Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.537
    Допаѓања:
    55.312
    Пол:
    Женски
    Денес ми дојде на гости братучед ми кој има само 14 и пол години,не е чудното во годините ,туку во смелоста што ја има,дојде со огромно мечее,3 каранфили црвени и еден парфем,ама не за мене секако:D типчето убаво на дада има девојка веќе 2 години,дојде кај мене пред роденденот на чупето да си поразговараме ,и да го досредам во фризурите јас како постара дада8-| многу убав излезе на крај,не дека ми е брачед,плус и ми вика ќе излезиме на кафе со женската заедно ,ако не се срами таа,а јас му викам не само на кафе ,ќе ве носам и Грција на еднодневна екскурзија и капење:D омг ќе бидам како со мои деца ама нејсе8-|е добро де па и не е 12 години разлика многу :rofl::rofl:
    СДК децава мали,сега повеќе лудуваат и љубов водат од нас "постарите,"види ја иронијата на животот,ние седиме на фемина и чкрапаме а тие сега денсаат некаде:D:D:D
     
    На 2212, Ivy89, cresa-jagoda и 28 други им се допаѓа ова.
  2. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.418
    Пол:
    Женски
    Ако не се управи времето ќе ми заборават лицето како ми изгледа, од дома не излегувам. Па што е ова, целата зимска/есенска облека ми е соберана, нема што да облечам.
    Не може човек да се порадува малку на летото, боја да фатам малку, бела сум како сирење.

    Туку, доста за времето.
    Периодов ми е таков, пмс. Хормоните оро ми играт. Измешани емоции. Повеќе не знам глад ли е, љубов ли е.

    :rofl:
     
    На Marossa, kjukli, Sunshine.Sunshine и 3 други им се допаѓа ова.
  3. m.i.s

    m.i.s Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2011
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    319
    Девојки, прво сакам да се извинам ако ова што ќе го пишам овде е против правилата на форумов но ми треба некоја девојка која е слободна оваа вечер, ќе сака да поразговара со мене и ќе ме советува, макар и само да ме сослуша. Ќе пишев во проблеми и совети но малку е комплицирано и нема да можеме да се разбереме. Ви благодарам :)
     
    На Astra30, samovila.red. и H.VAGA им се допаѓа ова.
  4. Candid

    Candid Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    236
    Допаѓања:
    489
    Пол:
    Женски
    Се трудам да немам предрасуди спрема никого без разлика од која националност е или кој јазик го збори и среќна сум такво семејство кое ме воспитало на таков начин. Секогаш сум работела на тоа да го гледам својот живот и да не си го дозволувам луксузот да осудам некого без притоа да се погледнам себеси..

    Тажно и жално што некои луѓе никогаш нема да го достигнат тоа ниво!!
     
    На sparklie, kjukli, Jenniffer и 12 други им се допаѓа ова.
  5. Stefani999

    Stefani999 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2012
    Пораки:
    702
    Допаѓања:
    601
    Многу ги мразам оние чуства шо доаѓаат наеднаш,ко гром од ведро небо без некоја асална причина:@|(..Наеднаш некоја лутина и бес ме обзедоа,а шо е уште потрагично дел од неа ја истурив на други.После кога со ладна глава мислам,сфаќам колкава будала сум:tmi:..А како cherry on top ми влезе нешто во окото,дополнителни нервози...
     
    На One.Moment, kjukli, Lady Phoenix и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.922
    Пол:
    Женски
    Слична приказна со @Rama
    Денес сестра ми 11 год ми побара кратка црвена сукњичка, бела кошулка и патичиња за утре да појди по свидетелството :D
    И велам: "Абе облечи фармерчиња и маичка, одиш до училиште не на диско"
    И ми вели: "Абе после тоа ќе одиме на кафе со другарките да прославиме глупо е да одам така облечена" (facepalm)
    Што бе да прослават? Завршено петто одделение :rofl:
    До вчера и менував пелени, денес ми држи лекции по мода :wasntme:
    Јас во петто со барбики си играв, се радував ако мама ме пуштеше сама до продавница по сладолед.
     
