Ах, таа гордост... Чувство на супериорност над другите, возвишеност која сами ја создаваме, надмен поглед и вообразена комуникација. Навидум репер за самодоверба, но во реалноста се покажува како тешка особина која не се комбинира со ништо. Што и да правиме, колку и да се обидуваме да ја протнеме некаде, таа чини и има висока цена. Еден ја плаќа сметката, а другиот добива. Искуството не учи дека од нешто мора да се откажеме, за да се зачуваме себе. Кај гордоста нема простор за пресметки. Постои еден губитник и единствена жртва сме ние.
Сакам да кажам дека веке сум 100% сигурна дека човек може повеќе од туѓинец да очекува отколку од свој човек
Значи не ми се верува колку прост и неписмен народ сме,неможам да си поверувам дека сме таква нација.Незнам колку пати е кажано колку пати идеше на телевизија на вести,дека КЕЈОТ НА ВАРДАР,е за луѓе кој сакаат да спортуваат.Незнам зашто упорно мајките со нивните новородени бебиња шетаат по стазата каде што се возат точаци,ролери,и луѓе кој џогираат зашто?Зарем им е мала горе стазата за пешачење?Зарем малце им се 10000000 паркчиња во скопјево?Не сте нормални значи еј без памет луѓе.Едини кеј е за вежбање и баш бе таму најдовте бе аман бе аман да му се сневиди.
Знаете ли дека пакувањето на влажните марамици е направено така да првите 10 се правилно спакувани и излагаат една по една, за после 10-тата да излагаат по неколку наеднаш ?? Бреее што измислија... Па ако не е така сите домаќински по една-две ќе искоритуваме и едно пакетче ќе ни трае ехеее... Вака ќе ги спи*каш за три дена
Топло и загушливо е Скопјево,само што се вратив од одмор а вејќе осеќам носталгија кон се мех.... тапа
Најубаво чувство ми е кога ќе завршам некоја добра книга, па седнувам со црвено пенкало во рака, и поминувам по сите страници на коишто сум забележала некоја добра мислам. И стрпливо ги подвлекувам, а потоа ги виткам крајчињата на тие страници за да знам каде се цитатате. Исто така, ставам обележувачи за страници таму каде што има некои поспецифични цртежи, или страници кои ќе сакам целосно да ги препрочитам некогаш. Токму затоа преферирам да купувам книги, а не да ги земам од библиотека или да ги читам онлајн. Едноставно го немам тоа чувство дека книгата си е моја кога не можам да ја сместам во домашната библиотека. Многу сакам да си ги организирам книгите. Секогаш кога некој доаѓа кај мене в соба се упатува прво кај книгите и ги отвораат, ги читаат обележаните, страници, ги разгледуваат. Еве, не знам, многу големо задоволство ми причинува кога ќе си ги видам книгите така средени.
Колку лошо ми звучи кога (ми) се обраќаат со БЕЈБИ, сеедно жени или мажи, познаници, продавачки итн. Грозно!
http://www.idealistrevolution.org/everyday-racism/ Не ми се верува што гледав. Не, НЕ САКАМ ДА ПОВЕРУВАМ! За жал, сведок сум била на многу вакви ситуации и немоќно сум ги гледала тажните погледи на луѓето. Зошто човекот чувствува потреба да потцени и понижи друг сосема недолжен човек? Оваа појава може да се забележи само кај човечкиот род, животните се далеку понапредни за 'да се спуштаат' на толку ниско ниво само за да се задоволат и почувствуваат инфериорни на сметка на недолжни суштества. Веќе на 0:55 се расплакав, не можев да издржам...
Два дена интензивна нервоза и стрес, низок притисок, палпитации, ниски срцеви ензими резултираа со -3 килограми и онесвестена на плочник, инфузија и адреналин за десерт. Дур не се мрднеш стварно не те сфаќаат сериозно... ама стварно. И сега како на јајца да газат, ебате ретардираните ебате!!!
Каков ден. Релаксиран. Лап-топот пред мене, кафенцето и во позадина Do i wanna know... Нешто ми е многу монотоно сред недела, не се дешава ништо.. А и времето многу споро врви..
