И јас овака деновиве Браво! Така треба, глеј си за себе брат и бори се за тоа што сакаш да бидеш или да направиш во иднина Никого не слушај освен самиот себе.Ти посакувам среќа и напред! Keep going!
Ако минатото сеуште ти причинува болка... значи сеуште не е минато. Имајте убав ден,СКОПЈЕ СЕКОГАШ И СЕКАДЕ ВЕ САКА
Кога некои нешта во континуитет тврдоглаво ни се спротивставуваат позитивно да одговарат на нашите очекувања полека и тивко се создава чувството на сеедно. И тоа не е само едно чувство. Го има во различен облик и содржина што сами сме му ги препуштиле. Си прави место во емотивниот простор, комфорно не запоседнува и наместо да му возвратиме со вербална сила, (не) намерно го кажуваме она сеедно со гласот на чувството кое е посилно од изборот и употребата на зборовите. Тоа се оние моменти во кои сме посакале да го извлечеме отпадот од себе што како вулканска лава се насобрал, но не постои ни најмала иницијатива за тоа, бидејќи не можеме да го поместиме чувството на сеедно. Молчиме и не правиме ништо. Неволни сме наспрема неговата владејачка волја. Посакуваме се да е како порано. Да веруваме во она познато Добро, дека еден ден повторно ќе ја има смислата на своето значење, ќе не фати за рака и ќе ни потврди дека отсекогаш е така, само што ние сме заборавиле да веруваме во подадениот стисок. Тоа е она што ќе ни ги дезинфицира чувствата на сеедно и ќе ги разбуди мислите од тешкиот сон за да не ги потцениме моментите во кои се било едно.
Не знам за вас, ама во моите очи ароганцијата и превртувањето очи на сè и сешто однесувајќи се како да ти е под твоето ниво, секогаш ја намалува вредноста на нечија неоспорна интелигенција. И никогаш не сум можела да го сфатам задоволството во користење на сопствените квалитети за да направиш некого да се чувствува инфериорно. Затоа што ниту образованието, ниту интелигенцијата не се она најважното што говори за тебе и што те дефинира како човек, туку енергијата што ја пренесуваш околу себе и фактот како луѓето се чувствуваат благодарение на твоето однесување и искажани зборови.
Значи ептен не сакам луѓе што живеат по некаков си шаблон/патерн. Онака живеат за другите и според некои поставени општествени норми. Знаете, оние што мислат дека рокерите се секташи, дека ако си облечен поразлично или пак се забавуваш си некаков чудак (не мислам на никаква екстремност овде), оние што мислат дека има некакви правила за да живееш, за нели, да не зборуваат за тебе како се делиш од толпата. Не сакам луѓе што се ограничени во размислувањето и што делат се на некаква основа, било тоа да е религиска, финансиска или не знам каква, што имаат предрасуди за се и сешто. Тие луѓе за мене немаат базично ниво на интелигенција. Зошто? Зошто бе луѓе се замарате со туѓи животи, со тоа кој како си го поминува своето време? Па зарем толку ви е досадно вас? Зошто мора различното да го гледате како непријателско и чудно? Зошто не се опуштите малку, научете да живеете за вас, не за другите.
Многу големи љубови започнале и со пристапување прво од женска страна и нејзина упорност знаете? ДА ни мене ова никако да ми влези во главта искрено... А и не не ми треба голема љубов искрено авантура ми треба
гурман Вид збор: Именка, машки род Значење: Човек што ужива во богато и одбрано јадење. Пример: Како вистински гурман, јадеше само од највкусните јадења. Let's face it: Ако јадете во неограничени количини, јадете евтина храна, брзо подготвена, која остава единствено негативни последици по здравјето и изгледот, Вие сте, драги мои, ждерачи (изведено од ждере- ненаситно јаде), народски кажано. No hard feelings, само посочувам да не го силувате зборот, со цел да ги оправдате вишокот килограми.
@jovanovska94 ...Зборот почнаа скоро сите да го кажуваат, а најмногу да го пишуваат по социјалните мрежи, без притоа да му го знаат вистинското значење. Као во фазон гурман сум јас, не замерајте што секој ден постирам пржени работи и мрсни, ама буквално секој ден. Е ако де, гурмани луѓе. ............. Пакувањето сеуште не знам како да го дефинирам, дали како замарање или како нешто интересно и убаво. Убаво ми е,си одбирам работи кои сакам да ги земам со мене, но истовремено и цело време си мислам и се преиспитувам нешто да не заборавам. Исто така секогаш ми се случува кога ќе го наполнам цел куфер веќе, да се сетам на уште работи накнадно, а нема веќе место каде да се стават и со сила ставај ,ставај во куферот, па после како ќе се затвори не знам. Ех, жени. Но сепак најбитно е убаво да се помине, а ова пролазно е. Кант вејт.
@mirandaa токму така. Муабетот ми беше дека сендвичот од 7ца кој го јадеш за 15 минути, е само пилешко/ плескавица со многу скроб околу. И да, тоа е пљачкање, со согласност. Е, специјалитет е бифтек на некој "чуден" начин за кој прв пат слушаш, со скапо вино и соодветен ентериер за целосно уживање. __________________ Веројатно не постои доволно голем куфер, за да жената каже- е сега спакував се!
Многу се лаже оној човек кој мисли дека може да живее без луѓе, а уште повеќе се лаже оној кој мисли дека луѓето неможат да живеат без него.. На крајот од денот, никому не му е гајле за вашето бреме. Секој си носи свој товар на малите плешки.
