1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Работа со Авон

Дискусија во 'Барање работа' започната од feminium, 2 јануари 2013.

  1. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    А ти даваат препорака за друга работа?

    Одговорот е НЕ. Ама ај...
     
  2. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.020
    Работа со Авон (или Орифлејм, Тианде итн) ти се исплати ако и само ако имаш пристап до навистина голем број луѓе (жени) кои стојат финансиски солидно. Ако планираш да продаваш по другарки, комшики, роднини или колешки на мајка ти, реално ништо нема да направиш. Другарка ми кај што се шиша, фризерката е дистрибутерка и она вистина вади по некој 5, 6 илјади заработка од каталог ама знаете кај неа колку жени и поминуваат низ дуќан месечно? Ќе седне муштериката и додека чека да и дојде редот, ќе листа каталог и ќе види кармин, пудра, лакче, некоја крема, парфем на попуст па и фризеркава ќе и направи филм колку убаво ќе и стои таа боја на тенот или колку кремата е добра, стварно подмладувала па пудрата како покривала и мазнела брчки и жените навистина порачуваат многу од кај неа. Само другарка ми на секое идење прави порачка по 800, 900 ден а што останува од другите. Плус салонот и е во центар, не е баш евтина и реално, клиентелата и е прилично добростоеча.

    Јас да се зачленам во Авон и да пробам да продавам по другарки, која невработена, која работи за едвај 200 евра, знаете колку ќе заработам? Нула!
     
    На eloves, GirlLove, andreina и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. La.femme

    La.femme Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    111
    Некаде по форумов пишував за работата во Авон. Еве и тука сега. Се зависи од тоа колку луѓе ќе купуваат од тебе производи и дали ќе можеш на време да ги собереш парите за да ја платиш фактурата. Како претставник, во зависност од висината на порачката имаш попуст од 15%, 20%, 25% или 30%. Ако вкупната сума на порачката (сметано по каталошка цена) е од 1500-3500 денари, ќе имаш 15% попуст. Ако е од 3500-6000 денари, ќе добиеш 20%, а ако е над 6000 денари - 25% попуст. За 35% попуст има посебно дефинирани услови. Но, бижутеријата е секогаш со 15%, па ако имате 4500 денари, ама е бижутерија или други некозметички производи, без разлика на сумата ќе имате 15% попуст.
    Е сега, ако одиме на идеалната варијанта, каква што секогаш ја прикажуваат во сите мултилевел компании, ако вашата порачка е 7000 денари (и тоа само козметички производи), фактурата ќе ви биде 7000-25% = 5250,00 денари. Значи вие ќе заработите 1750 денари.
    Ама ако порачката ви е 2500 денари (само козметика), ќе заработите 375 денари (бидејќи порачката ќе биде со 15%, а фактурата ќе биде 2125 денари). Ако на тоа додадете достава до дома - 50 денари, провизија на уплатница во банка 15 денари и плус 30 денари за порачка во вонреден опус, вас ќе ви останат смешни 280 денари.
    За да станете координатор, треба да најдете најмалку 5 претставници кои ќе работат во вашата група. Откако ќе се потврдите како координатор, на вашата лична порачка ќе имате 30% и плус месечна провизија. И тука се зависи од тоа колку луѓе имате во групата и колкави порачки ќе имате. Чисто за илустрација, ако луѓето во вашата група и вие направите порачки од најмалку 23.000 денари како група (што всушност е и минимална сума што секоја координатор со својата група мора да ја достигне во една кампања за да му се исплати провизија), вашата провизија ќе биде од 600-800 денари.
    Ако вашата група и вие направите да речеме 100.000 денари, ќе заработите околу 4000-4500 денари.
    Го пишувам ова бидејќи сум работела како координатор во авон неколку години.
    Од пред некое време има казна за неплаќање фактура на време, па ако фактурата не ја платиш во предвидениот рок, имаш уште дополнителни десет дена. Ако и до тогаш не платиш, авон ти наплаќа 300 денари казна. Тоа не е ниту законски, ниту ви го пишува во договорот, ама во ваква држава секој може да ве дере колку сака. Не дај Боже и после тоа да не ја платиш фактурата, те даваат на извршител (што е законски)
     
    На Westlife, Oneo и ennaz им се допаѓа ова.
  4. despin4e05

    despin4e05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2013
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    14
    Започнете свој бизнис во светот на Авон, без никаква инвестиција.
    Авон Ви нуди:
    -Флексибилно работно време и заработувачка од секоја лична порачка,
    -Бесплатни обуки низ цела Македонија,
    -Дополнителни бонуси и награди.

