Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. DVAANGELA

    DVAANGELA Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2015
    Пораки:
    554
    Допаѓања:
    28.805
    Пол:
    Женски
    потполно се сокласувам.на денешно време, и во нашава држава постојат само две класи, и тоа: богати и сиромашни, таквите кои се преценуваат и фалат со такви да ги наречам мизерни работи на крај ке останат со свирчето во рака, и послем цацко им е крив.Сепак ке кажам, денешнава младина не е крива, криви се тие што ги воспитале така т.е родителите.Ценете го најситното нешто во животот за да добиеш нешто поголемо, а не после државата им е крива немало рабта немало, ова немало она е па ќе нема од такви луѓе, ќе нема.......
     
    На One.Moment, Esmeralda-MD, kjukli и 5 други им се допаѓа ова.
  2. anel

    anel Популарен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    583
    Допаѓања:
    19.936
    Пол:
    Женски
    Колку се согласувам со ова:clap:
    Иако не сакам да го користам зборот глупав, сметам дека таму системот намерно ги држи повеќето на одреден степен на незаинтересираност( да не кажам интелегенција дека нели вродена е, ама во текот на животот таа треба и да се развива), за да може лесно да управува со нивните животи, поточно нивните пари. Државата им обезбедува доволно средства, можности, услови за сѐ што посакаат, можат да си дозволат куќи, коли, работа, одмор, сосема пристоен живот,ама ако ги погледнеш даночните политики од друга страна државата и фунционира од нивните пари и ги троши на непотребни војни, финансиски манипулации, корпоративни интереси. Имаат огромни даноци на заштеда, па затоа и ги трошат парите. Америка има најразвиена наука, најразвиена медицина, вложуваат во се што напредно, ама колкав е % на населението што е ангажирано во тие научни истражувања, развој? Останатото население има доволно што му треба, да не се занимава со интересите на големите корпорации. Едноставно таму немаш потреба многу да мислиш, државата мисли за тебе.
    Имав можност на неколку пати да ја посетам, имав можност и да живеам таму, ама таквата ментална атмосфера не ми одговараше.
    Имаше еден податок дека 80%од Американците не знаат што е H2O, и едно видео каде на мапа на светот на местото на Австралија напишано Ирак, па при анкета 90% на прашањето каде се наоѓа Ирак, покажаа со прст на Австралија. При дискусија за тоа со наши пријатели кои заминале 10 год.порано., нивниот одговор беше " па што ќе им е да го знаат тоа" . Да ги разберам Американците, ама и останатиот свет кој ги бара благодетите на таа држава, системот лесно успева да ги претопи.
     
    На DVAANGELA, Salome, bittersweet и 12 други им се допаѓа ова.
  3. fallenangel

    fallenangel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    2.150
    Допаѓања:
    16.150
    Ако се сака се може се останато е само изговор како што се потврди во мојот пост дека само ми кажале колку да ме откачат не сум глупа да не можам да ги разберам некои работи.
    И не не е до приоритети попрво јас ги имам тие приоритети што ти ги наброја ти и сум си скратувала од многу журки, одмори и знам што ми било повредно во животот ама факт е дека секогаш би се имало време за да изгледаш добра театарска претстава, добар филм во кино, или да заминеш на Дојран фест или Пиво фест или да заминеш барем викенд некаде да се одмориш од гужва и секојдневие.
    Поентата ми беше не ме гледај во очи и не ме прави будала со муабет од типот немам пари а земаш 300 евра плата поарно речи ми не сакам да идам со тебе и чао пријатно од искреност поарно а не после тоа да ми се правдаат ама ние изненадно заминавме кога реално никој ништо не ги праша и факт немало ниту да знам дека биле.

