Понекогаш само еден момент трпение, дел од секундата во која ќе одлучиме да задржиме некои зборови кои лутината сака да ги изусти од нас - се доволни да спречиме многу денови поминати во каење и да зачуваме илјадници моменти мир и среќа. Добра ви вечер!
Say "Hello" to Zürich for me! P.S. Донеси ни една Lindt, мада и една голема од Migros ќе заврши работа!
Еве искрено и јас се сложувам со постот од тумблр, кога ќе видам некоја на улица изопачена, тенки веѓи, ужасен стајлинг и се шо не, не ми се свиѓа, имам ете таканаречен груб став за нејзиниот изглед, дури и да е некој кој шо го знам ама се си има граница јбг. Никад не сакам и не би отворила уста да ја исмејувам и навредувам пошто нешто не ми се допаѓа, да набивам комплекси без врска. Тоа шо си го мислиш и не би сакал од туѓа уста да го слушнеш, боље ќути си и терај си животот. Сепак ,сите сме различни, се не ни годи но треба лошото во нас да си остане таму каде шо му е местото.
Што не се заљубам во некоја молчелива навидум, па првите зборови да и бида оние срамежливи ТЕ САКАМ но само за мене ѕвонети...Ах ова мое лудо главче...
Од кога им викам на моиве да стават табла на куќа дека се продава, тие не па не....значи помеѓу вакви кошии да живееш стварно е срамота. А ова денес беше врвот. Луѓе на месечина се качија, се откриваат нови планети и континенти а овие до мене се караа за малинки ...мајка, ќерка, внука и правнука....немам коментар.....да беа снаи и свекрви ај пак и пак ама овие....се тепаа буквално, викаа, урлаа, таа најстарата се дереше ПОМОШ ПОМОШ дека овие и ги јаделе малинките а тие пак и фрлаа по неа со малинки и и викаа: Еве в гроб носи си ги малинките. Дај ми ги, еве ти ги, мори крави едни вратете ми ги малниките, дојди да ти удрам шамар, јас тебе ќе ти удрам, ништо тебе не ти препишувам све на сестра ти ќе и оставам....како што можев да разберам сите беа против најстарата жена (прабабата)....готово....крај..... Инаку трите се возраснни (од 30тина до 80тина год) и НЕ се ментално болни жени, а тоа најмалото девојче 10тина год што разбира... па се замеша и друг комшија на сред тепање и карање ги раздвои и им се заkanи дека полиција ќе викне ако не престанат.... Друг комшија пуштил најсилно што може некое оро/чочек и се слуша од куќата негова оп оп сааа живо живо (изгледа се обидуваше да се вклопи во ситуацијата) А јас? Очи извадете си....само што ми е срам да ми дојде некој на гости пошто ќе се истрауматизира за цел живот, кога ќе види какви комшии имам..... Буквално беше како типична македонска претстава да гледаш, со македонска музика во позадина....не, нема нормални....
Колку би сакала да можев мозокот и телото да ги одморам со саат-два сон, а потоа да продолжам да функионирам креативно и ефикасно. Сакам да се посветам на повеќе разни работи, но не ми стига време или пак организациjата на истото не ми е jака страна. Животот е убав, сакам да го исфарбам со толку многу бои и ниjанси, да го вдишам секоj момент со полни гради! Убаво ми е...
СДК, колку болна треба да е една личност за да ти ги следи сите постови на фемина, и да склопува информации од преку 600 постови, за да дознае која личност си, и притоа после да пишува лични пораки со навредлива содржина. Ако таа дотична личност нема попаметна работа, нека ми ги чита и понатаму моите постови. Да, таа сум што мисли дека сум, и 'лично' што ме знае, и браво за успехот што успеа да дешифрира. Get a life, С.М., греота е да си го трошиш времето на мене и моето семејство! Поздрав!!!
Никогаш нема да сфатам како одредени личности имаат врски и тоа долгогодишни со луѓе кои не им значат, со луѓе кои не им е убаво или пак како излегуваат со луѓе кои не им се привлечни. Зарем толку не поднесуваат да се одреден период сами место да бидат со когу било? И зошто им се врските кои им носат само нервози и фрустрации? Искрено се повеќе им се восхитувам на оние кои си имаат јасни критериуми и не прифаќаат секој. И не ги сметам за самобендисани.
Летово, животов ќе ми се промени за 180 степени. На подобро, се надевам. Овој пат посакувам се да биде така како што треба да биде, иако животот крои свои планови. Конечно ќе продожам со животот онаму каде што застанав пред три и пол години. Три и пол години? Долг период во кој живеев ден за ден, водејќи секојдневна борба со себе за да можам да издржам и да се одржувам во живот поради моите блиски. Сега дојде времето да продолжам поатаму. Да зачекорам во еден нов, поубав свет, со самоуверени и долги чекори. Нема повлекување назад.
Сакам да кажам... знам дека патот ќе биде трновит и полн со солзи, но истотака знам и дека ќе направам се во име на љубовта. На крај, тој ќе биде покрај мене и ништо друго нема да е битно... А малечката Бјанка ќе го чека своето време..
Мразам личности со кои муабетот им е само „јас јас јас и јас“. Недокажани искомплексирани личности со кој не може да се прави нормален муабет. Почнеш нешто да кажуваш, одма почнува со „ама јас, па така, па вака“ и јас ок, продолжувам и на крај пак сум прекината. „Значи главата ми фрчи. До колку ли нема кој да те ислуша, до толку ли сте полни со самите себеси па стално да се зборува за вас. Ало, и јас имам проблеми, гајле ми е за твоите. Прво си гледам под мојот кров, сакам прво на мене да ми биде океј за тебе да те ислушам и да ти помогнам. Па преку к*р ми е веќе. Имав трпение на времето, сега се прашувам која будала ми го зеде. Се ежам, косата ми се крева на горе, ушињата почнуваат да ми зујат, и не, не те слушам бидејќи го кажа тоа вчера, пред некој ден, а и пред една недела. Прочитај некоја книга, прочитај нешто корисно на интернет и престани да си ги гледаш сликите од тебе и да си се восхитуваш на убавината, и другите треба да те ценат. Кога си слушнала „ако ти не се цениш нема да те ценат ни другите“ најверојатно грешка си сфатила. Не се врти светот околу некои личности, ние сами си го вртиме, а верувај нема да го вртам околку тебе!„ Морав ова вака да го напишам бидејќи типката најверојатно нема намера да ме сослуша, или барем не во блиска иднина. Секој жив човек има проблеми, разбирам јас тоа и те како. Ама не ти се веројатно толку големи проблемите па на сите да ни ги триеш од нос. Гајле ми е дека косата ти била мрсна, измиј си ја. Ќе барам на гугл некои статии во стил “како да сфати дека не се врти светото околу неа“, ми нема спас, не не не. Од такви токсични личности расположението драстично ми се намалува. А вака си мислам. Колку ќе беше светот поубав доколку толку се загрижувавме за случувањата во светот, големите катастрофи, кризата, глобалното затоплување а не за тоа колку пати денес си јадела, што си јадела и колку литри вода пиеш на ден. Следен пат кога некој ќе ме прекине во зборување, нема да се докажам. И така на никој не му е гајле што проблеми имам или какво мислење имам. Не си трошам зборови на личности кои нема ни да ме слушнат, што кажале „влегува во едно, излегува од другото уво“. Баш така.
Омилена домашна обврска ми е пружувањето алишта на жица. Мајка ми ќе ја пушти машината, а јас ќе ја исклучам кога ќе си дојдам од излегување, или пред спиење ако заглавам со работа до полноќ. Во тоа време градов е стивнат, нема музика од кафичите, нема толку бучава од улиците. Тогаш ги слушам само штурците. Потсвесно ги редам алиштата „за да бидат лични“, како што ме учеше баба ми уште кога бев мала. А свесно си размислувам за некои планови, желби, постапки. Во последно време, само тогаш можам да си бидам сама со мислите. Притоа, не знам што повеќе ме релаксира - дали тишината или мирисот на омекнувач Скоро 3 по полноќ, јас преморена после долг ден, ама ме чека една тура шарени алишта на 40
Дали сум премногу имагинативна или премногу реална?! Не сакам да си создавам илузии, ни за добри, ниту пак за помалку убави работи, мразам да живеам во фарса. Искреноста и директноста се критериуми по кои ги оценувам луѓето, но што во случаj кога не можам да се потпрам на своjата оценка? Дали да продолжам да вршам притисок или да почекам некое време и да се препуштам, па што биде нека биде...
Remember me? Мислам не. Дури и јас не се сеќавам дека сум била тука. Денес ми е првото слободно утро по не знам ни самата колку време, неколку часа само за мене. И еве ме, со некои влошки на нозете за детоксикација, небаре ќе ми помогнат против хроничниот умор. Се ближи свадба, ме фаќа некоја блага форма на паника, иако се е спремно. Се чудам на невестулкиве кои доживуваат толкави стресови околу свадба, кои замислуваат дека се принцезички и дека нема да има ден после свадба. Па бојата на машните, па бидермаерот во иста боја со китенката на реверот... Боженце, колку глупости изнаслушав месециве. Момчето и јас нема да имаме ништо усогласувачко на себе. Останавме приземни, како што се чувствуваме удобно, различни еден од друг, а сепак една целина како никогаш до сега. Животецов почнува да тргнува на подобро. Пораснавме заедно, еден до друг, а сега спремни сме да старееме заедно, рака под рака. Деновиве ми се среќа. Топлина и љубов. Страст измешана со малку лутина. Малку паника, на моменти депресија. Носталгија. Борба.
Многу ретко ми се случува да приметам некои работи подоцна, ама баш убаво се изненадив. Случајно отворив во известувања и видете: „Трета годишнина 3 години со Фемина. Најверојатно имаш добри пријатели тука.“ Ситница е, ама ме израдува. Многу.