Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    Имам слики од миленикот во телефон чисто да се потсетувам дека може и ангел да биде :D:d::drunk:
     
    На Sunshine.Sunshine, crazylady, mims-89 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Lotus-14

    Lotus-14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2014
    Пораки:
    372
    Допаѓања:
    664
    Пол:
    Женски
    Научете еднаш луѓе дека после вас во тоалет треба да влезе и некој друг и воопшто не е пристојно да го оставате во хаотично одвратна состојба! Дома така ли правите!?!
    И кучето подзачистува после нужда, покултурно од нас луѓето е дефинитивно. :@
     
    На crazylady, samovila.red., eliesaab и 4 други им се допаѓа ова.
  3. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.391
    Пол:
    Женски
    Времево ме потсетува како да е крај на септември или почеток на октомври :worried: Ми се чини како летото да сум го преспала....и реков на мајка ми да запали шпорет и ми се изнасмеа, знаев дека нема да запали ама добро јас да си пробам.
     
    На Lady Phoenix, Hipica и presiosaP им се допаѓа ова.
  4. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.165
    Допаѓања:
    177.114
    Пол:
    Женски
    Денов е далеку од парадајз. Ама ајде...
     
    На kjukli, tirkenbal, Jordanovska-K и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. presiosaP

    presiosaP Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    854
    Допаѓања:
    2.208
    не сакаам ваков есенски дожд во летоо ..нее сакам....
     
    На joy1 и mirandaa им се допаѓа ова.
  6. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.093
    Пол:
    Женски
    Битен момент :

    Во случај да се прашувате какви се понатаму оние дечишта кои не даваат среден лист од тетратка, остануваат кога цел клас бега, галеничиња на класните и вечни кодоши петкаши, само да ви кажам ИСТИ СЕ КАКО ВОЗРАСНИ.
    И таа детска невиност секогаш отсутна кај нив добива уште поунаказена форма и уште се егоистични расипници кои остваруваат успех преку туѓ неуспех.

    Верувам да сум наставник, работодавач или било која супериорна форма на авторитет таквите веднаш ќе ги казнувам и истребам. Мислам дека од време на време некој треба да им пружи лекција. Успехот во целина го остварува сложен тим, не колективен заговор туку сложен тим.

    Колку да образложам (молам без морални паметувања-нагодувања во цитати, фала) вчера на работа после 3 месеци поминати без ебан денар, собриравме потписи да ги пратиме во дирекција, да пуштат плата, да пуштат надеж дека ќе пуштат, оти ситуацијата стана неподнослива. Еве, месеци толеранција ако не е не знам што е. Повеќето вработени сме таму единствените вработени во семејството и единствените со приходи. Еден мисир секако размисли дали да се потпишел. Не се потпиша. Иронијата е, го пуштивме и пуштија плата, па после за да не биде и понатаму мета на омраза, зема лист и се потпиша, сам. И вечно е подмукол кодош. Само кодоши. Ретко работи и многу кодоши. Повеќе од хоби му е ширење дезинформации. И секако мислам дека е погрешно што шефот има високо мислење за него. Не само затоа што мене ме тангираат неговите невистини. Тажно е што не остварува никаков приход од таквите активности, а заработува омраза и остварува тензија меѓу вработените. Ете тоа му е целта, да се несреќни сите ако е тој.

    Тие се луѓе кои болест да имаат не даваат.

    Тие се тие дечишта, истите се како возрасни. Исти !
     
    На Captain-Omni, Golden, galapce и 23 други им се допаѓа ова.
  7. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.009
    Пол:
    Женски
    Бидејќи татко ми сака секогаш да е во тек со работите, знаеше дека денес одиме да одбереме подарок за моминска на другарка ми. Прво мораше да му објаснам што е тоа, па следеа коментари дека во нивно време немало такво нешто, сето тоа било како резултат на влијанието на Западот :D
    Прееска си доаѓам дома, а тој: И, што ѝ купивте?
    Срам ми беше да му покажам :wasntme: Не знам што очекуваше, енциклопедија можеби? :lol:
     
