СДК Ја имам најдобрата сестра,и најдобри,мили и најсакани внучиња на цел свет.Ми фалат најмногу од све,во моментов мислам на нив и сум многу тажна што не можам да ги видам кога сакам.Срека во цела несреќа што постојат телефониве и бесплатни разговори па се слушаме кога сакаме и колку сакаме.....
Одамна немав видено пооткачено нешто: трчам јас на кеј а пред мене еден фраер шета куче, тој тренерка стил, кучето убаво средено, исчешлано, маска на устата, да се стопиш... Кога го гледам, вади клуч од кола, отклучува, отвара гепек и така убаво и фино го стави кучето таму, ја запали колата и си замина... Па каааај отиде светот?
Луѓето преоптоварени се со емоцииите, нивно споделување и јавен излив што ја занемаруваат поентата од афектот на истите. Не знам јас некако ете не ги ставам во преден план секогаш, овај де точно, планирам. Со годините се повеќе совладувам самоконтролата и полесно се прибирам во разни ситуации. Не дозволувам бесот да ме обземе. Инстант го претворам, го преусмерувам во план. Денес си реков, ти си Сторонгер паметна жена и имаш опасен план. Имаш опасен план. Такви ми се овие манични епизоди. Тешко мене со мене и луѓето околу мене. Крајно е дека ќе имам славно фијаско. Чудни се различните начини со кои болните депресија се борат да ги заобиколат суицидалните мисли. Еве јас на пример сум толкав его манијак што просто не умирам за да им го скратам задоволството од мое отсуство на некои.
Она кога ќе сфатиш дека стресот ти треба како леб, а многу работа ти е животен двигател,а цело време си мислел дека е спротивното. Мислам дека нема поубаво чувство после напорен и стресен проект кој траел со недели. Ослободувањето потоа е бесценето. Се ти изгледа поубаво, посончево, полесно. И секако, ти треба лабава недела да се опоравиш, но повеќе од недела никако!!! Пак почнува да ти треба насушно, инаку побудалуваш. Мислам дека ова не е начинот на живеење, но добро, веројатно сум факд ап.
Цела држава пропадна, па ние се секираме за одредени личности да не пропадна....ма нека паѓаат ѓавол нека ги земе! Баш сакав да прокоментирам една колумна ли беше, зошто девојка била 2 години сингл...момците секогаш виновни, нема плата, не иде на работа нема иднина што и до некаде оправдувам зашо одредени фраерчина како си ручкаа во кладилници...но што е со другиве што носиме минимална плата дома, способна ли е таа да гледа дом со толкава плата,моја и нејзина, знае ли да ми зготви нешто за тоа и да биде вкусно а да не биде ало, ало да на таа адреса ќе ве молам само побрзо гладни сме...знае ли ? Знае ли да не спие секој ден до 5 по ручек, знае ли што значи грч на мускул од премореност, знае ли како боли тоа? Сигурно не, таа знае само Сара неилс, Мара неилс, Трајанка неилс...нокти нокти и нокти, постирани на глупав фб, а за фрчењето на коментари да не зборам... Нас ни треба жена бре, женетина 70% ѓавол, 30% ангел и да не се плаши да има малку кал под нокти...за филозофи и онака сите не бидува... Лека ви ноќ...
Сакам некогаш да сум креативна опиплива творба на психата. Сакам да имам апстранкна улога. Сакам да сум шамарот на реалноста. Сакам, многу сакам од хоби да ги соочам луѓето со реалноста. Примери : 1.Не си писател ниту е некакво достигнување што водиш блог и пишуваш статии жолта штампа не лекторирани текстови преведени од странски јазик. Не е достигнување, не е никакво достигнување твојот квиз за идиоти. Исто еве ти предлог за следниот : Се чувствувате ли глупаво ? а) некогаш б) повремено в) секогаш Гледате ли крива бандера некаде во близина ? Според бодовите : Оди обеси се на истата ! 2. Отвори анатомија и резимирај како ти се позиционирани различните делови од телото. Ти има некој речено дека имаш трапез ко Лила Филиповска, а не тенка половина ко Дита Вон Тис ? Мислам тој сооднос, само треба да го видиш од туѓа преспектива за да ги разбереш луѓето, не се болни љумоборни, само се заносни сеиирџии се на се искрени за твојата немоќ да наметнеш нешто како убаво па уште да се перчиш околу ко нездрава и да се самовеличиш.