    Последна измена: 26 јуни 2015
    На Marossa, Ivy89, One.Moment и 22 други им се допаѓа ова.
  7. SparkyAngel

    SparkyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    901
    Допаѓања:
    1.366
    Пол:
    Женски
    Следи период на промени..
    Толку многу сакам да кажам/пишам ама неможам. Уплашена сум.
    Колку само несакам да звучам клише и да викам Секој крај нов почеток, моето семејство после 15 години пак се наоѓа пред истиот предизвик.
    Феникс-се раѓа од пепелта.
    Само да ми се живи и здрави и многу нерви. Што би кажал другар: "Сега за сега се се распаѓа според планот".
    Ценете се што имате бидејќи се може да се сруши за еден момент.


     
    На Candid, One.Moment, sparklie и 21 други им се допаѓа ова.
  8. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    4.320
    Допаѓања:
    55.369
    Пол:
    Женски
    Многу сум задоволна од тоа како животот мој си се движи... По насоката која му ја давам јас, нормално. :)
     
    На Mama25, Elena69221, Lella и 3 други им се допаѓа ова.
  9. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.391
    Пол:
    Женски
    Се ќе разберам ама тие што си ги сликаат индексите дека положиле и сликите ги ставаат на фб нема никогаш да ги разберам (facepalm)(facepalm)(facepalm)(facepalm)(facepalm) Па тоа си е лична, приватна работа што има потреба цел фб да знае дали си положил, со што си положил, како си положил. Демек некому му е гајле.
    Господе прости ми ама колку глупави луѓе има не е можно, простотилук невиден.
    Грујо е крив, тој направи задолжително средно и после 98% од матурантите си продолжуваат на факултет како така да треба. Луѓе разберете, не е секој за на факултет. Со сила убавина не бидува.
    Некој си го бидува за земјоделец, некој келнер, некој автомеханичар, некој мајстор....едноставно некој нема желба за учење ама ај, каде сите таму и тој.
    Ајде правете селфи со индексот што да ви речам друго.....
    [​IMG]
     
    На stetoskop, Marossa, Annath и 26 други им се допаѓа ова.
  10. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.836
    Допаѓања:
    15.740
    Пол:
    Женски
    Пробувам да најдам некои зборови за да си го почнам постот, ама тешко ми оди.Ќе си пишев во темата: ,,На срце ми лежи..‘‘.Таму пак, за некое чудо на преку страница има само мои мислења.Може и на некому сум му здосадила веќе..од сега, паузирам некој период :lol:

    Знам точно што ми треба.Љубов!
    Да го фатам за рака и додека чекорам да се чувствувам сигурно.
    Да му го бакнам вратот, а за возврат тој да ме прегрне.Не премногу цврсто, не премногу нежно.
    Но, сосем доволно за да знам дека токму таа прегратка е местото во кое ќе сакам до крај да останам.
    Не мора ни двајцата да седеме во паркот на клупата, туку на цементото.Би разговарале, со очите.Би го научила и да игра шах, и покрај тоа што не знае.Толку добро сакам да го научам, што дури и да губам од него, да не ми биде мака.

    -

    Друго, неделава може и да започнам со работа.Наместо да се досадувам по дома и да жалам на бескорисно истрошеното време, барем ќе успеам да си исполнам уште една цел од листата за оваа година.Битно ми е да си ја сносам одговорноста, па патем и првата плата да си ја заработам :)
    Само да биде, има и овдека да ве частам. (highfive)

    Ах, љубов..е не ми е судено де.

