Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. HarleyQuinn

    HarleyQuinn Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    862
    Пол:
    Женски
    Знаеш дека ви е сериозна врската кога шопската ја јадете со кромид :rofl:
     
    На anuskaNESTLE, Libera, SelinaKyle и 32 други им се допаѓа ова.
  2. BurstBerry

    BurstBerry Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    839
    Допаѓања:
    1.463
    Епик феил на деценијата,ќе цитирам : "Јас не можам да бидам со некоја која има триста лајкови на фејсбук,ниту пак со некоја што нема ич...",:^):o кажано од возрасен 28 годишен дечко,што се претпоставува дека треба да биде паметен и разумен и дека си ги има правилно поставено стандардите за избирање на потенцијална партнерка. :fubar:
    Многу ме разочаруваат луѓево во последно време и се плашам дека само со такви сум опкружена. :doh:
     
    На sweet-cherry, podravka, Elena69221 и 28 други им се допаѓа ова.
  3. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.093
    Пол:
    Женски
    Предговор бара постов, не можам да ве тагам, да не си рече некој одбегнувам директно обраќање :D

    "Петкашите". Амеби кои стигнале до одличен успех преку манипулација и предавства. Секако тој нивни успех со малку вложен труд ги охрабрува да продолжат со истите манири понатаму во животот.
    И секако не се во ист кош сите. Ме вознемирува што постојат луѓе кои гледаат корист од нивното однесување без да пресметаат колатерална штета околу. Како кодошот на работа. Како ученикот во закрило на професорот кој пренесе дека неговите соученици веќе ги нашле прашањата од другиот клас за тестот. Секако благодарницата не ретко е изразена во повисока оценка. А некаде е награден за вработен на месецот иако подолго е на пауза отколку на работно место.

    Не би да се ставам како пример себеси ( а еве, сметам, предиспозиции да го направам истото имам ), ќе ја спомнам една моја добра другарка. Течно зборува седум јазици,на возраст од 21 година замина од државата и со стипендија студира во странство каде истовремено предава еден од јазиците на мала група деца на возраст до 10 години. Најоткачените предлози во друштвото паднале од неа. Многу не повториле година оти од неа препишале. И добро стоеше со професорите па тоа го искористи понатаму ем за контакти ем да ги омекне кон некои ученици дури учевме. Не стил - пишете двојка советувам, туку, дајте му шанса ќе се поправи.

    Ме интересира психолошкиот профил на ваквите социопати. Ме интересира патологијата. Ама не доволно за да ја простудирам, веќе дојдов до фрапантни заклучоци преку набљудување.
     
    На Captain-Omni, Golden, poenta и 13 други им се допаѓа ова.
  4. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.948
    Допаѓања:
    164.157
    Осудете ме, ама ме фаќа језа од оној обичајот два дена пред свадба, млади моми, месарија меси некој леб и китат куќа, венец над врата, ова-она.
    Је-за на лош начин.
    Страшно непријатно чувство добивам. Мајка ми на ова коментира - изгледа во прошли живот вереникот те има оставено на овој ден, јас стварно не знам веќе што е со тебе и свадбиве?

    Е јебига, имам проблем.
    Непријатно ми е само што ви ги гледам сликиве, дури со сожалување некако - леле сирота ќе се мажи... Добро шо ми е?
    Ма знам дека е до мене, нема грешка.
     
    Последна измена: 19 јуни 2015
    На anuskaNESTLE, Hipica, joy1 и 9 други им се допаѓа ова.
  5. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.623
    Допаѓања:
    10.360
    Δ
    Ne se sekiraj mome, ne e do tebe neshto da se grizhish. Ednostavno odenje po nechij terk i mustra, izmislen godini nazad, ne e za sekoj koj zhivee denes vo ova vreme. I pomalku fakaj na srce zborovite od majka, i taa bila mlada vo drugo vreme. I ich ne se dvoumi, ako ti e arno nishto ne menuvaj, a i totalno e normalno da proniknuvash ako mislish deka nekoj pravi greshka, no nivna neka e. Tvoeto e za sebe da izberesh shto i kako sakash, bez da se sporeduvash, ne ti treba nichie opravduvanje, pa bilo i od majka barano na nekoj nachin. Ne go misli i preanaliziraj. Nema formula osven zhivej kako ti e ubavo.
     
