Сè од компири

Дискусија во 'Рецепти' започната од kiki-riki, 6 јануари 2010.

  1. Mama25

    Mama25 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    1.440
    Допаѓања:
    10.958
    Пол:
    Женски
    ^
    A zosto da ne,sekako deka mozes !
     
  2. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.882
    Пол:
    Женски
    сакам да ја направам питава со компири :!: имам правено се али заборавив како треба тестото да се прави :!: вака ли нешто :^) брашно и сол и со млака вода да се меси а потоа се чека ли малце тестото или не ? :!: а и мислам без квасец се прави ама незнам дали е така :?: ајт некој ако знае нека ми одговори сакам да ја спремам :^) :D
     

    Прикачени фајлови:

    • krompirusa.jpg
      krompirusa.jpg
      Големина на фајлот:
      56,7 KB
      Прегледи:
      701
  3. bumbi

    bumbi Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    494
    Допаѓања:
    262
    Пол:
    Женски
    Знаете ли како се прават вакви компири?

    [​IMG]

    Буквално истата боја, целите имаа фатено коричка, крцкави, а внатре беа ровки, дури и некако шупливи. Ги нарачав во еден паб, пишуваше дека се пекарски.
    Anyone? :^)
     
  4. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.030
    Допаѓања:
    4.604
    Пол:
    Женски
    Рецептката може е попогодна за на скара ама јас во рерна ги печев.

    Си правев ражниши од компири исти ко тие пилешките шо се прават.
    Компирите се сечат на четвртинка се обвиткубаат со парче сланина и се редат во тава во релната да се печат. Од топлото почнаа да ја губат формата па им ставив јајца измеѓу и не излезе лошо. Последниот пат за да им остане формата ги набуцкав на стапче за ражнич :D и многу убави излегоа. Од зачини сол бибер вагета се по вкус.

    На скара сигурно се подобри, ама за компир греота е скара да се распалува :)
     
  5. Serpentina

    Serpentina Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2012
    Пораки:
    306
    Допаѓања:
    137
    Мој личен рецепт

    Компирите се варат , со се лушпа...
    Кога ке се сварат се сецкаат на кругчиња и така неизлупени се пржат...откако ке се спржат ги посолуваш со вегета...пре пре преубави се прсти да изедеш....ги обожаваме по дома..за 5 минути ги снемува :D :D :D
    Едноставно изгледа и многу се вкусни :inlove: :inlove: :inlove:
     
  6. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.188
    Допаѓања:
    23.238
    Пол:
    Женски
    На ова му се токмам баѓи време :) :D :inlove: :inlove: :inlove: :inlove: :inlove: :inlove: :inlove:
     

    Прикачени фајлови:

    На Independiente, miss-bootylicius, koritsaki и 5 други им се допаѓа ова.
  7. silk

    silk Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    778
    Пол:
    Женски
    Ааааааа што убав рецепт си ни далааа....Јас утре ќе го правам,ако си за-изволте ;)
     
    На Adi888 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Venera.13

    Venera.13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    15
    Пол:
    Женски
    И јас сум обожавачка на компири, па еве и од мене еден многу едноставен но верувајте вкусен рецепт. Компирите исецкајте ги на коцкички и ставете ги во тава на среден оган и врз нив посипете зачин за печена пилетина (од kotanyt е го има да се најде во сите маркети) и ставете малку водичка па поклопете ги така да си крчкаат додека не им испари водата, и откако ќе испари пропржете ги малку на зејтинот. Исто така можете и да ставите од зачинот и на компири кои ќе ги печете во рерна. Мхмхмх :))
     
    На silk му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Mayyya

    Mayyya Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.253
    Допаѓања:
    6.026
    Пол:
    Женски
    Јас вака ги правам.
    Ги сечам компирите по должина на кришки и ги варам во посолена вода, не многу, околу 5-10 минути зависи од дебелината на компирите, за да не се распаднат.
    Потоа ги ставам во тава со маслиново масло, им додавам зачин и црвен пипер, мешам да се залепи црвениот пипер по нив и ги печам.
    Многу се вкусни, од надвор крцкави, внатре меки.
     
    На bumbi и Konfetka им се допаѓа ова.
  10. bumbi

    bumbi Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    494
    Допаѓања:
    262
    Пол:
    Женски
    Фала за рецептот, штом можам ќе ги направам. :)
     
  11. stoilovat

    stoilovat Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2013
    Пораки:
    98
    Допаѓања:
    9
    Во пасираниот компир се додаваат маргарин колку..?? И колку јајца..????
     