    Секој различно ги доживува настаните и си поминува во зависност од друштвото.
    Конкретно јас посебно сакам да ги посетувам манифестации од типот Саем на книги, Пиво фест, Дојран фест, Штипска питијада и ред други затоа што во мојот град не се случува ништо и затоа што сметам дека секој период од животот си носи различни искуства и убавини. Како што и самата кажа кога немаш обврски маж/деца е моментот кога можеш да си допуштиш мали задоволства кои за момент ќе те отргнат од секојдневието и ќе те направат среќен. Подоцна ќе следи етапа од животот каде факт со деца нема да можеш ниту да сакаш да ги малтретираш во гужва е во оваа фаза од животот ќе имаш сосема нови приоритети и факт нема да те интересираат ниту да ти причинуваат задоволство.
    Поентата на пиво-фестот па и на секоја друга манифестација/журка и не е само да се опиеш, да јадеш скара туку едноставно целта е да се забавуваш, сретнуваш сосема нови луѓе, сосема странци но сепак далеку поспокојно се чувствуваш отколку во сопствениот град, си шеташ по штандови, бутици си купуваш за себе нешто да ти остане како спомен, па за најмилите ситници кои пак причинуваат големи задоволства.
    На крајот животот е краток и треба да се живее со отворени гради и полн здив , да земаш и уживаш се што ти се пружа оти само убави искуства на крајот ќе ни вредат а не сертификати, дипломи, орден, златен медал.
    Реално откако ќе ме нема или ако не сум среќна и го немам тоа што најмногу сакам да го имам ништо од материјално, постигнувања и признанија од небитни луѓе не ми вредат барем јас така си го имам сфатено животот.
     
    На Ivy89, Sanjichka007 и Petar80 им се допаѓа ова.
  4. <3 pleza4e <3

    <3 pleza4e <3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 мај 2015
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    3.442
    Пол:
    Женски
    @fallenangel Очигледно не ме разбра што сакав да кажам.
    Ќе ти дадам еден пример со моја пријателка...
    Таа е типичен Миле китич-стил, чаше ломим руке ми крваве :drunk::headbang:
    Јас сум сосема сптотивно на неа-небо земја разлика.:x:x
    Таа сака одење по дискотеки, со штикли 20см, да ја види народ, одење по пиво фестови, настани секаде каде што има гужва итн...
    Јас истите пари што таа ги трошела сум ги трошела на седенки со друштво, пијанки, покрај голем логорски оган на планина со гитара музиче опуштено и во патики.
    Ние наоѓавме заеднички јазик за да се видиме на денско кафенце пример, ни мој терен ни нејзин.
    Затоа велам можеби ви се разликуваат приоритетите во животот -треба да се има разбирање а гледам дека ти неможеш да сфатиш тоа што е поразлично од твоето.

    Сега откако поминаа многу години, јас која што ги трошев парите по рационално имам зад себе како што реков сертификати, дипломи и големо искуство поради кои можам многу лесно да влезам во некоја фирма, таа нема ништо освен пијанчење по дискотеките.
    Да напоменам дека имам и многу повеќе пријатели и познанства од неа, бидејќи таа на пола не се ни сеќава од што била пијана, да не ме мислиш дека сум некоја затуцана проста што никој нема во животот:D:D

    Инаку дури и во брак за некои луѓе како мене не се менуваат работите, пак можеш да шеташ и да си дозволиш работи што ги сакаш, задоволства, постојано сретнуваш нови луѓе, дури можам слободно да кажам дека овие се најубавите години во животот а не тие во детството.

    Штета што за некои луѓе животот завршува со бракот-јас не сум од тој тип.:)(hollest)(hollest)(hollest)
     
    На Esmeralda-MD, Annath, kjukli и 4 други им се допаѓа ова.
  5. fallenangel

    fallenangel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    2.150
    Допаѓања:
    16.150
    Разбирам дека секој си го живее животот како што сака и умее и не мислам дека си проста личност која нема живот но во другарството па и во љубовта треба да се има компромис и секој да го прифати другиот каков што е или евентуално да се прилагоди, а не да биди со тебе додека има корист или евентуално да си потполни слободно време па згора и будала да те прави.