    На Captain-Omni и tessie им се допаѓа ова.
  6. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.537
    Допаѓања:
    55.311
    Пол:
    Женски
    Денес гинекологот на најпрост начин ми кажа одеднаж,дека ќе имам големи проблеми да станам Мајка( не дека не го знаев тоа,имам проблеми со менструација и хормоните,па некое задебелување на матката:devil:)ми се смачи веќе од труење апчиња,не ми е во план да станам мајка наредниве 3-4 години,ама како поминува времето мислам дека сум казнета и никогаш нема да држам сопствено дете во раце,а проклето посакувам,ми падна тешко,бев во Црква се изнаплачив,потоа се помирив и реков ако е таква Божјата волја ,нека биде,се заколнав дека ќе посвојам дете кога ќе дојде времето,не е Мајка таа што раѓа туку таа што те сака и гледа,се колнам дека би му дала љубов доживотна на некое туѓо невино бебенце,ама сите знаеме како е подобрата варијанта нели;(.
    Дојдов дома насмеана,не им кажав ни збор,се трудев да се расположам,земав љубов од внук ми,ама душата ми гореше,ајде утре е нов ден,и ќе биде тоа што ни запишале,секој човек носи товар на грб,кој мора да го износи до крај,ќе го износам и јас.
    П.с толку од мојата среќа,час среќна 7 дена несреќна:swear:
     
    На 2212, crazylady, Umbrella22 и 9 други им се допаѓа ова.
  7. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    4.320
    Допаѓања:
    55.369
    Пол:
    Женски
    Преморена сум, ама онака убаво изморена. Ме чека долго напорно лето , а и есен. Нека бидам спремна, добро де не се плашам . За убаво ќе е. Цел ден се обидував да ги дигнам вибрациите, стварно добро ми одеше.

    Среќна купував низ city mall, весела полна со љубов кон светот , се движам како да го имам и ослободено истиот се додека не дојдов до скалаторот. Носев нови штикли, ем нови неразносени , ем ненавикнати, ем многу високи . па и прв пат да се возам на скалатор со штикли. Не можев да си поверувам како може една обична глупост да ми го поремети мирот. Многу се исплашив, се подвратив кај банкоматите, размислуавав брзо. Секакви мисли ми поминаа.Не можев да се решам , а време мине .
    СЕ РЕШИВ ! Ама Отидов до едно девојче па го замолив заедно да се симнеме.
    Не не ми е страв, затоа што навистина не ми беше страшно уште пред да нагазиме на лентата. Почнавме да се смееме. Си реков , знаев дека не е страшно ама не ми беа сигурни, испробани. Логички би паднала, дека цел пат се спомнував,нога си превиткував и тоа на рамно . Логика бе батка , тоа е тоа штто не враќа назад. Ете уште еден "изазов", требаше да пробам сама , па и да се сокршам а и у осталом , кој умрел од скалатор? Ама јас паднав, ми направија операција, умрев ..... во две минути ете така .

    Изгледав една француска драма, со интересно сценарио.(Ако би го гледала пред неколку недели, сега не ми е баш).Не ми пробуди убави емоции, не ми се свиѓаа сцените, осетив тапкање задниот дел од вратот, па во грбот.... Не ми прилега веќе тој жанр, ми одговараше додека мислев дека самиот живот ми е драма. Во иднина само филмови каде што ќе се смеам. Нека се лачи ендорфин, па нек пукну душмани!

    Легнувам да медитирам, толку за денес и помалкупанични напади (скалатори)во иднина.
     
