сакам да кажам дека ме нервираат луге што немаат абер за враќање пари,,,еден близок роднина, т,е брат на маж ми ни долже пари, и нема абер за вракање..3 години цели,,, а ние кавги расправии со маж ми,, маж ми на средина ни крив ни должен си ја крка од мене кавгата,, еј ако немам пари да вратам , нема ни да купувам нешто,и тоа големо нешто, не мислам на јадење,, нема да се луксузирам,,ке гледам да зберам пари,,,ама ние сме си прости,, и си се нервирам ,и нервирам... ке пукнам ,,,
Си се разбудив денес весела и разиграна. Си го терам животот како што знам а останатите се чудаат на оваа ненадејна промена. Знаете, убав е животот кога покрај себе имате прекрасни личности а сите останати непотребни се далеку од вас . Наскоро се вракам во Мкд, ми недостигаат некои личности, најмногу.
Никогаш ама никогаш не сум очекувала ваква реакција од луѓе кои ги знам цел живот. Денес бев на факс по оценки, не ставив пудра ,немав маскара на очи, веѓи 1 месец не депилирани бидејќи ги растам за да си ја вратам старата форма,само карминче имав. Пошо вчера бев на плажа бев многу уморна и не се пеглав во коса само плетенката и тоа. Па затоа сабајле ја пуштив малку пена и како кршена ми излезе. Облеков кратки црни пантолони и мајче на риги. Реакцијата беше аууу што си ваква ко запустена и ме чепка по глава ,од блиска другарка и тоа пред сите, се изгубив како во тунел да прошетав во тој момент,останав без коментар.Одам во веце се гледам си викам што ми фали, може ми фали маскара? Одам во предавална си чекам, девојкава си седна со оние од поголемото добро утро. Низ муабетот сватив дека веќе еден месец се дружат. И почнуваат да оговараат лелее видија се фарбала црна ич не и стои бла бла бла . Мојата нежна другарка што секој збор го сваќаше лично станала како оние што од секогаш ги мразеше. И на крај па уште и ми вика срци кога ќе одиме на фитнес . хахахахаха со запустена не ти препорачувам да одиш, пред да се вивниш пред другите размисли , беа моите зборови.
Сеуште сум во мојот кревет денес не сакам да го напуштам душата ми е стегната и ми плачи само јас си знам зошто и овде во мојот кревет во друштво со кафето малку се чуствувам по безбедно и по сигурно... Мразам вакви утра полни со тензија, на овие дома како и секогаш све сакат да му биди совршено за да бидат расположени а човек никако да му објасни дека тоа не е можно но такви се тоа е... Понекогаш сум мн.возбудена што наскоро ќе бидам далеку од тука и ќе започнам нов живот,понекогаш многу исплашена од тоа што ме очекува таму и како ќе биди,но си велам барем нема да биди толку безлично како тука и ќе се впуштам во една добра животна авантура,а овие дома со поголемо нетрпение визата ја чекат од мене,да и самите знат а и јас знам дека кога ќе заминам многу работи ќе се променат во нашите животи и во нашиот дом се надевам на подобро... Знаете некој лани ова време да ми кажеше што ќе биди по една година и што ќе ми се случи веројатно ќе му се изнасмеев во лице,ама сега гледам дека во животот ништо не било невозможно ниту пак сигурно,господ само знае што ќе се случува и каде ќе бидеме другата година ова време,подобро ништо да не планираме и онака нема корист од тоа... Се надевам дека понатаму ќе има за мене повеќе среќни денови а болките и сите неубави работи ќе ги оставам тука зад мене...А и онај кој најмногу остај рушевини во мене и све поврзано со него све оставам зад мене тука све нека избледи ниту еден спомен не сакам да остани,не сакам... Јас сум многу добро сега и психички и физички горда сум на себе што поминав све сама храбро и донстоинствено и што се чуствувам добро,и знам дека ќе бидам уште подобро
СДК некогаш после некои луѓе душата ти е полна а некогаш после нив празна. Моментот кога ќе ја почустуваш празнината во нивно присуство е тоа е она што ни покажува дека се ближи крајот.
Денеска, со плачење потврдив дека нема да одам надвор од родниот град на работа. Не Скопје, не Барселона... Ништо не ми е поважно од тоа да бидам блиску до оние што ги сакам. Доволно ми беше што седев и работев сама во Ск 3 месеци. Можеби сум без пари, без работа, ама здравјето никој не можи да ми го врати ниту љубовта од оние што ме сакаат да ми ја прати Кол ми стјупид.
Убаво е кога сакате да помогнете да ја вратите заборавената насмевка, да ја избришете солзата што тече, да ја тргнете барем за кратко болната гримаса, грчот на лицето, на душата и дадете малку милост, го стоплите скаменетото срце.