    На anuskaNESTLE, cresa-jagoda, ines.h и 21 други им се допаѓа ова.
  8. lolanomnom

    lolanomnom Популарен член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2013
    Пораки:
    253
    Допаѓања:
    2.324
    СДК дечкиии се вработив. Мојата прва сериозна работа а уште не сум завршила ни факултет :D пресреќна сум. За недела две ќе добијам канцеларија, службен телефон и службена кола. Многууу сум среќна. Ви посакувам на сите вакви среќни моменти од се срце:hug:
     
    На sweet-star, anuskaNESTLE, Salome и 46 други им се допаѓа ова.
  9. jloves

    jloves Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2012
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    219
    Пол:
    Женски
    @lolanomnom Уште не си завршила факултет а веќе ќе имаш своја канцеларија,службен телефон и службена кола? Втф? Чија ќерка си девојко?:rofl: Честитки,честитки
     
    На cresa-jagoda, crazylady, samovila.red. и 7 други им се допаѓа ова.
  10. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.335
    Допаѓања:
    29.196
    Пол:
    Женски
    Се пронајдов во тоа што го напиша и морам да реплицирам.
    Не знаев што ме чека кога првпат трнав на училиште. Не знаев какви ќе бидат децата, дали ќе ме прифатат, дали ќе ме сакаат...
    Се покажа дека не се некои страшни или што ги тепаат другите (секако, на 6 години така си мислев), беа деца, исти како мене, барем тогаш.
    Се дужевме, си игравме, се согласувавме, додека бевме толку мали и сите исти во паметот. Ама како минуваа годините, јас сè повеќе се изделував. Не излегував со нив и уште не излегувам, не ми е пријатно друштвото... До ден денес е така, и знаеш што, не се каам што не тргнав по толпата. Не се каам што не дозволив општеството да ме обликува. Можеби бидејќи не ме интересираа истите работи.
    Нема да ми веруваш, ама јас сум единствена во класот што всушност се интересира за тоа што го учиме. Не, не се фалам, туку ова е факт, нема што да кријам и да изигравам скромна, најдобра ученичка сум.
    Не ми треба тим сè додека самата можам да направам нешто за себе. Сама се издигнав над другите, сама си ја трескав главата од книгата додека тие безделничеа. Сама се поднасмевнував кога ќе ме исмејуваа бидејќи цели лето сум си ја булела главата читајќи книги.
    Секако дека ќе останам кога цел клас бега, не дека ако избегам нема да го почувствувам детството, или како и да си замислуваш ти.
    Секако дека ќе кажам на класниот ако планираат некоја страшна глупост. Не ми беше и уште не ми е гајле дали ќе ме мразат. Само ќе чекам стрпливо додека не најдам некои луѓе со кои сум на иста бранова должина.
    Да, миленичка сум на наставничките, ама не затоа што мајка ми им е колешка, затоа што фаќав книга за разлика од другите.
    А што има лошо во тоа да си петкаш? Или и ти си спаѓала во онаа група мразачи на петкашите?
    Дали сум иста како возразните? Можеби сум. Дали имам изгубено детство? Не. За мене детство не е бегање од часови и правење глупости на школо. За мене детството е одењето до библиотеката со едната единствена другарка која всушност се интересираше за исти работи како мене, строгите библиотекарки, соковите кои не ни дозволуваа да ги оставаме на масата, потоа кога доолго зборувавме за книгите што ги читавме, кога игравме тенис во кругот на старата болница, кога гледавме филмови во вечерите...
    Дали сум егоистична распипничка која остварува успех преку туѓ неуспех? Молам? Премногу генерализираш.
    И не, навистина не се каам, затоа што тие што бегаа(т) од часови сега ја слушаат Северина, само јас со слушалките тивко седам настрана. Сите читаат Белешките на Лајла Грејс, а јас Кодот на Да Винчи...
    И тоа што го гледате отсрана - глупави петкаши, кодоши, миленици, бубалици, нердови, одвратни егиостични будали, тоа сум јас ако толку ви се сака. Јас ништо не пропуштив од детството, и мило ми е што го избрав овој пат.
     
    На rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr, Sunshine.Sunshine, QweenSM и 7 други им се допаѓа ова.
  11. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.093
    Пол:
    Женски
    ^ И во светот на возрасните ќе дојде ден кога ќе ја разбереш поентата на мојот пост. Бесцелни се некои работи да им се објаснуваат на деца кои не се дорастени да ја вкусат горчината на животот.

