Сè од компири

Дискусија во 'Рецепти' започната од kiki-riki, 6 јануари 2010.

  1. ladymici

    ladymici Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2010
    Пораки:
    535
    Допаѓања:
    808
    Пол:
    Женски
    Плескавици од компири

    лупиш околу 1 кг компири и ги рендаш (значит живи ), потоа рендаш и 2 лавици кромид, им тураш сол ги оставш пет минутки да отстојат, им ја истураш водата (не премноу да се цедат)

    се става 2 јајца 2, 3 лажици брашно, 1 лајца вегета , бибер , сол, сето се меша и се добива смеса која не е баш сува ( значи смесата не е сува како за плескавици од месо туку е потечна),

    на загреана тава со зејтин ставаме од смесата со лајца и настискуваме одозгора да добиете облик на мала плескавица , пржетеи и превртете без страв , нема да се распадне.

    Количината на компирите и не е битна , не мора да се кило компири кратете , додавајте али да си ги направите овие плескавици многу се вкусни, кај нас дома овие плескавици се стандардно јадење :clap:
     
    На Markusa2, kikav, Annath и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Mayyya

    Mayyya Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.253
    Допаѓања:
    6.026
    Пол:
    Женски
    Во последно време ги правам печени ама со лушпа. (Ова важи за млади компири, оние со тенка лушпа)
    Значи не ги лупам компирите, убаво ги мијам и во зависност од големината ги сечам на две, три или четири тркалца. Ги редам во тавче за печење со маслиново масло, ги посолувам со вегета, додавам пола филџан вода и врз секое компирче ставам парче маргарин. Превкусни се, лушпата дава посебен вкус.
     
  3. Emma89

    Emma89 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    426
    На една свадба во предјадењето имаше како овие салативе со павлака/мајонез што се, меѓутоа основата беше компир. Сервирано беше како топка сладолед и го осетив вкусот на компирот само не знам како го имаа приготвено. Дали некој знае од прилика? Патем, превкусно беше. :D
     
  4. linguaragazza

    linguaragazza Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2012
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    216
    Пол:
    Женски

    Вчера го прочитав рецептов и цела ноќ не спиев :$ И логично за да ми се исплати несоницата денес си го направив :D Превкусно беше,само што јас во јајцата ставив и сирење,пробај и така,супер е.
     
    На koritsaki и zhap4e им се допаѓа ова.
  5. Xepp

    Xepp Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    428
    Па вака, незнам дали мизлиш на ова. Јас имам една салата нон стоп ја јадам, зиме бидејќи ни гори шпоретот и можам во секој момент да си сварам компир. Значи ти требаат два големи компири или четири помали, две или три јајца, зависи дали сакаш да оди повеќе на јајца, сирење и некои ја јадат со шунка ама ние дома слабо ја јадеме па не ја ни купувам посебно за салатава. Значи се ренда на големо или на мало, кога е на мало мене ми е и по вкусно ама многу ми е некако работа :D а да и заборавив да кажам мајонез,а како што велиш ти може и да измешаш и мајонез и павлака. Има различни варијации незнам дали на таа мислиш но многу е вкусна, само таква си јадам и тоа по цела горе наведена доза. Па можеш и како топчиња да ја направиш, во случај да не е таа нема да зажалиш ако си ја направиш ептен е вкусна а може и ко доручек и вечера да ти послужи со кифличка или лепче. Мх, мх,мх...
    А и да се сејаваш ли на други состојки што ги имаше како изгледаше па да ти помогнеме 8)
     
    На Emma89 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.137
    Допаѓања:
    124.493
    Салата со туна и компири

    Потребно е:
    1 kонзерва туна
    150-200гр маслинки(исчистени од семки)
    1 павлака
    4-5 варени,па рендани компири
    Бибер,сол,зејтин(послатко е со маслинов)

    Сето ова се соединува,салата е преубава :mm:
     
    На kikav му/ѝ се допаѓа ова.
  7. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.557
    Девојки јас денес прв пат пробав да направам рестован компир ама незнам зошто го утнав некако ептен ми се изгмечија компирите и не ми останаа на коцкички. Прво ги сварив потоа ги пропржив со кромид и убаво ги зачинив се си направив како што треба, но коцките не ми останаа цели ај дајдте ми некој совет.
     
