A бе, жена му на Авраам, ќерка му на Исус, тука, блиску бил. Начитан е дечкото, друго све се нијанси.
Само што добив среќна вест, еве рацеве од возбуда и еуфорија ми се тресат. Луѓе, денес станав тетка! Внучке мила, да си ми жива и здрава, да израснеш во воспитана, паметна девојка, да ги направиш своите родители горди на тебе. Едвај чекам да ја видам!
Изгледа каде си и околу кого си, таква е перцепцијата и можеш да бидеш било кој и од било каде. Во колоритен свет, со колоритни луѓе... на врвот од светот. Друг човек во секоја смисла си, сам со себе си си убав. Последниве два дена ме прашуваат - Едниот родител ти е од Азија? Од каде си, од Италија? Од Русија си? Заради акцентот?, ги прашувам. - Не, заради формата на лицето! Дали си од Ерменија? Сакав да речам - да, со Кардашијан сум прва братучетка!!! Та дури и дали сум циганче... Другарка ми (патем со способност да мрда со уши, не баш како Алфа-алфа, ама ги мрда) ме погледна со пакосна фаца и си помрдка со ушињата. Ќе ја утепав! Што било фино да си смеѓуша, се можеш да бидеш. Јас бре Античка Македонка!!! Како не ми текна, мртва ладна и арогантна - не, јас сум надчовек, јас сум АНТИЧКА МАКЕДОНКА!!! И да одјахам во пичке материне.
Понекогаш ми фалат оние денови каде што единствена одлука и единствено нешто за што ме болеше главчето беше она што да и облечам на барбиката или која барбика да ми ја купат дали онаа со плава коса или црна.
Цел живот на некого се правдам и преку глава ми е. Пред некој ден сретнав другарка што ја немам видено одамна. Двете сме со родители израснати во истото село, иста возраст, само што низ животот мене ми беше полесно, признавам. Имам огромна среќа што се паднав во моето семејство, и не зборувам за финанскиска состојба, туку за начинот на кој бев воспитана, вниманието кое го добивав од нив, се што ме научија додека додека растев. На моите родители сум им бескрајно благодарна, и најголем комплимент во животот ми е кога некој ќе ми рече дека личам на нив. Кај мене дома нема предрасуди кон никого, моите ме научија дека сите луѓе не се исти, ама тоа не значи дека не вредат исто и не се важни. Верски, национални или било какви навреди нема никакви шанси да се слушнат, па кога сум опкружена со луѓе на кои такви работи им се секојдневие, за мене е шок. Никогаш не ми се случило да ми забранат нешто без апсолутно никаква причина, а додека растев мислев дека ги имам најстрогите родители. И ете, седиме и зборуваме за животот, девојкава почнува да ми прави грижа на совест дека јас сум добивала се што сакам, таа морала да работи понапорно за се, нејзините се уште не и го прифаќале дечко и итн итн итн. Јас бидејќи сум фина и викам да, страшно тоа што ти се случува, еве јас имам среќа. А луда среќа имам, да се борам со неизлечива болест на 22 години, што да ви кажувам. Лесно сум добила работа, а секој ден работам и се трудам дупло повеќе од сите што ги знам за да го оправдам тоа. И не ни знам дали тоа ми е животниот сон, ама знам дека сум среќна. Многу ми било лесно да паузирам со факултет, да да, прелесно кога лежиш во болница и не знаеш дали си ослепел засекогаш. Мислам, просто не знаев што да правам со целата таа среќа. Нормално девојката не знае ништо од овие работи и мисли дека седам по цели денови и не правам ништо, затоа што освен што пишувам тука, ретко зборувам во вистински живот на темата. Еве деновиве ме убива од болка едното око и сум преплашена, дури и страв ми е да отидам на лекар затоа што не ми се поминува низ истиот пекол пак. Секое трнење на нозе ми го уништува денот, обични секојдневни работи можат да ми напрваат толкава паника и нервоза, добивам панични напади скоро секој ден. И полесно ми е да пишувам, ама кога ќе седнам со некој на кафе сакам да се фокусирам на убави работи. Сакам да бидам опкружена со позитивна енергија. Значи не, ако некој изгледа како да има се, најверојатно нема. Сосема е можно ти да имаш повеќе од таа личност, само да не цениш. А сечии проблеми се важни.
