Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.896
    Допаѓања:
    173.487
    Пол:
    Женски
    СДК

    Ако има некој понездрав од мене, да се пријави..
    Сега во 1 и 30 ми текна и ќе почнам да правам Киш Лорен...
     
  2. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.274
    Допаѓања:
    67.881
    Пол:
    Женски
    Ќе се угушиме во згради. Нема воздух веќе, каде и да погледне човек згради, згради и само згради. Набутани, никакви, неквалитетни, направени пред некоја година луѓето веќе се жалат дека становите им се распаѓаат. Никој нема никаква совест, само да се турат пари во џепчето, не е важно што луѓе, не дај Боже, може да настрадаат. Прават згради над вода, подрумите пливаат. Ужас. :x
     
    На blackstyle, purple..m, SV1911 и 23 други им се допаѓа ова.
  3. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.391
    Пол:
    Женски
    Уште пред некое време некој дечко ми пишуваше цело време на Фб, ми се пушташе, 300 фантазии и филмови си тераше за иднина со мене. После неколку месеци почна да ми се пушта и неговиот другар, а после некое време....шлагот.... неговиот брат (wtf) ЊТФ? Не знам дали се зезаат, дали воопшто знаат дека ми пишуваат сите, дали си играат со мене, не знам...битно ги ставив сите тројца во заеднички разговор и им пишав: Додека ми пишувате сите еден по еден, да не се малтретирате така еве овде заедно да си комуницираме...поинтересно е со повеќе одеднаш да си зборуваме, да се зезаме (y)
    Гледам сега тој другарот и вториот брат го напуштиле разговорот и ме избришале од пријатели :wasntme: А тој првиот уште стои и се бори како лав за мене. Како права лавчина. Браво дечко...ајде уште неколку предизвици и ќе влезеш во потесниот круг....:shake: И баш ме интересира што ќе продолжи да пишува сега...
    Поинтересно ќе беше да им закажев за на кафе на сите тројца во исто време на исто место...и нормално јас да не се појавев :makeup: Ама ај, паника ме фати у пичку матер....
     
    На purple..m, SV1911, Marossa и 15 други им се допаѓа ова.
  4. s1a1n1d1r1a1

    s1a1n1d1r1a1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    1.685
    Допаѓања:
    14.362
    Пол:
    Женски
    Жими се како сум моментално разочарана...Чудо.
    Ништо нема поќе во овај животот шо значи..
    Ни љубов, ни другарство, ни човечност, ни искреност.
    Како да се договорени сите наеднаш да ме разочараат!

    Да му дојди на човек да собери парталите и да исчезни.
    Уште да можев.....................
     
    На purple..m, narcis98, kala21 и 9 други им се допаѓа ова.
  5. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.537
    Допаѓања:
    55.312
    Пол:
    Женски
    Да не дојдеше другар ми од Австралија ,да ми каже колку гејови има во Битола,јас ќе си мислев дека нема ни еден,барем јас не сум знаела или сретнала никој:D плус типов за неговиот неколку дневен престој тука ,си фатил многу дечковци за веза без обавеза, се фрапирав од неговите признанија и исповеди( не дека не се сомневав цел живот дека е геј,ама ми потврди ете) секој има право на сопствен избор и определеност,ама јас од секогаш бев против ваквите егзибициони определби,ама кога ми рече другарчево дека подобро е да биде тоа што е вистински,одколку да глуми некој кој не е и да ги зема на душа девојките,е тука се подзамислив малку ,и изгледа е во право:D тие таквите од неговата бранша знаеме дека не се прифатени кај нас,и затоа колку случаеви има за маска пред народот се женат со девојка за покритие и после е многу полошо,ух не верував дека еден ден ќе сменам мислење иако со тешко срце го признавам ова:D искрено и почнав да му завидувам на другаров,абе повеќе и поубави дечковци од мене имал,не е фер па :rofl::rofl: јас во споредба со него сум во страшен дефицит :P
     
    На 2212, purple..m, sparklie и 11 други им се допаѓа ова.
  6. Ivy89

    Ivy89 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 април 2014
    Пораки:
    122
    Допаѓања:
    1.056
    Пол:
    Женски
    Сдк дека ми недостигате многууу :(
    Се вратив во 20 век без интернет -_-
     
    На samovila.red., anichka94, LittlePinky и 4 други им се допаѓа ова.
  7. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.976
    ^^
    Мене ме интересирa кaкo гејoвите се пуштaaт еден нa друг, т.е кaкo знaaт кoј е геј a кoј не. Oти нели се кријaт, не сaкaaт сите дa ги збoрaт, пa кaкo се сигурни кaде дa прoбaaт a дa не ги пoсрaмoтaт пред сите или пример ќoтек дa изедaт?
    Сo пoглед ли се рaзбирaaт, се "мирисaaт" ли?:D
     