  8. Emma89

    Emma89 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    426
    Па може да кажам така нешто. Специфичен вкус имаше дали од некој зачин, не знам. Во секој случај ќе ја направам твојата :) Фалааа ;) :*
     
  9. LittleFairy

    LittleFairy Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2012
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.935
    Вакви правеше баба ми , иако не ми беа нешто многу убави, а брат ми се заљуби у нив. Се е до вкус... :D
     
  10. Glossy-girl

    Glossy-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    3.196
    Допаѓања:
    8.925
    Пол:
    Женски
    Постојат многу начини за приготвување на јадења со компири и гледајќи ги сликиве сега ептен ми се сојаде. Ајде ќе ја терам мајка ми утре нешто да ми направи, сега касно е.
    Во прилог неколку слики, внимание компирољубките да не отвараат олку касно во ноќта. :D
    [​IMG][​IMG][​IMG][​IMG][​IMG][​IMG][​IMG]http://migusto.mk/wp-content/uploads/2012/07/grilovana-kompir-salata.jpg[​IMG][​IMG][​IMG][​IMG][​IMG][​IMG][​IMG][​IMG][​IMG]
    И сега неколку рецепти...

    Чорба со месо, компири и домат.
    Состојки: парче говедско или пилешко месо, малку масло, главица кромид, зеленчук за супа, магдонос, целер лист, зачинал, сол, лавор, мелен црн пипер, 2-3 компира, сварен и лупен домат, малку брашно, црвена пиперка.

    Приготвување: ситно сечкајте го кромидот и еден или повеќе моркови, како и зеленчук за супа. Потоа ситно исечкајте ги и магданосот и листовите целер и сето тоа продинстајте го на масло, а по потреба додавајте и вода.

    На парченца исечкајте го месото и додајте го на зеленчукот малку да се продинста. За оваа чорба количеството на месото и видот зависат од вас.

    Кога месото малку ќе се продинста, налејте вода до половината на садот, па зачинете со сол, зачинал, црн пипер, лавор и други зачини по желба. Оставете ја чорбата да се вари во наредните 40 минути.

    Кога месото е речиси сварено, во чорбата ставете ги компирите исечкани на коцки. Варете сé додека не биде сварен компирот.

    Кога е сварен компирот, во посебен сад направете запршка така што на маслото ќе му се додаде малку брашно, сето тоа добро измешано стевете го на рингла да се загрее и додајте половина лажица црвен пипер. Запршката се меша на ринглата и потоа ја додаваме во чорбата, мешаме уште кратко и вариме.
    Компир елкички
    СОСТОЈКИ
    5 поголеми компири
    5 јајца (само жолчки)
    30 г путер
    2 лажички сол
    црн пипер
    мускатно оревче
    ½ шољичка павлака (или хопла)
    1 јајце ( за премачкување)
    ПОДГОТОВКА
    1.Исечкајте ги компирите на половинки. Во голем сад ставете вода, посолете ја и почекајте додека да зоврие. Ставете ги компирите да се варат. Откако ќе се сварат исцедете ги.
    2.По пет минути откако малку ќе се подоладат убаво испасирајте ги. Ако немате алатка за пасирање можете да користите и обична вилушка.
    3.Скршете пет јајца и внимателно одвојте ги жолчките. (За овој рецепт белки не ни требаат, тие можете да ги искористите за некој друг рецепт). Ставете ги во пасираните компири.
    4.Потоа додадете путер, сол, црн пипер и нарендајте мускатно оревче. Промешајте за да смесата стане компактна.
    5.Смесата наполнете ја во пекарски шприц. Премачкајте го плехот со малку путер и загрејте ја рерната. Внимателно направете кружни формички, односно елкички.
    6.Откако ќе ги направите сите формички, премачкајте ги елкичките со смеса од жолчка и павлака.
    7.Печете околу половина час, се додека елкичките на рабовите не добијат златно кафена боја. Бон апетит.

    Печен компир со сирење
    СОСТОЈКИ
    3 компири (средни)
    3 јајца
    200 мл кисела павлака
    100 г крем сирење
    100 г кашкавал (рендан)
    малку сол
    малку Вегета
    малку црн пипер
    ПОДГОТОВКА
    1.Излупете го компирот, исечкајте го на коцкички и ставете го да се вари. Кога водата ќе зоврие, варете уште околу 10-тина минути, а потоа исцедете го компирот.
    2.Одвојте ги белките од жолчките, па изматете ги белките во цврст снег со додаток на неколку зрнца сол. Во снегот полека измешајте ја киселата павлака, сирењето и кашкавалот, и на крајот додадете ги жолчките. Добро измешајте, па додадете ги компирите и зачинете со сол, вегета и црн пипер по вкус.
    3.Огноотпорна тава добро намастете ја со путер или масло, истурете ја смесата и ставете да се пече во рерна на 180 степени додека добро не зарумени одозгора.