  8. luckyblonde

    luckyblonde Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2014
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    22
    Пол:
    Женски
    Првпат пишувам во оваа тема-инаку Сакам да кажам дека оваа држава е ненормална!!!:@:@:@:@:@
    Денеска на факултет ми кажаа ако не дипломирам до 15 септември треба сите положени испити да си ги платам и тоа еден испит 1025денари јас имам 61 испит положено тоа некаде испаѓа 1000 и кусур евра!!!! Па требало порано да ме известат за таква нивна одлука не сум јас крива што неможам да положам старословенски 5 години кога професорката е ненормална требаа да се лечи ;(:sweat:;(:sweat: отиде цел труд во вода немам никакво решение за ова ;(;(;(;(;(;(;(;(;(;(;(;(;(;(;(;(;(;(;(;(;(
     
  9. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.391
    Пол:
    Женски
    Брат ми не е толку по музиката и не можам да го убедам ни една е*ана нота да го научам, ама затоа пак со син ми вака ќе си свирам :l: Тој би требало да се роди за 10тина години, плус ќе почекам да наполни 10тина години.....значи се на се за 20тина години ќе биде готово видеото :inlove:

    :makeup:
    (дечко/маж не доаѓа во предвид...само крвна рода)
     
  10. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    4.320
    Допаѓања:
    55.369
    Пол:
    Женски
    Еве ме пак, 5 часа подоцна. Требаше да се разбудам 5 часа покасно , околу 10 и пол. Не знам што сонував, ес разбудив наеднаш , разгледав наоколу, помислив дека влегол крадец.Цел хаос, околу мене . Прверувам тука е компјутерпт. тука е паричникот, и прозорецот е затворен . Мислев дека откако сфатив дека тоа е сопствен неред , ќе продолжам мирно да спијам.
    Не спијам. Имам повеќе работи за правење денес, нема да го гледам ова како несоница и да се прашувам зошто, туку како денот ми нуди повеќе часови за извршување на обврските.

    Се надевам ќе биде потопло.
     
  11. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.032
    Допаѓања:
    36.150
    Пол:
    Женски
    И покрај континуираниот просперитет во развојот на општественото живеење, се уште се соочуваме со поделбата на машки и женски работни задачи. Младите генерации од најрана возраст се воспитуваат и учат дека има машки и женски бои, едните играат машки игри, а другите женски.
    Стереотипите имаат добра цена да го поткопаат се она што го сочинува нашиот идентитет и да не изместат од колосекот на кој тежнееме да го задржиме правецот на движење.
    Сите живееме во исто поднебје и сите треба да вложуваме подеднакво за лично добро и општ развој на животните услови.
    Излишна е потребата за скратување на опсегот на спектарот на бои со категоризација, моја и твоја припадност, машко и женско поимање на нештата.
    Сината е релаксирачка, зелената смирува, црвената е енергична, виолетовата е елегантна, а црната не ме асоцира на ништо тешко, мрачно и негативно. Белата не ме упатува само на среќа и возвишеност. Затоа, оставете ги боите настрана и не ги обезвреднувајте со непотребни шаблони. Тие имаат свои нијанси и спектар кој ние луѓето не сме доволно соврешени за да го видиме во целост.
    Не им ги ограничувајте игрите на децата, а со тоа и слободниот ум кој низ различни технолошки достигнувања станува вкалапен и избрусен токму онака како што налага системот на одредена заедница.
    И девојчињата може да играат фудбал, како и момчињата што може да бидат добри фризери и шминкери. Секој колач бил бил подеднакво вкусен кога би бил направен по соодветен рецепт надополнет со вештите раце на мајсторот без оглед на полот. Црвената блуза убаво се вклопува во модната комбинација доколку се има умешност тоа да се направи.
    Се зависи од нас самите. Припадноста кон еден пол не е гаранција која ќе го трасира патот кон успехот. Животниот просперитет е во блиска корелација со нашите амбиции, волја и талент надополнети со упорност и труд.
    А домот е место каде нема простор за никаква поделба и натпревар за извршување на обврските и задачите. Со добра организација се може да се заврши подеднакво успешно и заедно да се ужива во слободното време низ голтка кафе и ред разговор.
    Супериорноста на никој не му е во прилог кога станува збор за потреба од плус минути за релаксација.
     