    Моментални награди кои можат да бидат Ваши за 25 ден се:

    Повеќе инфо во инбокс или на емаил: despina_mk@yahoo.com
     

    Прикачени фајлови:

    • h.png
      h.png
      Големина на фајлот:
      243,4 KB
      Прегледи:
      42
    • pr.png
      pr.png
      Големина на фајлот:
      263,8 KB
      Прегледи:
      39
  5. Tamarche92

    Tamarche92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Доколку некој е заинтересиран за членство во авон нека ми се обрати има екстра понуда на парфеми со 35 и 45 % попуст од брпшурна цена мн важно е што ги вклучува и ново зачленетите
    со 2500 прва порачка како нов претставник во втората порачка добиваш парфем подарок
     
  6. anonimna008

    anonimna008 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2014
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    За сите заинтересирани повеќе информации во лична порака ...
     

    Прикачени фајлови:

  7. lovemme

    lovemme Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 октомври 2013
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    81.318
    Пол:
    Женски
    Некоја која е лидер може да ми пише во порака?
     
    На Iv.girl55 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. magic.girl

    magic.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2014
    Пораки:
    539
    Допаѓања:
    199
    Пол:
    Женски
    Јас сум преставник веке пола година и на почетокот мислев дека ќе заработувам со тоа што правев поголеми порачки дури и се потрудив да стигнам за нивото со 30% и стигнав и правам порачка и цела среќна дека ќе имам поголема заработувачка ја гледам фактурата многу малку заработувачка од тоа што рачунав, и потоа и се јавувам на лидерот и ја прашувам зошто тоа е така и таа ми вика дека тие производи што се во каталогот нели има под производот со порачување на било кој производ е дека тие биле со 10% попуст и навистина се разочарав
     
    На eloves и ennaz им се допаѓа ова.
  9. ennaz

    ennaz Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2013
    Пораки:
    269
    Допаѓања:
    412
    И јас сум во истата ситуација. Скоро сите производи што се на попуст над 30% и се со врзани производи ти се со фиксен попуст од 10%, плус цел список имаш на производи со 10% попуст во форум списанието, а замисли луѓето баш тие производи на попуст ги порачуваат! Плус сите некозметички производи ти се со фиксен попуст од 10 %, па врти сучи колку и да се мачиш и „потиш“ пак за 200-300 ден работиш. А те подлажале да земеш торба, да земеш тестери, да земеш каталози, да земеш производи со посебен попутс „само за тебе“ и на крајот на месецот заработката од AVON тебе те кошта минимум 1000 ден месечно.
     
    На La.femme и magic.girl им се допаѓа ова.
  10. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Ќе се сложам со двете феминки над мене. На почеток многу ветуваат ама малку исполнуваат. Ја претставуваат работава како седиш со другарки гледате каталог, си собираш порачки. Ама не е толку едноставно.За порачки собирање лесно, ама за пари кога ќе дојде време треба да бркаш овој оној за да си ги собереш парите. И реално гледано за да имаш добра заработка, треба да имаш порачки од поскапи пудри, парфеми и креми. А за да имаш такви порачки треба да познаваш кои навистина стојат добро финансиски и ќе ти прават убави и големи порачки. Која жена со 200 евра плата (со која едвај за сметки и храна стигнува) може да си дозволи да даде 500 или 1000 денари за крема? Никоја. А со продавање по комшики, другарки, колешки и слично нема заработка поголема од 200/300 денари. Може и 500 ама поретко. Работам некое време веќе производите им се добри немам збор, се што сум зела сум задоволна но заработка дека нема, нема. Перетежно ми порачуваат спрејови, сјајеви, ласиони, гелови кои чинат околу 100 денари, и каква заработка можам да имам јас со такви порачки. 0 тоест никаква. Чисто ако сака некој како хоби да си работи може. Даваат подароци + со парите што ќе останат тие 200/300 денари да си порача некој производ плус. А за нормална плата да вадиш па 100 евра неможеш да извадиш камоли повеќе. 90% од парите се за нив, останатото за тој што работи. Парфемот parisian chic, маслен спреј за тело, сенка, балсам за усни, спрејче од планет спа имам добиено на подарок. Најчесто за подарок ги даваат производите кои најмалку им се трошат. Денес секој втор е зачленет, посебно откако излезе ова со парфем за 25 денари сите се испозачленија. А има и луѓе кои зимаат убави пари, но тие што се од поодамна зачлените и си имаат луѓе во група со кои работат заедно и од целата група од нивните порачки и тој добива пари. така нешто во таа смисла. И во план сум да се откажам да помине следниот каталог оти имам порачки срамота е да ги извисам луѓето, и сакам да се откажам. Подобро собери си пари, порачај си што ти треба и мирна ти глава.
     
