Да ти се плукнам во државата, кога човек животен сон не може да си оствари. И плукањето дури се плаќа. Еве, мене пример неостварена желба ми е да ограбам банка. Баш у оној western стил, ака Грдиот и Лошиот, кога влагаат со сиви намрштени фаци и дигаат се` у вис. Е ајде де, ама безбедносни камери насекаде, механизми за контрола, ти реков ми рече. Тешки времиња дојдоа децо... А и моиве се криви од една страна што на времето партиски не издејстуваа некоја асална работичка, наместо да седат со Крсто на чело. Е, ама и од Крсто нема многу аир. И до него те чекаат 9-те алегориски Дантеви кругови. Ако имаш среќа да не заглавиш во некој од нив супер, во спротивно црно ти се пише. Него зборот ми беше, слушам на вести луѓево идат по продужени викенди. Ако им кажеш дека немаш пари ти се чудат, мислат лажеш. Па, после те прашуваат зошто си депресивен, и коментираат во стил демек ние сме биле средната класа, просекот на државата. Скрати си ги маките бе баце, кажи сиромашни, нема љутиш. Преку тасета веќе, до кога?!
Денес ...се прашувам како е можно толку Бог да ми ги затворил очите. Изгубив верба и надеж...тоа е. Не ми биле потребни молитви и плачење,храброст е тоа што ми било потребно,па макар и да одам со глава во ѕид. Паднав повторно,не сум ни на колена, немам веќе сила ни да лазам. Уништена сум...
Жени како жени, знаеме да си се разбереме кога се бои во прашање, зашто имаме милион нијанси во палетите. А мажи како мажи, разликуваат само бои, ама не и нијанси. Каква ментол, циклама и трула вишна - зелено си е зелено, розево си е розево, црвено си е црвено. Само има посветло и потемно. Е баш вака Кога се спремав за свадба, му кажувам по телефон дека сум одбрала шеќер боја фустан, а тој: Леле, со бел фустан ќе одиш на свадба?! - Не е бел бе, розев е. А тој: Па кај има розев шеќер? Затоа останав фрапирана кога пред некој ден ми рече „мастило боја“ Како на дете кога ќе каже нешто што не треба, му викам: Кај си го научил ти тоа?! Ама добро е, запамтил нешто. Сега уште да почне да ја разликува од тегет
Mnogu kuchki musli jadat stvari se desavat pesnava poznata vi e? ahahahhaha kolku ama bas kolku i da sum tazna i za nikade na vakov ili onakov nacin odlicna pesna za nekoj so saka da blee da slusa bezvezen tekst a i facata mu e pusti me da vrisnem hahahahahhahaha
Утринското кафе не беше лошо,сама си го пиев и си уживав во тишината... Потоа си го фатив патчето под мене и си отидов на корекција на ноктите на депилација таму со жеништата уста не затворивме нормално се опуштив,почнав и со подготовките за моето подалечно патување ја кренав пола аптека и уште малку спремна сум фала му на бога се спремам без срес и притисок... Едно време гледам на фб порака од бившиот ми мил(претпоследниот да се разбериме),што сака овај си велам самата со умот сега,отварам читам демек не сум планирала изгледа оваја година да одам на море или многу таинствена сум била па не сум прикажана ништо господе боже кој имбецил... Абе како прво што стојко тебе те боли дали јас ќе одам на море или не како второ имаш женска година и пол таму незнам колку и што ти е гајле за мене, како трето не сме сите како тебе до Охрид да одиме,па да мораме да се чекираме и по 15 16 слики да извадиме оќи? Што замараш бе тупаку,добро е што на 33 години прв пат виде море, седиси таму кај што се наоѓаш со Клеопатра твоја со алармантно жолтите заби и уживај оќи,ај чао...Во добри односи си останавме со чоекот незнам како ама си останавме пријателчиња и му посакувам среќа навистина само незнам што се отупи толку човекот откако е во врска и се испосељачи не ми е јасно али ок,сепак некои пораки заслужват само seen... Лер сум во мозокот моментално девојчиња само си правам планови,знам дека господ ми се смеј ама одамна вака позитивна не сум била за мојата иднина можеби и никогаш...Како и да е едвај чекам да почнам нови спомени да правам какви и да се
