Сдк дека уживам во вакви пеколни денови. Од секогаш сум го сакала сонцето. Туку не знам што човек ке бев. Сите летово идат по плажи, jас од град во друг град. Ама битно убаво си поминав. И магнет за будали сум, на ова се навикнав. Сдк2 Никогаш не разбрав зошто ако се скараат две особи, небитно од коjа причина завршило приjателството, едната особа ja збори другата особа како не чини. И тоа пред коj стаса сеедно е дали таа што слуша jа знае особата коjа е оговарана или не.
Пред неколку дена пиев кафе со личност со која подолго време немав никаков контакт. Другарка од детство, а сега само познанички, и двете бааги пораснати, созреани која помалце, која повеќе, седиме една спроти друга, го лигавиме кафето, пробуваме да се импресионираме. Го припазувам секој збор што излага од мојата уста, положбата на телото. Како божем се натпреваруваме, и невидливото жири не оценува додека ние се лигавиме со кафињата во рака. Ми дојде да и речам еј дај опушти се, не се знаеме од вчера, ти текнува ли коа плачевме по симпатиите, првиот пат кога се опијанивме, првото излагање во парк, првите бакнежи, првите дечковци. И пред да ја отворам устата погледнав во саатот, беше веќе 3, а мене ме чекаа куп обврски попладнето. И само се поздравивме срдечно, си спомнавме за следно кафе некогаш и негде, и секоја по свој пат. Стигнав дома, запалив цигара, ми текна зашто не сме повеќе блиски па си ја пуштив песнава и си ветив дека веќе никогаш повеќе нема да прифатам кафе со неа. Toxic friends. Don't want em, don't need em. Fuck you.
Уживам во самотијата и моите мисли како облачиња околу мојата глава. Убаво е некогаш да се почувствува овој самствен миг. Потребно е некој мисли да се соголат пред себе и да одлетаат во мракот. Гуд најт.
Според мене многу нелогичности има околу убиството во Козле. Зошто жена му на убиениот не спиела со него, нели му била сопруга, зошто тој со мајка му спиел на приземјето, а жена му спиела на горниот кат? Е ова ми е најнелогично од све. Работава е сакаат да излажат и да ја скријат вистината, ама незнаат како, некако во лаги се фаќаат сите.
СДК дека децата ми биле пред се во животот. Со часови сум ги гледала како спијат. Легнувам на нивните кревети и ги гушкам. Сакам кога им светат очињата додека, со часови играме заедно. Сакам кога ме викаат мамичка. Сакам кога син ми доаѓа да легне на мене за да се гушкаме. Сакам кога ќерка ми го прчи устето за да ја бакнам. Сакам да го поминувам времето со нив. Ја сакам секоја нивна клетка. Сакам да го вдишам нивниот здив. Зарем јас требаше да потфрлам како мајка и цела нервоза од работното место да ја префрлам на нив? Зарем сета моја опседнатост со моите деца замина заради работата? Мораше ли да стигнам до тоа да немам време за нив? Тие се истите мои ангелчиња ама јас не сум истата мајка. И зошто? Заради пари....
1.Сакам да кажам дека Џандарите тепаааа! -И тато поздрави го ! -Јурииииииш! -Мрдај бе говедо! (CS) 2.5,10,15,20,25,30,35,40,45,50,55,60,65,70,75,80,85,90,95,100 пред мене зад мене скриен нескриен БАРААА! -Пу Мите! Пу спас за сите нас ! 3.Стој! Руковис! Си беше еднаш.... feeling nostalgic ...
секогаш што и да ми се случеше јас се криев во твоите прегратки. мала кога бев ќе паднев и трчав кај тебе.така болката ми минуваше. сега кога ме боли душата пак си крај мене.ме штитиш. мала да останев.никогаш да не пораснев и да останев во твојата прегратка.никој да не ме повреди. фала ти мамо.ти си најдобрата мајка.биди секогаш крај мене и штити ме.јас имам потреба од тебе.
Не е важно дали си хомосексуалец, битно е да си човек!!! Знам дека тоа не е природно и не е тоа што го рекол Бог, ама сите сме негови чеда и Бог никој не деле. Секој заслужува почит и респект!
Периодот ме поплавуваат чувства на среќа, пропратени со многу насмевки.Седнувам, со мерак го пијам кафето.Можам и со шеќер, можам средно, па дури и горко.Кога на видик е лош период, дури додавам и по две лажички.Пробувам да ублажам, да држам биланс.Но, горкото и те како оди, поготово кога сум со луѓе кои се мелем за душата. Од секогаш сум се плашела од прв чекор.Особено кога станува збор за запознавање со нови личности, ширење на познанства.Ме кочел тој страв, дотолку што сум носела само беспотребни грижи со тоа.Цела вреќа на грб, а внатре празна.Е, празна ќе биде.Илузија бре, луѓе. Обично велат дека кога ќе те снајдат лоши работи, подоцна почнуваш и минутата да ја цениш.Седам до сабајле, го гледам изгрејсонцето.Сфаќам колку нешта сум испуштила.И не, не е само летово за изгрејсонце.Тука се есента, зимата, пролетта...Сакам кога го впивам мирисот, чинам сум се‘ повеќе благодарна за секој нареден ден. Друго, цел куп слики си најдов од времето на моите.Ми се јави копнежот и сега како порано да ја имаме секоја фотографија пред нас, а не само онака за во фолдери.Поинакво е кога ќе се допре, кога од позади ќе се види датумот, па дури и потписите. И конечно имам посебна соба за библиотека. Се оствари сонот. Баталете тоа кога некој ќе ви рече дека со него ќе сте уште посреќни.Ако во себе самите не трагате по изворот на среќа, се‘ друго е залудно.Нема сигурно топла вода да ви измисли.А и да ви измисли, ви инсталира нешто..Може, па се‘ си може.Технологии. Скролам, гледам се распишав тука.Во две реченици ќе беше постот.. Ain't no sunshine when she's gone..
Љубов и пријателство. Тоа се двете работи кои нè прават она што сме и двете работи кои можат да нè сменат, ако им го дозволиме тоа. Добар ден, убав ден добри луѓе.
СДК дека ми стигна визата мачиња,пресреќна сум дури ми иди да го седнам бившиот во кафана и да го почастам ,до толку сум возбудена ...Wish me luck
@fallenangel не знам како се најде ти повикана, жал ми е што имаш лош живот, ама не можеш да знаеш ништо ниту за неа и нашиот однос, ниту пак за мене. Она да имаше 50% од мојот живот досега ќе се самоубиеше, ама се е до карактерот. Некој кука, некој се бори. Мене негативен човек до мене не ми треба, јас сум борец, со сила губитник не ми е добро до мене. Кажано и е лице се. И не открив идентитет на никој, ама секој негативен како неа треба да се пронајде и да смени нешто. Јас не можам да и го оправам животот, маж и дете и работа и куќа не и го оправаат, не па јас. У нејзината глава е маката.
Ако не заминам од градов во најскоро време, мислам дека ќе си пукнам Сакам топло време , ама ова не е топло, ова е неиздржливо. Ќе издржам уште денес (се надевам ) и веќе утре ќе се препуштам на звукот на брановите .