    Топла компир салата со млад зеленчук
    Видео за подготовка.
    http://www.youtube.com/watch?v=XrAs9jZ2Bl0&feature=player_embedded
    А еве и текст за подготовка.
    Состојки
    3 компири
    Полн грст грашок
    100 грама тврдо козјо сирење
    4 млади кромитчиња
    Половина лимон
    50 грама путер
    Една рака нане
    Подготовка
    Чекор 1: Време е за сецкање: Ќе почнеме со сечкање на различните состојки. Излупете ги компирите и исечкајте ги на коцки… Овде користиме жолти компири, но за овој рецепт одговара било кој вид.

    Следни исечкајте ги младите кромитчиња на парчиња со рамномерна големина…

    Лимонот пресечете го на половина…

    Сирењето исечкајте го на коцки… овде користиме тврдо козјо сирење за да добиеме појак вкус…

    На крај, ситно исечкајте го свежото нане… Тоа ќе му даде прекрасна арома на целото јадење.

    Чекор 2: Ставете ги компирите во зовриена вода и варете ги 15-18 минути… Неколку минути пред да ги исцедите, ставете го грашокот и варете ги заедно.

    Чекор 3: Кога ќе ги исцедите компирите и грашокот, на топлиот зеленчук ставете му сок од лимон и путер и оставете ги да се спојат… На крај, ставете ги сите останати состојки и внимателно измешајте за да не ја оштетите формата на компирите…

    Чекор 4: Време е за сервирање: Со лажица ставете во чинија и уживајте…

    Полнети компири
    Потребни состојки:

    1кг компири
    2 домати
    1 црвена пиперка
    1 зелена пиперка
    100гр моцарела
    100гр свежо сирење
    магдонос
    половина главица кромид
    малку пропржено мелено месо
    Начин на подготовка:

    Компирот ставете го да се вари околу половина час. Кога ќе го сварите, оладете го и со мала лажичка издлабнете го за во него да направите место за полнење.

    На малку масло пропржете ситно исецкан кромид и на коцки исецкана пиперка, додадете мелено месо, зачинете со малку сол и бибер и ситно исецкан магдонос. Смесата оставете ја да се олади, додадете ги двата вида сирење и ситно исецканите домати, внимателно помешајте ги, па со оваа смеса наполнете ги компирите.

    Потоа потпечете ги во рерна во огноотпорен сад околу 20 минути на 180 степени.
    Доста е. Нареден пат повеќе...
     
    На Danni79 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. homealone

    homealone Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    1.286
    Допаѓања:
    361
    Пол:
    Женски
    ви се пријаде италијански тост од mcdonals немора да одите и таму да јадете земете сварете компири измешајте ги со мајонез и ќе го добиете истиот вкус а и повеќе ќе бидете нјаадени одколку со тостот кој е мн мал
     
  12. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.974
    Јас ги правам вака. Мерките се од око и по желба:)
    Ги сецкам компирите на коцки, ги ставам во некое помало тенџерче и им ставам малку зејтин, една лажичка можеби (ова за 2,3 компира) колку да се намрсат малце компирите, вегета и бибер и ги попржувам кратко, 5мин максимум (пазете да не се залепат). После им додавам вода онолку колку да се покријат компирите, ги покривам со капак и ги оставам да си се крчкаат. Ќе проверите со вилушка кога се готови компирите, водата ќе се измеша со компирите и ќе стане како сосче за мацкање. Ако не се варени компирите, а снемате вода, додадете слободно уште малку.
    Многу се вкусни за јадење и мацкање со мајонез или павлака.

    Мајка ми сака поинаку да ги прави. Ќе ги свари компирите, ќе ги исцеди од вода, па ќе им додаде врело масло и малце црвен пипер, ќе ги промеша и спремни за јадење. И вака се вкусни.

    А најчесто ги спремаме, сечени на подебели резанки, наредени во тавче со малку масло и зачин, покриена со фолија и во рерна.
     
