Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.542
    Допаѓања:
    55.330
    Пол:
    Женски
    Многу чудни сме ние луѓето,кој знае од какви материи и супстанци сме изградени:D физички не може да сме сите убави,секој има свои несовршености( додуша сега сите се убави кога ќе подлегнат под нож) умствено,односно психички не има во разни варијанти и варијации,на секој човек не му држи исто умот и коефициентот на интелигенција,ама наспроти тоа знаеме да го исмејуваме онај кој е подолу од нас во се,и да правиме шеги на сметка на некој кој го казнила природата,иронично нели?да за жал8)Од ден на ден самите се уништуваме како со нуклеарно оружје,насекаде испуштаме злоба со нашата радијација,и после се водиме по тоа дека Господ ни е крив или судбината:wasntme:
     
    На 2212, samovila.red., hermosa и 20 други им се допаѓа ова.
  2. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    15.512
    Пол:
    Женски
    Постојано кукам, еве денес пак успеав 3 пати да јадам и сасвим нормално да се осеќам! ПМС муууд, и тако то... 8):muscle::$:^):^::d::punch::inlove:(lalala):tmi::coffee:(wfh)(wfh)(hollest)
     
    На Lady Phoenix му/ѝ се допаѓа ова.
  3. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.077
    Незнам како е да сакаш некој што не те сака, мене одсекогаш сите ме сакале. :P
    Баш размислував на таа тема и се прашував зошто, па дојдов до заклучок дека изгледа совршено знам да сакам исто како што совршено знам да несакам.
    Небитно, секогаш сум отворена и искрена и кога давам, давам се што имам, не се штедам, поместувам планини за да ги исправам работите и доведам во ред и луѓето многу лесно се навикнуваат на тоа, им годи да имаат некој што толку ги сака и прави се за нив. Но сите луѓе и незнаат како да се носат со тоа, на некои луѓе тоа им е премногу па затоа пробуваат да го негираат и да го заебат, а јас сум таква да кога ќе осетам дека некој не ми враќа со иста мерка си одам.
    Така е, некои луѓе ќе ги дигнеш толку високо што таму горе воздухот им е многу тежок за дишење, повеќе сакаат да се на дното. Повеќе сакаат да се задоволуваат со ниски страсти, но еднаш штом го доживеат тоа и го достигнат врвот кога ќе го изгубат сфаќаат што значело и затоа после си патат, а другата страна кулира.

    Еднаш некој ми рече дека имам некои навики и некои работи кои ги правам несвесно што се толку многу симпатични што човек неможе да остане имун, а да не се заљуби во мене. И се изнасмеав и го прашав кои се тие работи. Ми рече дека баш поради тоа ме сака, поради тоа што и незнам кои се тие работи што ги правам, баш поради тоа што ми се природни. Ми рече дека несака да ми ги каже за да не почнам да внимавам на нив и да ги контролирам. Ми рече дека ќе ми ги каже некогаш кога ќе бидеме стари, но се разделивме и најверојатно нема никогаш да ги дознаам тие мои особини.

    Whatever, убаво ми е во своја кожа и секогаш сакам да го правам тоа што го чувствувам.
     
    На bittersweet, 1209, Ivy89 и 12 други им се допаѓа ова.
  4. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.391
    Пол:
    Женски
    Не рекле за џабе со кого си, таков си......
    [​IMG]
     
    На kjukli му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.119
    Допаѓања:
    163.769
    Пол:
    Женски
    Ах луѓенца... го знаете она чувство на неостварен сон, земја која ви е толку во срце без да можете да си објасните, и секој пат кога се заборавате гледајќи слики ве обзема насмевка замислувајќи се среде тие убавини?
    Ништо ново од мене, ама којзнае по кој пат летам во облаци после изгледан филм снимен во Италија... си замислувам сè средено и договорено, а јас како вриштам во себе од среќа со картите во рака... :angel:
    Карти и куфер, мапа и огромната листа со места кои би ги посетила и нешта кои би ги направила, спремна уште одамна, да ја прошетам цела Италија уздуж и попреку... не знам дали нешто би ме направило посреќна. :wasntme:

