Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. srcence1607

    srcence1607 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2012
    Пораки:
    2.368
    Допаѓања:
    2.475
    Пол:
    Женски
    само не сум сигурна за вселената :/ :worried:
     
    На eliesaab, Abrakadabra, SV1911 и 5 други им се допаѓа ова.
  2. LUCERKA

    LUCERKA Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2015
    Пораки:
    764
    Допаѓања:
    5.373
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...ја гледам прееска на ТВ дотичната госпожа мама на бившиот мој(пред мојот сопруг)...образованата,интелегентната,самобендисаната што мислеше дека не сум јас за син и, само дека мајка ми и татко ми не биле директори....кучка:puke::puke:.....ама све иди се се враќа се се плаќа....па сега тој за жена што ја има земено таа што да речеш, а да не заплачеш.......проклети материјалисти
     
    На Dennings, eliesaab, SV1911 и 7 други им се допаѓа ова.
  3. Wahnsinn

    Wahnsinn Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2015
    Пораки:
    376
    Допаѓања:
    2.459
    Пол:
    Женски
    Понекогаш едноставно мислиш неможеш ама потоа ти текнува дека мораш и продолжуваш понатаму...
    When you feel like qutting think about why You started
    А да и мислам почнав да заборавам англиски од шо учам германски интензивно :sweat::worried::@
     
    На kjukli му/ѝ се допаѓа ова.
  4. muchacha_a

    muchacha_a Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    1.236
    Допаѓања:
    14.580
    Пол:
    Женски
    Е не можам веќе да издржам со оваа жештина бее у пм.Преку ден врие,преку ноќ пак исто нема спиење :@
    Сакам да заврне дожд и така едно убаво цела недела да врне и да разлади уффффф :sweat:
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.982

    Немав време да ти пишам.... :D Се согласувам делумно, такви се, незаинтересирани, не се свесни ни кој се, ни како се, ни зошто се.

    Абе кешки да беа само Американки вакви, од најдалечниот исток до најблискиот запад има собрано раја тука. Ја од најсиромашната и од најзатуцаната земја сум, ги има од кралства, до демократии до што ти знам што.... Не е проблемот да не знаеш, никој не се родил учен, проблемот е да не сакаш да научиш. Два месеца сум веќе тука и два месеца СЕКОЈ ДЕН трубам како се мете. Налет, метењето е најпроста симболика во муабетот, ако не сакаш да се научиш да метеш, упорно одбиваш да сфатиш која ,,филозофија,, се крие и која е тајната за метењето.... Шта речи... значи една нај, нај ама нааајпроста работа, не знаат и не сакаат и не можат да ја сфатат. Се гледа кога некој не знае и се труди, а некој, некој стои како труп... А тој труп јас го носам на грб, мене ми паѓа грбот секоја вечер ради идиоти. Е тоа ако не можеш, да се потрудиш барем да сфатиш, што останува па за друго, да не правиме муабет, како завршуваат овие луѓе факултет, како имаат врски, како имаат бракови, како ќе имаат некој ден нормална работа со некоја одговорност.... Толкава незаинтересираност, неинтелигенција, неупатеност, немам зборови.

    Многу ми е интересен феноменот тука, 80% се толку глупави, што останатите 20% се тие што управуваат со корпорации, што ги држат во шака што се вика, што им печалат на глупоќа. Значи со тоа апчињата за смирување се невозможни, за секоја ситуација ги пијат, им го имаат испрано мозокот дека тоа е за нивно добро, дека им го штеди нервниот систем, ејјјјјјј, деца на 20 години, млади, здрави, прави.... имала стресен ден на работа, а сечка кромид во кујна, ајде 5 ги голта како бонбони.... Кој стрес жити се'?Паднала испит, плачела две недели, 4 кутии испила за тој период. И викам учеше ли за испитот, паааа не, не беше класичен испит, знаеш тука подруго е, бла бла, е јасно ми е... Сами си се заплеткуваат во тињето, на ситеееееее тие можности и на сиот овој лагоден живот. Ни зимоска им е ладно, ни летоска им е топло, ни знаат што значи да имаш сметка за струја колку месечна плата, ни што значи да живееш со една тукашна дневница цел месец, а цените за храна исти....

    Сепак е интересно, не сакам да ме доживувате дека се жалам зш тука напросто си размислувам, тоа што ми се врти во глава го пренесувам.... Благодарна сум, затоа што мислам дека не секој ја има приликата да го види ова, да ја направи споредбата, да заклучи некои работи, да се проучи самиот до каде е со себе, колку е способен, за што е способен, што прави во животот, што сака, каде се гледа во иднина, итн итн.

