Веќе 11та година по ред на 26ти јули одам во црква да запалам свеќа и да оставам зејтин. Тој ден од 2004та ми е како низ магла. Имам дупки во сеќавањето, во глава ми се само некои делови од она што ми се случи. За среќа, на вистинско место и во вистинско време се нашле луѓе што знаеле што прават и како да ми помогнат. Кога ќе се присетиме на тој ден, секогаш има некој што ќе ми рече: Ана, сите мислевме дека си готова, ти нема спас. Ама ете, има некој што ме чува. А сето тоа се случи баш на вчерашниот празник. Случајно или не. Некогаш кога имам лош ден, кога само сакам да помине, ми текнува дека да не беа некои луѓе и сплет на околности, можеби денес немаше да бидам тука. И дека треба да бидам благодарна на секој нов ден.
Мизерни се луѓето што одат некаде само за да се означат, а не да си поминат убаво.....Ќе дремат таму ко мисири цело време, ич не им е убаво ама битно означени на фб се...јак ку*ац.... Гледај тебе да ти е убаво на душата, а не другите да видат кај си бил, зошто верувај дека никого к*р не го боли.
Сељанка левел: снима клип како у кола ја пее Северина и се лупа на Инстаграм. Зошто бе девојче, зошто?
Која глупачка сум јас! Си правам сама филмови во главата, па со саати се мислам за тоа. Некогаш можам и да си поплачам. Па после 1 саат да се смеам зошто така сум размислувала и колку сум глупава.
- Извини девојче, ми личиш ко да сме се мувале минатата сабота. - Извини дечко, ми личиш ко да нема никогаш да си фатиш девојка со способностиве за пуштање.
Кога сум настината, со болно грло и затнат нос и кога пробувам да пеам, се чувствувам како Фиби од Friends - hello my sexy voice! Од сопран, инстантно преминувам во алт и се чувствувам како Etta James додека без проблем ги фаќам ниските октави. И од една страна, додека се трудам да оздравам во најкраток можен период, се молам мојот секси и длабок глас да остане таков каков што е во моментов.
СДК ноќеска заминувам во мојата Венеција, се читаме во 2рата половина на месец август. Поздрав членки
Како ги трпите тешките шминки на себе во овие жештини јас не знам. Веќе месец и нешто сум без пудра и си го чувствувам лицето подобро од било кога. Лето е да бидете убави, а не да си ги гушите вратовите со тешки ланци ради мода. Оставете ги фригидните блогерки кои се сликаат со сто кила накит на себе за плажа, они продаваат лајфстал, не го живеат. И што е најлошо, вие ја копирате таа трула комерцијализација. Него, една се сликала до Горде и сите роди и коментирале ГОРДОСТ, ГОРДОСТ ТЕТКИНА, ВУЈКИНА, КОМШИВСКА итн итн... а, тоа што сестра и врши тешка физичка работа во странство со бугарски пасош е, тоа си нема никаква врска. Перверзија од народ бре, перверзија.
СДК ... не ми е јасно до кога женскиот род меѓу себе ќе се "јаде" ?! Со критики, со подметнување, со негирање, наводно мудрување, замешување, сплеткарење, "берење" туѓо гајле ... конкурирање ... итн. Додека милите ни припадници од машки пол во било која ситуација, во било каков проблем или успех како така ќе се поддржуваат, ние жени бре во се' мора да сме се против!? Навистина не знам до кога жени мои ќе си бидеме една на друга "трн во око"?? Не за џабе на повеќе пати си помислувам, дека навистина ми е поубаво кога сум во присуство на машкиот род, него на женскиот.
@Magnolija ме потсети на блогерките, па да дополнам. Тие не само за на плажа се облекуваат тотално нелогично, нив совршено им одговара капут со шпиц- чевли. Видов девојка, и небитно што и беше студено, се тресеше, комбинацијата и беше во тој "блогерски" стил, па носеше искинати фармерки, подвиткани над глуждот, патичиња, тенка маица и кожна јакничка.