Ти благодарам мила, една голема прегратка и до тебе. Биди силна ♥ Почнав повторно да е насмевнувам како порано кога бев позитивно и решително девојче, иако секој ден поминував низ пекол. Трагам по тоа големо срце и душа која сечија болка ја преживуваше како своја, и сепак успеваше да биде најголема поддршка за блиските. Огромни соништа, фантазија која работи како брзината со која патува светлината. Ех, мило мое што ти се случи м? Од најголем борец стана девојка со разнишана самодоверба, без волја и со заборавени илузии и желби. Ама пополека отфрлам се она што ме загушуваше и почнувам отпочеток да се пронаоѓам. Си ја слушам музиката која долго ја имав заборавено, а како ми ги лечеше сите проблеми. Си ги потсредив идеите и желбите, се сетив на секоја мала работа која ми измамуваше насмевка. Чекор по чекор ќе си ги остварувам сите работи на листата кои м прават среќна. Уште кога се вратив започнав секојдневно да танцувам на омилените звуци од раните тинејџерски денови. И танцувам неуморно, секоја капка пот ми дава уште поголем поттик и моќ. Чуствувам неизмерна моќ додека го правам секое движење и позитивна струја ми го обвива цело тело. Ми го исполнува срцето, чувствувам недовршена празнина оној момент кога престанувам. Би танцувала бесконечно..
Се ќе сфатам ама тие што пишувате и се јавувате само ко ќе ви треба нешто...е тие не можам да ве сфатам. Добро бе, како не ви е срам еј. Никогаш не прашувате како си, што си, туку одеднаш си барате услуга? На улица не се познаваме, по кафичи не се познаваме, на факултет не се познаваме ама затоа пак на фб убаво си се знаеме кога ти треба услуга. А во ист кош би ги ставила и тие што само за себе си гледаат, кога им треба муабет, кога им е досадно, кога нема што да прават, кога имаат проблем ти пишуваат...а кога си имаат занимација, кога тебе ти треба муабет, кога имаш мака, кога тебе ти е досадно тогаш извини не се уклучуваат никаде ни по вибери, скајпови, фб и исклучени им се телефоните. И после ако им преречиш зошто така се понашаат, зошто никогаш не се тука кога ти требаат.....да си знајш уште ти крива ќе излезиш на крај. БРАВОООО, АЛАЛ ВЕРААААА.....
Моментот кога ќе заминеш на гости и кога домаќинот на куќата те деградира и те потценува велејќи ти не си доволно способна за твојата професија затоа што го немаш чаршиски факултет и му упатуваш поглед од типот озбилно ти ова го мислиш. Би било убаво некој да ми појасни каков е тој чаршиски факутет и што тоа значи дали тоа значи дека скитањето по улици , пијанчење, ебење на секој чекор, дрогирање, коцкање, проституирање , крадење и не знам ти што само што не сум го направила и фала Богу не сум западнала во некој таков свет одблиску да те навлечат не значи дека ѓубриња од човек не знам да проценам и да откријам. Во мојот неколку годишен свет посебно последниве 10 години уназад какви се луѓе не сум запознала, како ли се ги немам научено нивните карактери, нивните доблести и недостатоци, ги знам сите нивните животни судбини и знам цаки на кои комотно можам да извлечам информации и знам како некои луѓе можат да ти заријат нож во грб и да те наместат па дури Бог да чува би иделе до крајност да лишат од живот из чиста љубомора и завист или оти се умоболни (си имаат проблем со самите себе па мораат да го ликвидираат другиот за да би биле подобри) и да некогаш кога сум била помлада некои 17 години сум го гледала светот низ розеви очила но за многу брзо време животот си го направи своето и сега сум оптимист со искуство-реалист колку и да боли реалноста и да е сурова во секој случај помила ми е. Зборот ми е не мора да ги направиш некои работи за да имаш чаршиски факултет колку што можеш со мозокот да ги анализираш луѓето и нивните постапки и да искуството е она што ти е најпотребно за да бидеш добар во одредена професија како и карактерни особини во зависност од типот на професија што ја работиш за уметност ти треба талент, за професор , наставник, воспитувач ти треба љубов кон деца и трпеливост итн. да не дрндам многу
Сакам да кажам дека семафориве толку се некоординирани и толку долго траат кога ќе се запали црвено светло (еве конкретно за пешаци, бидејќи јас не возам), што луѓе летно време ќе колабираат, зимно време ќе замрзнат стоејќи во едно место, некој ќе попушти нервно, некој „похрабар“ ќе се осуди да претрча на црвено, па може да го снајде трагедија итн... Стојам на семафор и стои, меѓу другите луѓе и млад брачен пар со дете кој водеше нормален разговор. Арно ама семафоров толку долго траеше што луѓево успеаја да се искараат додека чекавме да се запали зелено. Мислам, да потраеше уште малку, може и ќе се разведеа... Коце, злато, аман, те молам направи нешто по овој повод.