    На Annath и ludoto19 им се допаѓа ова.
  13. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.822
    Допаѓања:
    7.045

    mm интересно баш ке пробам утре ме пристрви а со каков маргарин кристал или каков што имаш ?
     
  14. NiB57

    NiB57 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 мај 2012
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    5
    Имам и јас еден рецепт со компири и многу е вкусен, една пријателка која живее во шведска ме научи да го правам :) компирите ги сецкате како за печење на кругчиња нормална дебелина, потоа додавате масло, со раце или со лажица ке ти промешате компирите и зејтинот, потоа додавате мноооогу малку лукче ситно сецкано и да не се ни приметува вегета по желба зависи јас не ставам сол повкусно е со вегета , солена хопла, односно павлака, да ги покрие компирите, и на крај мааалку млеко неколку капки :) и сето тоа се става во рерна и се пече ке видите и самите кога ке биде готово :)
     
  15. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.137
    Допаѓања:
    124.493
    Лесна салата со компири-Ги варите,ги сецкате на коцки,додавате варени јајца-исто на коцки,кисели краставички,може и шунка(мене ми е поубаво без шунка) Се додава павлака и мајонез.
    Лесна е,супер брза за ненајавени гости :lol:
     
  16. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.951
    Пол:
    Женски
    а колку лук се става и колку време да се пече во релна на колку степени?
     
  17. NiB57

    NiB57 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 мај 2012
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    5
    јас ставам помалку од она малото делче од лук ...а не знам колку точно се пече сама ке си провериш кога се готови компирите на 250 ги печам. Можеби 40 мин не знам точно не сум сигурна .
     
  18. Chocoholic

    Chocoholic Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2011
    Пораки:
    747
    Допаѓања:
    988
    Јас неколку пати ги направив овие компирчиња и се превкусни. Рецептот е на англиски јазик но верувам дека тоа нема да е проблем доколку некој сака да проба.

    http://www.annies-eats.com/2010/02/25/baked-oven-fries/
    [​IMG]
     
  19. Kathlin

    Kathlin Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2012
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    232
    Компири со шунка и павлака
    ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
    300 грама Шунка
    1 мала лажица Црвен пипер
    малку Сол
    1000 грама Компир
    200 грама Кисела павлака
    Компирите ги сечеме на долгнавести парчиња. Шунката ја сечкаме на тенки парчиња.
    Потоа ги мешаме сите производи.
    Посолуваме и попрскуваме со црн пипер.
    На крај одозгора ставаме павлака.
    Печеме во рерна околу 40 минути на умерена температура.

    Едноставна домат чорба со компир
    Потребно (за 3 порции):
    течен доматен сос во тетрапак (или домашен),
    1 кромид (може и црвен)
    лук
    суви зачински тревки
    сол
    црн пипер
    пиперка
    1 поголем компир
    Подготовка: Сосот од домати сипете го во тенџерето и додадете исто толку вода (или и повеќе, зависно од саканата густина). Додадете цел кромид претходно излупен, лук, исто така, само излупен и компир исечкан на коцкички. Додајте 1 лажичка суви зачински тревки, малку сол, црн пипер, сладок пипер. Се варете околу 20 минути со повремено додавање вода, да не се згусне премногу, и повремено мешање. Место компир, чорбата може да се прави и со резенки за супа или и со резенки и со компир.
     
  20. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.902
    Пол:
    Женски
    И ова е рецепт на Бади Валастро, не ми е пробан, не знам т.е. не сум била по пазар да видам дали има праз :?: ....ако начекам обавезно го пробувам :D

    Во тенџерче прво се става павлаката да се загрее, па се додава едно рендано чешне лук (приметив дека на сите јадења Бади им додава лук :!: ), се става малку сол и бибер.
    Во друго поголемо тавче се пржат 2 страка праз сецкани на ситни трчалцаа, се пржи на маслинов зејтин и се зачинува пак со сол и бибер.

    Во ватростално тавче се налева маслинов зејтин и се истураат (така без некој посебен ред) обични компири сецкани на тркалца и слатки компири (ако некој знае кои се овие слатки компири :?: нека пише, бојата им беше црвена), па се става одозгора пржениот праз, па павлаката, па пак компири, праз, павлака и на крај се ренда пармезан.
    Се покрива со ал. фолија и се пече 40 мин. на 180 степени и уште 20 мин. без фолија.

    Бон апетит :)
     
    На NoellePage и eli25 им се допаѓа ова.