуспешни во секоја смисла во животот. Јас лично најпрво сум многу песимист за промени, за потоа да видам дека секоја промена може да влијае позитивно (со исклучок на оние кои се несакани и не ни се мили). Се обидувам да го отфрлам песимизмот, и да правам колку е можно повеке промени без разлика дали се мали или големи.
     
  20. Macedonian-Girl

    Macedonian-Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2010
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    14
    Промени... кога ќе помислам колку многу ми се измени животот за нешто повеќе од 1 година.... дури тешко ми е и да се препознаам. Толку многу се изменив. Како прво направив голем исчекор заминав на студии во странство, тука е мноогу поразличен животот што го живеев во Македонија... има многу позитивни страни ново место, нови пријатели, се здобвам со големо животно искуство, бидејќи сум сама во вистинска смисла било кои проблеми и да ги имам морам да се потпирам само на себе.. динамичен живот, многу опасности, стрес, се бара огромна одговорност, борба, нема застанување... изморена сум да и уште ми е тешко да се привикнувам иако измина една година, но осе обидувам да не застанам. Ако човек заостанува тогаш пропаѓа, ваквкото сурово општество едноставно го гази. Го црпам секој атом сила од себе да останам на правиот пат и да се борам... Пеколно е темпото.. Но сепак проценувајќи се себеси знам дека можам да издржам само единствено што ми треба е барем морална подршка, а впрочем тоа е и единствениот вид помош кој можам да го добијам.
    Инаку за промените мислам дека се неизбежни кај секого без разлика на тоа сакале ние или не.. Се тече се се менува.. никој не останува потполно идентичен. Важното во промените е тие да се позитивни. Се разбира секој има и негативни страни никој не е совршен. Така и јас, не се стремам да се менувам кон совршенство, туку да се ментувам создавајќи од себе личност онаква каква што јас сакам да бидам, самоуверена, среќна, борбена, независна, позитивна. :)