Сакам да кажам .. немој да испаднеш на крај другарка која нема да ја погледнам.Ќе бидам мирна и нема да реагирам со ништо сега за сега.
Значи колку прост народ сме абе ни нема рамен. Зар е можно толку простотилук да биде собрано на едно место? Колку треба да се заостанат, колку треба да си назад со времето за на жена, која во секој момент треба да се породи, да и речеш: Ај па третото ќе биде машко Со кое право така коментираш бе? Женските не се деца? Нема да се радуваат на женско? Мора во секое семејство да има машко? Еј, заостанати бре... Вујко ми уште помлад ко беше, уште не беше женет, викаше дека сака да има две ќерки. Не знам зошто огромна желба му беше. Дури и имиња си имаше смислено, Мила и Теона. И сега ете му се исполи желбата, Мила има 4 години а Теона е на пат, и за недела дена треба да дојде на овој свет. Пресреќни се, едвај го чекаат бебенцето да се роди, да си го земат во раце. Алишта, креветче, играчиња...се имаат подготвено и баш тогаш некој идиот ќе се појави со такви коментари Зошто постојат луѓе да нервираат некого? Зошто се прават паметни, а всушност се премногу прости? И убаво вујна ми им рече: Вие ако сакате раѓајте и трето и петто машко, ние сакавме две девојчиња и ете Господ ни ја исполни желбата. Фала што дојдовте да ме видите ми направивте чест, а ако сакате да ми солите памет и да ми кажувате бабини деветини тогаш ја знаете вратата каде е. И луѓето занемеа...па занемете пи*ка ви матер ко се мешате во се. Секој ден се повеќе и повеќе се разочарувам од луѓето. Посебно македонскиот народ, ѓубриња невидени сме. Уште некои се заостанати кога сме биле под турско ропство. Останати се со времето 500 години назад, и за жал на такви им нема спас.
Денес го облеков ветрот.Мојот најдобар љубовник.Го обмотав околу мене како пончо неколку пати.Ме стегна со своите провидни прсти,ми ја погали косава,се кладам дека и бакнеж добив во вратот.Таман помислив колку е тоа чудно, кога ме потфати дождец ситен и лесен,ми направи проблем со косата. И си реков ,воозбили се жено!Навлечи нешто конкретно на пример лесно фустанче.И така облечена ги оставив љубовниците ветар и дожд,и заглавив со пајажина.Ама таа е женски род.А јас модерна жена.И нурнав во валканата кујна од подготовка на ручек.Ама ветрот не ме остава,се уште ми тропа на прозорецот.Го обожувам.
Денес бев вредна, си пуштив музика и се занимавав низ дворот со цвеќињата, не дека сум љубител на истите ама добро ми дојде да ја убијам досадата и црните мисли кои ме следат веќе подолг период. Откако завршив влегов во бањата и наместо вода од чешмата добив ладна вода од тушот почнав да вриштам по брат ми, знам дека е тој бидејќи секогаш заборава да ја сврти чешмата.. Излегувам накисната и го гледам заоѓа од смеење ме немал одамна видено насмеана па ова било единственото нешто што му текнало. Е браво баш убаво ти текнало . И уште една добра вест што ме израдува денес, добра другарка се породи, на свет донесе здраво девојченце, едвај чекам да одам да ги изгушкам двете . Седната во двор со ладно кафенце и музика, ако некој е за, изволте и така ми треба друштво.
Зарем мора да има толку завидни луѓе на светов? Гледајте си за себе, оставете ги другите да живеат како сакаат.
