1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Роднинските врски грев или не?

Дискусија во 'Религија' започната од pupi.girl, 31 декември 2011.

  1. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.832
    Пол:
    Женски
    Не можам да речам дека сум голем верник во Бога, но сепак се придржувам до религијата и обичаите. Ретко одам во црква ( само за Велигден и Св. Никола), но сакам нешто да ве прашам. Што мислите дали личноста што не верува во Бог може да биде казнета за нешто што знае дека е грев и пак го направила? :o Колку се смета погрешна врската со братучед и колкава е казната за истата. Се надевам дека имате добри одговори. Од секогаш сум сакала да подискутирам со вас на оваа тема. Па повелете, нека почнат одговорите :)
     
  2. anneyy

    anneyy Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2010
    Пораки:
    1.280
    Допаѓања:
    1.421
    Роднинските врски грев или не ?

    Не верувам дека ќе бидам казнета, но без разлика дали верувам или не верувам во Бог мене би ме гризела совеста од таквата врска. Не би се осмелила на тоа, за не ми се наруши целиот животен спокој. Одвратна ми е самата помисла. Не сум којзнае колку религиозна (речиси ич, не се ни сеќавам кога последен пат сум била во црква), но и покрај тоа сметам дека таква врска не би доликувала на некој со здрав менталитет.

    И мислам дека темава треба да се реименува. Ова роднински врски можи да се однесува и на обични родини, а не на дечко и девојка.
     
    На sweetbela му/ѝ се допаѓа ова.
  3. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Роднинските врски грев или не ?

    Тебе те интересира религиската гледна точка во темава?
    Или општо инцесот?
    Ако е општо тогаш инцесот тогаш е и казниво и според нашето законодавство до второ колено.
    Не е нормално ова за мене, не од религиска гледна точка, од секаква.
    Плус генетиката, со спојување на родниниски гени најчесто се раѓаат деца со хендикеп.
    Треба сам да си ретардиран, за да го направиш тоа со роднина, а притоа и да имаш дете, кое за жал ќе си има и физички и психички проблеми.
    Како може да целиш на љубов и да раѓаш деца а притоа да знаеш дека ќе патат тие цел живот?
    Јас инцесот не го сваќам ни како општествено табу, ни ја сваќам таа љубов, тоа е неприродно и тоа е за осудување, нека биде и грев, нека биде и затворска казна, инцесот е врска на луѓе без свест.


    Но има една друга интересна работа ако збориме религиски на темава.
    Адам и Ева. Значи тие се направено од една ДНК. Значи дека нивните деца биле инцест? Дека животот во светот е всушност створен од браќа и сестри од врска инцест?
    А ако збориме религиски Библијата и нејзниот Дедо Ное кој требал да го измие гревот во светот, тој со неговата арка ја спасил својата фамилија. Значи пак човековиот род е направен од инцест?
    А сега го забранува тоа религијата?
    Јас лично ни верувам религиското настанување на светот, но во религиските книги се наидува на многу двосмислености.
    А баш ме интересира религиско лице како би ги објаснил :)
     
    На Pamela Daisy, rozy, HappilyLoved и 3 други им се допаѓа ова.
  4. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.798
    Роднинските врски грев или не ?

    Знаеш дека законски се забранети бракови (до определено колено).

    Но, ти си праша од религиски аспект:
    Љубовта нема граници. А, таму каде има љубов, Господ не може да казнува. Затоа што љубовта не е грев.

    Познавам неколку вакви ситуации, каде братучедите преретко се гледаат меѓу нив, и затоа не се чувствуваат како роднини, туку одма почнува да дејствува некаква хемија меѓу нив. Наидуваат на голем отпор од страна на родителите и безброј проблеми поради тоа. На крај љубовта победува, па сепак остануваат заедно. (освен 2 пара, кои сами поради други причини се разделија).

    Најголемиот проблем овде се само децата кои евентуално би се родиле меѓу тие двајца. Знаеме дека најчесто се раѓаат со некоја мана/болни.
     
    На ana992 и pupi.girl им се допаѓа ова.
  5. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.832
    Пол:
    Женски
    Роднинските врски грев или не ?



    И мене ме интересира како религиско лице би објаснил однос меѓу братучеди, а инцестот според мене е многу :puke: работа. Повеќе религиската :D
     
  6. janafilth

    janafilth Нов член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    27
    Роднинските врски грев или не ?

