1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Развој на моторика

Дискусија во 'Дете' започната од Rossana, 6 мај 2010.

  1. Rossana

    Rossana Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2010
    Пораки:
    157
    Допаѓања:
    43
    Кога се во прашање крупните моторни вештини како на пример одење, скокање и трчање на вашето дете најверојатно не му е потребно големо охрабрување. Но исто така многу е важно да ги вежба и попрецизните моторни вештини како на пример мрдање на секое прсте посебно, раката, зглобот. Тие се важни бидејки поттикнуваат други витални физички и ментални вештини. На пример, местењето коцки не вклучува само подигање на коцката туку и што да прави со истата, односно планирање на целата акција.
    Како да му помогнете на вашето дете да ги развива фините моторни вештини? Како што повеќето родители знаат на децата не им треба многу убедување да пробаат нови нешта. Секако детето нема да може да направи се од прв пат. Но со охрабрување, поддршка и многу време за учење ќе има напредок. Дозволете му да ја вежба раката со едноставни вештини како облекувањето. Може да почне со закопчување на некои поголеми копчиња, правење на доручек (не топли јадења), дајте му лажица, парче леб и тегла со слатко и нека проба само да си намачка. Запаметете дека разновидноста на активностите е важна за развивање на различни моторни вештини.

    - Полнење и празнење
    Празнење на содржината од одреден предмет е лесно, но потребно е да му покажете на бебето дека и полнењето на предметот е исто толку интересно. (Полнење на кофичка со песок, враќање на играчки во кутија итн.) Полнењето на предметите бара многу поголема прецизност отколку празнењето.

    - Облекување и соблекување
    Овозможете му на детето да си игра окопчување и закопчување со поголеми копчиња, малите копчиња на куклите нема да му помогнат, напротив може само да го изиритираат бидејки се премали за да се учи со нив. Облекување на панталони со ласти исто така е добра вежба.

    - Цртање и чкртање
    Помеѓу 12 и 18 месеци вашето бебе веројатно ќе проба да “пишува” до 24 месец можно е и да нацрта прави вертикални и хоризонтални линии, па дури и круг. Охрабрувајте ги овие негови обиди бидејки тие опфаќат голем број на моторни вештини.

    - Градење, сортирање и бесење
    Градење на коцките една врз друга или редење прстени на стапче, сортирање на предмети по боја или форма, протнување на конец низ копчиња или кругови се вештини важни за поттикнување на многу развојни елементи кај вашето бебе.

    - Моделирање и штипење
    Овозможете му на вашето дете да си игра со пластелин или слично со кои може да ја искаже својата имагинација. Покрај можноста да обликува со сопствените рачиња дајте му и калапи со кои ќе може да создава различни облици
     
    Последна измена од модератор: 25 април 2017
  2. mamababa

    mamababa Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2010
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    1
    ................. :sweat: ................. :sweat: ..................како да научам дете да клекнува и само станува од под?
     
  3. nesa

    nesa Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2010
    Пораки:
    840
    Допаѓања:
    1.223
    Пол:
    Женски
    Колкаво е детето?
     
  4. mamababa

    mamababa Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2010
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    1
    детето е 10 г. и е со посебни потреби..............се обидувам сама како мајка , ама нема успех.
     
  5. nesa

    nesa Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2010
    Пораки:
    840
    Допаѓања:
    1.223
    Пол:
    Женски
    Мислам дека ти треба голема упорност и трпеливост пред се за да можеш сама да го научиш. Незнам што би те советувала, сепак ти држам палци. Поздрав
     
  6. samovilamila

    samovilamila Активен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2013
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    19
    здраво нЕСА
    МОЕТО БЕБЕ 1 ГОД
    неможе--да се преврти,да земе предмет освен ако не и е блиску до телото,префрл играцка од една во друга рака,седи нестабилно и кратко,да се подигнува сама од лежецка полозба мн малку вратот,
    името си го знае,ги разликува познати од непознати и реагира со криенје или плаценје(познатите ги препознава кај е баба кај е мама),имитира касланје поцна да се влеце назацки ,кажува за јаденје со мимики,се радува на понудена дојка,сама пие од шише,дубаце тера ,отскокнува во раце.
    во скопје ја проценија дека е 5 месеци.те молам за насока иако знам дека треба да се види детето.
    сама и правам везби за тело но за моториката само оние за палец полазалец,поцнав и со користенје пенкало одбива,коцки не сака да реди,обозува реклами....
    ТЕ МОЛАМ ПИСУВАЈ МИ ПО НЕКОЛКУ ВЕЗБИ ЗА РАЗВОЈ НА МОТОРИКА МЕСЕЦНО ПА НИЕ ДА ВЕЗБАМЕ И НАПРЕДУВАМЕ
     
  7. babymama

    babymama Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2012
    Пораки:
    437
    Допаѓања:
    225
    ^самовиламила, не ви препорачаа вежби кога ја носевте на преглед? што ви рекоа, зошто заостанува во развојот?