Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.558
    Допаѓања:
    184.609
    Пол:
    Женски
    Душо.. нема да дрдорам со клише муабети дека времето лечи се.. бла бла бла... ма да тие муабети се доста полезни за волја на вистината..само шо и самата сум во слична ситуација..и самата некогаш сум уморна од нив..
    Сакав само да ти пратам утешителна прегратка и да ти кажам дека не си сама. Остани силна и чувај се. :hug:
     
    На anel, kjukli, BurstBerry и 4 други им се допаѓа ова.
  2. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.391
    Пол:
    Женски
    Охриѓаниве се жалат од скопјани дека од нив живот се немало, а всушност, драги охриѓани, вие заработувате за цела година, до следното лето, од нив :lol:
    Сега буквално нема игла кај да фрлиш во Охрид, сите коли со регистрации ск ск ск ск ск, сите апартмани зафатени, приватни, државни, хотели, куќи, дворови, замоци, тврдини....се е зафатено...епа се тоа се пари :cash: Сеа ак не заработите од скопјаништаа кога?
    И слушај сеа им го мочале езерото...па ајде езерото само за охриѓани нека биде, пошто нели тие не го мочаат. Тие и да пливаат, ак им се примочат излегват од енѕероно, одат во вц, се мочкаат и се враќаат пак во вода.

    п.с. Стварно видов со свои очи таква случка, само што не знам од кај беа....Мало девојче и мајка му таман влегоа во вода, тоа почне да се дере на цел глас АМА МАМООО МИ СЕ МОЧКАААА ама баш она дерење, цела плажа зјапа, се потсмеваат...и на мајка и незгодно и падна, ја извади од вода и ја однесе до вц да мочкала. :!: :clap: :?: Да беше татко и на девојчето сигурно ќе и речеше..па мочкај бре овде што чекаш? :fubar:
     
    На samovila.red., Ketchup, kjukli и 7 други им се допаѓа ова.
  3. PogbaPol

    PogbaPol Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    2.511
    Допаѓања:
    10.358
    Пол:
    Машки
    Чуството кога и двајцата се уклучени а никој не се осмелува да пише прв..
     
    На samovila.red., skorpija123 и Rama им се допаѓа ова.
  4. honey95

    honey95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 март 2012
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    289
    Пол:
    Женски
    колку ми беше само тешко да го пишам тој пост пред минута! :sweat:
     
  5. Kukla994

    Kukla994 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    4.682
    Допаѓања:
    46.946
    Сакам да кажам дека голема паника ме фаќа кога ке видам дека фемина не е достапна...:talk:
     
    На Kenya, eliesaab, Ketchup и 4 други им се допаѓа ова.
  6. pipi123

    pipi123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 март 2014
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    128
    Со теко на годините сватив дека од мајката подобра пријателка нема. Сите со текот на времето ќе се одалечат од тебе, ама мајка ко мајка секогаш ќе ти мисле добро и ќе ти помага во живото без разлика колку си во криво или во право. Едноставно светот неможам да си замислам без неа незнам како ќе преживеам без неа ќе ми фалат исте маабето со часови кафиња шали глупирања и моментите што смао таа знае како да ме насмее кога ми е најтешко i што знае на кој начин и како да ме утеше.
    Мајка фала ти за се што имаш направено за мене до сега, за секоја солза пролиена за секоја утеха дадена за секое :coffee: испиено и секој совет даден.
     
    На samovila.red., blackstyle, eliesaab и 15 други им се допаѓа ова.
  7. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.792
    Допаѓања:
    323.764
    СДК...кога одите на одмор со деца, не треба да се Ваше гајле, па и Вие сте на одмор !!..И Вие сте луѓе, дојдени сте на релаксација !!...

    По правило за време на вечерата децата нека се истрчаат убаво околу масите, за да може да изгладнат и убаво да се најадат.

    Непишано правило е и децата пред легнување да се истрчаат по ходниците и фоајеата на хотелот, Вие за тоа време може да се лакирате, да се истуширате раат, да се натапирате (ако се припремате за вечера)....урлале, врескале,цикаат ....нема врска..деца се тоа...