    На mims-89, sparklie, LittlePinky и 14 други им се допаѓа ова.
  8. lovemme

    lovemme Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 октомври 2013
    Пораки:
    2.977
    Допаѓања:
    81.972
    Пол:
    Женски
    Оваа недела ми почна хорор напната ептен.
    За еден испит ќе паднев во депресија. Па може и бев два дена од кревет не бев станата.
    Таткоми повеќе е кавадарци него охрид поради работа ме викна да одам со него. Да чистам во соби. Да му помогнам во берење и редење на праски и грозје. Прифатив, мајками и дечкоми се изненадија јас куферот и ајт.
    Стигнавме баба и дедо со неверување ме гледаа. Што вика бато леле баба колку часа ти ги држеше рацете, па неможеше ништо да направиш ни коса да фатиш.
    Година и 8 месеци не бев појдена.
    Со братми ја шетавме цела кука. Ми ги покажуваа новите соби. Гледаш огромна кука едната нова до неа лепенка стара. Ти се враќа филмот. Како мала кога се лулаше на портата влезна.се сеќаваш што имаше порано на местото каде е новата кука. Низ собите што имаше како имаше. Низ двор гледаш трактор, приколица, гајби. Баш она селско место.
    Утредента стануваш во 6 и нема тегнење по кревет. Умот на пасење. Го будам бато и почнуваме генералка. Дедо работи по двор помисли тој не разбудил.
    За 10 мин почнавме со работа. Чисти, чисти. За тоа време ти се вракаат спомени секоја соба има некој спомен.си ветив додека не светнам се нема јадење. А дедо трча по мене ајде да јадиш, одмори чедо, написе сок. Испи две голтки ете го дедо одма ти става. Ми годеше ептен ми годеше.баба пржи компири а дедо печи пченка. И само околу мене.
    Ме фати мисла да одам на нива.Јас возам трактор бато до мене. И само спомени во глава секое лето од 5 год до 18 бев на нива. Па дури и патот и секоја уличка си има спомени. Гледам ништо не е исто како порано имавме пиперки и патлиџани, пченка, жито, дињи, лубеници. Сега имаме само праски и гројзе. Појдов да им помогнам на аргатките во редење на грозје а тие па немој газдарице остави. Ма како оставање, сакав барем една да наредам. Го гледам мојот идол таткоми и викам газда што си направил. Работа за цел живот ниви до недоглед.
    После 3 часа се вракаме дома. Тато пишува патен налог. Не не доагам јас за охрид, уште сакам да седам. Останав со баба и дедо. Се осеќав како да имам 15 год. Се за јадење околу мене. Дедо ептен ме размази.
    Порано едвај чекав да си одам а сега не сакав. Нема wifi. Ни мобилен интернет не фака, тек тук фака мрежа. Барем за момент ресетираш живот. Легнуваш, стануваш иако си спана само 4 часа се чувствуваш полна со енергија. Ете го тато ненаспан го гледаш вози на трактор пак оди на нива.
    Колку ли работи за нас. Седнав направив ручек. И ајде нова тура грозје и назат за охрид.
    Добро беше што си сменав малку начин на живот барем на три дена. Исполнета, среќна.
     
    На blackstyle, SV1911, mims-89 и 19 други им се допаѓа ова.
  9. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.271
    Допаѓања:
    57.130
    Пол:
    Женски
    Гејдар :D
     
    На Marossa, Bridget и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.
  10. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.278
    При првата прилика би ја напуштила оваа мала клета диктаторска земјичка,
    каде сукцесивниот режим почна да го собира данокот во жртви.
    Чинам, дефицитот на кислород најмногу се должи на злата енергија
    што се експанзира во просторот.

    Јас би за Финска, Австралија, Канада, уџум некаде, преку седум планини и мориња,
    само да најдам простор каде нема да мора да ги рафинирам чувствата, и редам
    како празни страници на полицата чиј крај од ден на ден е се` поблизу.

    Сакам шадрван од злато да ми се протегнува низ прстите.
    Сакам колективна свест, златно доба, хуманост, не регрес.

    Непоправлив идеалист сум, тоа ич не ми чини...
     
    На Candid, tessie, 1209 и 26 други им се допаѓа ова.
  11. Kukla994

    Kukla994 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    4.682
    Допаѓања:
    46.946
    KANADA BABYYYY!!!! JEEEAAH!! :rock:
     
    На viktorxD, eliesaab, joy1 и 3 други им се допаѓа ова.
  12. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.166
    Допаѓања:
    221.861
    Пол:
    Женски
    Велат дека малите нешта го прават животот поубав и тоа е точно. Нашето секојдневие не би било ништо значајно без прекрасните блескави моменти на малите задоволства. Утринското кафе, лисјата и боите во есен, држењето за дланка, погледот во очи, насмевката при разговор, мирисот на чајот после напорниот ден одделеното сопствено пријатно попладне..сето тоа се моменти кои не прават среќни, задоволни и исполнети.
    Мислам дека повеќето луѓе зависат од другите и од материјалните нешта, но мислам всушност дека среќата е во нашата моментална состојба.
    Пријатен и исполнет ден!
     