  12. candygirl

    candygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2010
    Пораки:
    242
    Допаѓања:
    99
  13. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Една лесна салата со компири:

    Се рендаат варени компири, одзгора се ренда 1-2 јајца, се става рендан кашкавал и се мачка со мајонез. :)

    Порано кога јадев јајца си ја правев почесто, а и сега во посна варијанта е вкусна, кога ми се јаде нешто поинакво. :rock:
    (Во некои варијанти ставам и други работи кои ги имам при рака, грашок, морков, а за гости и шунка)

    [​IMG]

    Втор рецепт, се сецкаат компири (јас најповеќе ги обожавам малите тркалезни компирчиња, ама досадни се за лупење), се зачинуваат и обилно се наросуваат со сусам.
    Се печат во релна додека заруменат убаво. :)
    Едноставни се, а вкусни. Но, дома не ми ги сакаат на овој начин. :tmi:

    [​IMG]
     
    На Marick14 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. jagoda1979

    jagoda1979 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2011
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    227
    Пол:
    Женски
    Јас не ги варам, ги сечам на кришки и во една длабока вангла ги посолувам, додавам вегета, 2-3 лажички црвен пипер и 2 лажички брашно. Ама!!! Пред да се стават зачините мора убаво со сува крпа да се избришат компирите, да се упие сета течност и после им се додаваат сите зачини. Со раце убаво се мешаат да фати секаде црвениот пипер и брашното и после во една тава се става од мрсната хартија што е за торти печење и врз неа се ставаат компирите, само да не бидат во голем дебел слој, помалку онака во еден ред, се попорскуваат со ептен малку зејтин и се печат до зацрвенување. Исти се како на сликава. :)
     
  15. jagodka.18

    jagodka.18 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 март 2013
    Пораки:
    846
    Допаѓања:
    607
    Еден рецепт и од мене :)
    потребни состојки:
    компири (по потреба зависи за колку луѓе правите)
    зачини (сол, вегета, оригано .. можете да експериментирате со зачини)
    маргарин
    мајонез/павлака (по избор)
    начин на подготовка:
    компирите ги лупите и ги сечете на кругови, ги редите во тава (намачкана со маргарин),на секое кругче ставате по мало парче маргарин, и ги печете така 20 минути. Потоа ги вадите, им ставате од зачините, и од мајонезот или павлака кој како сака и ги враќате во релна уште 20 минути.
    Испаѓаат преубави :)
     
    На Agrona му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.933
    Дајте некои рецепти за со варени компири. Пржени и печени не јадам.
     
  17. Westlife

    Westlife Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2011
    Пораки:
    642
    Допаѓања:
    617
    Ајде еден рецепт од компирчиња од мене.

    Компирите се сечат на кругови НО не тенки, туку подебели кругови. Во една чинија се става брашно,вегета,бибер малку, други зачини што си сакате а во друга чинија се става масло.
    Парчето компир прво се превртува во чинијата со брашно а потоа се потопува во чинијата во масло и се става во тава(плех). Сите парчиња се подготвуваат на тој начин и се става после да се печат.
    Напомена- тавата(плехот) не треба да се премачкува со маргарин или масло пошто при подготовката парчето компир се превртува во масло.

    Превкусно е. :)
     
    На tinan му/ѝ се допаѓа ова.
  18. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    3.051
    Допаѓања:
    69.175
    Компирите се лупат, потоа сечат (не до краj). Плехот на кој што ќе печете, го покривате со алуминиумска фолија (чисто од практични прични). Одозгора посипувате со секакви зачини на ваш вкус, и на крајот на секој компир ставате по едно парче маргарин (не големо). Во предходно загреан шпорет, на 180 С, ги печете додека не бидат готови (каj мене варира, некогаш се готови за 40 минути, некогаш за саат ипол). Откако ќе се испечат, во празнините ставете нарендана моцарела или пак сирење по ваш вкус (идејата е да се растопи сирењето). Не заборавајте да посолите предходно! :))
    Препрепревкусно :)))

    Прикачената слика е од последниот пат кога ги правев.

    Да дополнам.. на сликата изгледаат подзагорени, ама баш се погодија како што треба. :lol:
     

    Прикачени фајлови:

    На Anna-Banana, Saricko, MacenceEna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Angel4eeee

    Angel4eeee Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2013
    Пораки:
    529
    Допаѓања:
    336
    Пол:
    Женски
    Еве еден од мојте рецепти.Коа нема ништо за јадење спасот го гледам тука и многу е лесно и едноставно.
    Земете компири колку сакате,измите ги и излупете ги а потоа изрендајте ги.На тоа додадете 2 јајца,брашно и зачини.Смесата треба да биде со волумен како за палачиинки а потоа земете едно тав4е и со кутлачата стајте во тав4ето и измазнете. Пријате ручек :rofl:
    ЈАС ГИ ОБОЖАВАМ
     
  20. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    3.051
    Допаѓања:
    69.175
    Компирите се варат со лушпа, па подоцна се чистат. Лук, кромид, свеж кромид, магдонос се сецкаат ситно. Компирите треба да се издробат (може и со раце да се згмечат), се додава лукот и останатото, зачини и сол по вкус, две jаjца и сето тоа убаво се меша. Одделно исецкаjте сирење (наjубаво пармезан или моцарела, ама не од тие што се продаваат во наjлонска обвивка, по можност поквалитетно, повкусно ќе е). Од смесата почнете да месите топчиња и во секое во средината ставете по парче сирење. Добро затворете, за да не истече сирењето при пржење. Откако ќе ги направите сите, извалкаjте ги во лебни трошки. Загреjте тава која што не подгорува, сипете масло колку да покрие барем една третина плескавиците и пржете на тивок оган.

    Многу се вкусни, преjадовме со маж ми! :) :)
     

    Прикачени фајлови: