1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Работа од дома во време на Корона

Дискусија во 'Коронавирус' започната од Cka, 27 март 2020.

  1. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.215
    Допаѓања:
    124.195
    Имаме тема за седење дома и самоизолација, имаме тема за работење на работнот место кога има Корона, ама не и дека работите се менуваат од ден на ден и мора да работиме од дома.

    Би дошло прилично полесно за оние без деца дома, но верувам дека и они имаат предизвици поврзани со истата тема.

    За мене, можам да кажам дека ова е потешко од одење на работа. Прво, шефовите си бараат работата да тече нормално, обезбедиле плата, обезбедиле компјутер и нормално дека очекуваат и да работиш, ако не комплетно се, барем приближно.

    Но, во тие 8 саати што турбо си работел сега имаш и мал милион други обврски.
    Прво, пиеш кафе и отвораш маил, и гледаш дека течека куп работа, додека правиш распоред што и како да почнеш, детето се разбудило и бара млекце.
    Повторно продолжуваш со работа, и вика, ми се мочка, па мислата на пола ти останала,
    Пишуваш маил адреси (ова вчера ми се случи) и на секоја втора буква имаше прашање со потпрашање, и 10 минути ги пишував 5 маил адреси, не маилови, маил адреси.
    Те бараат на телефон од работа. и додека зборуваш, имаш мамоооооо ми се мочкааааааааа. Продолжуваш со разговорот, одиш истовреме у веце и бришеш газе.

    Правил некоја сериозна анализа која ја чекаат на работа, ама баш тогаш детето решило дека сака да те гушка. Пред некој ден имав ситуација да седам на земја да си играм и детенце да ме јава на грб додека пишувам допис во врска со милионски работи.
    Секако треба во денот да направам појадок, ручек, 2 ужинки, цедено сокче (ова до 4 саат, додека би била радовно на работа), и нормално да ја наранам, оти сега е галена и решила дека треба даја храниш. Јадеш у исто време со неа, и читаш книга што ја сакала....

    И така не постигнуваш да сработиш до 4, и работниот ден ти се провлекува до 8 навечер, а некогаш и покасно оти заспало дете. Некогаш си викаш ке доработам, да заспие и заспиваш со дете.

    Нити си посветена мајка, нити си добар на работа, оти си поделен на два дела.

    Како се снаоѓате вие?
     
    На wendy2, karak, do-re-mi и 13 други им се допаѓа ова.
  2. Bicka77

    Bicka77 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2020
    Пораки:
    1.694
    Допаѓања:
    5.030
    Пол:
    Женски
    Не сум родител, меѓутоа во мојот случај и работодавецот и клиентот очекуваат продуктивноста да се зголеми сега. За јас да ги задоволам тие очекувања (за да добијам покачување кога ќе дојде време), останувам околу 11 саати онлајн, цело време пред ПЦ со 30 мин за едно јадење.

    Не можам ни да замислам колку им е потешко на колегите/колешките со помали деца :(
     
  3. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.189
    Пол:
    Женски
    А чекај, кога си на работа тоа доаѓа во канцеларија и те гушка? Ти се јавува на телефон и ти претрчуваш до дома и го носиш да мочка?
    Работата од дома значи да си физички дома, а психички во канцеларија.
    Тоа што не знаете да одделите приватен од професионален живот е ваш проблем.

    Јас тоа го сфаќам дека треба дома да седиш ама да е како да не си дома тие 8 саати, а не грав да варите и пелени да менувате.
     
    На nena2010 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Spidy

    Spidy Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    4.179
    Допаѓања:
    10.786
    Пол:
    Женски
    Има момент тука што го занемаруваш. Јас сум медицинско лице и првично не бев ослободена од работа. Маж ми беше ослободен да работи од дома и да ја чува ќерката од 1 година. Ако он не и смени пелена, нема никој дома кој да и смени. Среќа кај мене ја затворија скроз ординацијата после неколку дена, па сум дома со детето и маж ми сега може слободно да работи. Ја носам малата во друга соба кога има состанок и се менуваме ако јас имам потреба да завршам нешто на комјутер.
    Ако родителот е ослободен да работи од дома бидејки има дете, реалноста е дека 30 посто од работата не може да ја заврши цел ден. Воопшто не ставам пеглање алишта во муабетов, тоа се завршува исто како и кога редовно си идеме на работа.
    Јас мислам дека само готвам и мијам садови по цел ден сега. Детето има 4 оброка, јас и маж ми 2 или 3, и генерално не јадеме исто со детето. Едноставно тоа одзема време, како и менување пелени, успивање, греење млеко и слично. Да треба да работам нешто полни 8 саата како маж ми, и во исто време да сум сама со детето дома, знам дека ништо нема да завршам.
     
    На oblace1, Coco31, Annath и 6 други им се допаѓа ова.
  5. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.503
    Допаѓања:
    32.611
    Пол:
    Женски
    Интересна тема:)
    Цела недела бев дома.Си зедов од работа- работа и му реков на шефот доста е за ова недела.Не добив противење.
    Јас успеав работата да ја сработам побрзу од што планирав.
    Како тече нашиот ден.Станувам јас прва ама после 5 минути одма станува малата^_^
    Нормално ја молам 30 мин да се облече сама да си измие заби, да си стави кремче на лицето, да си го размачка. Конечно кога сме облечени спремам доручек и си варам кафе Пуштам тв и јадеме.Нормално мама мора да помогне при хранење:$
    Кога конечно завршила со јадење ја оставам да гледа тв бидејќи морам да работам и и кажувам дека чичко шеф ќе биде лут ако мама нешто не сработи.
    Таа си седи и гледа , а јас работам колку можам побрзу.Кога ќе и здосади почнува да бара да јаде , па дојди мама сакам да те гушнам, па ајде да шетаме.Па ја терам да го гаси тв и да земе да си игра или да црта.
    Не сака нормално побитно е да дојде до мама и да гледа што прави мама на новиот компјутер.Па следат прашања која е ова бројка која е ова буква, а ова 6 ли е ?
    Обично накај 12:30 одиме на прошетка 1час до 2часа со надеж дека ќе биде преморена и ќе спие.Ама тоа не се случи цела недела.Измеѓу време готвам некоја ужинка и ручек и откако ќе ручаме цртаме или си играме нешто се слушаме со баба и дедо.Кога доаѓа мм јас пак седнувам да работам.Па кога ќе дојде време за ноќно спиење и велам дека немам време за приказна да доработам и ќе си легнам.
    Таа заспива сама , а јас продолжувам.
    Од 6 ч работно време што имам на работа дома дали 4часа работам.Али подобро нешто отколку ништо.Шефчето ми е супер не ме замара со мојата продуктивност .
     
    На wendy2, oblace1, LivingGlam и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Arja

    Arja Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2016
    Пораки:
    830
    Допаѓања:
    1.349
    Пол:
    Женски
    Искрено не ти го оправдувам мислењето од проста причина што мислам дека моментално има многу родители чии фирми ги ослободиле од доаѓање на работа но мора да работат од дома. Истовремено, градинки/училишта не работат, па мораат истовремено и децата да ги чуваат и да работат. А дете нема да разбере дека ти сепак треба да седиш и да работиш 8 саати дома а тоа само да се занимава, па и да е дете до 10 години. Дури и партнерот да е исто така дома но да мора, како и мајката, така и тој/таа, да работат 8 саати од дома, не се од голема помош во овој случај, особно не ако фирмите си тераат класично работно време. Идеално би било да биде дозволена флексибилноство поглед на работно време и двајцата да бидат дома, но сурова вистина е дека тоа не е случајот кај многу од родителите. Затоа не судете премногу брзо на тие околу вас, само тие си знаат во каква ситација се моментално, борејќи се да опстанат на работа и дома, да ги нахранат тие усти кои чекаат дома.
     