    Кај мене ситуацијата е поразлична и далеку комплицирана од таа што ти ја опиша.
    Тргнувам од себе и верувам дека иако вие сте различни небо и земја секогаш може да се направи исклучок конкретно во ваша ситуација и едниот да прифати да иде на забава поразлична од негов вкус или таа да дојди со тебе на планинарење ако си другар го прифаќаш каков што е ако ти пречи тоа што таа се пијанчи ќе и напоменеш ќе идеме заедно ама немој премногу да пиеш.

    Компромис и искреност куќа гради. Се додека се има предрасуди и се делат луѓето по облека, диплома, автомобил и по не знам што уште не, се користат луѓето за потполнување време ќе се губат вистинските личности вредни да ги имаш во животот. Факт не е во различните интереси и приоритети затоа што тоа се надминува
    Доволно ја полниме темава со убедувања, објаснувања. Како велат кој не искусил некои работи на своја кожа не знае колку боли кога ќе ти се изгори душата.
     
    На samovila.red., julie77, Luna91 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    Во 14.09 часот, веќе неколку денови автомобилот паркиран под прозорецот од канцеларијава, ми рефлектира зрак од сонцето во очи. Првите три дена бегав погоре, подолу, лежев на маса за да можам да работам, ама денеска го решив проблемот. Саат време носам наочари за сонце. Кога ќе влезе некој во канцеларија, не објаснувам, само кажувам „Не прашувај, кажи што треба...“

    На некој начин, по истиот принцип треба да ги решаваме пречките кои ни наидуваат во животот. Не е важно дали решението е прифатливо од околината и ограничените умови, туку дали решението е ефективно.

    Затоа си реков, кога веќе носам наочари, петок е, си пуштив латино, засукав ракави над лакти, отворив пиво и „работам“. 8) :beer:
     
    На One.Moment, Elena69221, Salome и 21 други им се допаѓа ова.
  7. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.277
    Допаѓања:
    67.894
    Пол:
    Женски
    Ќе оставиш демек на мажите и на крај ништо нема да биде сработено како што треба.
     
    На MacaLove, samovila.red., eliesaab и 15 други им се допаѓа ова.
  8. Sanjichka007

    Sanjichka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2012
    Пораки:
    1.544
    Допаѓања:
    11.928
    Пол:
    Женски
    Не знам деновиве што ми е, вчера со врел зејтин се изгорев, денес со врело кафе се потурив...
    Ајде утре да видиме со што ќе успеам да се изгорам.|(

    Само си потврдив дека од мене домаќинка не бидува. :D
     
    На Ketchup, IronLady, Rama и 6 други им се допаѓа ова.
  9. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.403
    Допаѓања:
    17.653
    Пол:
    Женски
    Па ти ли си бе колега, цело време ми беше некако познат, сега се е јасно ко ден. Добар ли си?

    Туку јас еве се прибрав дома, малку си кратиме поради вруќинава, абе државни службеници, ни се може :D
    Шала на страна, јас цело време си фантазирам одмор а изгледа ќе треба во кредит да се заглавам па и мм нешто сања бела техника купување, ова она. Јас мислам дека море и бела техника не може да се споредат у никој случај.
    Имам подобра идеја за трошење пари од бела техника, ама дај Боже да испадне се како што треба :lol:

    Ах мориња и океани... сурфање-мојот неостварен сон (ногу љубам да веслам:D)
    ногу љубам да веслам.jpeg
     
    На Elena69221, Candid, bittersweet и 6 други им се допаѓа ова.
  10. Mahidevranfan

    Mahidevranfan Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2013
    Пораки:
    466
    Допаѓања:
    2.064
    Пол:
    Женски
    Ме прашуваат како си поминав на одмор во Охрид, а може ли да се помине ако не најубаво на цела галаксија кога си 10 дена опкружена со луѓе од твоја генерација кои многу ги сакаш?:sun:

    4-то лето по ред во ова летувалиште, се надевам и на 5-то :rofl:
    10 дена шеги до бескрај, седење до утринските часови, играње карти неколку саати без прекин, ловење риби во 6 саатот сабајле, тепање за лубеница, прскање со шишиња и правејќи лом низ цело одморалиште и најважното-седиш во вода добри три саати и пливаш и се прскаш за сите пари. Те дават во вода и тоа за сите пари, ама нејќеш да излезеш и покрај тоа :D
    Морам и да ги пофалам дечките од кујна, кои беа многу фини и убави ]:) Одморалиштето малку променето, но убаво :lol:

    Се вратив малку поцрнета, и нешто ко заљубена :rofl:

    Ај чао, бидете ми добри и уживајте уште малку :sun::D:hug::hug::hai:
     
    На One.Moment, Sunshine.Sunshine, Rama и 11 други им се допаѓа ова.
  11. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    на ф.б. во групата барам работа на двајца кретени им текнало да снимат анален секс
    ДАЛИ СТЕ ВИЕ НОРМАЛНИ?
    тоа е јавна група каде лугето леб бараат:!: за да преживеат секако
     
  12. Abrakadabra

    Abrakadabra Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2015
    Пораки:
    1.468
    Допаѓања:
    20.047
    Пол:
    Женски
    Интересно :party: можеби сакале сликовито да објаснат дека така се доаѓа до работа денес ! (mooning)

    :lol:
     
    На Salome, mims-89, Nausicaa и 13 други им се допаѓа ова.
  13. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    3.057
    Допаѓања:
    69.256
    Секогаш кога правам споредба помеѓу животот на Земјата и должината и големината на животот на другите планети (луѓе vs планети), се чувствувам тулку мало и безначајно. Која е поентата тогаш? Секако дека ништо не е вечно, ама сепак сакам да оставам своја трага. Од една страна сум не задоволна и лута на нашата не значајност, но од друга страна пак си ја потврдувам својата животна филозофија - животот е премногу краток за да се посветиш на едно нешто, за да се трудиш да им угодиш на другите иако тоа оди против твоите убедувања. Дека, без оглед на се`, треба да правиме избори кои не исполнуваат со среќа и ни даваат надеж...
     
    На Salome, Nausicaa, Rama и 12 други им се допаѓа ова.
  14. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.784
    Пол:
    Машки
    Модни критики (за премногу храбри мажјаци)

    Лето е. Топло е. Не се издржува дури, викаат некои. Ама, драги мои мужи, јас од срце ќе ве замолам да издржите, да издржите и да не облакате апостолки, сандали или папучи. Барем не во градска средина. Едноставно, нема оправдување за ова.

    [​IMG] [​IMG]
    [​IMG]

    Дали сте знаеле, драги мои мужи, дека е научно докажано дека степенот до кој ви се гледа голиот чапоњак е обратнопропорционален од веројатноста женско да посака да ви се приближи? Исто така, дека носењето сандали и папучи низ град е докажано најефикасен начин за контрацепција и спречување несакани бремености? А со сандалите од типот „нинџа-корњача“ (види слика подоле)
    [​IMG]
    експоненцијално се зголемува веројатноста девојката/жената да ве остави, а машките пријатели да се прават дека не ве познаваат на улица.

    Сериозно, момци - колку сака нека е жешко, нозете ако треба нека ви горат, ама барајте чаре у платнени патики, еспадрили, старки и слично. Оваа работа со папучиве не е решение. Папучи и сандали се дозволени само на плажа.

    И уште една работа, кога сме више на тема машка мода - значи дечки, никој, 0% од светската популација e заинтересирана за вашата мишка - дали ви чучи Џими Хендрикс или можда сте се напраиле тасма. Стварно, ОК е. Тие 20-ина cm вишак ракави кои ги имаат маиците со кратки ракави нема толку многу да ве топлат, а човештвото ќе ви биде благодарно затоа што сте ги поштедиле од вашите мишки. Не, не е битно дали сте набилдани, со рачишта колку свински бут. Ве уверувам, на нас околу вас сите ни изгледате вака:

    [​IMG]

    Толку од мене на тема мушка мода.

    Поздрав!
     
    На One.Moment, mims-89, Dennings и 15 други им се допаѓа ова.
  15. kjukli

    kjukli Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 ноември 2014
    Пораки:
    3.057
    Допаѓања:
    28.613
    Пол:
    Женски
    ^E bre balkanska rabota. Samo kaj nas go ima ova. Sekade po evropskite gradovi se setaat so sandali, papuci, samo kaj nas smeta. I iskreno nikoj ne ni primetuva sto nosis na noze. Ama kaj nas nikoj ne gleda samo za sebe.. Mora se da se zabelezi i iskomentira..
     
    На maculencence, Elena69221, bebaa и 13 други им се допаѓа ова.
  16. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.784
    Пол:
    Машки
    Така е - Американците во Волмарт одат по пижами, гаќи, боси и сл. А некои од нив шетаат такви богами и низ град. Дали затоа што нешто се прави во светов автоматски значи дека е добро и дека „така треба“? Не би рекол. И за таму викам дека е невкусно, и за кај нас. Не дискриминирам. :)

    Како и да е, ова е мое само размислување, не планирам да поднесам предлог до собрание за да се донесе закон против мушки папучи у јавност, не се секирај. :)

    А иначе не викам не - Балканец сум, Југословен, роден и израснат тука. Само не знам каква врска има мојава балканштина со тоа што нејќам да гледам све и свашта по градов? А не дека намерно гледам, едноставно не можам да не видам. А верувај, би сакал да можам.

    Поздрав! :hai:
     
    На samovila.red., anel, joy1 и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.403
    Допаѓања:
    17.653
    Пол:
    Женски
    @Bender Rodriguez дечко а ти сметаат женски со сандалчиНа и со миничи на ова жешково? Како тоа со сандалчина или влечки, срамота за нив :lol: Сигурно ти сметаат и женски со голи пупиња, со длабоки деколтеа(facepalm)
    Само нешто да се оговарало па и си ставил некои слики од интернет, некои влечки од пазар, некои со габични инфекции на ноктите, за да ти добие повеќе на сила оговарањето. Па и тие батките со бели маички кај ги најде, пак негде од нет, сигурно во маало не ги сликаше комшиите.
    И стварно како што кажа kjukli само кај нас се интересираат луѓето кој како се облекол, кај оди, што прави...страшно. Абе човек како сака така ќе се облече, кој колку пари има таква гардероба ќе си купи.
     
    На maculencence, Elena69221, samovila.red. и 15 други им се допаѓа ова.
  18. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.784
    Пол:
    Машки
    Драга девојко,

    Ако воопшто обрна внимание на мојов текст (у што искрено се сомневам, после твојов одговор) - мислењето се однесуваше на машки кои носат папучи и сандали. Ама нели. нашиов менталитет - Колку да се искоментира нешто... Така беше? :)

    Што контрирачки народ сме, брееее.... Абе одма у контра да се идело. Па барем прочитај убаво, да знаеш на што контраш. :)

    Поздрав!
     
    На referentka му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Abrakadabra

    Abrakadabra Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2015
    Пораки:
    1.468
    Допаѓања:
    20.047
    Пол:
    Женски
    Нека си носи кој што сака и што му е удобно, но @Bender Rodriguez не си во право кога велиш било одбивно за девојки, затоа и реагираat тука на твојов пост. :smirk:
    Мојот носи апостолки, додуша ретко, но баш ми изгледа секси со нив.
    На убава средена мушка нога ( средени нокти и петица ) си стојат супер.
    И за маичките не си во право. На дефинирано машко торзо, стојат одлично.
    Поточно на згодни типови, се си стои супер.
     
    На bebaa, tessie, cresa-jagoda и 3 други им се допаѓа ова.
  20. Wahnsinn

    Wahnsinn Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2015
    Пораки:
    376
    Допаѓања:
    2.459
    Пол:
    Женски
    СКД дека денеска имав совршен ден :inlove:(y):lol:
     
    На Sunshine.Sunshine, Rama, eliesaab и 3 други им се допаѓа ова.