    :!::hai:
     
    На Salome, Sunshine.Sunshine, bittersweet и 20 други им се допаѓа ова.
  6. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    5.507
    Допаѓања:
    35.183
    Пол:
    Женски
    И после околу 1 месец, конечно дојде денот. :sun:
    Само да ме видевте со колкава возбуда се пакував, со колкава возбуда го наполнив куферот, небаре ќе одам за првпат во мојот живот на одмор. :lol: Ама тоа е, љубов голема. :inlove:
    Се читкаме за неколку дена, останете ми со здравје. :hai:
     
    На Sunshine.Sunshine, Ivy89, Lella и 17 други им се допаѓа ова.
  7. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    6.493
    Допаѓања:
    16.995
    Ни скапата облека,ни шминката, ни високите штикли, ни разните фотографии не можат да ви ја нахранат душата. Џабе сето 'чкрапање' и објавување ко немате ни грам култура, ни скромност во вас.
    Респект за оние кои се 'сиромашни' со слики на фб, а скромни и богати во душата.
    Good night! :*
     
    На One.Moment, Salome, Sunshine.Sunshine и 24 други им се допаѓа ова.
  8. HarleyQuinn

    HarleyQuinn Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    862
    Пол:
    Женски
    Кога некој ќе ве предаде бар еднаш, во вашиот ум ве предал илјадници пати. :)
     
    На Sunshine.Sunshine, eliesaab, SV1911 и 7 други им се допаѓа ова.
  9. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.542
    Допаѓања:
    55.330
    Пол:
    Женски
    Тргнавме да пешачиме малку со другарките низ парк,и да саатот беше околу 19..попешачивме и не фати малку мрзичка.ај демек ќе седнеме на кафе,абе какво кафе ,кога му влеговме пиво за пиво како мажите исто,ама што убаво ни дојде на жешкото,пивцето ладно,абе милина:D поентата ми е дека,си поминав преубаво ,иако не бев дотерана,нашминкана и не се спремав со саати пред огледало8)и пак имаше мушке погледе одоколу,значи не сум била до толку грда бе:rofl:
     
    На 2212, One.Moment, Sunshine.Sunshine и 18 други им се допаѓа ова.
  10. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.391
    Пол:
    Женски
    Прееска ми излезе последно пишано мислење во темата: Вагината после пораѓај и ај онака ја отворив темата од чиста љубопитност, да видам што и се дешава на вагината од ко ќе донесе на свет мало човече, ама пред да почнам да читам го оставив лаптопот на маса за да пуштам машина....И фино лепо татко ми си го зел лаптопот за да провери резултати |( А тоа баш отворено кај насловот со најголеми букви напишан
    Вагината после пораѓај
    Јас во истиот момент влагам и само тој ми фрли поглед
    [​IMG]
    Нормално тој ми се смееше, а јас се дерев што ми го зема лаптопот....

    И така сега седам на тераса, јадам помфрит, си пијам по малку пиво од лименка, играм Супер Марио на лаптоп :drunk: и чекам да си легне човекот....
     
    На One.Moment, Sunshine.Sunshine, bittersweet и 27 други им се допаѓа ова.
  11. neongirl07

    neongirl07 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2015
    Пораки:
    315
    Допаѓања:
    346
    Пол:
    Женски
    Ми се допаѓа форумов. Ми се допаѓаат и личностите т.е членовите што се во него. Одамна го посетував и читав различни теми, а сега кога сум веќе член, ја сфатив вистинската смисла на форумот. Имам можност да запознавам нови луѓе, нови приказни, нови животи, да се приклучам во различни дискусии, да побарам помош кога ќе ми е потребна или пак да споделам нешто мое. Верувајте, во моментов зборовите сами ми се излеваат од срцето, па одат се до тастатурата. Среќна сум кога ми помагаат, но уште посреќна сум кога јас ќе пружам помош некому. А овде, помош може да ви пружам само со делење совети и одговори на вашите прашања. Да имаше опција за повеќе, без размислување би го сторила тоа.
    И свесна сум дека на никому од вас не му значам ништо посебно, не сум од оние "омилени" на форумов кои сите ги сакаат, ниту пак сум популарна овде, но само едно знам, а тоа е дека ќе продолжам да бидам член на овој прекрасен форум, ќе ви помагам колку што можам. Затоа што се чувствувам исполнето секој пат кога ќе се логирам и чувството трае се до следното одјавување.
     