    На Lolipop23, wendy2, SandStorm и 10 други им се допаѓа ова.
  7. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.189
    Пол:
    Женски
    А кој и менуваше пелени пред ситуацијава кога одевте на работа?
     
  8. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.970
    Кој не работел од дома, а уште па со мали деца наоколу (а и општо со луѓе наоколу) НЕ знае колку е тешко да се работи од дома и точка. Претешко е да се задржи концентрација.

    Може да се намали малце со осуди во секоја друга тема или како? @СуперДевојка за тебе прашувам, затоа што ниеднаш не прочитав конструктивен совет од тебе по темиве за корона, само осуди како сите се слабаци и неспособни ако НЕ дај Боже се пожали некој за нешто.

    Њуз флеш - не се.

    @Cka освен физички да се оддалечиш или да работиш кога она спие, за жал, друго чаре нема :/
     
    На KuklickaSk, dunika, Ladyyyy567* и 15 други им се допаѓа ова.
  9. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.733
    Идеше во градинка.
     
    На NarCis@, Safira26, SummerGirl и 4 други им се допаѓа ова.
  10. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.189
    Пол:
    Женски
    Да, зашто се сакате на лесен начин да добиете.
    И јас ја работам од дома работата, не ради ситуацијава, туку тука ми е работно место секогаш. Станувам, пијам кафе, се облекувам, влегувам со работен простор и излегувам кога завршувам со работа, попладне. Ручек правам од денес за утре, односно попладне за наредниот ден, доручкувам пециво кое го купувам пред почеток на раб време, чистам, перам и пеглам после работа. Едино не губам време во пат од/до работа. Затоа осудувам што не ја ценат можноста што им се дава туку варат ручеци и вечери.
     
  11. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.970
    Не знам кои сме тие ние и што сакаме да добиеме на лесен начин. :?:

    И ја работам од дома пет години веќе и точно, треба да има човек структура во денот и да се организира. Нема друг начин да се биде продуктивен.

    Ама за многумина е ова нова ситуација и треба време да се прилагодат.

    Луѓето не се роботи на копче, а децата па уште помалку.
     
    На Hipster, do-re-mi, oblace1 и 7 други им се допаѓа ова.
  12. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.219
    И јас сум приморана да работам од дома, и во едно сум сигурна: Едвај чекам да се вратам на работното место.
    Првите денови беше добро, дури и интересно, ново, необично искуство.
    Сега ми фали да се спремам, да облечам чевли, да излезам, па и колегите почнаа да ми фалат. Ми фали самата рутина.
    Не е исто. А немам семејни обврски и да не е работата, сум слободна по цели денови.

    А друг е проблемот што мојата професија си ,,бара'' контакт очи во очи, физичко присуство. Ова сега е само привремена импровизација.
     
    На KuklickaSk, nena2010, Cka и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Arja

    Arja Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2016
    Пораки:
    830
    Допаѓања:
    1.349
    Пол:
    Женски
    Никаде не спомна дека имаш деца или дека некој зависи од тебе во ситуацијава, па ќе претпоставам дека живееш сама или имаш партнер/семејство/цимер/ка што ти помага. Затоа не осудувај. Баш ме радува што ти функционира рутинава затоа што и самата работам од дома и знам колку е важно да ја имаш истата. Ама исто така баш ме интересира дали ќе се потпираш на истата кога ќе имаш дете дома, сметајќи дека не би го давала во градинка и би било со тебе дома, сама 24/7 или барем додека е партнерот на работа. Или тогаш нема да можеш да отидеш ни до вц сама а камоли да купуваш пециво пред работно време и да готвиш, пеглаш, чистиш откако си завршила со работно време кое си го поминала без ниедна дистракција, затоа што нели, детето ќе чека пред канцеларија додека ти работиш 8 саати и ќе се занимава само.
     