    Никој никого не хејта, темата беа луѓето кои се проклети и со фалинки во карактерот од недостаток на самодоверба и егоизам, потреба да се истакнат преку дела кои директно ги тангираат останатите и тоа во негативна конотација ова.

    И извежбај малку емотивна интелегенција. Никој не оспори дали си ти писмена.

    И исто втор пат се навраќам и напротив еве сега препознавам дел од знаците, потреба да се самовеличиш со деградација, во тема каде тоа е неповикано. Фали ме усто да не те раскинам.

    Реално самосвесниот и независен човек не го прави тоа, неговите дела говорат за неговиот интелектуален капацитет.
     
    На Captain-Omni, Golden, Jordanovska-K и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.335
    Допаѓања:
    29.196
    Пол:
    Женски
    Мисли си како сакаш, тоа што ти го напиша ми е многу познато и слушано многупати, од многу личности, ама овојпат морав да напишам.
    И каков егоизам, зборуваш за деца, побогу. Ништо не ти кажав за луѓето што се величат себеси преку постапките на другите, ама децата од школо што ги опиша на почеток не се такви какви што ти ги гледаш, и немаат апсолутно никаква врска со егоисти кои се сладат на туѓата несреќа.
    Се сладам на туѓата несреќа ако му кажам на класниот некоја одвратна глупост која ја планираат соучениците? Не, само размислувам со здрав разум, и ако учествувам во тоа, не ме прави помалку егоистична, напротив.
     
  13. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    Незнам кој е подволичен во моето деловно опкружување. Покрај дволичноста и сервилноста и манипулаторството е на цена.
    Да...тоа го дели човекот од животните,ама во тој поглед тие се по фер од нас луѓето.
     
    На samovila.red. и eliesaab им се допаѓа ова.
  14. Kukla994

    Kukla994 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    4.682
    Допаѓања:
    46.946
    Сдк дека чувствувам многу енергија и сета низ смеење сака да ми излезе, :fubar::smirk::lol:
     
    Последна измена: 18 јуни 2015
    На kjukli му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.826
    Ооо... колку само се согласувам со тебе. Ми се чини цел пост твој би го препишала, освен едно - петкашите молам да не ги чепкаш :D Арно де, се пронајдов меѓу нив. И верувај, не сите од петкашите се отепувале од учење по секој предмет.
    Во мојот случај, пола од предметите ми одеа/беа интересни/не ми претставуваше проблем да извадам петка. За останатата пола или имав среќа, или се снаоѓав. Најпрост пример - физика цел живот петка имав, а не знам ни трите Њутнови закони да ги набројам (не дека е за фалење ова, ама ај). Учиш на принцип: учам цела ноќ пред испитување; станувам следниот ден да одговарам зашто ако не станам следниот ден, до другиот час има да заборавам се‘; растурам и добивам петка; чао. И така до следното испитување.

    За СЕ‘ останато тотално се сложувам со тебе.
    Не секогаш се сложував со глупостите што знаеја да ги направат моите соученици, но никогаш не бев онаа која отиде кај директорот да ги прекаже. Знаев да си заминам од час ако не ми се седи, некогаш цел клас, а се случуваше и сама. Мислам, осмо одделение, петок, седми час ликовно. Сериозно?! Само еден школски остана во училница (мајка му беше наставничка во училиштето), наставникот по ликовно го искарал што не си заминал со нас.
    Да бидеш учесник во вакви дејанија не те прави лош ученик, непримерен, не те прави слеан со толпата. Те прави, едноставно, колегијален. Отсекогаш сум се восхитувала на соученици, цели класови, кои се сложуваат и функционираат како еден, а не да не можеш да се договориш што цвеќе да и‘ купиш на учителката за Осми март.
    Човекот е социјално суштество и не сметам дека е создаден да живее сам, да се двои од толпата, да се издигнува. На секој му треба некој. Мислам, која е поентата да те сакаат сите наставници? На голем одмор ќе те земат в канцеларија да ручаш со нив?
     