Од време на време искрено си се изненадувам самата ,себеси. Позитивно, за разлика. Најдов една тетратка преѓе, од кога одев на психолог. Ме тераше психологот да напишам број со кој ќе оценам колку добро или лошо се чувствувам тој ден. 1 најлошо, 10 најдобро. И ми текна на еден ден кога буквално мислев дека е крајот. Значи многу, најмногу лошо ми беше. Имав цел ден напад на паника, срцето ми чукаше 200, цела се тресев неконтролирано... А мислите пак, најлоши! Најцрни. И заминав на психолог, не ни памтам како стигнав. Само влегов внатре и почнав во секундата да плачам хистерично, уште здраво немав речено. И седнав таму. Ми рече психологот како и секој ден, да си ја извадам тетратката и да напишам број како се чувствувам денес. Ја отворив тетратката и напишав 2 директно, плачејќи. Психологот ми се насмеа и ми рече: и сега кога ти е најлошо не пишуваш 1. Зошто? Размислив... И одговорив оти сепак можи полошо... И тогаш се смирив. Како сама да си помогнав. Како сама да си одговорив дека можи и полошо. Секогаш можи и полошо. Ама можи и подобро. Стварно е чудесно колкава сила, колкава моќ имаме ние преку нашите мисли... И стварно понекогаш ми е чудно колку и во најлошите и најтешките времиња успевам да си речам дека сепак не е најлошо сепак не е најдолу. И искрено верувам во тоа. Затоа едно големо фала до мене. И една гушка ете
Слушнав на вести. Па и не се изненадив со оглед дека и онака беше третирана како отпадок, а не како човек. Колку вреди човечкиот живот, еве гледаме! А тоа што никој нема да сноси одговорност е друга приказна.
Имам чувство дека скоро секоја девојка е зачленета на форумов. Дури и моите другарки мислам дека се тука по некоја случајност, но се криеме една од друга. Па и кој не би го читал форумов, прекрасен е иако порано ми беше поинтересно да седам на фемина. Многу добри феминки недостасуваат, имаше што да се научи од нив. А признавам дека најинтересни ми се мајките за читање.
И јас сум запрепастена и вчудоневидена од нашата ни мила "држава" . На вести бајки слушам од типот "елиса во земјата на чудата" а реалноста е "црна хроника". Луѓе мили до кога вака??!! Како не им е срам! Се мислам онака дали имаат грев? Почит? Малку човечност? За луѓето што ги оставаат да умираат чиниш небаре подолу од незнам што се на светов немаат пари, кризни моменти и незнам што. А за споменици, врби, украсни дрнгулии имаат пари, и македонија се стрми во еу. Епа секоја почит за нив, за тие што мислат дека спомениците се поважни од народот, што ништо друго не им е важно освен стрмењето кон еу и сопствените придобивки. Не се свесни воопшто дека со нивното однесување и нивната нечовечност не се влага во еу макар и 1 милион споменици да изгради, си прават бајрам на умот свој и на народот дека ќе влезат во еу, мислат дека така се влегува и се збогатува една држава со нечовечност и цинизам со крадење и лажење. Не, не ова е дно дна! Не сакам воопшто да коментирам на оваа тема бидејки има реферати и реферати во неа, туку дај боже секој човек да си го најде чарето и сопствената егзистенција макар и на крај света, а оние олоши да си ја добијат заслужената казна, кога тогаш.
Некогаш ниту илјада зборови неможат да ја објаснат болката што ја чувствува скршено срце и уморена душа колку што тоа може да го посведочи една пролеана солза. Можеби некогаш ќе можам да простам секому и ќе заборавам но едно знам никогаш нема да си простам за глупавоста на самата себе што сум си дозволила емоциите да ме поведат, да верувам, да сакам, да се надевам, да барам зрак свелина и таму каде што ја нема, да се трудам погрешни луѓе да задржам покрај себе, да ги молам како мало дете што проси за љубов и топлина, кое со душа чека да прегрне личности кои упорно и забиваа нож во грб... Неуспехот на личен план е огромен товар кој каде и да одиш го носиш со себе. Најчесто во ноќите се леат солзи за него но не помагаат за да се промени нешто, залудно минатото не може ниту да се избрише ниту да се поправи....некој ќе рече тоа е минато заборави но тоа е каменот кој ми тежи на душата, тоа е темната дамка на срцето кое секогаш прави да се чувствувам лошо, несакано, осамено...