Другар ми ми прати клипче со бивша другарка како орално задоволува т.е. да не речам му го пуши на некој непознат дечко Значи пијана е на клипчето и не знае што зборува, треска глупости ама битно фацата убаво и се гледа Фалааа Богу што навреме се откачив од неа. До кој степен е дојдена. А толку беше мирна, фина, премногу се дружевме, сите тајни си ги знаевме, одеше еден период со еден дечко кој беше човек на место, предобар, префин, културен и кај да ме види и сега ми зборува. И тој се спасил од неа, и јас сум се спасила. Или па може таква станала пошто ја откачил? Кој знае што и се десило. И колку и да ми погрешила сепак вакви нешто со клипче никому да не се десат.... Затоа пиете во умерени количини. И не дозволувајте, ако доволно не го познавате партнерот, да ве снима. Уствари никогаш не дозволувајте, зошто секогаш постои можност таа снимка да стигне во погрешни раце. Исклучете мобилни, камери, лаптопи и имајте секс на раат
Знаете кога по дома мириса на свежо печена пица,а стомакот ви кркори од глад.Се радувам како мало детенце.Инаку не претпоставував дека ќе се заљубам летово .Надвор 40+ степени,а јас во себе ја чувствувам љубовта на пролетта.До следно видување .
Се што ми фали периодов е некоја запуштена плажа на која ќе можам сама со саати да седам и да уживам во мирното море, не размислувајќи за никој и ништо..
Нколку дена по ред се спремам од сабајле да пишам некои ситуации и еве сега сум без зборови...ме мрзи и да ги мислам а камо ли да ги куцам. Пријатно попладне(+36°)
Многу мразам кога не сум наспана а сум под стрес, имам акни на лицето и место да превземам нешто да се смирам јас посегнувам по храна посебно по благо и вообичаено застанувам пред огледало и упорно си се критикувам си велам дебела сум (а не сум само сум поправена 3кг т.е имам 53кг), па зимам акните на лицето ги стискам и нормално ситуацијата и расположението ми е се полошо. Заклучок не е човек да ме остави ни секунда сама и без работа, може поарно ќе биди да научам да плетам па и ќе се намирам некако. Понекогаш посакувам да сум доволно храбра и малку од повеќе луда и да си заминам сама на одмор , на море што убаво ќе ми биди никој да не ме познава таму, ќе си шетам , ќе си идам во шопинг, ќе си уживам на плажа со коктел и сладолед милина ќе ми биди од стрес ни с нема да остани а може и ќе си се вратам со некој лепотан и среќно заљубена и сакана па наместо за стрес ќе ви пишувам за најлудо место на кое сте имале секс. Шта чеш мора малку да се нашали човек на своја сметка инаку друго освен мечти и желби па друго и не ми остана. Имајте убав ден/вечер сеедно исполнета со љубов и помалку стрес.
вчера ја добивме конецно убавата вест братучедка ми се мажи ама кој ке чека до 10тти Септември финтата е како јас да се тргнам од земјава оти направив гоооолема грешка ама така им било пишано од партија избришав еден нивни член добропознат на сите Даниел од паркинзи од ф.б. дрдорково разгласил на сите и не им одам на состаноци а на факултетот на којшто планирам да се запишам половина од професорите се вмро дпмне зад петици ми е и Зоки од паркинзи кој е жив спопален по сексуално задоволство со мене всушност и затоа и не сум напредувала тетка ми ми објасни после сватив и сум на екој начин ЗАМОРЧЕ
И после една година толку силно го чувствувам нејзиното отсуство..сега за момент ми текна на нашите разговори до доцна во ноќта,сега ми е жал затоа што го избришав цел разговор..но во одредени моменти беше премногу тешко да се потсеќам на сите НАЈубави моменти што сме ги имале заедно. Иако веќе нашите патишта се разделени и знам дека повеќе никогаш нема да се спојат,сепак ќе ми недостигаааш вечноо,затоа што ти ми беше најјјјјдобрата другарка што сум ја имала во својот живот и никој нема да може да те замени и да го заземе твоето место. Ми недостигаш бескрајно!