    На Captain-Omni, Salome, Golden и 14 други им се допаѓа ова.
  16. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.948
    Допаѓања:
    164.157
    На Marossa, Trnche, kjukli и 2 други им се допаѓа ова.
  17. natemila

    natemila Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.533
    Допаѓања:
    8.444
    Пол:
    Женски
    Сакаммм да не го сакаааамммммм :@:@:@
     
    На samovila.red., buba4e89 и presiosaP им се допаѓа ова.
  18. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.077
    Ќе дојде време кога ќе престанеш да се надеваш дека секое лошо за добро е.
    Ќе дојде време кога ќе ти прекипи од се.
    Ќе сакаш само да ја ставиш на себе најдобрата шминка, минич и високи потпетици и ќе ти се допаѓа чувството на машки погледи врз себе, ама и тоа ќе помине не бери гајле.
    Ќе сакаш да откачиш на најшабанските песни и да се опиеш од црвено вино, да играш на највисокиот подиум и да те буљаат и да се палат на тебе дечките потпрени на шанк. Ќе ги засениш сите девојки во локалот и сите очи ќе бидат вперени во тебе, а кога ќе си одиш накај дома во таксито ќе сфатиш дека тоа не си ти.
    Најверојатно сите доживуваат вакви депресии кога нема да можат да се препознаат и пронајдат себеси. Обично во таксито додека се возиш пијана накај дома ти доаѓаат на памет најголемите животни филозофии и мудрости ама во тој момент најлесно можеш да сфатиш која си и дали го сакаш тоа што те чека дома, можеш да сфатиш дали си се упатила на вистинската адреса.
    А не е далеку и времето кога ќе излагаш само заради рутината и ќе ги анализираш сите околу себе и ќе им ги наоѓаш совршеностите и маните и ќе љубомориш и ќе бидеш среќна со споредбите.
    Ќе посакаш да доживееш авантура и во истиот миг ќе се покаеш затоа што имаш некој златен кој го сакаш повеќе од себе и ќе ти се насолзат очите. Ќе му посветиш песна и ќе се напиеш во име на љубовта.
    Ќе лудуваш, ќе играш, ќе пееш, затоа што сето тоа завршува. Личностите со кои си сега утре може нема да бидат.
    Ќе дојдеш дома и ќе се гледаш во огледалото во тоалетот. Ќе позираш и ќе правиш фаци експериментирајќи со фризури кои ги правиш во моментот со рацете, а потоа ќе отидеш во соба и ќе се исплачеш затоа што се проклето брзо поминува.
    Ќе си го осеќаш парфемот помешан со алкохол и пијана ќе ја напишеш својата животна приказна.
    Запамти! Секогаш кога мислиш дека си се облекла топ, шминката ти е беспрекорна, со потпетиците го владееш градот и дека си најдобра, најуспешна и најубава од сите ќе се појавам јас и ќе потоне сета твоја самоувереност. Very likable person или easy lover едноставно има нешто што не се облекува, не се става на лице и не се купува, се вика шарм и харизма. Освен тоа, немој да мислиш дека си многу паметна и да се фалиш и експонираш со твојата интелигенција, памет и образование, немој да заборавиш дека зад тебе секогаш стојам јас за да те потсетам колку си глупа.
    Тогаш сфаќаш колку се е површно, колку погрешни вредности има во луѓето. Толку празнина и емотивна неисполнетост. Толку несреќа маскирана со монтирани насмевки. Толку лажен сјај...
    А тој, тој ми го понуди светот на дланка.
    Моментално сум најлошата личност на планетата.
     
    На Monroe, blackstyle, anuskaNESTLE и 18 други им се допаѓа ова.
  19. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    6.484
    Допаѓања:
    16.979
    Никој не е подобар од вас и НИКОЈ не може да го даде она што ВИЕ МОЖЕТЕ ДА ГО ДАДЕТЕ!!!
    Good night!
    large (1).jpg
     
    На julie77, eliesaab, Someonespecial и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. SelinaKyle

    SelinaKyle Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    254
    Допаѓања:
    2.149
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам дека ми е жал до кај стигна светот и какви се луѓе нема.
    7 и пол месеци сум со стомак до нос и никој не ми стана во автобус 1 саат стоев од Ск до Куманово.
    Дури ме истуркаа да влезат први да си фатат место.
    Една жена ме праша кој месец сум и ми се пофали дека нејзината снашка е 5ти, а госпоЖа од карши ме викна да ми каже ако може да се потргнам зошто и пречам што сум се потпрела на седиштето (facepalm)
     
    На Jordanovska-K, Lella, GirlRose и 4 други им се допаѓа ова.