Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.052
    Допаѓања:
    52.532
    Пол:
    Женски
    Многу сакам кога фотографирам луѓе да влегувам во улога на професионален фотограф.
    Со седнување и лежење по земја, со коментирање, со давање совети со се. :D
     
    На bittersweet, mileystar, mirandaa и 15 други им се допаѓа ова.
  2. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.279
    Допаѓања:
    67.896
    Пол:
    Женски
    А вас па што ќе ви е фискална сметка? Ќе се правдате во фирмата за лебот? Не даваат на неработни денови зашто не смеат да работат, а сепак работат за да си го извадат лебот. До толку ситничар народ да сме не ми се верува. Кај пропаднаа толку малечки продавници поради големите маркети, останаа и семејства без лебот што го ваделе, децата да ги наранат, ама не, не е тоа важно, фискалната е важна.|(
    Не знам еве, одете пријавете ги, па и нека ги затворат, што има воопшто да работат. Се напунија луѓево пари на црно правење, перење пари преку секакви проекти, ама ќе се фатиме за она најситното.
     
    На Candid, bittersweet, Lella и 27 други им се допаѓа ова.
  3. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    6.317
    Допаѓања:
    92.184
    Пол:
    Женски
    Кога ја усреќувам ми е исто како мама да ја гледам како е среќна .
    Синоќа ја изненадив тета а покрај неа како цело време да ја гледав мајка ми :angel:

    Малите изненадувања имаат многу големи значења и секогаш остануваат запаметени :)
     
    На samovila.red., bittersweet, Ivy89 и 13 други им се допаѓа ова.
  4. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    6.493
    Допаѓања:
    17.002
    Ма ич не се оптоварувам повеќе. И заприметив колку повеќе сакам нешто и трошам енергија мислејќи како ќе биди, кога, каде толку повеќе е лошо, колку повеќе 'трчам' и барам толку повеќе се оддалечувам.
    Само полека и се ќе биде.
    Пуштам се по свој тек да си оди. Не контролирам ништо.

    You find what you’re looking for when you stop looking.
     
    На eliesaab, Sanjichka007, Rama и 4 други им се допаѓа ова.
  5. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.191
    Допаѓања:
    23.257
    Пол:
    Женски
    Гледам пливање и страшно сум изнервирана оти се родив во земја бедотија, мизерија каде што нема базен чоек да се усоврши во пливањето и да тренира.
    Бедотија, страшно го сакам пливањето, ама кај нас немам шанса да се докажам бидејќи се плива само на лето, две лета потрошив на пливање и воопшто не жалам, но ми се плива и зима, ми се плива бееее.
    Апелирам јавно до владата да се заангажират да напрат базени низ Македонијава.
    Поздрав денес сум изнервирана. :@:doh::wasntme:
     
    На Candid, Bozica1980, specificone и 5 други им се допаѓа ова.
  6. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.567
    Пол:
    Женски
    @RainBow Сите одат во големите маркети, бидејќи во големите маркети е поевтино, има повеќе избор и секогаш во големите маркети даваат сметка-со давањето на сметка плаќаат и данок кон државата, а во малите маалски продавници ем е поскапо, ем не сакаат да платат данок кон државата. Епа ајде никој нека не плаќа данок и други давачки кон државата, па тогаш незнам од кај ќе најде пари државата. Сите треба да се еднакви пред законот, зошто некои да бидат поштедени од плаќање данок, што се тие поразлични од оние кои чесно си плаќаат данок и други давачки кон државата, бидејќи постојат и мали маалски продавници кои даваат фискална сметка, а со тоа и чесно си плаќаат данок?
     
    На samovila.red., hermosa и poenta им се допаѓа ова.
  7. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.279
    Допаѓања:
    67.896
    Пол:
    Женски
    Во малите продавнички е поскапо зашто робата ја набавуваат многу поскапо, додека големите маркети земаат на големо и затоа е поевтино. Уште од старт се зафркнати. Сите треба да сме еднакви пред законот, да, ама не сме, тоа барем е јасно ко ден, не ни сакам да навлегувам во тоа, ништо не е црно или бело. Слеп да си треба па да не знаеш како функционира државава.
    А во малите продавнички претежно гледаат на познати да не дадат фискална сметка, или продаваат алкохол после девет за да можат да излезат на крајот на месецот. Никогаш не би пријавила таков некој, нити па барам сметка. Во вакво време не би сакала и туѓа судбина да носам на душа. Поштедени, оф мори мајко.(facepalm)
     
    На ku4ence, galapce, SV1911 и 11 други им се допаѓа ова.
  8. Аматиел14

    Аматиел14 Активен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2015
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    175
    Пол:
    Женски
    Некој да ми пише лп, итно ми е?
     