Собата ми е хаос, некако така сум и јас ....Растргната сум, ни тука ни таму сум. Нормално , во 10 месеци трети пат ќе правам селидба. Првата и втората ми беа поврзани ,случајно или не со дотичниот. И оваа некако е , ама не во таа смисла. Во онаа за збогум е. Нема везе, веќе не го толкувам . Иииии до кај бев, ќе се селам да од градов за два дена, на подолг период . Период од неколку месеци , бааѓи поголем отколку последниве 4 турбулентни години. Ќе те посетувам Скопјенце, имам работа со тебе уште долго .... има нешто меѓу нас, некоја поврзаност која никој не ја разбира, само мајка ми..... Планирам да те освојам засекогаш, и се надевам дека периодов нема да трае повеќе од 1 година. СЕ НАДЕВАМ, ЌЕ ТИ СЕ ВРАТАМ, ЌЕ МЕ ЧЕКАШ . Ама еве ми се оди дома, ми се оди . Сакам да живеам со моите пак, некако се олабавив , Не се плашам, планот и целта си ги имам во главата ама не се брзам. Така и треба Џиџи , не за џабе работиш на себе. Сакам да си одам од тука малку, малку да поживеам и таму, Знам какво е, знам какво ќе биде ама секое време свое носи . Сега имам други идеи , други вибрации , други фетиши ... мислам дека градче мало нема ни да ми сметаш .... Планирам да уживам колку можам. А ти Господин Господин Мегаломан, што ми се пикаш па ми бегаш од животот ? Продолжи да се гордееш со твојот знак , тоа убаво ми доаѓа воедно е и мој Подзна! Нема да ти попуштам , нема да ти дозволам, Многу вредам, многу имам....два патиу поголемо срце имам... за џабе не го давам .... Не ми требаш ни ти ни некој како тебе... Нека ви биде мака што ме немате,, мислете си колку пропуштате. Имам поважни планини и висстини за истражување и откривање , отколку вас да ве тинтарам. Си стаив какао , имам еден документ да го довршам. Ќе потрае ова. Ако.
Не,нема ништо лошо во тоа ако си ја признаам грешката и се обидам да ти се извинам , во овој момент направив прв чекор но се останува на тебе.Луѓе сме грешки правиме не сме совршени . голем е оној човек кој има доволна храброст да ја признае грешката...
Еве веќе е трети ден од новата ми врска,и јас сум хепи,да не ме мислите ич Штотуку се разделивме,а почнува да ми фалисе плашам дека многу брзо се навикнав, и дека ќе излезам повредена како и по обичај,ама нејсе..нека биде што ќе биде..еднаш се живее
Не мисли бе, зошто да бидеш повредена. Мисли на убави работи , така и ќе биде. И ајде кршете нозе раце,и со позитивни мисли и вибрации Ние сме всушност нашите мисли.
Љубовта е насекаде, па и во светот на животните. Нив не им е важно дали пријателот е мачка, птица, мајмун, желка, куче, зајак... Необични пријателства се раѓаат под ѕвезденото небо склопени поради различни околности. За разлика од помалку совршените, најсовршеното живо суштество, човекот, своите недостатоци ги игнорира, а туѓите ги рангира како негативни особини. Се премолчуваат неподобните карактеристики кај себе, а истите тие се пречка кај другите за развивање пријателство. Другиот е непожелен во друштво, иако има парирање во некои интереси. Тешка е мислата кога личното пронаоѓање е на иста фреквенција со тие што се вбројуваат во друг тип на личности. Најтешко е себеси да се признае. Себичност и ароганција за која не знаат оние што не зборуваат, а сепак го разбираат нашиот збор. Индиферентно заобиколете го вистинското лице на лицемерноста и споделете дел од вашиот живот со малите и мили безгрешни жители на природата затоа што чувствата што ќе ги забележите во нивниот поглед се претворени во фосилни остатоци кај човечкиот род. Подигнете нивно катче, бидете им пријател и нема да ги изневерат вашите очекувања. Тие можат да бидат се што не се вашите пријатели.
СДК дека многу ме нервира кога на свадба ме тегнат да станам и да се фатам на оро. Значи ме вадат од такт. Играј си ако ти се игра и не ме влечи како партал Кога ке ме погоди песна, ке си станам..
Добро утро на сите гледам вчера ме смешале со Пецо па нешто раке пуке муабети би замолил кога си мочам да не ме гибаат. Многу сум зборел вака така . Си молќам пак мешање. Убав ден на сите денес ќе биде сончевоо