    Дури да видам и ќе се раздени.Јас баш сега сум се распишала.. и така. :o:
    Ај поарно да ви речам Добро утро :hai:
     
    На Dust, Astra30, Marossa и 18 други им се допаѓа ова.
  11. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.953
    Допаѓања:
    164.193
    Се молат опајдурите со мозок на мисирка да не ја споделуваат статијава http://www.crnobelo.com/zivot/moda-...t-kostimi-za-kapenje-na-victorias-secret-foto со коментар: Loso
    Кај не ја сфатиле поентата, па и се прецениле.
    Она што е - Loso моеш да го видиш во огледало, а и ако си ѕирнеш у душа, а после стај ја на перење со црни алишта.
    Добро?

    Туку другарки се одраз на се она кое што не можеш да го видиш сам кај себе си.
    Вечерва сум се смеела до солзи. Дали вино или душа...ама одамна стомак не ме болел од смеење. Сакам интерни шеги без лутења, сакам и безрезервна поддршка за она кое што најмногу го умееме, а некогаш се колебаме во себе. Секогаш стои екипа на женурии кои ќе ти акнат штикла во гз затоа што веруваат во тебе отколку ти самиот.
     
    На Dust, Annath, kjukli и 5 други им се допаѓа ова.
  12. lovemme

    lovemme Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 октомври 2013
    Пораки:
    2.977
    Допаѓања:
    81.972
    Пол:
    Женски
    Денес си станав рано,ме мав а во глава да одам во град. За 20 мин се средив и појдов да чекам бус. Во 8.00 бев вчаршија си купив ѓеврек и си седнав покрај езеро пола го изедов а пола ситно го кинев и му давав на ластовичкиве.Не знаете како си се опуштив после напнатоста од очекување резултати од последниот испит за оваа година. Заборавив на се, па на кратко ќе се присетиш на сите случки што ти се случиле та добри та лоши. И продолжуваш да им фрлаш ронки на ластовичките си се смееш на самата себе што правиш а од др страна баш ти е убаво.Па седнуваш на кафе сама ( иако си се чудела како може некој да седне на кафе сам) почнуваш да мислиш каков човек си, зошто си на овој свет. Се секаваш на моментите каде што си горда на самата себе и си уживаш во денот.
     
    На Ivy89, samovila.red., kjukli и 15 други им се допаѓа ова.
  13. JustFun

    JustFun Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2014
    Пораки:
    1.027
    Допаѓања:
    2.774
    Се будам и гледам дека викенд било :D Планирав да спијам денес повеќе ама овде тоа не е возможно. Брз начин на живот, тоа го сакав нели?
    Ја терам мајка ми да направиме домашна пица, еве уште се нема вратено од маркет а јас сум во исчекување да видам што купила.
    Добар период во животот ми почна. Се опуштив, се препородив иако не велам дека сум она старата. Настрана жалопојките, убаво ми е навистина.
     
    На One.Moment, kjukli, Lella и 4 други им се допаѓа ова.
  14. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.032
    Допаѓања:
    36.152
    Пол:
    Женски
    Голем дел од возрасната популација се уште нема развиено свест за непостоење на категоризација на улогата родител кога станува збор за наметнат избор за доминација на едниот пол во растот и развојот на детето. Во ситуации на неумошност да се постави комуникација со младите, си придаваат внимание на супезабавни тетки и чичковци, поставувајќи прашање:
    "А, ти, кого повеќе го сакаш, мајка ти или татко ти?"
    Зошто се ставаат децата под таков неблагодарен притисок да мораат да избираат помеѓу еден од родителите? На кому му оди во прилог таа поделба на љубовта во семејството?
    Зарем девојчињата треба да бидат мамини галеничиња или татини принцези?
    Секој е дете на двајцата родители. Луѓето се индивидуи, а не редни броеви.
    Поимите за нештаат се прифаќаат низ релативитетот за да не создаваме црно-бели комбинации од прашања што ни го засегаат индивидуализмот.
    Сакам да зборувам за чувства, за нијанси на случувањата, за широки хоризонти, за уметност. Апсолутно не ме засегаат никакви наметнати стереотипи и поделби кои не разделуваат по секој основ се додека наоѓаме заедничка фреквенција за еднаквоста на разликите.
    Не можам да ги прифатам изопачените слики, карикатурите за некого кого не го познаваме ниту цел час. Првичната слика со сите нејзини референци кои упатуваат на некаков портрет, за другиот е само едно мало парче од животот на индивидуата.
    Секое Не, во спротивно не значи Да.
     