    Сакам... сакам облечена во лелеаво фустанче да се изгубам во топлината на магичните тесни улички украсени со цвеќиња. Да се најдам на тераса од некоја идилична куќичка, со чаша црвено вино и поглед кон бескрајните полиња на Тоскана.
    Да посетам многу ресторанти и единствениот проблем да ми биде кои видови тестенини и пица попрво да ги пробам. Да се запознавам и ширам пријателства со нови луѓе, да ги слушам веселите и зборлести Италијанци, и некој кому најубавиот јазик на светот му е мајчин да ме пофали за тоа колку сум научила. :lol:
    Сакам да ги прошетам со гондола венецијанските канали, да замислам желба и да фрлам паричка во Фонтана ди Треви... сакам, сакам, сакам...
    Ах бе Спешл, како не те летна штркот троа позападно, како? :D

    Buonanotte cari miei, идам јас да го сонувам сонот што се надевам еден ден ќе ми се оствари... :angel:
    Еден ден, еден ден... ахххх... :inlove:

    [​IMG]
     
    На bittersweet, hermosa, Ivy89 и 28 други им се допаѓа ова.
  6. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.955
    Допаѓања:
    164.223
    После летово нека не се изненадат докторите за кожно-венерични болести како одеднаш толку многу пациенти.
    Сите купиле базени за во двор и секој ден прават пул парти... јас ги гледам како гонореи, кламидии...
    Во базенче 2 на 2 да му влезат 10 души ти треба хлор ко за цел олимписки да се опорави од бактерии, вируси и габи...
     
    На samovila.red., mimiiiii, Magnolija и 21 други им се допаѓа ова.
  7. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.033
    Допаѓања:
    36.161
    Пол:
    Женски
    Постоењето на нешта со посебно значење и емоционална скапоценост кои коренски поврзуваат периоди, настани и личности во животната сложувалка убедливо им пркосат на минималистичките достигнувања на новото време.

    Личен предмет со сентиментална вредност стар 30 години.
    Футрола за чување училишен прибор...
    Не постои рецепт за чување на старина. Искуството покажува дека има само развиена совест и грижа за сопственоста.

    Во годините кога се запознавав со буквите и броевите беше неопходен придружник во моето училишно секојдневие, без запишани изостаноци за отсуство, сведок на низа перипетии и совладувања на наставниот материјал, градење на другарства, запознавање со социјалниот живот, создавање на индивидуализам, промени на одделенски раководители и образовни институции...
    После толку поминати километри низ (не) времињата и склопени коцки се уште е сместена во истото катче. Се преселив, но ја преселив и неа во друго градско поднебје. Полна со прибор како и секогаш.
    Денес ја доживувам како зачувано сведоштво за моите образовни почетоци.
    Секој поглед кон неа ми ги отвора страниците на прилагодувањето на децата на принципите на учење, осознавањето на позитивната страна на самостојноста на личноста, стекнување темелно знаење како понатамошна основа за личен развој. Тоа што тогаш го открив и успеав строго принципиелно да го усвојам ми претставува цврста подлога и неоспорна поука за квалитативните страна на една личност.
    Недостижни се разликите за системската поставеност на знењето во општеството, некогаш и сега.
    Приказната со животна вредност ја знаеме јас и таа...
    Ја сакам и дише со мене.

    Резервното моливче кое може да се позајми на оној што нема и понатаму останува резервна варијанта во име на другарството. Белата гума не познава опција со која може да ги избрише сеќавањата за изминатите денови кои остануваат само убави спомени што никогаш нема да избледат со духот на новото време.

    DSC00628.JPG
     
    На samovila.red., Sunshine.Sunshine, eliesaab и 10 други им се допаѓа ова.
  8. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.792
    Допаѓања:
    323.764
    СДК...јас разбирам што е нервоза, ама неможам да разберам таа да се одлева врз детето.
    Синоќа малку се потресов.
    Мајка тепаше дете од 3 години.
    Кога го зашлапа по тил мислам дека му се сврте на кутрото.Па не се ни расплака од страв дека пак ќе си добие.
    Незнам што стори малото девојченце, ама што и да сотрило по ТИЛ да маваш....

    Аххх...наместо закони за хонорарци и слични нека донесат закони кои ги штитат децата од мајките.
    Некои мајки не маваат со раце, туку со постапки и сугестии....
     
    На samovila.red., bittersweet, hermosa и 29 други им се допаѓа ова.
  9. Скопјетесакам

    Скопјетесакам Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2015
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    9.191
    Мудриот човек сам донесува одлуки, будалата го прифаќа јавното мислење.
     
    На samovila.red., hermosa, Sunshine.Sunshine и 17 други им се допаѓа ова.
  10. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.250
    Допаѓања:
    176.255
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Официјално завршив со еден дел од животот, завршив со средно :D Yup I'm gonna miss it. :wasntme:
    Воедно онака сум среќна ама сепак жал ми е, уште си се чувстувам ко дете и како пребрзо да ми дојде ова дипломава и факултет сега и се. :emo:
     
    На samovila.red., hermosa, Sunshine.Sunshine и 12 други им се допаѓа ова.
  11. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.951
    Пол:
    Женски
    Ќао дечки...Тргнав на викенд во Охридот наш мил си останав подолго не ми се бегаше супер си поминав и боја преубава фатив за инает на душманите :D...
    Мило ми е што се забавував јако и што запознав нови луѓе ги наполнав малку батерите и сега се чуствувам убаво...Ако морам да издвојам нешто од ова мало авантуче тоа ќе биди скокањето во вода дури турваше дожд јас и еден куп дечки околу мене се смеевме како луди водата врела дожд турва абе убајна, па дозволено ми е и мене да се опуштам максимално,и мило ми е што запознав 2 девојки од Белград,се изнаправивме муабет изнапливавме, најадовме напивме како 100 години да се познаваме,едноставно со некои луѓе го имаш тоа чуство со некои не:)...Кафенцето,журките мајтапите,и све друго тоа е плус,и навистина сега сватив дека не е важно каде си туку е важно со кој си и каква енергија се шири околу тебе,да немав обврски во Охрид сигурно ќе останев подолго едноставно не ми се враќаше дома...Ама сори Миме,мораш да се вратиш во реалноста и знаеш што те чека,долг пат...Па се надевам дека ќе се справам со новиот животен предизвик,и дека ќе успеам,а спомените во срцето ќе си ги носам...Уживајте во моментот бидејќи ништо не трај бесконечно...
     
    На samovila.red., mims-89, SV1911 и 10 други им се допаѓа ова.
  12. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    6.493
    Допаѓања:
    17.000
    Не можааам поќе !! :rofl::rofl::rofl::rofl:
    Да се насмеете малце .
    Имајте прекрасен ден !
     
    На hermosa и eliesaab им се допаѓа ова.
  13. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.391
    Пол:
    Женски
    Легендата вели дека пред многу години во Македонија постоела една медицинска сестра што била смирена, насмеана, убаво се однесувала со пациентите, не се дерела, си ја сакала работата и не била партиски вработена......

    Исто така легендата вели дека еднаш JollyGirl заспала за помалку од 2 саати кога легнала в кревет...
    Несонице, остави ме...ТЕ МОЛАМ!!!!
     
    На Ivy89, rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr, Sunshine.Sunshine и 10 други им се допаѓа ова.
  14. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.870
    Допаѓања:
    99.642
    Кој го измисли трендот кај новопечените родители ранчето на малото да си го опнуваат на грб? Толкав
    маж / жена и само гледаш од позади му се лелее зајаче, куче, мече во некој бебешка боја... Рили?:^)
    Абе мода врз мода, која од која поблесава!
     
    На samovila.red. и Cuci81 им се допаѓа ова.
  15. GordanaL

    GordanaL Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2010
    Пораки:
    128
    Допаѓања:
    43
    Мораме да научиме да кажеме НЕ, бидејќи во спротивно околината создава погрешно мислење за нас ...
     
    На DVAANGELA, ceca-1, Mahidevranfan и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    6.315
    Допаѓања:
    92.178
    Пол:
    Женски
    Сакам да запсијам, да потонам во летен сон и да се разбудам кога надвор температурата ќе биде под нулата :| Да има снег. да дува силен ветер да биде ладно :lol: Па жештинава не се трпи веќе брее :sweat:
    Мразам летоо мразааам |(
     
    На hermosa, rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr, DVAANGELA и 8 други им се допаѓа ова.
  17. Abrakadabra

    Abrakadabra Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2015
    Пораки:
    1.468
    Допаѓања:
    20.047
    Пол:
    Женски
    Сѐ повеќе се чувствувам како да живеам во некоја Афричка земја ....ама баш тотално !!

    :music: Legendary :music:

     
    На samovila.red., rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr, joy1 и 12 други им се допаѓа ова.
  18. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.872
    Допаѓања:
    142.657
    Понекогаш мислам дека луѓето не знаат да си го направат животот убав. Имаат преголеми очекувања од него, а не му даваат ништо. Не вложуваат во ништо, а она што животот по свој избор ќе им го донесе, го одбиваат од најразлични причини.

    Еден пример, на една млада жена ме поттикна да сфатам дека ретко кој знае да го живее животот со полн здив без да го полни со мрачни мирсли, негативна енергија, да бара постојано, а никогаш да не дава.

    Има нешто под 30 години, мажена со дете, вработена. Падната во тешка депресија, незадоволна од плодовите во животот, ретко се смее, ретко мисли позитивно.

    За неа, државата е крива што маж и ја тепа. Бил незадоволен на работа, од платата, па затоа ја пиел пола плата, а потоја кога ќе му речела пијаница, ја претепувал. Маж и е средност, вработен во фирма како шофер/курир кој зема 17 000. Над 7000 ги пие во месецот.

    За неа, свекрва и е крива што куќата и е нечиста. Свекрва и еднаш и пререкла за алиштата како ги пере, и оваа и за инат, да видела дека има и полошо, решила ништо да не пере и нечисти. Живеат во депонија, ама инатот е посилен од се. Кога влегува кај неа дома, вика- еве свекрва ми ништо не фаќа.

    За неа, другите деца се виновни што болни се дружат со нејзиното дете кое пола живот е по болници. Они иделе настинати на школо и го труеле. За неа, нема врска тоа што последен пат детето беше во болница поради домашно труење со храна, оти му дала да јаде стара храна. Криви се децата и нивните родители, она не. Детето има ужасен имунитет поради стресовите од ќотекот на таткото врз мајката, па не сака да јаде и слабее. Ама детото според неа, не јаде оти старата готвела грдо, а на школо кифли им давале. Мајката не е. Она оди на работа и нема време. Државата глупа давала кифли, не мевце за појадок.

    На работа друга приказна. Не и ги знам колешките, ама според неа сите се курви. Една нема поштена, а сите ја мразат оти е паметна, убава и нема швалер. Мхм, да.

    За неа, сите други се криви освен она. Жена која зад себе влече планина негативна енергија, која ја префрла на дете, на маж, на пријателки, на комшики... Не е задоволна што има дете, што има маж, што има куќа, што има работа. Место да го земе животот во свои раце, она кука и плаче.

    Епа сестро, со кукумјавчење, ништо не менуваш. Маж ти пие оти не може да те гледа каква си цела намрштена и негативна, затоа и се дупи со друга, оти тебе од омраза само глава те боли. Детето е жално да го гледаш, толму заради тебе. Гладно, слабо и болно, исплашено од се. Битно ти му имаш кажано дека ќе си остане глупо како татко му, што има да се труди.

    Ајде, нека ти е цел свет крив, кога си крајно неспособна да се погледнеш во огледало и да сфатиш дека ти си тињата и гнасата во тој дом, дека те мрзи да живееш и дека на душа носиш дете.

    Уште да беше само ти жено...полно е такви ко ти. Ама не се свесни оти никогаш не се погледнале во огледалото и не ја отвориле душата.