    Ама затоа пак на маса сте први во 20.01 часот на вечера...тањирите ,,цуцка,, полни храна за три оброка...па платено Ви е во цената!!...море ќе се прајдеш, ќе одиш да ставиш два прста и ќе се вратиш....мора да ги пробаш сите сорти јадења..нема лабаво !!

    На крај обавезно (според бон тонот) во салфетка сендвич (во средината не се знае уште од која салама нема, оти нели така дома секоја вечер вечеруваме околу 03.00 часот), едно сокче во шише (ќе се најде) и овошје(од јадење не ги проба праските, дињата...).

    И на крај на секоја вечера, мора да се скрши некоја чаша во трчање и да падне псовка и ќотек(на терет на децата)

    Утредента пак исто.

    Наздравје одмор !!
     
    На Candid, samovila.red., bittersweet и 24 други им се допаѓа ова.
  8. LUCERKA

    LUCERKA Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2015
    Пораки:
    764
    Допаѓања:
    5.373
    Пол:
    Женски
    Во право си не велам не не сум до толку ситничарка,ама купував лекови и тоа повеќе,а аптеката незнам јас дали смеела да работи или не и на крајот дај 1500денари ама фискална нема па ти думај колку е кој производ ,и не сто пати ке кажам не сум ситничар почитувам луѓе кои чесно со го вадат лебот,ама се иритирам на пример одам на заболекар кој патем ми е матичен и ми зема плус 700денари за поправка и пак ништо?!?!!?!?!?
     
    Последна измена: 4 август 2015
  9. Marjan007

    Marjan007 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    3.926
    Чуството кога сите ти требаат, а те оставаат само на seen, прајслес!!!
     
    На eliesaab, Edie.S, Ketchup и 5 други им се допаѓа ова.
  10. Скопјетесакам

    Скопјетесакам Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2015
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    9.191
    Вистинските мажи се верни.Едноставно... немаат време да сакаат други жени... зафатени се со барање на нови начини да ја сакаат својата жена.
     
    На AutumnRain, Candid, SV1911 и 31 други им се допаѓа ова.
  11. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.033
    Допаѓања:
    36.167
    Пол:
    Женски
    Сте се запрашале ли колку пати сте се нашле во ситуација да сте изморени, а се уште сте на почеток? Неволно вегетирате пред непозната величина. Душевната просторија ја чувствувате премногу тесна за да ги собере сите натрупани и измешани сетила. Се фаќате во костец како ве гушат идеите и реалноста и размислувате да го затворите кругот на фантазијата. Влијанието кое го создаваат мислите за подобри сништа побрзо и почесто е заменето со магливоста на случувањата. Глумите невидливост и ја носите во заборав мечтата која претставува единствена трошка надеж за смислата за живот. Балансот ви претежнал и барате поинаква мрежа од постоечката фреквенција.
    Дали тоа е поради стравот да не го потрошиме умствениот капацитет или поради нестабилноста на нашата перспектива за иднината?
    Некогаш е неопходно да се исклучи мозокот и да ги ослободиме мислите од розовата или црната обоеност на светот, да не посегнуваме ни по радоста, ни по тагата, да го елиминираме победникот и да ги оставиме губитниците сами да се справуваат...
    Некогаш е многу полезно да сме сами со себе и да се препуштиме на влијанието на мудроста, отколку се да поставиме на фактот на механичко создавање на проективната слика за постоење.
    Се сместувме во лулката составена од нишало во облик на надеж и ги гаиме моментите за нешто сосема ново каде знаењето за успешноста има две страни. И токму тој збор составен од оптимизам и самодоверба ја одржува будна нашата свест подалеку од можноста за закржлавеност и заборавеност некаде на темните страни на животната илустрација.

    Мислите немаат граница. Пред нас е распослана ризница на можности кои сами треба да ги ископаме.
    Во процесот на потрага, не кажувајте се што мислите. Но, затоа добро размислете пред да кажете нешто.
    Некои зборови немаат цена, но некои можат богатство да ве чинат.
     