    На Annath, samovila.red., One.Moment и 14 други им се допаѓа ова.
  15. LUCERKA

    LUCERKA Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2015
    Пораки:
    764
    Допаѓања:
    5.373
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам дека ако сакав да си најдам швалер ќе се зачленев на некој форум каде се бараат партнери,а не на фемина.Што мислат мажите мањаци кои се зачленуваат на фемина и кој не пишуваат мислења туку само ѓи читаат туѓите?и тоа теми за секс.па ако се изразив јас на тема секс не е ништо ни тајно ни срамно туку е секојдневна работа ,а ''тoj'' да ми пишува лп дали сум била заинтересирана за орален секс?бог да чува...но коммент


    Мразам нечесни,валкани,оговарачи луѓе
     
  16. Turtle

    Turtle Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2015
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    45
    Повеќето луѓе мислат дека имаат јасна претстава за тоа што е исправно, а што е погрешно. Велат дека знаат како би изреагирале или справиле во екстемна ситуација. Но, да бидеме искрени, никој не знае. Не вистински. Дури и ако речете; ,,Јас никогаш не би го направил ова!'' , тоа може и да не биде вистина. Бидејќи никој од нас не знае,не со сигурност, што би направиле кога околностите би биле премногу тешки и комплицирани, до тој степен што не би ни знаеле да раликуваме добро и лошо. И кога животот ќе ви подели карти кои не сте ги очекувале или кога нешто погрешно преминува во нешто исправно и вашиот ум одлучува дека тоа што некогаш било правило може да биде и прекршено...
     
    На Marossa, samovila.red., kjukli и 11 други им се допаѓа ова.
  17. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    6.306
    Допаѓања:
    92.109
    Пол:
    Женски
    2014 беше моја година во која што доживеав едно од најубавите изненадувања во мојот живот и многу убавини.:inlove:
    2015 е година во која што треба да одлучам за важни работи кои што ќе ми бидат потребни во иднина.
    Плановите кои треба да ги правиме се за сите околу нас а не само за нас ... се надевам дека најдоброто ќе го извлечеме и ќе одлучиме да се случува онаа кое што сакаме ние . :)
    Иако има уште доста време до крајот на оваа година,сакам истата да ја паметам само по убавини а знам дека така и ќе биде :)

    Имајте убав викенд,размислувајте убаво и носете правилни одлуки за поубав да ви биде животот :)
     
    На Dust, Barbie20, cresa-jagoda и 20 други им се допаѓа ова.
  18. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    20.154
    Допаѓања:
    329.317
    Пол:
    Женски
    Пријави го кај администраторот дека те вознемирува со недолична содржина.
     
    На cresa-jagoda, kjukli, eliesaab и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Jordanovska-K

    Jordanovska-K Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2012
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    6.139
    Пол:
    Женски
    Како можат луѓето да бидат толку индиферентни?

    Уште не бев го испила моето утринско кафе, кога моја блиска личност ми соопшти ужасна вест: вчера била сведок на крајно грозоморен настан, дури ми ги опиша ги и најситните детали без да и трепне око.
    Со неверување и подзината уста ја избркав од соба и прснав во плач...

    S kim ja delim vazduh?
     
    На anel, Anabelle.Amorette, Sunshine.Sunshine и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. nati44

    nati44 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2012
    Пораки:
    777
    Допаѓања:
    545

    Во чест на вчерашниот ден. Среќна сум поради тоа што огромен број луѓе беа направени среќни. Уште да се надеваме дека ќе дојде ден кога и случкиве од спотот ќе бидат минато. #LoveWins :bow:
     
    На skorpija123, Sanjichka007 и Srckata28 им се допаѓа ова.