    На Salome, Sunshine.Sunshine, eliesaab и 16 други им се допаѓа ова.
  12. kala21

    kala21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2013
    Пораки:
    1.896
    Допаѓања:
    15.406
    Пол:
    Женски
    Вчера жена што прв пат ме гледа во животов ме праша дали дечко ми е богат или сиромашен:@
    Јас и одговорив прекрасен...
     
    На One.Moment, Salome, Sunshine.Sunshine и 22 други им се допаѓа ова.
  13. <3 pleza4e <3

    <3 pleza4e <3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 мај 2015
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    3.442
    Пол:
    Женски
    Малку оф топик ама - Можеби нивните приоритети во животот се разликуваат од твоите и тоа е единствената причина за тоа одбивање:)
    Тргнувам по себе, во времето кога бев помлада и заработував а немав обврски од типот маж/ деца, си имав други цели во животот на кои ги трошев парите,:) како на пример образование, сертификати, курсеви, обуки, кои што доста ми се нашле во животот, :) исто така и патувања подалечни, планинарења...

    Со пријателите можеш да се видиш секој ден ако сакаш, одење до Прилеп на пиво фест ништо посебно не е за некои луѓе,:D ќе се гужваш, ќе те туркаат и газат, ќе смрдиш на скара и ќе те избањаат со пиво од глава до пети - гратис мокра фризура (такво е моето досегашно искуство со пиво фестот, можеби јас никој пат немам среќа):D:D
     
    Последна измена: 24 јули 2015
    На mims-89 и kjukli им се допаѓа ова.
  14. kjukli

    kjukli Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 ноември 2014
    Пораки:
    3.057
    Допаѓања:
    28.613
    Пол:
    Женски
    Го делам потполно твоето мислење. Почнувам да работам за еден месец и она на кое сакам да го потрошам секој денар е на доградување на моето знаење, на добивање сертификати за неколку јазики кои веќе со години течно ги зборувам, но сум немала доволно да ги полагам и на патувања, на доживување нови искуства, учејќи различни култури и традиции.
    Одење на пивофест или виновест и слични настани ми е тортура. Не сакам да се туркам во гужва, да ме потураат со алхоколни пијалоци, да не можам да разменам ни еден збор со пријателите. Не ми причинува никакво задоволство, само ми е мачење. Сум била еднаш на пивофест, еднаш на винофест и никогаш повеќе..
     
    На Anabelle.Amorette, SV1911, Rama и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.954
    Допаѓања:
    164.223
    Урко во комшии го среќавам како оброците во денот. Како се посматраме, осеќам дека осеќа колку не поднесувам ликови ко него, очекувам да ми ја здрви некоја кај и да е. Еден ден ќе чуете, се онесвестила девојка во близина на домот на Грујо, тешка е за идентификација, паднала на фаца и се здробила. Омилени ми се гаќиците шо ги носи за да му се гледаат мускулите на горниот дел од нозете, како викате тоа вие билдерите - задна, предна ложа, шојазнам...

    Тукууу...

    Лек за срце?
    Плачеш два дена, го викаш да ти ги намести сите сијалици, лустери и ѕидни ламби, му викаш да си понесе се што му треба за преноќиште, се тушира и го оставаш да ти шета по пешкир и да умирисува на машки гел за туширање и машки дезодоранс... Одма ти поминува, во 3 и 40 тачно!

    Тоа што мислам дека е мое, си го зимам...за другите не знам. Животов за некого мајка, за некого макеја, мене мож и макеја ми е, ама омилена сум и од сите деца по тема љубов.
    До душа он вика дека он мене ме земал...ама ради феминистичкото его прави компромис. Абе ај...
    Знаеш дека те сака кога си зима слободен ден за да може да ти удостои се што ти треба и мач мор...Имаме телевизор на под и тросед на спуштање, ладно пиво и љубов. И Inside-out на репертоар како успивалка... Продуктивно и уморно... ама се гледа крајот.

    П.С. Не разбирам луѓе кои создаваат нешта за да ги импресионираат другите, а не излегле подалеку од сопственикот праг... Луѓе-мртовци. Многу ми е тажно за нив. И секако ееевентуално до Грчка, до Ханиоти... они би и до Калитеа дека поблиску. Не дека немаат, туку тоа сељачкото во нив... како инаку ќе види светот дека имаат и што имаат? Напрај со цел капитал да види цело село кој си ти, па ако треба да се умира, нека се умира, ќе го шетал светот, абе бегај таму. До душа, шо бе тажно, ич не ми е тажно, смешно ми е.
     