Значи до каде ќе дозволите, до таму ќе одат луѓето со вас. Да не слушнам поплаки. Другарка ми ме искористува, дечкото излегува секој ден со другари, а мене не ме гледа, шефот ми ѕвони надвор од работно време, еден ми пишува цело време, аман веќе од него, не знам како да го откачам, од култура само му враќам (favourite ми е ), комшиката ми досаѓа секој ден... Никој не може да биде толку упорен и досаден колку што јас можам да го пресечам од старт. Па и за мајка ми да се работи. Добра ноќ и бидете внимателни колку им допуштате на луѓето, може скапо да ве чини иако за момент изгледа безопасно.
Па ја Ај да ве посмеам.... Си работам некна фино лепо, ајде пробуваме да бидеме позитивни нели... новата мантра ми е - нат мај манкис, нат мај цркз, си дишиш длабоко, си пееш нешто, да бе, гомно има, еее, гомно ко гомно, тап со четката, оп, нема гомноооооо.... околу тебе лебдат планктони и амеби, ти ги ишкаш со рачињата, ајде таму пушти ги нека си играат децата, ја си работам... абе рај, рај... Влегувам во една џунгла, абе мораш да копаш низ собата да се пробиеш, не можеш вратата да ја отвориш, ајде нема врска, нат мај манкис, си копаш, си копаш, де гаќи, де прслучиња, чорапчиња, па нешто помочанко, повратенко, ама зошто да не... абе се' можеш да си најдеш, е да. Откопав пола соба, се пробив до креветот, си редам, си пеам, надвор сонценце, ми-ли-на. И стасувам веќе до крај скоро, уште некои ситници наоколу, џр мр, и гледам госпожата си чува такво електрично термовче, некој масажер, абе лабавко до креветот... И ај викам да и ги наредам убаво на масичето, и тап термовчето, тап масажерчето, пуштам раче малце подлабоко..... леле кога го извадив ама еден тооооооооооооолкав вибратор, дилдо, играче, како сакаш речи го. И стојам ја вака, си викам не бе, нема шанси, постари се луѓево, нешто за стапала да не... втора помисла, ЛЕЛЕ ЗОШТО ГО ФАЌАМ ОВА ЧУДО СО РАКА, АААААААААА, ајде фрп одма на креветот.... Трета помисла, мајче мори, алал нека ти е, колку од раката до лактот, дебелина машала машала машала, очињата ми да ти џвркнат. Така фино лепо, ради дискреција, го покрив со тоа термовчето, го подбутнав, и ајт, викам ајде, нека ми е жива и здрава, ми разбија малце монотонија, си уживаат луѓето во животот, на одмор се, на крај краева, ич па не треба мене да ми е гајле кој шо прави во слободно време. Отишле будали едни наредниот ден, во таа соба, го нашле ја кај го подбутнав, (ама и мајчево па без осет, па пикни го во куферот деееееее) го извадиле и го пуштиле. Зошто Господе мој, ај сфаќам, љубопитство, да го видиш, да го фанеш.... ама да го пуштиш? Значи гадно е, како прво, како второ, алоооооо мала зрелост и дискреција, нешто професионализам, брејјјјјјј. Тугите, го вклучиле за вклучување, ама за исклучување...... трт. Ее туго моја. Ми иде, цела испаничена, стресена, еј, тебе те барав, абе слушај, вака и вака ние денеска, мала глупост направивме, ептен сакавме да видиме, немавме видено.... него, знаеш како се гаси? Не знаев да ви кажам право, него ај ја шо не знаев, него кој испадна на крај да знае... Едно маженце, ни брада уште нема никнато, ни оно е пркнато, ни 18 години мислам дека нема. Од кај знаеш бе му викам, ееееееее вика, и се смее. Е да... клин со клин се избија. Лабаво. Искрено па поарно вакви денови, да се посмее човек малце, неголи намрштени принцези на зрно грашок, лелее девојки, двава душеци воопшто не му годат на мојот грб, како некој воопшто спие на нив (душекот сирот од 5 илјади долари). Па ајде девојкиве и наместија и трет, што да не, ти само речи. Нешто и пернициве вика.... не се како шо треба. Сигурно се од тие евтините... Си викам во памет, мојата дома е цели 300 денари, и оваа ми изгледа е толку, ама во валута-долари. А огледало едно да наместите, еве баш тука на ѕидот ми треба, не гледам во собава каде има. Госпоѓо повелете во вц еден ѕид огледало, во шкафот уште едно целосно, пред вратата едно до половина. Ааа не не, сакам пред вратата тоа целосно да биде... Веднаш госпоѓо, ајде се вика мајстор, тап цело огледало. Тап она после не ти вика ни добар ден оти си и испод ниво. Го прашувам едно деде, ама одвај оди, си викам леле види душа.... гуд морнинг сир, хау ар ју... Кога се напизди, се намшрти, дееееее брееееее, извини што ти прозборев.... и ми вика, Уел, ај гот аут фром бед, фор а чејнџ. Си викам е уште па да треба да те дигнеме или не дај Боже нешто полошо, пу пу пу... Многу пари, малце памет, култура и осет. Ааааааа па едно друго чиче, е овие ми се омилени од цело лето досега. Толку елоквентни, учтиви, ти се наклонува оти си му рекол добар ден, како сте, како ви мине денеска денот... со таква дикција зборуваа, мислиш пее. Толку младолики, позитивни, насмеани, расположени. Се гледа дека нешто учени луѓе беа, дека не беа празноглави со полни сметки во банка, имаа една торбица само со книги наполнета, стално си читкараа нешто. Имаше еден многу јак момент со нив, се спремаа да одат на риболов, и женава облекува такви рибарски панталони, скроз до горе, со прерамки. И мажов и помага, ја закопчува, де со чизмите нешто и објаснува, и ги стегнува... Срцки, ептен милни за гледање. Женава стои, стои, и жена ко жена, вика, леле, ама ми изгледа голем газов во панталониве. Зема чичето, ја цуна во чело, и и вика, изгледа баш како што треба да биде. Не ме видоа дека ги слушнав, ептен случајно се најдов таму, ама таква почит имаше во односот, толку љубов, за восхит. Е тоа дојдов да видам бре, будали дома колку сакам, ме чекаат ене...
Сакам да кажам дека цела недела шетам по бутици со цел да си купам фустан за на свадба, и НИ ЕДЕН не ми беше точен. Најмалиот број ми е голем. И точка. Пробав буквално над 50 фустани и ни еден единствен фустан не ми беше точен. И на крај, си купив фустан од Барби и Кен- продавница за деца и тинејџери. И не, не изгледа детски добар е... Самооооо сум изреволтирана оти нема нигде бројчиња за помали луѓе за да имам избор. Така и минатиот пат морав да го купам едниот шо ми беше точен оти јебига нема друг. Многу тенка сум во половината. И ми шират таму сите фустани неубаво ми стојат... Битно имам фустан, а и работа си најдов. Имма чил аут. Позз до сите ситнички женски.
@s1a1n1d1r1a1 поздрав и до тебе Јас обично шијам фустани, нели дека нема бројче и С ми е како да сум се пикнала во вреќа а фармерки и маички си купувам во детски бутици, друг избор нема среќа денешниве деца се многу по модерни од што ние сме биле, па имаме убав избор
Само јас ли во лето купувам темни фармерки, џемперчиња (многу беше убаво, неможев, а да не го купам), чанти големи и покроце се спремам со гардеробата за на факултет?
Одамна не сум станала вака рано, да си пуштам тивка музика,да го отворам прозорецот,да ми влезе свеж утрински воздух а и успат да се уклучам тука толку брзо,обично сум ноќна птица и убаво ми е да,ајде ќе ве оставам со здравје и ќе ви посакам убав сончев ден,и ќе го замолам ова сонцето да не биде толку безмилоснојас одам да пијам кафе,ајт на здравје нека ми е