    На samovila.red., eliesaab, Snow-Star и 8 други им се допаѓа ова.
  12. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.843
    Пол:
    Женски
    Сакам кога утрото ќе ми започне со голема насмевка на лицето. Има ли поголема причина за среќа од штотуку родени три мали кутренца. Машкото имам мало опавче, како израсточе исто како мајка му. Женските имаат долги опавчиња. Се радувам како мало дете. Едвај чекам да прогледаат и да почнат да се бркаат низ двор. Уште соодветни имиња да изберам и се ќе биде совршено. :inlove::l::inlove::l::inlove::l:
    Знаете како е кога некој вика дека ќе ве изненади, но вие знаете дека не може да скрие ништо од вас. Не сакам да бидам во исчекување за изнендувањето. Знам точно што е, само не знам на кој датум ќе ја имам честа изненадувањето, т.е. подарокот да биде во мои раце. Си викам за неколку дена. Пресреќна сум и за тоа.
    Другарка ми едвај чека да пристигне од странство и веднаш да ми каже датум за свадбата. Знае дека тогаш ми е сесија, ама ако треба ќе жртвувам еден испит за неа. Поважно ми е да сум покрај една од моите најсакани личности.
    Дефинитивно ова ми е една од најубавите недели :hug:
     
    На samovila.red., Lella, eliesaab и 14 други им се допаѓа ова.
  13. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    20.171
    Допаѓања:
    329.479
    Пол:
    Женски
    Твоите постови во темата ми се омилени
     
    На samovila.red., eliesaab, t-sweet и 3 други им се допаѓа ова.
  14. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.166
    Допаѓања:
    221.862
    Пол:
    Женски
    Многу убаво напишано. Потполно се согласувам.
    Вистинскиот маж е оној кој ја сака и почитува својата жена, оној кој знае дека таа жена му е потполна подршка во животот, дека заедно се посилни низ животот, инаку од кој би имал почит, подршка, љубов ако не од сопствената жена, вистинскиот маж никогаш нема да посегне по друга затоа што ја сака и пред се почитува својата жена.
    Кога градеш нешто со години...зарем би имало смисол да го урнеш за неколку саати сето тоа...ипак пред се љубовта е и неизмерно пријателство.
     
    На eliesaab, fallenangel, joy1 и 3 други им се допаѓа ова.
  15. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.893
    Допаѓања:
    11.286
    Пол:
    Женски
    Аман бе луѓе толку ли немате мозок па си ги ставате децата на фејсбук голи на плажа (facepalm):swear::headbang:
     
    На samovila.red., bittersweet, SV1911 и 17 други им се допаѓа ова.
  16. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    4.320
    Допаѓања:
    55.369
    Пол:
    Женски
    И така додека дремам со едната рака во маслиново масло брцната, ми текна да пишам. Што да ви кажам, градот во кој се наоѓам моментално и од кој доаѓам си е ист. Еве после 4 години го осеќам , ист е бре ист како порано, мислам и после 16 години да се вратам , воздухот ќе биде ист, луѓето на истите места со истите пијачки... Нема некоја променливост во целото битисување во градов како целина. Помина и тоа распрашување, кај си до сега , кај беше , те немаше нигден...( иако сите знаеа каде сум, фала богу постојат социјални мрежи на кои сум достапна и "видлива"... Во изминатите години , си се враќав овде но е бев толку присутна во шемите и ноќниот живот, Али постоев, а тоа го гледаа сите. Ајде помина и таа фаза како вовед, нормално имаше и многу заинтересирани момци кои го користеа тоа како да стигнат до мене... Луѓе брее, многу сте површни, отупени со коментари со запознавање со флертување.. Како да ви кажам, како да ви помогнам .... А не можеш да му помогнеш на некому што не бара помош тоа ти е. Не можам да му докажам на некому дека на секој неговите проблеми се најголеми, и неговата планина е најтешка. Ама како ќе му објасниш , како кога тонат во глупави мисли.
    Абе М Е Д И Т И Р А Ј Т Е луѓе , шо да ви кажам. Да имаше друг начин да си ја закомандате главата, слободно пшравете го тоа, ама еве не најдовте .....малце потрудете се. Не ,не им се откажав, нека тонат така замислувајќи си дека 5 години немале дечко и тоа било многу тешко, оти еве не ја работеле работата од соништата..... блаблаблабла Нема ни да имате , со таа глава.

    Во меѓувреме си внесов течен леб во организмот(пиво), а не требаше ... ама такво задоволство ми праве мислам во лотус се претворам. А јас сум за секој да го прави она што му создава задоволство, епа нека иде живот!
    Изгубив доста килограми, со супер режим.. Задоволна сум од себе многу,многу. За разлика од мислењето кое го имам , и го споделив за останатите , за мене имам друго мсилење како никогаш до сега. Од корен сум си сменета . Ама чувствувам среќа , најголема. А таа љубомора што ја осеќаат околу мене, не ја ни гледам акко таквља... сироти не им се лутам, им простувам .Оти ПРОСТУВАЊЕТО е најголема доблест.
    И саша Ковачевиќ ќе доаѓал, бре бре . Не се лутам, универзумот одма ми го скрои планот.. Оставив, не изреагирав, и оп ивент добив Morrissey на 16ти октомври во Скопјеееееее............ Мене Moz ми е прана, не ми треба ништо друго . Цела движечка сила ја имам. Ем па Скопје... Абе па, посреќна сум од се .
     
    На eliesaab, CrazyOne, ku4ence и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Moonstone.17

    Moonstone.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2013
    Пораки:
    592
    Допаѓања:
    1.862
    Пол:
    Женски
    Демек вчера ќе пишам, ама ништо. Еве ме сега, да си прокоментирам јас. :D
    Многу нешта знаат да ме извадат од такт, ама едно онака најпосебно: да се обидуваат и да настојуваат да ме направат среќна и да ме развеселуваат кога сум тажна. Начи остави ме да си тажам бидејќи татко не ми дава да си го гледам цртанот на телевизија! Се шалам за ова, иако стварно гледам цртани. :rofl:
    Ептен ми се напорни тие луѓе, па остајте го човека на мира! Не може цел живот среќен да бидеш, монотоно е така. :lol: Ќе се изнатажи и ќе му помине, така оди тоа. Разбирам дека сакаш да помогнеш и да покажеш дека знаеш да утешиш ти добро човече, ама воздржи се во таков момент, жити сè! Или кога ќе почнат да те тешат. (facepalm) Знам дека е така и не може ништо да ме утеши дека не е, тоа ми е влезено во мозокот и толку. Не можам да те слушам, не, не! (lalala)
    Ова барем за мене важи, кажувам од моја гледна точка запирка. :rofl:
    Доста коментирам, да се приберам јас. :wasntme:
     
    На vitamina и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  18. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.869
    Пол:
    Женски
    Што е со трендов „брада“ и бушава коса во реп? Па да ве известам господа,не ви стои баш |(
    Џабе сакате да бидете Кал Дрого :D
     
    На Captain-Omni, SV1911, Lella и 8 други им се допаѓа ова.
  19. ninja35

    ninja35 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 декември 2011
    Пораки:
    2.682
    Допаѓања:
    88.176
    Она чуство во стомакот....непријатност...кога знаеш дека нешто и после толку чекање, нема да излезе како што треба или како што посакуваш. Се чуствувам чудно, како што викаше еден психолог, " Некои луѓе потсвесно посакуваат пораз " , за да имаат оправдание за неуспехот...|(
    Мора да смислам нешто за враќање на оптимизмот...(fingers)
     
    На YoungandBeautiful, skorpija123, Dreamer-V и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Аliсe

    Аliсe Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2015
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    6.979
    Е значи нигогаш нема да ги разберам луѓево кои немаат пари самите да се прехранат или кирија да платат,а пушат по кутија цигари на ден и раѓаат по 4-5 деца.Убава работа се децата и се тоа,ама доколку имаш услови!!А не вака кога едвај имаш за основните потреби за живот!!Не е работата само да се родат децата,туку и добро да се одгледаат и да се изведат на прав пат!
     
    На samovila.red., eliesaab, Rama и 9 други им се допаѓа ова.