Не можам да разберам зошто сите лажат дека немаат пари, се жалат по цели денови, се немало работа, се немало пари...а одат за викенд кај јужниот сосед, одат на 4-5 дена во Турција, одат на недела дена во Египет.... Во секој град по Македонијава има останати по 5-6 души, и само во Охрид и Дојран по 50тина души, со се туристи....и се немало пари.... Барем не лажете. Граничните премини, летовите, автопатите...се е блокирано.... Најмногу ценам искреност. Што е толку тешко еднаш вистината да се каже? Или барем не викај дека немаш пари, абе ќути си поарно и шетај. Што мора сите да знаат дали имаш пари или немаш? Ќе ве видиме после дека сте означени во Египет не се секирајте....нема да ви биде џабе одењето, и секако се знае дека сите одите за ДРУГИТЕ, а не за СЕБЕ.... Ајде јас го земам моторот и одам да видам кои 5 други души се останати по градов Имајте пријатна вечер...и не лажете.....
Сакав само да кажам, сите оние кои ме навредуваат, не се секирајте нема да се спуштам на ваше ниво и слободно продолжете да ме навредувате односно да се опишувате вие и така вашите зборови не допираат до мене. Ви посакувам, како и на сите останати, се најубаво во животот и помалку злоба, бес, љубомора, а повеќе радост и љубов.
Ми се оди во некој непознат град. Сакам да запознаам нови личности. Сакам да се искачувам на планина. Сакам да одам на журка која трае до утро, а да нема балканска музика. Сакам да пливам до некој остров. Сакам да одам во шопинг и да ги потрошам сите заштедени пари. Сакам да кампувам. Сакам да ја ишишам целата коса. Сакам да скокам со падобран. Едноставно, сакам да живеам додека сум млада. За десетина години ништо нема да е исто. Досаден живот, работа, постојан дом. Секој ден истата рутина. Сакам овие неколку години да ми бидат најубавите од животот. Сакам кога ќе сум постара да се сеќавам колку сум била луда, слободна и среќна како девојка.
За на одмор се пакувам во пола торба. Одам на пат и на аеродром ме испитуваат оти 5 кила ми тежела торбата. Како да им кажам дека јас патувам за да видам, не за да ме видат. Панталони, 3 маички, и 5 пара гаќи се се што ми треба, заедно со фотоапарат. И четката за заби.
Спојлер На 25 јули Венера ќе го промени своето движење во ретроградно, ставајќи ве пред нови љубовни предизвици. Ако сте сингл, ваш бивши кон кого сè уште имате чувства ќе направи самоуверено враќање во вашиот живот. Неговата решителност можно е повторно да ве освои и да ве убеди дека треба да дадете уше една шанса. Многу пати хороскопот ми погодил, ама.......... Е баш знае хороскопов да изненади. Бивши? Не знам дал да се смеам дал да плачам. Имам само двајца бивши и со двајцата лошо заврши (дури и ме блокираа на фб, епа фала им многу што ми направија толкаво добро), така да да видам да не верувам дека некој од нив двајца сака да сме пак заедно. Уште пак самоуверено враќање.. А за тоа за чувствата, спрема првиот се уште имам за жал. А ако случајно (пу пу не дај Боже) еден од тие двајца дојде ќе си се врати како што дошол, какво самоуверено враќање, каква решителност, какво освојување, какви бакрачи. Не ми се потребни ама ич, а на хорскопов фала што ме насмеа.
Во петокот,нели време викенд и така си се спремам јас за излегување,таксито ме чека,ќе си ставав само уште кармин и кога го пуштив огледалото од раце,е па не остана ни едно најситно парче сол се направи набрзинка излегов од соба,најблиску ми беше Тато и го задолжив него да исчисти,ок нејсе,ама ден покасно,односно сабота вечер,историјата со несмасност се повторува,омилениот парфем си го турнав и од него парче не остана се прашувам што ми е,нит сум пијана ни ништо,бреее несмасно женче и така сега ,реков да ви пишам одма вас,мојот излез вечерва беше до 1 се зезам,ова во контекст на онаа темата,читам нешто 18 годишни се бунат малку им било излегување до 3 по полноќ дали да се смее човек дали да плаче
Добрите пријатели се гледаат и во добро и во лошо. Среќна сум што имам такви луѓе до мене кои вистински знаат да ги ценат вредностите во животот,нештата за кои мислиме дека се ситница а не прават многу среќни Инаку јас го вакумирав куферот и 'помалото' куферЧЕ а како ќе се сместиме нека му ја мисли љубави тоа не е мој проблем Утре патуваме,време е да запишеме нови спомени за нас и од оваа 2015 лето
Знам дека јас ја зезнав работата,незнаев да се справам со одредени ситуации,сакав цело време да биде по мое,место само да дадам совет јас сакав мојот совет да биде исполнет и тоа беше моја грешка.После многу пропаднати другарства сфатив што е проблемот,пак се вратив кај оние кои беа од почетокот со мене и се обидов да го практикувам тоа што го научив од претходните другарства,уште се обидувам. Мислам дека ми оди добро,учам нови работи,учам да не напнувам за одлуки и да не се мешам во одлуките кои што самите треба да ги донесат.Но,секогаш сум им кажувала и ќе кажувам дека јас сум секогаш тука за совет,одлуката е нивна и без разлика која одлука ја донесат,ако паднат секогаш ќе бидам тука за да им помогнам да застанат на нозе зашто знам дека и тие тоа го сториле за мене.Ми е криво што заради ова заврши едно долго другарство кое што никогаш не си помислив дека ќе заврши,барем не на таков начин,но од грешките се учи,неможе да се врати времето,мило ми е што сум со вистинските луѓе.