    На Ivy89, samovila.red., Lella и 4 други им се допаѓа ова.
  16. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.331
    Interesno ke bide da mozat tie da napisat nesto od niven aspekt za tebe.
    :!:
     
    На Doozy, kjukli и tessie им се допаѓа ова.
  17. RecklessGirl

    RecklessGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2015
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    75
    Пол:
    Женски
    Алал да ти е! Подобро неможеше да биде кажано.
     
    На samovila.red., eliesaab, Lilit и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.033
    Допаѓања:
    36.160
    Пол:
    Женски
    Се сеќавате ли на деновите кога со нетрпение го очекувавме новиот број на списанието „Наш Свет"?
    Да прочитаме по нешто ново, да се насмееме со по некоја шега и да се информираме за светските случувања.
    Можеби не пишувавме за славните филмски јунаци, за нивната најнова улога, за здодевното секојдневие, за брендираната гардероба, за авантурите низ мондемските места, за перформансите на новиот компјутер кој овде се уште беше заглавен в зори, за трендот на бојадисување на косата, за некакви си производители на ајлајнери, хајлајтери и макотрпноста да се пронајде потребната нијанса од омилениот бренд. Уф, каква фама се крева за да се има нешто вакво во козметичкото катче.
    А што беше тоа?! Само декоративна козметика... Да... и ништо повеќе на значење, а голема болка за мислите.
    Како тогаш и сега, намената е иста. Само разликата во информативноста енормно се зголеми и достигна опсесивно ниво да се копа низ елитните локали и да се поседува она без кое верувале или не, и тоа како може среќно да се преживее денот, а да не почувствуваме дека нешто недосатсува на нашиот изглед.
    И без тој куп од шаренило на лицето знаевме искрено да се смееме и да си веруваме.
    Многу време вложивме во создавање комплетна целина. Понесени од магијата на усовршување на изгледот ја потиснавме онаа природна декоратива што не прави шармантни и привлечни за око и многу повеќе ни е потребна од се останато во домот.
    Насмевката ја заменивме со се што е вештачко и по некое нелогично правило се потврдува впечатокот дека ја исполнува душевната празнина.
    Некогашните статии за еко-проекти, информативната област за економскиот подвиг на индустријата, сториите на вработените за колегијалноста на работното место, наградите за талентирани личности во различни области се веќе изумрени текстови на пожолтените страници од непостоечкиот дневен печат кој модернизацијата го замени со се што не може да ја врати цената на човечкиот интегритет.
    Денес паричните средства се наменети за други наводно големи потреби без кои не може да се замисли да се преживее затоа што така налагаат правилата за современ живот.
    Споделуваме скокотливи информации кои не треба да се споделат, а тоа што одамна го напишавме повеќе не е достојно за да го понудиме како податок.
    Се претворивме во нарциси кои бараат цена за својата вегетација.
    Љубовта ја бараме во нештата за кои длабоки сме уверени дека не можат да ни ја понудат во вистинската смисла.
    Свесни сме за се што правиме и свесно продолжуваме да правиме работи кои не не прават среќни.
    За жал...
     
    На Sunshine.Sunshine, Ivy89, samovila.red. и 10 други им се допаѓа ова.
  19. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.792
    Допаѓања:
    323.764
    Имам потрба да напишам критика
    За никого посебно а за сите заедно
    Читам - ,,си купив маичка од H&M на попуст ефтина за 1500 денари,,, (и следи слика од маичката...пуфка...ништо..али битна е фирмата и цената)
    Одма ми доаѓа да реплицирам - кај ја најде жити се најефтината
    Или ,,во Лиска има попуст на гаќи од 1200 на 800...си купив 10 пара,,
    8000 денари за гаќи ?????!!! мислам -алооо.....тоа е нечија плата !!
    И да купувате, молчете си.
    Ова е Македонија.
    Има страден народ, за леб се нема.

    И на крај има пост - никој не ме сака !!

    Имам порака до сите-бидете нормални !!...
     
    На One.Moment, LUCERKA, Salome и 24 други им се допаѓа ова.
  20. Скопјетесакам

    Скопјетесакам Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2015
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    9.191
    Запомнете, ако некогаш ви е потребна ‘дланка’ за помош, таа се наоѓа на крајот од вашата рака. Како што ќе стареете, не заборавајте дека имате уште една рака. Првата ви е за да си помогнете на себе, втората да им помогнете на другите.
     
    На Sunshine.Sunshine, samovila.red., eliesaab и 10 други им се допаѓа ова.