    Дека е грев е грев, но нема врска со господ.Грев е да бидеш во таква врска бидејќи децата од таквите бракови (најпрвин тие бракови не се дозволени) се раѓаат болни психички и физички што при имајќи шанса да бидат нормални ги казнуваш и правиш грев..
     
  7. HurremSultan

    HurremSultan Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2012
    Пораки:
    241
    Допаѓања:
    119
    Роднинските врски грев или не ?

    Се извинувам офтопик ќе бидам ама јас искрено не сметам дека љубовта меѓу братучеди е инцест. Точно дека во нив ќе тече иста крв но не излегле од иста мајка нту биле направени од еден татко.
    Во Италија, Шпанија, Мексико и некои земји во Јужна Америка, во Турција, во Арапските земји љубов помеѓу братучеди па дури и први е нешто сосем нормално и вакви бракови има често :)
     
    На goranbitola и pupi.girl им се допаѓа ова.
  8. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.594
    Роднинските врски грев или не ?

    Абе остај ти тоа, богатството да се зачува во рамките на фамилијата, да не доаѓаат туѓинци / дојденци, па ајде ќе го венчам синот со детето од сестра ми... Жити се', не било инцест...
    До трето колено јок, ниту е здраво, ниту нормално според мене.
    Притоа, религискиот аспект ма ни најмалку не ме тангира и не се интересирам за него, кај муслиманите е дозволено да се има и повеќе жени, ајде да видам кај нас некој да земе 2-3.

    Грев ли е, нели е според Бога, не знам, ама е чукнато, изопачено и самата помисла ми е одвратна.
    Ајде ќе се земеме со братучедите, Божеее...
    |(
     
    На zalosna, kate21, Gea и 7 други им се допаѓа ова.
  9. HurremSultan

    HurremSultan Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2012
    Пораки:
    241
    Допаѓања:
    119
    Роднинските врски грев или не ?

    Јас од она што го знам според исламот не е забрането ама не е ни препорачливо. Всушност за време на ширењето на исламот кога ептен малку луѓе биле муслимани а морале да се земаат со муслимани затоа се земале со братучеди. Подоцна, тоа не е забрането ама се препорачува да се земаат што е можно подалечни. Вака е од исламски аспект, а од христијански не знам дали е дозволено или забрането ако знае некој нека напише баш ме интересира. И јас не знам многу за религиите а ме интересира иако не сум религиозна.
     
    На Biny му/ѝ се допаѓа ова.
  10. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    Роднинските врски грев или не ?

    Прво од медицинска гледна точка ова не е правилно, потоа натаму религиска и све остало ... До трето колено е неприфатливо зашо има повеќе можност за создавање на Идиоти, Дебили и остали врсти .... Што секако не спаѓа у нормалност.

    И да грев е .

    Не за џабе уште праисториските луѓе практикувале врски со други од други лемиња, затоа што виделе дека децата создадени од мешани луѓе да ги наречеме се многу поздрави одколку оние што биле создадени од внатрешноста на некое племе ...
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.717
    Роднинските врски грев или не ?

    Барем нема да имаат многу гости на свадбата. Исти роднини :D
    Може потоа нивните деца покрај мама/тато може ќе им се обраќаат и со вујче/вујно :tmi:
    Ај нека се јави Серафима. Баш ме интересира и мене.

    Инаку, за мене ова е чудно. До трето колено не ми штима. Понатаму ај можеби некако ќе проголтам, ама први/втори братучеди-Бог да чува.
     
    На Hipica и Trendafilka им се допаѓа ова.
  12. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Роднинските врски грев или не ?

    Не се дозволени роднинските врски, што и самото означува како грев, без разлика дали е од религиска гледна точка или законска, чим не е дозволено, сигурно има и причина зошто.Исто важи и за блиски роднини или подалечни.Додека од религиски аспект, не значи крвни, брат или сестра, туку и оној човек кој го сметаш за близок, со самото тоа го сакаш како брат или сестра, тоа е разликата, што значи не станува збор за инцест.
     
  13. Ulata

    Ulata Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2011
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    100
    Се разбира дека е грев...не само од религиска гледна точка од секаква гледна точка тоа е катастрофа...првин јас сама не би дозволила да бидам со втор или па уште помалце (ми е гнас шо помислувам) прв брачед јас ги гледам нив како браќа па да го земам за маж уффф шо нема по светот :x
     
  14. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.266
    Степени на сродство кои се препрека за брак:

    1. Брак помеѓу браќа и сестри, први, втори и трети братучеди не е дозволен. За тој брак нема благослов.

    2. Сродство според сватови. Членовите на две семејства во сродство според сватови не можат да стапат во брак заклучно до третиот степен, според Патријаршкиот собор во Цариград во 997 година.

    3. Духовно сродство според Крштевањето и венчавањето помеѓу кумовите, кумашините и нивните роднини. Стапувањето во брак со духовните сродници е забрането заклучно до третиот степен. Не може во брак да стапи кумот со кумашинката, со мајката на кумашинката или со нејзината ќерка. Не може да стапи во брак кумашинот со ќерката на кумот и синот со ќерката на кумашинката.

    4. Сродство според посвојување (восинување) го спречува бракот заклучно до третиот степен.
     
    На sweet-star, Hopeful, Page и 3 други им се допаѓа ова.
  15. HurremSultan

    HurremSultan Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2012
    Пораки:
    241
    Допаѓања:
    119
    Дали може да извадиш цитати од библијата во врска со тоа дали е дозволен или забранет бракот меѓу братучеди ? Се разбира ако можеш :)
     
  16. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.556
    Е ова баш ме интересираше дали е можно да стапат во брак на пример две сестри со двајца браќа и ете не бивало така :)
    А за роднини дека е грев, грев е барем до трето колено поточно до трети братучеди, после трети тие не се ни сметаат за рода.
    А познавам неколку случаеви каде што трети братучеди се во брак, а исто знам и случај каде што вака мажот и мајката на жената се втори братучеди и си имаат тројца синови, децата си се најнормални, но незначи дека нивните деца нема да имаат последици
     
  17. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.266
    Ако ме прашуваш за Новиот Завет.
    Новиот Завет е малку со друга тематика, спасението на душите, без разлика на полот, а начелно со воскресението, бидејќи во рајот нема да има брак. Таму сите се рамноправни.

    Но, ако зборуваме за Стариот Завет има доста цитати. Но, сеуште не сум толку духовно издигната ( а тешко дека и ќе бидам :doh: ) за да го знам напамет Светото Писмо и да можам да ти ги пронајдам веднаш (со оглед на тоа колку е голема). Но, ако некогаш даде Господ, секако ќе ги посочам :) .

    Додека ова горенаведено правило, е дадено низ годините. Односно, преку светителите кои се удостоиле да станат свети уште додека живееле во тело.
    Поточно, овие забрани за брак се дадени преку Вселенските собори низ вековите.
     
  18. Eleonorastrumica

    Eleonorastrumica Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2010
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    196
    Не би можела да си замислам со вториот ми братучет што ми е како брат да сум во врска хехехе да ми е маж,па од мали нози сме заедно што не сме поминале заедно и да сме маж и жена,па според мене поголем грев и нема,па зарем од толку многу луге на оваа планета него ли да го изберам,инаку имам другарка што оди со нејзин братучет,нејзините се против неговите се за таа врска и си одат веќе така едно десет години инаку според мене не е воопшто тоа во ред не го одобрувам си мислиш само тој е живеат преку три куќи абе ај ти се молам малку ги има машки или момички низ нашиот град или низ нашата држава да не речам па мора тој или таа да е
     
  19. HurremSultan

    HurremSultan Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2012
    Пораки:
    241
    Допаѓања:
    119
    Ако Бог во библијата не го забранил бракот меѓу братучеди значи тоа е дозволено :)
    А бракот помеѓу припадници на различни религии е забранет во библијата :)
     
  20. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.266
    Не, мила :) .
    Под Библија се подразбира и Стариот и Новиот Завет. А во Стариот Завет тоа е забрането.
    Додека, Новиот Завет е надополнение на Стариот и тука се говори најмногу за спасението на душите. Зашто таа забрана е веќе дадена во Стариот Завет и нема потреба да се повторува :) .
    Во православието подеднакво е значењето и почитувањето на Стариот и на Новиот Завет.
     
    На Page му/ѝ се допаѓа ова.