Ме изнасмеја, читајки го ова ми дојде на памет една статија што ја читав неодамна. Дека ние жените имам безброј кутии во главата и секоја кутија е за едно нешто посебно, по цел ден затвори една отвори друга, и главата ни пука, па ќе ни пука А мажите имаат само една кутија во главата и во таа кутија стои се, дури ќе рѓоса од неотварање . Мажите не не сваќаат нас жените ни се чудат како тоа со се се замараме и коментираме, дур и ситниците, кои кога ќе го прашаш тој дури ни го видел тоа нешто ни го чул и онака одговара "what" Абе врти сучи , посебен свет сме нема да можеме никогаш да се разбереме едни со други, па затоа секогаш има кавги ..непотребни. И друга ситуација другариве од маж ми никогаш неможат да сватат зошто тие си живејат еден со друг а ние жените не. Као секој пат кога седеме се превратуваме со очи една кон друга , и сега јас му викам вие кога седнете разговарате за фудбал, жени, општи глупости и случки. А ние жените веке знаеш кои муабети си ги водиме сакале или не една одма почнува па друга па трета... ти сакала не ке си кутеш, слушаш , плус и ние, жените ваши секоја си има круг на друштво, зошто не не сватите дека еве можеби не се согласуваме баш, не значи дека сме осудени нив да ги имаме како другарки..но бар едно почитување на маса една кон друга не е на одмет ..забегав со муабетиве, само сакав плус да споделам факти т.е да се надополниме де..околу мажите ахх мажи мажи..
@Marossa Мене ми се допаѓаат оние модерно брадестите мажи и со мала пунџичка,оние од најнов калап шо се да се разбереме ова чисто се јавив да кажам онака само Денес ми беше на гости брачед ми кој едвај има 18 год,и отворено си кажа ќе се запишел на факултет само и само да замине во Америка,и да се снајде понатаму да остани како знае и умее,е рака му пуштам за ова,малку ме подзамисли со неговата решителност,ама и ми ја наполни душава со емоции,за момент се присетив на моето планирање да одам во Швајцарија пред неколку години да работам,ама не,не заминав оти тука сум гледана под стаклено звоно,и се исплашив од неуспех,од недоволно амбиции во себе,сакам да ви кажам дека ве поддржувам сите кои сте самостојни од мали нозе и се гордеам со вас,и ви завидувам на храброста,иако не ве познавам...само напред....и можеби ќе звучам исфрустрирано ама кога ќе имам дете еден ден тоа ќе биде се она што не успеав да бидам јас,преку него ќе ги остварам моите соништа,тоа нека биде среќно..може овие муабети не се за 26 годишна девојка,не е касно да се изборам за добра егзистенција и професија,ама има нешто што ме кочи,што не ме пушта напред,тоа е неодлучноста,страв од непознатото,некој си патриотизам скриен во мене и ред други кочници,а патриотизмот и љубовта кон мојава земја или семејство нема да ме нахрани утре ако дојдам до питачки стап,нема да ми помогне во лечење на моите болни деца,нема да ми го подобри животниот стандард,а некаде зад граница добро знаеме како е,и не за џабе цела младина се бори да замине што подалеку....вас со среќа да ви е кај и да сте,а јас ќе ви наздравам од Македонија,жива да ни е ,каква таква наша си е,не не присилува да сме тука ова е мојот избор за жал !!!!!