    На La.femme, ennaz и magic.girl им се допаѓа ова.
  11. CirezD

    CirezD Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2014
    Пораки:
    880
    Допаѓања:
    1.485
    Пол:
    Женски
    Ве читам, ги гледам и задоволните и незадоволните, ама ќе кажам на кого како ќе му се погоди и кој колку сака да се замара. Јас сум тазе координатор, неколку месеци, па што се вика за два саата работа месечно зимам од 3000 до кај 6000 највеќе. За преставниците кои сте ги зачлениле плаќаат провизија, и тоа зависи само од нив, ама и од вас на пример дополнително да ги мотивирате со производ гратис за нив и сл, барем мене така моите координатори ме мотивираа. Провизијата може да биде 50 денари од претставник, ама може да биде и 500. На просечна група од 15 претставници ќе имате убава провизија секоја кампања. На провизијата додаваат бонуси, кои се движат од 1500 денари до 7000 денари. Покрај тие има и други бонуси кои ги организира зоналниот менаџер па некогаш ако ги фатите и двата имате цела плата македонска па дури и повеќе. Се ова зборам за координатор, а за јуниор менаџер бонусите се од 5000 до 15000, а за сениор менаџер од 10000 до 40000. Има и највисока титула бизнис менаџер каде сериозно има многу пари, ама за до таму треба малку да се помачиш, во стил да се прошириш по луѓе, да те знаат, да ти бидат редовни. И не се сложувам дека нема луѓе кои порачуваат, иако мислам дека тоа највеќе од каталогот зависи. Жена како жена, девојка, секогаш има потреба од козметики, шминки, ташни итн.
    Плус, ако нешто не е океј при работата може стално да кажеш готово не работам со ова веќе. Сите што ги познавам координатори си работат нормална работа (кој кај си е вработен) и плус зимаат пари и од Авон, што им е многу паметно, за ич работа некој ги плаќа, а на нашиве стандарди и те како треба пари плус.
    И за крај, мислам дека сето ова највеќе зависи од оној кој вас ви е координатор, знам куп претставници кои се жалеле затоа што нешто не добиле или биле недоволно информирани и сл. Јас од моите сум презадоволна и ми држеа обуки и ептен убаво ме научија и информираа буквално за се. А ако малце повеќе навлезете во однос бруто-нето продажба ќе видите дека се исплатат поголемите попусти кои ги добиваат координаторите, не и обичните претставници. А и количината на подароци и мотивациски програми е ептен побогата, еве на пример пред месец дена ми поклонија наметка нешто као туника, маица, парфем и комплет мостри, сега следниов месец има блуза, парфем, два комплета мостри и марама. Има и нешто дополнително за кујнски апарати ама тоа е за тие што се подолго координатори т.е на повисоко ниво. Јас како студент и без прилив на пари, сум задоволна од оваа цела работа, затоа што сите мои трошоци сама си ги подмирувам со ова. А човек без работа, а при тоа почетник не може да просперира само од ова, мора паралелно да има и друго барем првиот период, понатака кога ќе се искачи на погорните нивоа од Авон, е дури тогаш може да се потпре само на овие примања.
     
    На Iv.girl55, GirlLove, vesnaavon и 5 други им се допаѓа ова.
  12. ennaz

    ennaz Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2013
    Пораки:
    269
    Допаѓања:
    412
    Ме интересира дали производите што се од Розова панделка имаат попуст за представници или не!
     
  13. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
  14. CirezD

    CirezD Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2014
    Пораки:
    880
    Допаѓања:
    1.485
    Пол:
    Женски
    Не, целосната сума оди во донации.
     
    На ennaz му/ѝ се допаѓа ова.
  15. magic.girl

    magic.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2014
    Пораки:
    539
    Допаѓања:
    199
    Пол:
    Женски
    Ако некој е заинтересиран да стане представник и да го добие парфемов за 25 денари нека ми пише во ЛП [​IMG]
     
  16. CirezD

    CirezD Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2014
    Пораки:
    880
    Допаѓања:
    1.485
    Пол:
    Женски
    @magic.girl Почнуваш координаторски? :)
     
  17. magic.girl

    magic.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2014
    Пораки:
    539
    Допаѓања:
    199
    Пол:
    Женски
  18. CirezD

    CirezD Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2014
    Пораки:
    880
    Допаѓања:
    1.485
    Пол:
    Женски

    Со среќа нека ти е :) Па се гледаме на некој проспектинг, конференција или состанок :)
     
    На magic.girl му/ѝ се допаѓа ова.
  19. CirezD

    CirezD Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2014
    Пораки:
    880
    Допаѓања:
    1.485
    Пол:
    Женски
    Можеби е оф-топик ама морам да споделам со вас :D
    Госпоѓа над 35 години, пред 20 дена ми направи порачка, ама после 10ти зимала плата, ајде викам нема проблем ќе почекам уште ден два, секако можев фактурата до 13ти мислам да ја платам. Ја немаше, платив од свои пари, до завчера ме лажеше денес утре денес и сега ја барам за да и кажам само "срам да ви" е на фб, гледам ме блокнала :D
     
  20. Elena-123

    Elena-123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2013
    Пораки:
    336
    Допаѓања:
    322
    Здравоо..Сакав да ве прашам како се пушта порачката преку интернет?на која страна и каде да притисна со маусот ии во што да влезам?? :/ :/ :/ ве молам за брз одговор!! :/