Ми се згади од расава наречена машки. "Еј имаш тртлесто газе"? " Маче ај пратими слика од плаже". "Маче мое кисс кисс". Ма какво маче бе,дебил еден ајде марш у пичку матер
СДК на сликава 5 минути се смеам без престан. У дескрипшн имаат пишано: "When you check to see if your girlfriend is still mad at you..."
Оф, и среќна,ама и несреќна. Е како де така ? Епа ете така.Уморна сум од многу работи.Си имам една голема мака, љубовта де,ете тоа ме мачи.Он ме мачи.Сакам да го убијам!
Шо му е финтата на луѓето ако те прашат дали имаш дечко? Ќе се заситиш со мојот приватен живот ако ти кажам дека имам, а шо ќе биди па ако ти кажам дека немам и не вервам поќе во љубов? Па ќе почниш да ми даваш совети како не било убо то. Ма марш бре. Како да вервам ко мене ништо убо еднаш во животот не ми се случи од страна љубов? Не не вервам и нема ни да вервам, оти со него се трудев и сеуште се трудам и пак останав на пола пат ни ваму ни таму, и овајпат јас поќе не се секирам нити па се нервирам. Шо сака нека е, преку ми дојде од рекла казала и некој си упм да ме праша дали имам дечко, ич да не ви е гајле!!!!!!!
Во моето срце се појавува нетрпеливост - чекам да дојде есен. Многу книги ми стојат на полиците, чекаат да почне мојот есенски маратон со читање. Со некој топол пијалок во рака, на удобен кревет додека го слушам звукот на дождот и читам некоја убава книга - тоа е мојот одговор ако некој ме праша што е есента за мене. Ми недостасува тмурното време, предизвикува спокој во мене заедно со мирисот на есенскиот дожд. Спојлер Еве ја мојата ланска есен:
Овие што ги викам другарки збореле како од продавање цветни венчиња сум се уфилмала демек парата ме зашеметила. Оф леле па утре да не речат дека купив телефон од 40.000 од заработката од венчињата. Хахахха смешки. Ги гледам нарачуваат од други страни на фб венче исти како моите као демек јас многу ќе се збогатам ако купат од кај мене. Ма ми е гајле што сака нека е. Јас ќе си уживам во ова што го работам.
Ме сретнува после 3 години, ааа и друго детенце си имала, машала. Да, велам, и покажувам еве и трето чекаме. И таа -леле па зошто?? Јас И пак- ама зошто?? Леле, те жалам! Супер, само уште тоа ми фалеше, да ме жали уште една жена која понекогаш, еднаш на 3-4 години ќе ме види случајно! А најубаво од се-ни прва ни последна со таква реакција. Леле, колку среќна жена и мајка сум, ма скоро сите, та познати та непознати ме жалат! Јесссс,колку забраа гајле за мене. Среќа што се толку емпатични луѓето. Што ќе правев без нивно сожалување незнам. Веројатно исто што и воопшто правам - уживам во мајчинството, возбудена се радувам на новото кое доаѓа и секојдневно си се потсетувам колку сум среќна и благодарна за големата благодет.
Најчесто прашање за третото дете беше ...СЛУЧАЈНО ОСТАНА БРЕМЕНА ИЛИ...?? Демек несакана бременост дали е И?? Што ако случајно сум останала трудна ? Глупи луѓе брееејјј !!! Па наредно е - за детево ќе земате пари од ,,трето дете,, ?? Како да тоа е најбитно на цел свет.. Кусо да сум и јас и мм ако сме го направиле детето за да земаме пари за него. Ми се гади од раздознали луѓе !!
А врв беше на преглед на болница, гинекологот уз муабет колку имаш родено, ова она, и вели уште работиш таму и таму, јас не, и тој ааа зато си направи 3то дете за да си земаш пари!!?? Да, да, само за тоа, исклучиво! П.С. инаку од секогаш со мм имавме договор - првото е за родителите, второто е за првото, а јас многу сакав повеќе деца, и од ко го родив второто одма посскав што поскоро за уште едно да забременам! Ко шо ме гледаат дома исполнета и среќна со децава, ми велат не не чуди и за 4то да останеш понатака.
Не го сваќам народот кога ќе те сретне на улица и почнува да те запиткува, а притоа ти "соли памет" упорно и приговара за работи кои ниту си му влегол дома во куќи ниту си му седнал на маса да го арчиш, чиниш од негови пари живееш и негова приватност рушиш та се пика кај не му е местото со глупи коментари и прашања. Малограѓанство, и осет да се немало, па со тоа фацата ко ќе ти преврте око, и цинична насмевка чиниш паметнњакович цел свет го освоил, колку ли е само паметен и интересен. Овие ваквите неможам да ги сварам .
Со 2 збора: македонска малограѓанштина!!! Баш јадрото си го опишала. Се знаат и во се се мешаат и знаат како е најдобро за тебе. Јас на запиткувања одговарам со замолчувања! Имаш еден одличен метод за рушење на малограѓанското ткиво. Доволно е во фаца да им ја пукнеш оваа мисла: "Great minds discuss ideas; average minds discuss events; small minds discuss people." by Eleanor Roosevelt
Леле кога ќе ми спомне некој ,,смешна цена'' низ муабет, одма ми иде слика како цената кажува некои фори и заедно си умираат од смеење.Боже полудувам ли на млади години. ...инаку трет ден веќе како сме посвоени од едно кученце.Велам посвоени, оти само не најде, само си дојде и само се удоми.Да биде уште посмешно изгледа мисли дека машкото куче му е мајка.Јаде само ако тој е до него, спие врз него... Златен мој уште татко не станат, мајка стана. И така...деновите многу брзо летат, а јас уште не знам што чекам.Сакам да дојде есен, да си ја износам есенската гардероба, си имам толку есенски комбинации смислено.Од друга страна па, не сакам ладен дожд и засмрдени улици на зимници. Сакам топла есен, со сонце, со позлатени лисја што ги газам додека забрзана итам накај обврските.Без мирис на чушки. Ми треба промена и тоа одма
Во оваа држава се едно исто се случува , неможам да поднесам веќе едвај чекам да си ги соберамкуферите и да си заминам од тука