    На samovila.red., SV1911, eliesaab и 9 други им се допаѓа ова.
  12. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.770
    Допаѓања:
    23.801
    Пол:
    Женски
    Најдобрата работа којашто заслужуваат, но сепак културата не ви дава да им ја кажете на професори коишто се чувствувале многу влијателни врз вашата иднина кога одлучувале врз база на лични негативни впечатоци и чувства е следната: „Погодете што? Досега ниту еден мој работодавец не прашал за вашето мислење за моите интелектуални способности.“
     
    На Captain-Omni, samovila.red., BurstBerry и 17 други им се допаѓа ова.
  13. JustFun

    JustFun Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2014
    Пораки:
    1.027
    Допаѓања:
    2.774
    Будалче јас, се преоптоварував се досега со непотребни работи а некој таму ужива во животот. Од денес и јас така.
    Невообичаено чудно е што за некои работи сум премногу силна да ги издржам. Ме научи животот на тоа. И сега ќе се водам по тоа дека еден ден се поминува.
    За некој ден ќе одам на море а некаде по пат ќе ги оставам сите маки кои досега сум ги чувала.
    Ме чека долг а се надевам и убав ден, ајде да го искористиме.
     
    На eliesaab, Lella, Anabelle.Amorette и 3 други им се допаѓа ова.
  14. Скопјетесакам

    Скопјетесакам Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2015
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    9.191
    Напред секогаш има подобри нешта од оние што ги оставаме зад нас.
    Имајте прекрасен ден, исполнете го со позитивни мисли.
     
    На Libera, SV1911, eliesaab и 8 други им се допаѓа ова.
  15. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.240
    Допаѓања:
    176.207
    Пол:
    Женски
    Абе секогаш ако еден ден ми е предобар иди 12 - полноќ и ми тргни надолу, не сум многу надежна. Специјален поздрав до тестаторот кој посебно многу ме мразеше, арно мајка рече да не носам маицата со Iron Maiden на тестирање. Ајде ако не помирена сум со одење на преполагање матура во Август. :')
     
  16. Ivy89

    Ivy89 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 април 2014
    Пораки:
    122
    Допаѓања:
    1.056
    Пол:
    Женски
    Вчера трчам низ град,де ваму де таму, ова сум заборавила -враќај се...и така убрзана недалеку го гледам симпатијава од средно :D додека ми се вртеа сликите од убавитее средношколски денови си мислев "нека продолжи да зборува со тетката" и го знаете она двојно свртување -се загледуваш еднаш се свртуваш и со брзина на светлината го враќаш погледот :D Е, тој така, па уште и ми се насмевна и штом се доближив отвори уста и кажа едно фино Здраво o.O
    ват а фак -ми прелетаа зборовиве во секундата и возвратив.
    Море чоек во средно знаеше дека те симпатишам и кружеше, вртеше да не се сретнеме :D
     
    На samovila.red., SV1911, eliesaab и 3 други им се допаѓа ова.
  17. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    6.301
    Допаѓања:
    92.061
    Пол:
    Женски
    Се разбудив замислена,сонував нешто од минатото кое имаше големо значење во мојот живот.
    Пад кој што никогаш нема да го заборавам.
    Моменти кои повеќе беа лоши отколку што беа добри.
    Колку и да сакам да заборавам не очекувам дека целосно ќе можам да ги искоренан тие сеќавања од себе... Како минуваат годините сеќавањата се се подлабоко и подлабоко во мене ...
    Единственото нешто кое ме обележа по лошо беше тој... Тој кој остана закопан длабоко во мене некогаш се чуство на голема љубов кон него а денеска сеќавања полни со омраза....

    Прв пат застана пред мене,ме бранеше од оние кои озборуваа и навредуваа,прв пат беше на моја страна,ме гушкаше и велеше дека се ќе помине.Знаејќи ја мојата денешна среќа јас чекорев гордо пред него и ни за момент не се покајав ниту пак западнав во искушение ... оваа не беше обичен сон беше сон кој што во него имаа улога и далечното минато,сегашноста и по некој дел од иднината.

    Почуствував колку би се осеќала убаво ако тогаш постапуваше и правеше како што му зборуваше срцето а не разумот,разумот беше тој што го совлада него,не совлада нас,не уништи,не покоси пред сите.
    Тој успеа и успешно се издигна и продолжи а јас останав сеуште долу пред луѓето кои ја знаеа мојата приказна,луѓето кои со прст покажуваа кон мене и зборуваа како не сум се извлекла на време од онаа што веќе тонев...
    Се беше сосема поинаку и за среќа се беше сон,затоа што не верувам дека истото би имала сила да го преживеам повторно
    За прв пат посакав да биде среќен и здрав иако длабоко во мене му го мислам спротивното,посакувам да ја доживее и почуствува на себе секоја болка која што заради него ја доживеав јас.
    Не сум лоша ниту пак себична но посакувам да биде казнет како што бев јас казнета и да ја истрпи казната па да видам дали самиот ќе може да продлжи понатаму како што продолжив јас.

