Имаме тема Храна без глутен, но таа е во категорија здравје и не е наменета за рецепти. Овде можеме да собираме и да си препорачуваме различни рецепти. Пожелно е да бидат испробани. Многупати сум пробувала различни рецепти од интернет и не испаѓале најдобро. Затоа, да го препорачаме тоа што знаеме дека е добро и вкусно. Ако имате лична фотографија, супер! __________________________________________ Да ги тагнам @irenna, @awl, @Lilit, @peperutka87, @tamara85, @P.S.love, @starfish, @Antolinaa, @mariz - како активни во таа тема.
Мене ме интересира каде сè купувате безглутенско брашно, и кој вид за што е најдобар. Почнав да правам, ама не ми успеваа баш рецептите и баталив. Инаку ми кажаа дека во мелницата Кадино можело да се купи безглутенско брашно, јас имам видено по поголемиве маркети и во ДМ. Имам купувано од Scharr, ама како што кажав, некако не ми беа успешни рецептите, и затоа баталив, сепак брашново не е баш евтино.
Најдобро е на Schär mix B, претходно го користев ПанЗеро и ништо не ми успеваше. Од странски блогови водов дека многу го фалат Микс Б и навистина е подобро.
Тоа и ми беше целта на темава, да постираме рецепти што ни испаднале успешно, зашто не испаѓа се’ успешно, иако сликите на нет изгледаат супер. @Annath, тоа од Schar е моментално најдоброто на нашиов пазар. Има и едно италијанско во Зегин, тоа не сум го пробала. Порано употребував едно од македонско производство, не знам точно како се викаше. Ех, @irenna - тоа беше Микс Пане, за ништо не го бива. Лебот беше кисел и тврд, па се откажав и едно време правев само лепчиња од хељда (кои не се баш лепчиња, ама вршат работа). Сега со Schar правам и пита лепчиња - само го заменувам обичното брашно со ова, и одлично успеваат. Еве за почеток од мене две рецептчиња. Ѓевреци Мерките не се скроз точни затоа што мајка ми ги прави од рака, но ќе видите според тестото. 1 филџан (околу 100 грама) брашно Schar Bread Mix. Ќе ви треба уште малку брашно за домесување. 40мл вода (ова од прилика, 1/4 од филџанот, ако е многу ќе додадете уште малку брашно). Пола лажичка сув квасец се зафаќа со млака вода и пола лажичка шеќер (и малку од брашното). После тоа се додава брашното, третина лажичка сол, и се замесува тесто, цврстина како за леб. Се остава да нарасне. Се подготвува шербет - 1 супена лажица шеќер се загрева, да се направи карамел (користете помалечко тенџерче). 1/2 литар топла вода се тура во карамелот. Водата треба да зоврие. Во меѓувреме ги формирате ѓевреците. Од оваа мера излегуваат 7-8 малечки. Едно по едно ги варите ѓевречињата (превртувајте ги). Треба да нарасне во водата, околу 2 минути се вари. Потоа ѓевречето се вади на хартија за печење. Се валка во сусам и се става во плех обложен со хартија за печење. Тоа го повторувате со сите ѓевречиња. Се печат во загреана релна на 200-210 степени, да зацрвенат. Најдобро да ги правите вака, со мала мера и да ги јадете веднаш или во рок од неколку часа. Забележав дека навечер се веќе тегави, но може и така да се јадат ако се претоплат. Инаку, кога се свежи се супер и крцкаат баш ко нормален ѓеврек. _______________________________________________ Колачиња со урми За овие нема никаква мера. Земате урми, кајсии, вишни, јаготки, и друго суво овошје - тоа што имате, и се’ исецкајте на ситни парчиња. Само урмите се задолжителни, со другото експериментирајте. Треба повеќе урми, околу 400 грама, и помалку од другото суво овошје, затоа што урмите ја врзуваат смесата. Јас додавам и малку рендан свеж ѓумбир. Тоа се комбинира со мелени ореви, лешници, или бадеми (околу 150 грама на 450-500 грама суво овошје). Сето тоа се спојува со малку јаворов сируп (околу 1 супена лажица). Се меси смесата, се формираат бомбици и ги украсувате како сакате. Овие ми се омилените колачиња.
Браво за темава! Безглутенската исхрана ја практикувам веќе осум месеци. Доста истражував по интернет, прлагодував рецепти на тоа што може да се најде кај нас, имаше успеси и падови... Сега веќе имам доволно проверени рецепти па како што ќе готвам, ќе прикачам и овде. За почеток, еве ги безглутенските мафини кои веќе ги постирав во инстаграм. Ми се чини дека рецептот трпи модификации, јас веќе го испробав во две варијанти, а ќе пробам и со други додатоци. Безглутенски мафини Се мешаат во еден сад: 150 грама густин 150 грама кокосово брашно (или брашно од ориз, киноа, просо, овес) пола лажиче сода 1 1/2 лажиче прашок за пециво и по 1 лажиче цимет, 1 лажиче ѓумбир, 1 лажиче какао. Во друг сад се матат: 2 јајца 6 лажици мед 6 лажици масло за јадење Потоа се мешаат сите состојки заедно. Смесата е за 12 мафини, калапите се полнат околу 3/4, и на крај се посипуваат со сецкани бадеми. Се печат на 180 степени околу 20 минути. (Ова веќе е моја модификација на рецептот. Оригиналниот рецепт е за gingerbread мафини, па може и така да ги припремите, само со ѓумбир и цимет, јас овојпат додадов какао и бадеми).
Денешниот ручек, плескавици ( мисиркино, јунешко, млад лук и кромид, црвена и зелена пиперка и зачин) и фурнарини( едно јајце, еден филџан млеко, 3 филџани микс б брашно, еден прашок за пециво,малку масло, премачкани со масло, вода, сол, зачин и сусам.
Во продавници за здрава храна. Ова Schar го има во продавниците на Зегин (заборавив тие за здрава храна како им се викаа).
@irenna ако не ти е тешко, копирај ги безглутенските рецепти за мафини и колач и овде кога ќе имаш време, да си ги имаме на збирка, па полесно да си ги наоѓаме. И јас ќе го направам истото, мислам дека сум постирала неколку низ рецептите, па ќе побарам.
Не знам колку се во Зегин и ДМ, но еве чисто за информација - од Биокосмос http://www.biocosmos.mk/product/category&path=82_135 Без ова од хељда не можам да живеам. Ако купувате брашно од хељда, никако не земајте рефус. Мириса многу чудно. Ова од биокосмос е одлично.
Еве ги Мафините со јагоди и колачот се еден ист рецепт, само во колачот има плус една рака брусница и е печен во округло плехче. Еве го оригиналот Мене ми излегоа вака Еве ги и солените мафини Правев и палачинки од брашно од костен, нема точен рецепт, тоа беше вкусен експеримент. Ставив 500 мл млеко, 300 грама брашно од костен, 1 јајце, голема лажица кокосово масло, малку мед. Смесата излезе густа па ја разредив малку, како пржев така пробував и додавав што фали
Кокосово брашно го имаш во секоја продавница. Обично е пакувано во кесички од 100 гр .А оризово брашно можеш да добиеш и дома.Со мелење на ориз во мелница за кафе или во блендер