  9. kjukli

    kjukli Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 ноември 2014
    Пораки:
    3.057
    Допаѓања:
    28.613
    Пол:
    Женски
    Седам на тераса со кафето во рака, и едвај чекам да помине и овој ден. Пет години поминаа, а како вчера да беше кога мајка ми ме погледна со солзи и како нож да ми го прободе срцево кога сфатив дека нема веќе да те видам, да те гушнам, да ти кажам колку те сакам. Боли со ист интензитет како и тогаш, ако не и повеќе. Мојава болка времево не ја лечи.. А, ми требаш. Премногу ми требаш, не можам без тебе ни ден да поминам. Нема утро да не се разбудам со мисла дека нема да ме гушнеш за добро утро. Немам ниедна мирна ноќ, ниеден убав сон. Ми фалат нашите разговори, нашите излети на Марков манастир, планинарењето и сите бесценети моменти кои сега ми се само спомени. Спомени кои ме убиваат со самото сеќавање на нив. Уште го чувствувам оној нож кој ми го прободе срцето и ми го уништи животот. Јас без тебе за џабе живеам. Не ми треба ништо друго освен твојата прегратка и твојот охрабрувачки збор. И се ми е пролазно, ретките убави моменти не ми се никаква утеха. Се би дала да не беше тој проклет ден, се уште да беше тука до мене.
    А се борам само за тебе, се борам храбро како што ти никогаш не се откажа. Се борам да ги исполнам бар оние соништа кои ме прават среќна макар и на момент, затоа што она што ти го сакаше беше јас да бидам среќна.
     
    На samovila.red., Anonymous-Mr.Known, Lella и 21 други им се допаѓа ова.
  10. Glossy-girl

    Glossy-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    3.196
    Допаѓања:
    8.926
    Пол:
    Женски
    Многу работи ама еве нешто.
    Времево ми е „ќе врнам ама и не“. Која книга ли да ја читам?
    Зошто ли секогаш има некоја ситница што секогаш ме враќа тука на форумов, на темава?
    Обожавам мали деца и мразам мајките кога им викаат и ги навредуваат. Не сакам безобразни деца (читај родители)... ама децата никогаш не се причина - туку последица, затоа ги сакам сите деца на светов. Родители внимавајте како со децата.
     
    На eliesaab, cresa-jagoda, kjukli и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Marjan007

    Marjan007 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    3.926
    Премногу анализа доведува до парализа, мисла која ми се врти се почесто и почесто!!!
    Крстосниците во животот не доведуваат до лудило, анализираме која, каде ќе не однесе, со кого ќе го идиме тој пат, па дали е правилен или погрешен...и се така до период кога сваќаме дека го губиме нашиот внатрешен мир.
    Мир кој и онака е тешко да го постигниш со личности кои се обидуваат да го срушат па да прогласат аритмија во твојата душа, а ти толку ли само упорно сакаш да бида дел од твојот живот.
    Но до кога ? најдобро решение за се е лет ит го, ако се упропастува се нека се упропасти на природен начин, немај никаков удел во тоа, имај си барем спокој на душата.
     