    Толку многу години велев Господ гледа и враќа ,јас не сум онаа која што суди,знам дека Господ постои и сите ги казнува за своите грешки.
    Јас платив за мојата грешка и мислам дека за моето патење сум наградена со многу повеќе од што заслужувам,но пак ќе кажам Господ гледа и убаво знае кој колку и кога треба да награди.
     
    На blackstyle, samovila.red., SnowWhite8 и 8 други им се допаѓа ова.
  18. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    Искрено, вие тие што не знаете да користите хаштагови уште пред секој слог не сте почнале # да ставате.
    Второ, зошто одредени луѓе мислат дека братучед/тетка/чичко (не е важно), ако е на висока позиција, односно моќен обврзан е врски да ви фаќа? По која логика? Или го пишува тоа некаде во Уставот?
     
    На Captain-Omni, Libera, Marossa и 12 други им се допаѓа ова.
  19. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.538
    Допаѓања:
    17.622
    Пол:
    Женски
    Денес бев да поднесам барање и да се сликам за пасош. За прв пат. Досега немав потрба од него, па поднесувањето барење за пасош беше одложено. Се до сега. Како и да е, тоа не ми беше поентата затоа што не успеав да напрвам ништо. Системот падна во моментот кога дојде мојот ред.
    По патот накај полицијата, додека се возевме, татко ми ми рече: Кога ќе го ставиш прсотот на сензорот*(така ли се вика таа направа? не знам точно, не ме фаќајте за збор, т.е. не го фаќајте татко ми)за да ти земат отпечаток, засекогаш оставаш трага во ситемот на Македонија. Официјално стануваш државјанин на оваа држава. Ова ме подзамисли. Дали сакам да оставам трага во системот? Дали сакам да бидам државјанин, односно да "припаѓам" на оваа држава? Не, не сакам ништо да ме приврзува со оваа држава. Сакам што е можно побрзо да заминам одовде. Што е можно побрзо. Затоа што чуствувам како државава ме гуши.
    Но како што напоменав погоре, ништо од тоа што требаше да се случи не се случи. Имаше проблеми со ситемот во целиот регион, не само во градот. Некои проблеми кои траеле неколку денови, пријавени во управата од Скопје, но никакви резултати. Не превзеле никакви мерки за нивно решавање. Така рече вработената. Па одложивме за друг ден. Поентата од сево ова е дека колку повеќе системот се надополнува со цел за полесно да се ракува со него и полесно доаѓање на информации и податоци, толку повеќе станува комплициран и нефукционален. Ова е само уште еден пример за тоа. Да не беше се толку изгенерализиано, и работата да не беше дотолку зависна од технологијата, многу работи би биле полесни за извршување. Како што е вадењето на пасош, многу "проста" работа која се комплицира без потреба.
     
    На eliesaab, BurstBerry, Sunshine.Sunshine и 5 други им се допаѓа ова.
  20. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.948
    Допаѓања:
    164.157
    Има луѓе кои си заминале од мојот живот по своја потреба и заслуга.
    Ми било тешко затоа што сум ги чувствувала како дел од себе, сонувале за некоја идеална слобода на нивниот дух, а впрочем беше нивниот најголем затвор и заблуда.
    Помина време, сега сме возрасни... се сретнуваме и го препознавам ликот на срамот во нивните очи.
    И искрено, жал ми е и не се ситам, напротив, дури и имам и начин како да им понудам рака. Ама лекцијата е научена, дојди и побарај, веќе никому не се сервирам на изволте и распродажба три за сто дур да ми ја исцрпите цела енергија.

    Живот и средби.
    Искочи низ гтц и изглуми дека имаш еден куп работа, петочки, ќе се испосретнеш со сите.
    Денес глумам дека имам работа еден куп, а ми фали уште нозеве на биро да си ги качам. :D
     
    На Jordanovska-K, samovila.red., SnowWhite8 и 10 други им се допаѓа ова.