Си седиш во двор, си јадеш сладолед, си ја слушаш Лана, си уживаш, ама одеднаш почнува да те чеша ногата и знаеш дека не си сам...
Коментари од типот “си ослабела и изгледаш многу поубаво“ ми значат многу и ми даваат мотивација. Се гледам себеси како вежбам и се чудам дали тоа јас светската мрза вежбам и ми делува смешно. Уствари се е навика
Сигурно сите сте се нашле во момент кога за некоја ситуација самата интуција ти кажува дека ќе погрешиш, дека изборот не е правилен ама сепак ќе го направиш тоа. И на крај ќе се заебеш, секако. И после тоа ќе си повторуваш колку уствари голем идиот си. Самата на себеси сум си најлош пријател. Знам дека нешто е погрешно за мене, знам дека ќе погрешам и се ќе заврши лошо ама сепак ќе пробам. Од инат. Можеби сакам себеси да си докажам нешто. Битно, треба на чело да имам налепница „немој“. Си мислам, можеби и не е проблемот во мене, во другите е. На сите им давам не една, пет шанси. Затоа секогаш ќе бидам разочарана, затоа ќе си немам среќа во ништо. Многу очекувам од луѓето, а заборавив дека одамна не постојат луѓе. Џабе е, кривицата е во мене. Сама си го кројам животот, ама изгледа уште не знам иглата да држам правило. Се надевам ќе научам, морам да си зашиам срцето.
Ништо не кочи невозачки „сообраќај“ повеќе од мајки со деца. Иако имам впечаток дека луѓе што шетаат здодевни миленичиња плеткачи во нозе сериозно размислуваат како да им станат конкуренција. Лето да дојде, да не можеш да се рекреираш и да спортуваш во „чудесната земја“. Зиме, не знам, можеби се плашат да не ги крене ветерот и седат затворени дома. И може боље е така.
Ме снема наеднаш. Сакам да кажам дека сум дома и дека сум добро. Поголем дел од времето го поминувам со луѓето што ги сакам и ми значат. Секоја вечер сум излезена без разлика дали со дечкото или со друштво. Поубаво е кога си опкружен со луѓе. Бев на одмор и не си ја прославив четвртата догишнина тука на Фемина, Ете со закаснување нека ми е среќна хаха. Си ги наполнив батериите што се вика зборот и сега полека полека, време е да почнам да се враќам на онај студентскиот живот, онака потемнета Од вакви убавини човек никогаш да не куртули.
Многу ме повредува тоа кога ке имам најмногу потреба од близок и нее до мене. Зошто бе јас секогаш се правам за тој што го сакам? Или само си замислувам дека и мене ме сакаат? Да, можно е се да е само филм... Дали јас усвари имам толку блиски?? Очигледно не Чувствувам кога човек ми пише колку да пишал иако се правам дека ништо не приметувам, ама верувајте се разбирам Вечерва значи мнооооооогу ми се насобра од секаде Ми се плаче а немам рамо за плачење, иако знам јас да бидам на некој.... Ок не барам некој во олку доцни часови..хах..ма да сум седела и до подоцни за нивна потреба и добро.. Ете ми ја Фемина, што се трпи таа, па еве ме кај неја ке ја извадам сета нервоза..иако она не го заслужува тоа.
Деновиве од икс причини сум ранобудник,и по навика вртам низ каналите на Тв да најдам приказни,и да,има на канал 5 ,ама што приказни се овие многу модерни бе,ех колку ми фалат оние старите народните,од кои многу поучност произлегуваше,за мене врвни глумци беа Колозови,Тодоровски,Петрушевски и ред други,а не сега сите овие новите,ем не ги бива за глума,ем сценариото е никакво,се спомнува цицки,путки и шо ти незнам друго,ама тоа е таква ни е продукциијата,настрана приказниве,ништо друго нема корисно и квалитетно,како што имаше на времето за жал!! после се буниме зошто на Македонските канали се емитуваат само Српски работи,е па кој ни е крив
Оваа година посебно ми се оди на одмор, календарот пред мене и ги бројам деновите како од војска да излегувам.Сакам да избегам од ова наше Скопје да ги грабнам децава и да уживаме, во тие 10 дена кои ги чекаме со душа, се разбира без мажето мое не мрдам
СДК ... Дека во животот нема правила скоро за ништо. Има само борба која од вас зависи како ќе ја водите. Премногу размислување, држење до одреден концепт на правила, принципи, сопствени закони, лично оружје ... не може да има. Секогаш ќе менувате и начин, пристап ... Само целта ќе ви е битна. Единствено што треба да знаете дека со по опуштен пристап кон се' и верба во себе, самопочитување ќе добивате повеќе за возврат. Кога ќе давате несебично без да размислувате дали ќе ви се врати на истото ќе добивате. Најважно ќе добивате почит. И секогаш ќе има падови, секогаш ќе има по некоја пречка, ама тоа нема да ве поколеба да се борите. Бидете со мисла дека во животот заслужувате само најдобро.
Моментот кога ке го фатиш комарецот на дело Госпоѓава прво си се мести па комотно си седнува на левата рака ... и пак се мести па се мести - мислиш ти нафта ке вади а не крв. И ти ФААААП со десната рака - не ја оставаш да си доврши со работата. Е така
Сакам да кажам дека дозата ароганција треба секој да си ја има. Такво ни е мизерно општеството, ако си префер не оди. Сакам да кажам дека не можам да поверувам што се се подготвени да направат луѓето, па ако толку немате самодоверба во себе не трудете се другите да ги исфрлите од рамнотежа што според вашето мислење се подобри и можат на некој начин евентуално да ве загрозат. Сакам да кажам дека ми е преклише да го правам муабетов по милионити пат, ама вистина... И не знам, не се трудам да сум совршена, сакам само мирен живот надвор од границите на малограѓанството. Сакам позитивни луѓе, сакам драги луѓе, луѓе кои ме сакаат, почитуваат и ценат, луѓе со кои можам да си го споделам кафето и со кои можам да си направам нормален муабет, луѓе кои читаат, размислуваат со своја глава... луѓе со кои можам да остварам добра дискусија... Сакам луѓе. Не користољубиви машини.
СДК ,знаев дека изоставив некој од сабајлешната листа со поздрави,во тој случај сакам да им се извинам на @Скопјетесакам @presiosaP поздрав до вас,срцки сте,со задоволство ве читам секогаш да си знаете само
СДК... Секое чесно добро полека капе, а нечесното тече во изобилство. Подобро малку и праведно, отколку многу, а злобно.