    На KuklickaSk, Lolipop23, oblace1 и 6 други им се допаѓа ова.
  14. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.189
    Пол:
    Женски
    Ако не се сфати сериозно, нема да успеат да сработат, тоа е факт.
    Треба да знаат дека 8 саати треба да се работи исто како во работен објект да си, да се игнорира домашната атмосфера. Јас не претрчувам до дневна да зборнам со домашни, не примам гости, не влегувам до кујна да грицнам нешто. Тука си вариме кафе со жените кои ги имам вработено, правиме паузи, но никако не одам до соба да дремнам. Затоа не можам да сфатам како некој може да е олку недисциплиниран. Работа е работа без разлика каде ја работиш.
    @Arja искрено во ваква ситуација, би го дала детето на чување или би си зела нелој да ми го чува дури работам. А кога ќе работат градинки без исклучок би го давала во градинка зашто тоа е процес кој сметам дека е многу важен за развојот на детето.
     
  15. Elena1001

    Elena1001 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2016
    Пораки:
    406
    Допаѓања:
    1.867
    Пол:
    Женски
    Пелена на повеќето деца што сега се дома им менувале во градинка. Најверојатно имаш слушнато дека постојат градинки. И да родителот го оставиле да рабори од дома, но што кога другиот мора на работа, пр.здравствен работник или арм, полиција кои не се ослободени од работа. А сепак очекуваат и ти да работиш од дома. Еве детето е година ипол, како ти би постапила во ситуацијава. Го затвараш во соба, не му даваш јадење или евентуално само млеко зошто се друго одзема време за приготвување или? Можеби ние незнаеме да се организираме а ти имаш некој супер начин па те молам да споделиш. Можеби ќе научиме нешто и ние неорганизираните.
     
    На SandStorm, oblace1, SummerGirl и 8 други им се допаѓа ова.
  16. Arja

    Arja Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2016
    Пораки:
    830
    Допаѓања:
    1.349
    Пол:
    Женски
    Ќе примаш луѓе за кои не знаеш со какви луѓе се во контакт во време на пандемија? Секоја чест на размислувањето. Се гледа дека не си мајка. Не сум ни јас, ама имам разбирање за сегашните мајки и родители воопшто во ситацијава.
     
    На oblace1, NarCis@, Safira26 и 9 други им се допаѓа ова.
  17. Spidy

    Spidy Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    4.179
    Допаѓања:
    10.786
    Пол:
    Женски
    Идеше во градинка.
     
    На SummerGirl и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  18. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.189
    Пол:
    Женски
    Мислев прво на баба или дедо за кои ќе знам со кого биле во контакт. А другата опција беше дадилка која не би ја вработила сега туку би идела редовно да ми го чува детето.

    и океј ми е шо си се правдате за несработеното, олабавете. Секој со способностите.
     
  19. Arja

    Arja Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2016
    Пораки:
    830
    Допаѓања:
    1.349
    Пол:
    Женски
    Свесна си дека охрабруваат социјално дистанцирање, нели? И дека баш постарите се ранлива група во моментов и се најстрого охрабрени да останат дома? Па и дадилка да ти го чувала детето со години, не е опција сега да доаѓа од причина што и сестра да ти е не можеш да бидеш сигурна со кој се била во контакт.
    И те молам, не зборувај кога не знаеш. Мојата работа си функционирала совршено и пред пандемијава, не гледам причина тоа да се промени. Ама те молам, те охрабрувам да времето што го поминуваш тука во буцкање го посветиш на нешто друго.
     
    На Nevermore, oblace1, NarCis@ и 8 други им се допаѓа ова.
  20. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.573
    Допаѓања:
    171.536
    Пол:
    Женски
    Не си во право затоа што сега тие жени имаат две улоги, негователка во градинка и нивната работа што е дома донесена.
    Кога оделе на работа детето не било до нив, било во градинка. Таму му менувале пелени, таму јадело, таму дремнувало, таму било анимирано..

    Сега мајките го прават се од горенаведеното плус нивната 8 часовна работа!
     
    На Dennings, Nevermore, Lolipop23 и 12 други им се допаѓа ова.