Нoви луѓе. Нoви средини. Нoви искуства. Стaри луѓе. Стaрa срединa. Стaри искуствa. А не мoже се дa имaме . Некaд ствaрнo се зaмислувaм дaли требa дa сме блaгoдaрни зa нештo штo се десилo мaкaр и пoкрaј тoa штo трaелo крaткo? Амa штo пoсле кoгa пaк ги сaкaш урaгaните дa се дешaвaaт. Кaј дa ги бaрaм? Oвa му дoaѓa кaкo тестер oд нaјубaв пaрфем штo немa кaј дa си гo купиш . Е тaкa се oсеќaм, кaкo дa сум oтишлa вo пaрфимеријa и дa сум пoмирисaлa тестер, одбрала и нa крaј прoдaвaчкaтa ми реклa: е гo немaме тoј пaрфем, a тестерoт не гo прoдaвaме. Е нa мaјкa ви! Мa штa чеш...aе, кoлку - тoлку Убaв ден нaрoде. Вaшa М,
Плажа,ладно кафе,бистро мирно море и излежување до бескрај-поубаво од ова нема!! Мозокот празен,додека се одмараш нема место за целиот куп проблеми. Уште лубеница да си земам и совршенство. Уживајте во мирот,еден ден ќе го барате И имајте убав ден,од мене поздрав со песниче
Ниту гневот, ниту љубовта имаат граница... Реалната слика на случувањата се претвори во нормално нереално битисување во средината. Општо прифатливо е дека луѓето се користат, а нештата се сакаат. Не... не е проблем,туку начин на опстојување во денешниот свет каде што низ процесот на совладување на почетокот и крајот, престижност има бесконечноста. Црвената линија е блиску до видик. Ја гледаме, ама сакаме да ја погазиме. Кога тоа ни успева си даваме за право да ја избришеме и да правиме што сакаме. Некогаш само играта беше без граница... Сега се оди во недоглед. За волја на вистината.
Сплинтер #протестира @sinisa_goliOtok - Прости ми оче, грешев - Кажи ги гревовите сине. Исповедај се. - Вежбав јога - Ќе гориш во пеколот!!! *го мава со клучевите од Audi Q7 Ова совршено го објаснува тоа што мене не ми е јасно деновиве: како тоа православното христијанство и јогата се во меѓусебна спротивност? Што има погрешно во тоа да се практикува јога и да се биде верник во исто време? Да беше јогата некоја религија, или пак нешто грешно - ќе разберев. Вака - не можам да разберам. А зошто не е грев свештени лица да имаат цели хациенди и да возат џипови? И зошто не е грев да личат на Дедо Мразовци, наместо да имаат испоснички изглед? И плус да велат дека нема средства да се изгради или да се ренорвира црква и да бараат донации од граѓаните кои тонат во сиромаштија? Мојата чудесна земја е ова.
#ОнаКога се враќаш среќна од резултати за уписи од средно и во автобус случајно налетуваш на 10 деца од генерација Муабетите околу кај си запишан ми се како кај ќе одиш на одмор Сеуште не сум толку добро совземена дека од септември низ нови патишта ќе чекорам. Кој бил примен, кој не, кој скока од радост, кој чека втор уписен рок... Како и да е, Корчагинци ќе се дружиме од септември
Опаа втора годишнина со Фемина. Ајде да се множат. Колку работи се сменија за две години, а незнам колку со вас ја споделив најубавата вест која ми се случи изминатиов период. Се омажив
Не сакам ненајавени гости. Ако треба да се откажам од удобноста на домот сакам барем да имам време да се припремам за тортурите кои следат во тие неколку дена. Не сум спиена ко што треба, не сум јадена ко што треба и не можам да си седнам на веце школка дома ко што треба.
Си одам по улица, спроти мене доаѓа трудна жена т.е. девојка 25/6 годишна а настрана ( на ѕид до куќа) седнати 3-4 може 5 тинејџери. И баш ние две кога требаше да се узминеме, еден од шупаците исоментира гласно за да го слушнеме: Еј секогаш кога ќе видам трудна жена ја замислувам како имала секс, како се е*ела бооо.... Мене ми падна многу глупо, незгодно, а оваа трудничкава му врати: Па замисли ја мајка ти како имала секс кога те правела ваков идиот и тогаш сите околу него што беа почнаа да му се смејат нему и таа си се насмевна си продолжи, па и мене ме фати смеа. Изгледаше дека е фина, културна, си носеше кеси со бебиња на нив, изгледа си купувала за бебето ама знам дека овие и дојдоа преку глава па мораше да се симне на нивно уличарско ниво. Браво девојко која и да си. За такви уличари и сељаци одма треба реагирање и викање во лице (плус хормоните си го направија своето)
Денес добив трофеј за втора годишнина со фемина. Поради многу обврски немам време да сум активна ко порано, но сепак ве читам. Денеска да се пофалам исто се запишав во средното кај шо планирав, втора со најмногу поени и сум идна фармацевтка. Полека чекорам кон остварувањето на целите.
Ретко кој е задоволен со нештото што го има. Секој бара уште - подобар телефон, нова облека, повеќе likes/hearts, помалце килограми, повеќе ресторански ручеци и вечери, повеќе пари, подобар партнер... Вртоглавици. Е тоа си добиваме на крај. А да, и разочарувања затоа што сме барале повеќе отколку што можеме да дадеме а и сме умешни во нештото.
Ништо со сила не бива... Ни да чистиш не можеш ако не ти се чисти, а не па да засакаш некој. (п.с. вака се тешам бидејќи треба да чистам кујна. )
Се запишав.Ме примија.Лани да ме прашаа дали би била фармацевтка веднаш би рекла НЕМА ШАНСИ.А сега.Сега скокам од радост што сум примена.Другарка ми аплицираше за сестра,ама не ја примија и сега со врски ќе дојде со мене фармација.Ама зошто?Не ми е вистинска другарка,а сега ми се умилкува.Зошто се луѓето од корист??Таа врска си нема од хемија и биологија и математика,а сега ќе бидеме на иста вага со неа.Колку толку свесна сум дека имам поголем капацитет за учење од неа,а сега?Сега ќе бидеме „сокласнички“ повторно.Не сакам да учам со такви.Секогаш ќе и попуштаат на неа.Моето учење ќе се вреднува со неа.Не е фер.Но знам дека животот е таков и морам да се навикнам на тоа.Јас ќе си гледам за себе а таа (како и секогаш) за другите.