    На purple..m, eliesaab, QweenSM и 16 други им се допаѓа ова.
  13. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.537
    Допаѓања:
    55.312
    Пол:
    Женски
    Од секогаш се воодушевував кога гледав како грди мали пајчиња се претвораат во убави бели лебеди,било тоа на филмско платно,било во животот:)
     
    На 2212, purple..m, SV1911 и 27 други им се допаѓа ова.
  14. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    13.217
    Пол:
    Женски
    Овие последни денови од август ги живеам како последни денови Крушевска Република. Уживам и и се радовувам на слободата, но се подготвувам и за предизвиците, препреките, проблемите -аскерот на модерното време.
    После вчерашното истражување на Македонија, мозокот ми е измешан како smoothie. Македонија ни е убава, прекрасна, ама патиштата...Козјак преку Јасен. Рибариве кои одат таму секој викенд, најверојатно ловат златни рипки. Не знам друг мотив за возење по тој пат. Не зборувам за кривини, зборувам за огромни одрони на карпи и човечка негрижа.
     
    На Mama25, Hipster, mims-89 и 15 други им се допаѓа ова.
  15. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    6.303
    Допаѓања:
    92.094
    Пол:
    Женски
    Свадба во комшиии ах ... сакам и јас :inlove:
    Велам дека несакам свадба но штом ќе слушнам музика,коли кои свират и одат по невестата,сакам и јас да го доживеам тоа :$
     
    На purple..m, mal.ecka, Lella и 20 други им се допаѓа ова.
  16. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.527
    Допаѓања:
    92.232
    Пол:
    Женски
    Ние ептен во комшиии сме :D
     
    На samovila.red., GirlLove, eliesaab и 3 други им се допаѓа ова.
  17. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    8.906
    Најлоши ми се оние животни ситуации кога зависиш од среќа,од универзумот,од склопување на коцките. Не можеш ништо да направиш за нештото да излезе во твоја корист освен да чекаш и да се надеваш. Посакајте ми среќа да се реши ситуацијава поволно. Затоа што ми е навистина важно и ми треба. :)

    Инаку,деновиве прв пат осетив како е блиска личност да те лаже и да знаеш за тоа,ама пак поради глупавиот сплет на околности мораш да премолчиш. Знам дека не беше ништо со лоша намера,ама неискреност,сплеткарење и замачкување на направеното многу ме нервира. Па уште и префрлање на сопствената вина на друг.
    Ама така се расте. Многу научив за луѓето и уште учам. Само не сакам да ми се затвори срцето од се што гледам околу мене.

    Со него,со него сум на облаче моментално. Само чекам реалноста да ме ѕвекне на земја. Убаво ми е со него за сега и од една страна врската наша ми е излез од мојата комфорна зона. Ама мислам дека замижувам на потенцијално лоши карактеристики што ги наѕирам,а сеуште не се пројавиле. Интуицијата никогаш не ме излажала. А,секогаш во однос на него ја занемарувам.
    Како и да е една поговорка вели дека на бродовите најбезбедно им е на брегот,ама не се создадени за да бидат постојано таму.

    Постов е целиот измешан,со различни сегменти од животов што ме мачат. Само да сме здрави и живи за се друго ќе се избориме. :)
     
    На purple..m, 1209, Marossa и 18 други им се допаѓа ова.
  18. Luciano

    Luciano Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2012
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    223
    Ви посакувам убав ден феминки. Сакав само да ве поздравам. :sun:

    Инаку знае ли некој кога е репризата на последната епизода од Милост од синоќе? Знам дека има сабота и недела репризи ама незнам кога е последната. Ако знае некој да ми каже (facepalm)(waiting)8-|
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Sanjichka007

    Sanjichka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2012
    Пораки:
    1.544
    Допаѓања:
    11.928
    Пол:
    Женски
    Никогаш не сакам да станам жена на која целиот свет и се врти околу мажот и децата.
    Никогаш не сакам да станам жена која знае само за домаќински работи да разговара. |-)
     
    На purple..m, SV1911, 1209 и 15 други им се допаѓа ова.
  20. PiaMia

    PiaMia Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2015
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    626
    Пол:
    Женски
    Она кога дома се прави скара и мирисот на скара, салата, компири се шири низ цела куќа... бесценето. :inlove:
     
    На Rama, Ketchup, cresa-jagoda и 5 други им се допаѓа ова.