    На Candid, samovila.red., Ketchup и 7 други им се допаѓа ова.
  12. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.077
    Ади за другиве градови незнам но во Скопје има.
    Имаше и порано, јас тренирав професионално долго време.
    Мене ми е криво само што немаше доволно висока скокалница, што не научив да правам скок од 10 метри и акробации. Тоа ми е неостварена желба, но ќе научам...
    Треба да видам во Борис Трајковски дали има :)
    А олимпискиве игри ми се рај, поготово синхронизираните скокови, а имаат и нова дисциплина во парови машки и женски и скокаат од 10 метри. А какви мажиња има :smirk:.
    Сега пред малку глеав исто мажи скокаа од незнам колку метри, језиво беше дури, доле и нуркачи ги чекаа, исто една од моите омилени дисциплини ама не би скокала од таму :worried:
     
    На kikkki, specificone, eliesaab и 3 други им се допаѓа ова.
  13. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.956
    Допаѓања:
    164.230
    И да дополнам на сето ова.
    Малите фирми со очајно слаб обрт имаат еден куп давачки кои за големите маркети се лесни за плаќање, а овие маливе кај кубурат па треба уште и тие давачки да ги подмират кои навистина се многу.
    На крајот од месецот буквално само покриваат минимални плати, едвај две за работа во две смени, па едниот скоро секогаш е пријавен на скратено работно време.
    И најмногу им се трошат - цигари, кафе, леб, јогурт и млеко и слични итни потребштини за кои не треба многу размислување туку е донесена одлуката за потребата, останатото собира прашина по полиците. А ако се несреќлии, неретко па и на пишанки работат само за да им се врти некој. И да, плаќаат кеш на добавувачот, поретко на фактура, а тоа сите знаеме што значи.
     
    На ku4ence, galapce, SV1911 и 5 други им се допаѓа ова.
  14. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.823
    Допаѓања:
    7.048
    Дојдов до еден мал заклучок.
    Дека кога сум надвор од државава,јас сум друга личност.
    Новите предмети места и ликови ти даваат мир и спокој,
    Ништо не ти згрешиле,ништо не си му згрешил.И само се смееш и уживаш.
    Како никогаш да не си тагувала.
    напнатоста исчезнува.и си мислиш ќе трае тој спокој засекогаш.

    Се враќаш,и цела краста како да те чека на прагот.
    Ти се смее,и вреска од задоволство оти нема каде да бегаш.
     
    На Candid, samovila.red., Adi888 и 20 други им се допаѓа ова.
  15. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.076
    СДК ... во моменти на слабост, на "паѓање", на некаква ментална монотонија ... неколку песни знаат да ме подигнат на позитивно ниво.
    Џабе не рекле, музиката е мелем за душата. :music:
    А мене ми дава и силна мотивација. :sun:
     
    На samovila.red., Lella, hermosa и 9 други им се допаѓа ова.
  16. Marjan007

    Marjan007 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    3.926
    Мал едит на тоа погоре...нема ништо поболно од тоа да видиш туѓ траг на вратот на девојката која си ја гледал како твоја иднина, тогаш се крша сите твои соништа а и се кршиш и ти на парчина...
     
    На samovila.red., Captain-Omni, hermosa и 4 други им се допаѓа ова.
  17. Аliсe

    Аliсe Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2015
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    6.979
    Не знам што им е на комарциве,годинава ни еден ме нема каснато:^).Можам комотно со запалено светло и отворен прозор и без такво против комарци во струја уклучено да спијам.А ги има тука,не е дека ги нема.
     
    На Candid му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.191
    Допаѓања:
    23.257
    Пол:
    Женски
    Мимс баш со татко ми разговаравме на та тема за во Скопје, но многу ми е криво шо Битолчани сме во - со та работа, кај нас само Епинал има базен затворен ама незнам колку се плаќа.
    Ако имаше овде или во некој град блиску обавезно продолжував, оти ептен сакам и ептен се интересирам и криво ми е и си пукам во душата :doh:
    За скокање не сум, можам само да гледам интересно ми е, не знам дали би се одлучила да го правам тоа, ама се шо е поврзано со вода сакам :l:
    [​IMG]
    Те поздравувам :D:D:D:P
     
    На kjukli, Rama и mims-89 им се допаѓа ова.
  19. Winter Lady

    Winter Lady Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2015
    Пораки:
    3.421
    Допаѓања:
    26.046
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам дека ке пукнам , неможам веќе самата да се поднесам се нешто ми пречи , полудечу :@:@:@
     
    На presiosaP му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.098
    Пол:
    Женски
    Ново прстенче на рака ... овој пат од Него - вереничко... ново презиме и припреми за свадба.
    Убаво ми е и нека потрае! ❤
     
    На iloveyou29, lovemme, senza.parole и 49 други им се допаѓа ова.