Ако не седнеш на куферот за да го затвориш сигурно си заборавил нешто. Додуша секако заборавив нешто, ама толку на таа тема до наредно затворање куфер. Веќе се телепортирав со мислите и си замишљам како терам викенд : ))))))) И тоа. Ова е еден од тие нестрпливи „тешки“ моменти у животот. Од кога ќе се спакуваш додека да си го дочекаш превозот. Вториот ми е од кога ќе порачам храна во ресторан додека да ми стигне. Другите не толку наивни моменти се надевам ќе почекаат до понеделник Убав викенд девојчици
Порано секој негативен коментар, секој грд збор упатен на моја сметка толку многу ме погодуваше, па плачење, безразлика дали е од брат/сестра, 10-ти роднини или комшијата. Секогаш се прашував што згрешив. Секогаш мислев дека јас сум виновна. Секогаш гледав на другите да им угодам, а за мене не беше битно. Ама како растев, созревав, така сфатив дека луѓето не се такви како што изгледаат, сфатив дека колку си подобар со нив толку на глава ти се качуваат, сфатив дека никој добро не ти мисли (освен мајка и татко)... И така научив јас да бидам на прво место. И повеќе не се замарам кој што мисли за мене, и така на никој не му е гајле. Да се убијам? Не. Кога другите си живеат како сакаат зошто јас не? Абе цел свет нека мисли лошо за мене, нека ме зборат ,повеќе не се замарам, подобро да не ме сакаат поради тоа што сум отколку да ме сакаат поради тоа што не сум. Мене ми е најважно да бидам човек, да си го живеам животов најдобро што можам бидејки и така еден ден ќе заврши. Најважно ми е да имам свое јас, да се сакам себеси. А ако некој го нервирам, ако сака да се нервира слободно, до мене и така не допира...
Кога заминувањето би било толку едноставно. Кога не би се чувствувала како да се наоѓам на сред раскрсница и не знам дали да ги собирам ситните парички што ми испаднале од џебот или брзо да си го преместам телото пред налетот на некое возило. Кога парчињата душа што ги оставам би биле толку безначајни како паричките на асфалтот. Ама не се. Љубов е ,спомени се, време е. И можеш ли да заминеш ако само така некаде оставиш дел од твојата душа? Ама од друга страна и да останеш, душата ќе ти е празна, љубовта невозвратена а тагата уште поголема. Морам да си ги соберам паричките брзо и да се изгубам во маглата. Не можам да дозволам неизвесноста да ме убие.
Многу ги сакам овие денови пред одмор.Сета збрка околу пакување,купување во последен момент она што се заборавило или не се направило на време.И пак нешто ќе заборавам.Ама нека,битно јас да заминам од пеколов неколку дена, да бидам отсутна со мислите што понатаму,туку да живеам сега.А за враќање веројатно куферот ќе ми биде потежок,но не од облека туку од спомени.И јас во животот имам хоби-да собирам спомени.Нешто непроценливо,нешто во што е смислата на животот.Нешто што ќе остане.
Mnogu zborovi nedoreceni, mnogu misli neiskazani, cuvstva koi lebdat megju nas. Moze i podobro e taka za mene, otkolku povtorno da slusam nevistini i ostri zborovi. Si go skrsiv vetuvanjeto dadeno sama na sebe pak, pak srceto mi rabotese pobrzo od mozok i dozvoli da me izlaze.. Povtorno se obidov nesto sto ne vredi, pak se izgorev na istiot ogan.. Ne se razbiram navistina. Kako moze se uste nekoj drug, koj ne bi pomrdnal so prst za mene, da mi bide pricina da si go prekrsam vetuvanjeto. Sigurno sum vo golema zabluda, a moze i sum oglupavela od ljubov.. I sto pati da si ja skrsam glavata od istiot zid, pak nema da mi dojde pamet. Dozvoluvam emociite da nadvladeat, da razmisluvam neracionalno i da se navrakjam na stari i nebitni sonista. Kolku i da se boram da bidam silna, da gi potisnam site cuvstva, taka kako nekoja lavina izleguvaat site od mene.. Samo se nadevam deka kje prestanam da se ponizuvam i da si ja gazam gordosta za nekoj koj ne e vreden ni moe zdravo.
Ништо од мојата диета, слаба точка ми е Domino's Посебно тесто полнето со фета сирење мммммммммм .....
"Ааа ај и на твоја глава" "...еее сега тебе ти е редот..." Многу пати го слушнав ова деновиве и успеав да не се изнервирам. Успеав да се воздржам и да не се дерам ни јавно или во себе Дали се навикнав или ми годело незнам
Поставеноста на нешта обратнопропоционално е поизводливо од регуларноста на постапката. Учеството на некој настан некогаш беше почесен чин и се доживуваше поважно од еуфоријата на победничката атмосфера. Ама некогаш не постоеше понекогаш и за некој... Денес, задоволувањето на лудиот личен каприц се движи во насока обезбедување на победничко место за сметка на сигурно учество. Надреални случки, нечовечност и конфронтирани успеси ја загушија моќта на знаењето.
Нормално, незапирливи сме кога е сè убаво, кога сме среќни, кога сме насмеани, задоволни, заљубени, исполнети, на врвот... позитивни, се чувствуваме како возвратена љубов од најпосакуваната личност во класот. Ама... убавината доаѓа во различни форми. Веќе подолг период не ја чувствувам интензивната меланхолија која владееше со мене, но на моменти носталгично се сеќавам на тие денови кога секој мускул и секое ковче од телото боли заради неисполнети очекувања, неостварени соништа и пропаднати излегувања. Се сеќавам на еден ден и едно официјално запознавање кое не беше од успешните. Час и половина влечење нејзини зборови со клешти, измислување бесмислени приказни за да не оставам лош впечаток, за на крајот да се разделиме со обичен поздрав и ладна прегратка... јас со засукани ракави подалеку од неа, таа по десет чекори чувствувам како се врти назад да погледне дали ја гледам. Не ја гледам, по првиот чекор не ни мислам на неа. Мислам на некоја која не се врти никогаш да види дали ја гледам. Депресии на младиот загубен човек. Од таму, во маалскиот бар. Кошулата раскопчана, извадена половина од фармерки, едната нога поткачена на барското столче, со чаша виски која ја вртам и гледам како коцката мраз не сака да се предаде на моето гњавење на чашата. Седам сам на шанкот и ги трошам парите кои и онака сум планирал да ги потрошам вечерта во друштво. Драма. Загубен поглед, замислен од маките кои натежнале... мислев дека ми е многу тешко, а од денешен аспект, сфаќам дека и тогаш, како и сега сум уживал во животот. Тогаш во убавината на меланхолијата, сега во убавината на моногамијата.
Многу ми е несфатливо такво однесување и пресудување кога не си бил во туѓа кожа. Лично верувам дека тој што минел низ тешки животни ситуации никогаш нема да осудува и да нарекува некој кукавица. Никој од никого пак ќе кажам не побарал ниту милостиња, ниту сожалување со тоа што се доверил некому за семејни проблеми за кои очигледно мислел ќе наиде на разбирање или на краен случај да си ја отвори душата што му тежи наспрема тоа некој ден не дај Боже да испушти душа од мозочен удар или инфаркт или да се самоубие па сите да кукаат и плачат па да речат здрава беше, среќна што и фалеше! Сум чувствителна но воедно и борбена личност и подеднакво ме погодуваат несреќите како моите така и на другите. Не знам каков е вашиот однос само што воопшто не е убаво да критикуваш туѓа несреќа и да се расфрлаш со тоа апа баш ме брига јас сум среќна и убаво ми е тргни од тоа да таа личност да ти е сестра или не дај Боже да ти е ќерка па да видиш како боли и нема да го збориш и пишуваш тоа што сега си го пишала туку ќе пробаш да помогнеш . Поенатата на мубетот ми беше многу лепење на етикети, многу плукање, потценување на несреќни личности па уште и велиш не знае да живее живот со полни здив. Извини ама не знам дали и ти би живеела со полн здив со алкохоличар и некој што секојдневно те малтретира и тепа иако реално може да се стави крај на тоа со развод и секој на своја страна ама се зависи од околности. Секој различно си го сфаќа проблемите во животот ама пак ќе кажам не си бил во туѓи чевли и не знаеш како би се справила да се најдеш во таква ситуација. Како што велат секому неговата мака е поголема од таа на другиот ама барем да се коментира. Тоа што некој ќе го наречеш глуп-нема да те направи попаметен! Тоа што некоја ќе го наречеш грд -нема да те направи поубав! Тоа што некому ќе му се потсмеваш за несреќата низ која минува нема да те направи псореќен освен ако реално не си среќен и самиот па мило ти е што некој страда. И да речете може исфрустрирано негативно суштество искрено и ќе ви кажам сум но не од маките низ кои сум поминала колку што од односот на луѓето кои ми се постмевале и ми се радувале на несреќата и затоа што ми се има случено ситуација кога семејството ми се руши, животот ми бил пекол, цели денови ненаспана, јас плачам тие ми иделе во куќа наводно пријателки само да се сликаат во дворот во домот за на фб демек многу убаво место за позирање покрај фонтана и не знам ти што еејјј тоа е човечноста и осетот кај нелуѓе па ти сега види колку е убаво некоја така да се понаша . Некои работи едноставно се недолични исто ко да идиш на погреб каде сите плачат а ти се смееш.
Од припреми за одмор највеќе го мразам делот депилација, а потоа пакувањето на куфер. Со депилација завршив вчера, а денес треба да го спремам куферот, бидејќи вечерва заминувам на одмор. Колку алишта планирам да носам, ко да ќе се селам во Грција, а не идам на 15 дена. Сега треба да ме напушти мрзата, па да одам да се спакувам. Ако успеам да го затворам куферот, успешна мисија. Имајте убав ден
Секогаш од грешките на родителите најмногу страдаат децата. Секогаш. Ете пример пред мои очи, на другарка и се разведуваат нејзините и таа многу пропадна психички периодов. Ја викам да одиме на кафе не сака, да шеткаме не сака, да дојди кај мене кога сум сама ако и е незгодно од другите пак не сака, да јадиме, да зборуваме, да се смееме ништо не сака. И дадов простот мал период да биде сама, може сака ете да биде сама да си размисли убаво, да си олесни на душата ама сега веќе да си знае дека ќе и досадувам додека не дојде со мене. Абе на глава ќе и се качам да излезе, да ми се жали, да се исплачи, да се олесни... Абе душичке знам дека не можам да ти помогнам многу ама можам да ти бидам рамо за плачење, можам да се потрудам да извадам мала насмевка на твоето прекрасно лице...а ти не ми дозволуваш.... Ама ќе се обидувам, не си ти виновна што твоите ги фатила средовечна криза па се разведуваат на 45/6 години... Родители, дај чукнете ги главите малку. Нели секогаш на прво место треба децата да бидат?
^ Родителите имаат право на свој живот, со тоа што се разведуваат не значи помалце ќе си го сакаат детето или дека ќе прекинат да му бидат родители. Децата треба да прекинат да бидат себични и да ги разберат родителите дека и тие имаат право на своја среќа. СДК дека досадата е многу опасна за мене. Еве, вчера од досада прередував чинии и чаши, денес цела куќа ја исчистив. Утре ако пак ми е досадно нема да имам што да правам.. Можеби ќе се нафатам да кречам.
Која иронија значи и лани заради работата не можев да појдам на одмор негде и оваа година истото. Повеќе никогаш не планирам ништо, бидејќи знам дека нема да се оствари. Животе не си фер.
Уф, ама ми се развлечени деновиве. Развлечени и напнати. Ама ај, ќе помине, како и се друго. Па после ќе се ужива во плодовите. Решив да се социјализирам повеќе, ама да ви кажам право некако не ми иде. Си правев муабет со мајка ми и ми вика, ќе дојде една пријателка кафе да пиеме, малку досадна е, ама тоа е. Јас и викам, па што се дружиш со неа ако ти е досадна? Јас пре би прочитала книга него да си го губам времето со такви луѓе. Е тука изгледа лежи мојот проблем.
Сабајлево кога отидов да се средам во купатило, што да видам ! Усната горна потечена и кога напипав со прстот, ми текна дека е до комарецот кој упорно ми зуеше над глава цела вечер...си завршил тој работа. Сега сум ептен тренди и секси, со усни како на Северина и Џоли. Така да, ако некоја посака на природен начин поголеми усни, нека стави /намами комарец на усните, ете и природен метод без ботокс.
^ Еххх тие пусти комарци мене за око ме каснал и сега сум потечена во едното око а на вратот имам како рана од што сум се чешалаСакав да излезам вечер ама не сакам да шетам со потечено око како некој бокс да ми удрил изгледам
Специ мила, ех кога би можела, кога би била моќна па покрај дечко ми и тебе да те фатам под рака и да ве носам Италија, оти како тебе и тој мечтае да ја посети а посебно Милано... ех, да можам
Колку е тажно што луѓето кои ги сметаш за најблиски,го игнорираат твојот роденден.Не ,воопшто не е важен роденденот,вниманието и почитувањето е важно.