Колку повеќе даваш позитивност толку повеќе ти се враќа. Ти се полни душата. Се трудам, се трудам и се давам од себеси, без разлика што сум 24 и некои животни прашања не ми се решени...... Најглавните. Прифаќам. Верувам дека Господ знае што прави со мене и знае кога ТОЧНО треба некои работи да се случат. Кажав-ништо не контролирам. Everything is in God's hands. Можеби ми го прати човекот што ми треба, и пак поради својата несигурност утнав. Но, се покајав.Кога и да му треба нешто тука сум и ако се покае и тој - тука сум.Нема повеќе изговори. Верувам дека ме разбира и ме сфаќа. Nighty night, girls.
@Rama Да ти кажам откако се дојдени странциве се некако почесто гледајќи ги се подзамислувам колку подобар живот живеат од нас , колку подобро изгледаат интересна се носат ЕДНОСТАВНО ИЗГЛЕДААТ КУЛ интересно зборуваат мн. делат од нас си имаат свои навики , ситее имаат џипови и знаат да возат имаат возачка дозвола имаат култура мн се разликуваат од нас .посакувам и јас да се најдам на нивно место некогаш . Некои навистина мн се променуваат на подобро. Иако и јас тешко би се одлучила да заминам од МК.
Да, затоа што живеат во држави со висок стандард. Каде парата е на прво место. Каде се работи и само се работи за да се добие се' тоа што го гледаш. Каде голем дел од закони и правила мора да се почитуваат, во спротивно казните се редовни, парични пред се'. Каде децата од малечки се третираат како луѓе, се учат на основна култура и не се хендикепираат за да станат свои луѓе. Каде возрасните ја почитуваат туѓата индивидуалност и слобода. Каде има толку многу предности, а има и пропусти, не е совршено ама има системи кои функционираат секако со добра финансиска основа. Тука има услови за да станеме слични на некои од нив, ама пуста пасивност, закоравена удобност во сопствениот хаос, непочитување на закони и сл. Немање доволно финансии и немање основна култура не дозволуваат да сме исполнети на секој начин. А можеме, само треба да сме свесни и активни.
Уште само неколку дена до одмор.. едвај чекам ако верувате да се релаксирам од се, да уживам, да се опуштам од секојдневните проблеми, да го гушнам.. да бидам среќна едноставно кажано Ми треба тоа и то како..
Колку си само во право! Почнувајки од парична надомест, се зема пари за буквално се што ве следува, покрај основната вискобуџетна плата. На пример лекарските услуги се бесплатни, лековите што ги земаш на крајот од секоја година ти надоместуваат бар 50% ти вракаат од парите, земаш 13та плата, вракаат и одредена сума од кирија, на пример ако те отпуштат од работа задолжително цела година земаш по 1000 евра од државата, можеш да се пријавеш и за храна да ти даваат ако не земаш одредена сума на пари за опстанок, оние што работат по 6 месеци во годината 6 седат дома и повторно земаат пола од плата што ја земале оние 6 месеци кога работеле. Те следат и доволна сума на пари како отказна плата...можеш да кипеш стан или куќа на кредит и да отплаќаш со сума на пари како за ќирија, исто и за автомобил..итн итн..има многу финти и помош. Притоа живееш еден пристоен живот без оговарања трачарења загледувања од страна, живееш каде секого на улица ке те поздрави, и каде секој си ја гледа својата работа. Живееш во пејсажи и панорами, овде македонијава со исклучок на некој места не викам дека нема но повекето ја опкружуваат депонии и рушевини, расштраканост и ред други работи.
Кога гледам вака слики по фб од фризерските салони, како ме фаќа мерак да одам уште утре и да си направам некоја промена на косата. И ќе одам!
Не знам зошто, но чувствувам некоја возбуда. Можеби затоа што конечно решив да му свртам грб на минатото, на сите случувања кои психички ме разнишаа. Знам, имам уште нерешени проблеми, разговори кои ме чекат за конечно да чувствувам спокојство, но позитивата во целата ситуација е што чувствувам некои пеперутки во стомак. Не се за маж, баш напротив - сакам да побегнам од еден. Не можам да опишам, измешано чувство од страв и возбуда. Што и да е, за арно нека е. Имајте убава вечер дами и господа
Да се пофалам? Идам за убаво Кај сите дај Боже да дојде ова и да почувствувате како е да имате чиста и најубава љубов и какво е чувството кога ќе ве побараат за ЖЕНА So, I said YES!