Сè од компири

Дискусија во 'Рецепти' започната од kiki-riki, 6 јануари 2010.

  1. Konfetka

    Konfetka Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    35
    Еве ја ќе ти објаснам

    Потребни состојќи:
    -Три поголеми компири(излупени и исечени долгонавесто)
    -5 супени лажички масло
    -сол
    -црн бибер

    Загреј ја релната на 246 степени Целзиусови. Стави ги компирите да се киснат во жешка вода 10 до 30 мин. После ја истураш водата и ги оставаш да се цедат на крпа. Земаш плех и на него ставаш хартија за печење и убаво ја премачкуваш со масло (4 лажички). После на хартијата за печење наросуваш сол и црн бибер. Компирите врати ги во садот и додај им го маслото па стави ги на хартијата за да се печат ама гледај убаво да ги распоредиш да бидат само еден ред, не едни над други и покриј го плехот со алуминиумска фолија. Вака ќе ги печиш едно 5 мин. и после ја вадиш фолијата.Повремено се превртуваат и се печат околу 20 мин или додека не заруменат.
     
    На simoncelicius му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Markusa2

    Markusa2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 април 2012
    Пораки:
    127
    Допаѓања:
    381

    Некој го има пробано рецептот? Ми се виде лесен, сакам да го направам.
    Компирите сигурно ли живи треба да се, да не ја утнам, некаде поназад прочитав рецепт за плескавици со варен компир?
     
  3. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.690
    Допаѓања:
    8.638
    Пол:
    Женски
    Maјка ми прави нешто слично ама нема во тоа кромид, туку тиквичка рендана, и се превкусни.
    Ете сум заборавила да пишам тука. Овие се нешто слично ама мене не ми се допаѓаат поради кромидот
     
    На Candice.S му/ѝ се допаѓа ова.
  4. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.974
    За оние што не сакаат прженици :) во последно време постојано вака ги спремаме компирите. Лупени, покрупно сецкани на коцки, се варат во покриено тенџере со вода колку за да ги покрие, со покрупно сецкани моркови. Им ставаме во варењето и една лажица сол. Кога се веќе варени додаваме и брокула, уште некоја минутка на оган, па се цедат. Може да им се додаде и зачин и загреано масло. Одличен прилог за секое јадење.
     
  5. CocoLady

    CocoLady Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2012
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    159
    Ај еве и од мене еден рецепт за Компирчиња :wasntme:
    Компир со презла:

    Ги лупите компирите. Потоа ги сечете на поголеми парчиња (ако е помал компирот на пола само исечете го , а ако е поголем на 4 парчиња) потоа откако ќе ги измиете директно уваљајте ги во презлата :) Потоа едно по едно ставете ги во тавче (не му ставајте ни зејтин ни вода ) значи секој компир посебно да биде не еден врз друг . Посолете ги одозгора со вегета , попрскајте ги само со зејтин сите и толку ;) Печете додека да се заруменат .

    Не се нималку мрсни , а превкусни се . Крцкави .. Многу брзо се прават и печат :)
     
  6. jagoda1979

    jagoda1979 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2011
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    227
    Пол:
    Женски
    cocolady јас истото го правам ама наместо презла ставам зачини и црвен пипер и ги печам на хартија за торти со многу малку зејтин, превкусни се

    Француски компир

    Варени сецкани компири се ставаат на дно на ватростален сад, врз него се ставаат зачини што сакаш, исецкано сувомеснато по желба и најгоре бешамел сос ( пржен зејтин со 2-3 лажички брашно и една чаша млеко се вари додека да се згусти, а на крај му се става рендан кашкавал или сирење). Тоа се потпекува додека да се зацрвени. мммммм прсти да лижеш. Оригинална рецепта за француски компир е плус со тркалца од варени јајца врз компирите, ама вака мене ми е некако тешко за јадење, па ги отфрлам јајцата.
     
    На Serafima и CocoLady им се допаѓа ова.
  7. the.child

    the.child Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    179
    Допаѓања:
    34
    Женски, комриите ги исецкав на мали кругови, бидејќи мали беа компирчињата. Сакам да ги испечам во рерна. Па можи да ми кажите дали да му ставам масло во плех само на дното, или треба и компирите да ги полеам, да бидат во масло.. ?
    Не сум искусна, заради тоа и го поставувам ова просто прашање хееххехе :D
     
  8. DjinTonik

    DjinTonik Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 септември 2012
    Пораки:
    399
    Допаѓања:
    110
    Мислам дека треба и врз нив :lol: А кога ги печам јас компирите некако мнооогу време им треба да се испечат-саат време сигурно, дали ставам премногу зејтин незнам што му е проблемот. Колку отприлика време им е потребно?
     
  9. danniela5

    danniela5 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2011
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    881
    Пол:
    Женски
    Вкусно изгледа. Ќе пробам и ќе ви кажам каков е вкусот. Њамиии :P
    [​IMG]
     
    На koritsaki, doubleinfinity и Silver.E им се допаѓа ова.
  10. cvetce93

    cvetce93 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    1.434
    Допаѓања:
    577
    Еве и од мене еден рецепт што е многу лесен, а притоа и вкусен
    Компирите се сешат на коцки, се ставаат во тенџере, се додава вода колку да се покријат компирите, не повеќе :!: , се додава коцка за супа, малку сол, путер, може доколку сакате и некој друг зеленчук како морков, брокула, грашак и се вари се додека да испари водата целосно.
    Навистина е вкусно и здраво пред се, за разлика од пржените ;)
     
    На mode-kristina му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Alejce

    Alejce Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2010
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    7
    Бидејќи не јадам пржени,највеќе си ги сакам варени или печени,печените дури и повеќе а ги правам така што..
    Го мијам убаво компирот и не го лупам само го сечам на половина вертикално,сецкам маслинки и ги ставам врз половинките и потоа ги преклопувам двете половинки,и ги виткам во фолија како бомбончиња и ги ставам да се печат.Од маслинките самиот компир добива многу убав вкус,откако ќе се испечат ги вадам и половинките ги сечам на коцки,ги преливам со путер,вегета,чили во прав и лук.
     
