Постојат луѓе кои едвај чекаш да зинат пошто од нив излегува знаење. И ги отвораш сите сетила и впиваш ко сунѓер. И постојат т.н. експерти, кои пред два месеца прочитале нешто, па сега тоа им е као животен стил, тебра разумеш, па истото ти го пикаат под нос во секоја можна прилика. Да, ти го знаеш лекот повеќе од 20те лекари по кои имам исфрлено илјадници евра. Да, од поглед процени на што сум алергична. Да, ако ме надвикаш дури објаснувам, автоматски си во право. Јас и Исус ти благодариме што постоиш, Иван Исцелител ти љубомори. Ќе ја искорениме ли некогаш навиката да делиме совети онаму кај што не се ни побарани?
СДК Ме нервира непрофесионализам. На државна работа и не ми е чудно-гајле им е...плата си врви па дали си или не си ОК, не ти е битно...море и глас ќе повишиш на некого ако ти дошло зорт со нервите, па и ќе си ги изладиш од време на време Ама приватното не трпи ИЧ...ако пробаш да си ладиш нерви, ондаК не си ти за да работиш...седи дома Реалноста е таква
Одсекогаш сум им се восхитувала на жени/девојки кои се самостални,цврсти, со карактер, односно кои не сакаат да искористуваат никого, не се во врска/брак со некој поради финансии, кои сами си градат нешто и не зависат од никого. Така и ме воспитале од дома и горда сум на тоа и многу сум им благодарна. Многу девојки денес гледам се гордеат дури, што си нашле дечко кој ги финансира, во што и да вперат прст, дека им се допаѓа, им го купува, а со таа намера и го впериле и ред други работи.Не гледам ништо за гордеење во тоа да си со некој поради материјални работи, напротив гледам срамота во тоа само и неморал. Чисто срам би ми било константно кога ќе искочам со дечко ми он све да плаќа, он да ми купува работи нонстоп. Но сите сме разчлични, секој има различен поглед кон одредено нешто, но најлошо е кога е човек без срам. На тоа потоа секоја лоша карактеристика се лепи.
Гледајќи го The True Cost (2015) сфатив некои работи во врска со материјалниот свет. Ми стана јасно дека иако тврдев дека не сум материјалист, всушност сум. Речиси секоја посета до некој трговски центар беше пропратена со некоја ситница од некоја си продавница, воопшто не ни размислував каква штета нанесувам на самата околина и да биде иронијата поголема - екологијата и нејзината заштита ми се приоритет и се надевам идна професија. Се сетив на времето кога иако имавме финансии, еден пар сандали носев две години и бев среќна, ништо не ми фалеше. Сега имам купишта обувки и не сум посреќна поради нив, ниту нешто ми значи кога некој ќе ми каже дека се убави. На крајот на денот сите сфаќаме дека материјалното нема суштинско значење, ама некако сепак сакаме да имаме повеќе и повеќе. Не знаењето можеби е благослов, но игнорантноста не е решение.
Фак фак фак... Мадам и гостиве 3 дена ме вработија 24/7, луѓе значи нозеве ми потекоа, крш сум скроз, искачам у 10 се враќам у 6 за туширање и пак... Си земав девојче да ми ги шета гостиве денес, гужва пред гол. Телефони фрчат, сценографија, балони, сценарио, генерална проба, храна за учеснициве, медиуми, прес...Чувството, исполнето.Ми годеле гужви , излегувам од комфорната зона и се препуштам комплетно на она најважното, да ги направам другите среќни.И токму во тој момент нема простор за оние психотични чувства, комплекси, претходни ,,јас,, кои ме мачат понекогаш... Окупирана психа ми бил лекот, знаете...ама штом и вака ги спомнувам, се враќаат како бумеранг...Така ми е мене во животов, кога се е совршено следува најлошото.Се плашам понекогаш од среќата... Вчера во сиот хаос ми се појави една личност која ме извади од рамнотежа, а ретко си ги искажувам емоциите јавно, цврста сум.Така ме изремети што ми требаше половина час да се смирам, станав од маса...И да, ептен видлива беше вознемиреноста...А објаснување нема...Барем не за мојата...За него....не знам. Одам да си го допијам кафето жени, вечерва имам водителски ангажман...
Ја исеков косата и си направив шишки. Да, сама. И сите ми рекоа дека не требало сама, дека ужас ми се и уште не знам какви глупости. Ама знаете што? За првпат во животот се чувствувам сигурна во себеси. Да, можеби се аматерски и грубо исечени, ама мене ми се свиѓаат. И на крајот, најважно е како се чувствуваш во себеси, а не што другите мислат. Ако не ми се допаѓаше фризурата целата коса ќе ја бутнев, па можеби и ќе плачев. Но, нема потреба да плачам. Овојпат не. И уште нешто. Ако добијам уште еден негативен коментар, веќе нема да ги прифаќам тие коментари, туку ќе враќам со полошо. Фала многу пријатно. Имајте убаво попладне.
Има два типа на луѓе. Разбирам и дејствувам. Првите ќе те држат за рака додека не ти помине болката, ќе те гушкаат и ќе ти кажуваат дека е сосема во ред, бидејќи тотално ја разбираат твојата несреќа. Вторите ќе го игнорираат твоето плачење и жалење и ќе пробаат да го решат проблемот, без разлика дали е само привремено, со тоа што ќе те расположат, или ќе го најдат коренот на проблемот и ќе го откорнат. Сакам да верувам дека сум од вториот тип, а ги имам и двајцата покрај мене. Судејќи по моите постапки, можам комотно да кажам дека сум комплициран тип на човек. Чудно е, затоа што обично пробувам да поедноставам се околу мене. Почнувајќи од цртежите, завршувајќи со проблемите. Јас сум некој хибрид на двата типа, прво разбирам, а потоа дејствувам. Или обратно.
На сите пријатели од муслиманска вероисповед, им го честитам големиот празник Рамазан Бајрам, со желба за среќа, љубов и мир
Не важам за некој кој поднесува било каков тип на болка, но ако можам да кажам, омилена физичка болка ми е онаа која се јавува во мускулите после квалитетно вежбање. Посебно пак, кога сум свесна дека сум направила некоја неоправдана пауза. Задолжителен дел од моментот на задоволства после вежбање ми е и краткиот туш изведен со брзината на светлината и нежниот мирис на магнолија од мојата омилена купка. И додека натегнувам на себе нов пар долна облека и пижами, секој грч на телото и секое негово движење ми е проследено со тапата болка во воспалените мускули и не чувствувам ништо друго, освен чудно задоволство од истата. Па и не е толку страшно ако понекогаш боли - камо секоја болка во животот да беше поради воспалените мускули од вежбање.
Честит празник на сите од муслиманска вероисповед, за многу години нека е! p.s @Kukla994 и @Sanjichka007 чекам баклава!