    Затоа, пред мене да ме наполниш со негативна енергија и да си ја пренесам како пеперутка ефект на маж ми, на нашето мало ситно семејство, решив дека не те познавам понатаму. Мојот живот е поубав без тебе.

    ПС - Ова ми е најубавиот период во животот, од денот кога го запознав маж ми наваму. Повеќе од 3 и пол години чиста среќа и љубов, 24 часа на ден.
     
    Последна измена: 30 јули 2015
    На samovila.red., Esmeralda-MD, bittersweet и 21 други им се допаѓа ова.
  19. Аматиел14

    Аматиел14 Активен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2015
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    175
    Пол:
    Женски
    Само дома си е дома...
    Доме, слатки доме....
    Кај и да отидеш, колку и да ти е убаво, дома си е дома...
     
    На samovila.red., Esmeralda-MD, Petar80 и 7 други им се допаѓа ова.
  20. fallenangel

    fallenangel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    2.150
    Допаѓања:
    16.150
    @Cka како велат старите плукни си во пазува и помрдни се од местото и гледај да не те снајде не знаеш што ти носи животот !
    Денес си среќно мажена во брак ама утре или за едно три до пет години не дај Боже може се да ти се промени па ти да се најдеш во таква ситуација. Секој различно си го сфатил животот и факт се тоа е резултат на искуството и ако не можеш да помогнеш, ниту да дадеш совет или ти е тешко да ислушаш што некој ти се доверил за семејни проблеми едноствно не дружи со него наместо да критикуваш и нарекуваш некого кукавица затоа што никој по своја вина не се нашол во лоша семејна ситуација. Тоа што сметаш дека таа личност шири негативна енергија подобро во лице речи ако веќе си другар слушај вака не бива, не ги обвинувај другите за твојата ситуација промени се малку ти , среди се идеме на фризер, на кафе или на викенд, еднодневна екскурзија со децава да промениш средина да се средиш малку сеедно што и да ја советуваш а делува охрабрувачки ќе и го поткренеш моралот па може и нешто ќе се промени.
    Конкретно ќе се посочам себе си лошата семејна атмосфера во куќава и ред ствари да не објаснувам до детали се одразува на мене и некогаш свесна сум дека ширам негативна атмосфера ама тоа ми е само во ситуација кога сум исклучиво зад затворени врати и меѓу ѕидовите на мојата соба но факт колку и да си успешен и да се трудиш да бидеш трезвен едноставно еден ден ќе пукнеш и нормално мораш да се исплачиш или да се довериш некому често во себе си собирам ретко кажувам на глас во реален свет на некој иако по израз на лице се ми се познава(од бледило, модрило и триста чуда се чита) баш поради вакви ситуации дека некој ќе ми се потсмева или ќе ме смета за кукавица ама за сметка на тоа си ги кажувам маките на форумов пошто анонимно е и некогаш можеш да добиеш поискрен совет наместо етикета кукавица или идиот!
    Искрено да не се осеќа некој навреден ама на некого ако единствениот проблем во животот му бил пукнат вештачки нокт, лоша фризура или шминка или нема тоа што нема со кој да се е*е и не минел низ маката на другиот не знае што е болка и тежок живот и ни најмалку не е човечки да се коментира за туѓи несреќи затоа што пак ќе кажам никогаш не знаеш што животот е тркало и не знаеш што ти носи и никој не се нашол по своја вина во ситуација да трпи алкохоличар, наркоман , коцкар освен ако од старт си знаел што имал покрај себе но некои по неколку години си го покажуваат правото лице а тоа што то некој си ставил розеви очила и мисли дека животот му е бајка и се е во име на поле со виножито, цвеќиња и не знам што не мора да значи дека реалноста му е таква туку дека трулото во себе од типот на курвање, дрогирање, коцкање и слично некој вешто го крие.
    Никој не е должен да сочувствува со болката и несреќа на другиот без оглед која и да е причината за тоа ама па барем да не се навредува доволно ќе биде.
     
    На Petar80, Dreamer-V, Abrakadabra и 4 други им се допаѓа ова.