  12. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.422
    Пол:
    Женски
    Еден интересен рецепт за компири, мене ми е омилен, а е релативно здрав!
    Компирите ги лупите, ги сечете на пола па ги варите, ама не да бидат премеки, и преварени, туку до пола спремни.
    Се вадат и се длабат во средина, и тоа од средината се меша со сирење.
    Со малку зејтин се пропржува кромид, пожелно млад, заедно со перцата(зелените) и тоа се додава на смесата од компирите и сирењето, и се зачинува по избор, пожелно бибер и сол.
    Со смесата се полнат половинките издлабени компири и по желба идозгора се ренда уште малку сирење.
    Се печат околу 30-40 минути, додека да се растопи убаво сиренцето.
    Сe сервираат со било кое месо, салата, а јас обожавам да ги јадам само нив,или како предјадење, или како мини ручек кога не сум многу гладна.
    Полнењето може да биде по избор, можете и нешто друго да изберете.
     
    На danichap, Libera, Annath и 2 други им се допаѓа ова.
  13. H.e.L.e.N

    H.e.L.e.N Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    218
    овој рецепт е за сите кои обозаваат помфрит но се на диета :D ги лупите и ги сецкате исто како за прзење потоа ги прскате со многу малце зејтин,сол,црвен пипер...мозете и други заЧини да ставите по вкус.по плекЧе ставате хартија за пеЧење и ги редите но внимавајте да не ги лепите многу,загрејте го споретот на 200 и пеЧете 20 минути одприлика.испагаат подеднакво исти како прзените а понемрсни и поздрави се а мене и повкусни ми се така ;)
     
  14. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    ПОИНАКОВ ПЕЧЕН КОМПИР
    СОСТОЈКИ
    • 8-10 средно големи компири
    • 200 г печурки
    • 200 г кашкавал, рендан
    • оригано
    • сол и црн бибер
    • масло за готвење
    ПОДГОТОВКА
    Компирите излупете ги и замотајте ги во алуминиумска фолија. Наредете ги во тава за печење, ставете ги во рерна на умерена температура и печете додека компирот да омекне. Потоа извадете ги компирите од рерна, и оставете ги на страна да се изладат. Кога компирот е доволно ладен да се држи во рака, исечете ги на половина и издлабете ја средината од половините, која ја оставате на страна. Во тава за пржење, на малку масло запржете ги печурките со зачин и оригано. Потоа, додадете ја издлабената средина од компирите, промешајте и пропржете уше 2-3 минути. Со оваа смеса наполнете ги издлабените компири, кои повторно ги редите во тавата за печење. Откако сите компири се наполнети и наредени, посипете ги со ренданиот кашкавал, така што ќе се покрие целиот компир. Вратете ја тавата во рерната и печете додека да се растопи кашкавалот.
     
  15. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.584
    Допаѓања:
    5.917
    -пржен
    -сварен тврдо и правам топчиња и во топчињата ставам сиренце ги увалкувам во јајца и ги пржам
    -на пареа со пилешко
    -манџа
    -пире
    -каша
    -пинџур
    -"лотки" - на пола сечен и потпечен во намрсен плех, и одозгора со вагета,сол и црн бибер

    итн
     
  16. L-a-r-a22

    L-a-r-a22 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2013
    Пораки:
    1.337
    Допаѓања:
    10.771
    Пол:
    Женски
    Јас ги правам на овој начин:
    Ги сечам и ги ставам во плех и ги печам. Кога ќе бидат веќе готови ги посипувам со кашкавал и јајца. Преубави се. мммм...
     
  17. MAYAG

    MAYAG Активен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2012
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    62
    Јас ке ви предложам да го направите овој рецепт :http://www.kulinar.mk/recepti/Topcinja-od-kompir-i-slivi.html

    Всушност се работи за благо од компири....многу е вкусно,брзо и евтино за правење. :P
     
  18. The.king

    The.king Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2013
    Пораки:
    128
    Допаѓања:
    138
    ги пржам,ги варам,ги печам...има многу јадења од компири...тие се вистинско чудо :rofl: :rofl:: :D :D
     
  19. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    13.217
    Пол:
    Женски
    Печен компир според Џејми Оливер
    Млади, поголеми компири се лупат и се варат во солена вода 7-8 минути. Потоа се цедат и се сечат на кругови дебели околу еден сантиметар.
    Се редат на тава обложена со хартија за печење. Потоа се полеваат со масло, сол и гранчиња сушен рузмарин.
    Се печат во горниот дел од загреана рерна на 200 степени околу 30 минути (но бидејќи рерните печат различно, гледајте кога ќе почнат да заруменуваат).
    Многу се вкусни и декоративни, а ако сакате да бидат покрцкави можете да ги сечете на потенко.
    Еве како треба да изгледаат.
     

    Прикачени фајлови:

    На Mishela, Annath и Libera им се допаѓа ова.
  20. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.087
    Допаѓања:
    1.647
    Дали може од млади компири да правам пире? :tmi: