Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    15.512
    Пол:
    Женски
    Убав ден вчера, луѓенца. Чувството кога цел ден во природа ти помине ко за миг, мигче дур се свртиш озарен од убавината и оп - фаќа свежина, се стемнува.

    Плус убавината на природата, прошетките, мирот, храната, сонце, и секако - добри луѓе. ^_^ Ги немав видено родниниве можеби година дена па и повеќе. А баш се фини. Позитивен чичко, секогаш спремен за авантури, непоколеблив оптимист. Нешто порезигнирана тетка, но со добри манири и душа, дама во вистинска смисла на зборот. Луѓево уште од најмала возраст ми го топлеле срцето, без разлика на далечината во смисла на километри и реткото гледање. Прошетани, смирени, весели, културни. Годат, и тоа многу.

    Денот го започнавме со кафенце на тераса кај нас, ме затекоа по бањарка, излегував од туширање.:coffee: Па појадок во природа, конечно ми се исполни желбата на пробам манастирска манџа, да го осетам оној спокој и убавите фрески во самата трпезарија. Па прошетка низ остатокот од селото, снимање клипчиња, ручече, дружба со селските кутриња... Фин муабет. Прошетка низ пештери... Вдахновеност и замор истовремено, убавина за душа и рај за очи. :sun:

    Сакам убави луѓе. Ми дејствуваат така позитивно, полна сум со елан за нов почеток. Или продолжување на приказната која никогаш и не завршила. ;)
     
    На Jenniffer, Rama, Waka-waka и 8 други им се допаѓа ова.
  2. mynameislove

    mynameislove Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2013
    Пораки:
    1.481
    Допаѓања:
    12.626
    Убаво е да се чувствуваш добро во своја кожа.
    Целулит,стрии на кого му е тоа воопшто важно ако те сака.
    Ама жени,се преоптеретуваме со се во врска со изгледот.
    Само не ми е јасно дали тоа го правиме за нашите мажи или пак што ќе прокоментираат другите жени.
    Нека коментираат што сакаат,тие и онака ќе најдат нешто за коментирање.
    Важно е ние да се чувствуваме убаво.Да се буди сексипилот и кога сме толку "несовршени"
    Е на таквите жени не знам кој би одолеал.
     
    На Salome, samovila.red., crazylady и 12 други им се допаѓа ова.
  3. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.391
    Пол:
    Женски
    Оној што коментира (ако не се лажам мислам дека е Калински), атлетика на МТВ дефинитивно е најјак човек :lol: Двајца коментираат ама тој едниот е баш посебен, со посебна дарба за коментирање...за секое деталче тој знае баш јак коментар да даде.
    Пред некој ден скокаа со стап жени и тој коментира: Гледате како со градите и со мешето ја погли гредичката и ја замоли да не падне...гредичката како да ја послуша нејзината желба и не падна, остана високо горе, недопрена :rofl:
    А сега трчаа на 4x100 со штафета и пискаа од публика многу, нешто на кинески извикуваа и тој пак искоментира: Се надевам наскоро ќе престанат овие МОРНИЧАВИ звуци од публикта....:rofl:
    Ќути и ние имаме кометатор со смисла за хумор...

    Инаку кога сме кај Кина... додека кај нас даваат пари ако родиш 3то или 4то дете, во Кина плаќаат казна ако имаш повеќе од едно дете :clap:

    [​IMG]
     
    На samovila.red., Jordanovska-K, Bender Rodriguez и 5 други им се допаѓа ова.
  4. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.076
    СДК ... се почесто чувствувам потреба за промени. Промена на луѓе, промена на средина, промена на локација, промена на рутина. Ми требаат предизвици. А викаат дека сега би требало да сум по стабилна, да се навикнувам на една константа.
    А што кога не можам? Баш сега ми требаат различни варијанти ... ми требаат промени! :doh: :wasntme:
     
    На Trnche, Salome, Candid и 20 други им се допаѓа ова.
  5. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.856
    Допаѓања:
    142.516
    Живееме живот според желбите и барањата на другите. За да ги почитуваме општествените норми и правила, за да задоволиме идеи и надежи на родеителите, за да не и ја полниме устата на комшиката, за да добиеме пофалба или признание од луѓе кои не ги познаваме. Среќата им ја даваме ним, а ние сме најнесреќните суштества.

    Требало да одиш на школо, требало да ги имаш сите петки, ако не, ќе те караат. Дома и ќотекот ќе го изедеш, ако не е како што замислилле тие. Ти си роден креативец, сакаш да пееш, да црташ, или роден спортист, и сакаш по два пати на ден да одиш на тренинг, живееш за моментот кога ќе дадеш гол или кош или деветка, ама не... Мајка ти ќе се срами ако имаш двојка хемија, ќе те натепа, ке ти забрани нешто, ќе те казни со тоа што нема да ти даде да одиш на курс по англиски или француски иако веќе зборуваш и во памет на странски јазик, само заради тоа што замислила дека нејзиното дете ќе е најдобро на школо.

    И затоа сфаќаш, со малата глава на тинејџер, дека ако правиш она што го сака, ако добро црташ, добро играш фудбал или сакаш да си полиглот, не чини. За тоа се јаде чотек, а се е супер каде секаде учиш 3 лекции и добиваш петка. И по хемија. И така, газот не ти е модар, душата ти плаче, ама така требало. Оти на Перса ќерка и кога може да е со сите петки, што ти фали тебе да не бидеш. И плус, мајка ти не знае, а можеби ни ти, дека на Перса ќерка и учи на памет, глупа е ко гуска и нема посебни квалитети во ништо. Освен да научи на памет 4 страни, или 3 лекции. И наместо Салвадор Дали да ти е идол, ти се мериш со на Перса ќерка и. Успехот е да си подобар од неа.

    Одиш средно, наоѓаш прва љубов, дечкото те сака многу, ама дома јадеш котек оти бил од сиромашно семејство, несвидно семејство на бивши работници, сега стечајци. Упорно одиш со главата у ѕид за да докажеш дека љубовта е посилна од се, цитираш стихови од рок групи, ама мајка ти и татко ти се тука, секој ден, дење и ноќе, да ти објаснат колку мизерен ќе ти биде животот со таков маж или жена. Ти викаш дека не се мажиш, дека го сакаш а си само 17 години, они ти објаснуваат дека за инат ќе те остави трудна за да немаш иднина и да останеш подпросечна како него, оти мажите не трпеле жената да е попаметна од нив. И после секој ден визуелизација на твојата иднина како переш алита на реката со пет деца а маж ти е пијаница, оти мора да е како татко му, крушата под круша паѓала, ти станува одвратен дечкото и раскинуваш. Ако е девојката, мора да е курва ко мајка и. Бараш некој кој е во рамките на барањата на твоите, оти тортурата е преголема за пак да ја преживуваш.

    Одиш на факултет, на оној кој ти го одбрале, на пример ако мајка ти е докторка, мора да си на медицина, ако татко ти е адвокат, мора да си правник, ако татко ти е градежник мора и ти на архитектура да одиш. И да викаш дека мноооогу си сакал на историја на уметност, ама имало пари у семеен бизнис, ете у канцеларија со татко ти ќе си бил. Учиш одвај со години, ти се повраќа од иститите, ама завршуваш. Цел живот работиш она што не си го сакал.

    На 25 веќе ти кажуваат дека е време да се мажиш/жениш. И тоа трае до 27 оти веќе не можаш да издржиш, па му досаѓаш на дечкото за брак, или ако си машко, се опиваш и и нудиш брак, оти така треба. Следува најубавиот период на свекрвата и бабата, каде ќе покажат колкави им се ташаците т.е колку пари имаат. Ти си марионета на свадбата каде се слави ТВОЈОТ брак, со сите адети од кои пола не ги знаеш од каде се и зошто се. Ама како така момчето да не ја кине кокошката кај невестата и како така невестата да не проси по масите за 50 денари? Што ќе рече народот? Играш на Цеца и Благуно дејче мори, а никогаш не си ги слушал. Гледаш пијани сватови на кои ни име не им знаеш, ама како така да не го поканиш на чичко ти зетот, срамота било, они му биле на свадба. Типот пијан фаќа жени за газ, ама кога ќе реагираш иде некој сељак и ти кажува дека „сват сваќа пофаќа“ што и да значи тоа. Завршува пародијата од цицкотрес по повод твојот брак, можеш да одмориш. А баш си сакал рок журка со пријателите. Ама не е по правилата.

    Доаѓа периодот на - а кога бебе? Како да кажеш дека сакаш на Малдивите? Како да кажеш дека сакаш да спиеш до касно и да живееш до касно? Како да кажеш дека сакаш дете, ама рано ти е и дека сега сакаш кариера, или забава? Ако изустиш, не си нормален. Не си знаел која радост е дете. Во памет си викаш глупачо, јас знам која радост е дете, ама ти очигледно не знаеш дека има и друг живот освен пелени и гомна. Се омажи на 21, со вториот дупач, оти остана трудна. Јас ке имам дете на 30, ти нема да имаш живот на мома/ерген повторно.

    Злобните усти по една година од немањето дете викаат дека си бил на Малдивите за да преболиш што не можеш да имаш деца, дека секоја вечер пиеш од мака по дете. Не знаат дека си сакал да шеташ и журкаш. Откако сите ќе ти се качат на глава со дете дете дете дете го правиш. Сите пред тебе знаат дали е машко или женско, а тебе ти е сеедно, сакаш да е здраво. Наеднаш сите знаат како треба да се однесува трудница и што треба да јаде, а што не. Некоја жена со која едвај имаш здраво се појавува да ти каже дека чај од нане не се пиело. Иако имаш желба да и траснеш врата така што ке ја боли нос, од пуста учтивост (што ке речат комшиите) ја трпиш. Она на брзинка ти кажува колку боли раѓањето и дека те жали што ке се мачиш, а не пропушта прилика да ти каже за на комшијата снаа од втор братучед која умрела на пораѓај од нане пиење. И викаш фала, одиш да повратиш, не од мачнини, туку од идиотизам.

    Раѓаш дете, наеднаш сите се експерти за бебе. Ти си мајка, глупа, смотана, која не знае дете да изгледа. АЛОООО МЕЧКАТА У ГОРАТА ЗНАЕ МЕЧЕ ДА ОДГЛЕДА НЕ ПА ЈАС!!!!! Ама нема веза, у очите на светот, глупа си и не знаеш, они знаат, родиле пред 40 години, и ти од учтивост треба да викаш да така е, оти така те воспитале.

    И по една година муабети колку си дебела, или преслаба, ако имаш подочници те тепа маж ти, ако немаш, одна костата ти е испопаѓана од малтретирање.... Поминува тој период и се почнува: А второ дете кога? А да те пикнам у кревет со мене и маж ми па да ми кажеш??? - си викаш у памет и викаш здравје. Здравје ти е омилен збор за откачување идиотки. Си викаш, второ дете Здравко го крштевам, ама ке го родам по 5 години. Сакам да се вратам на кариерата, да го воспитам ова како што треба.

    Ке ги пораснеш децата, и сите знаат каде треба да одат на школо, која учителка е најдобра и како имало зелени мрсули. Наеднаш знае име и презиме на бактеријата, а од детски доктор има само спроти улица видено.

    Ако се разведеш, одма си распуштеница и ороспија со тапија. Од оставена жена подалеку, имало зошто ја оставил мажот. Некое време се трудиш да објасниш дека имал ебачица и дека ти си го напуштила, и викаат - ете ја скрена, златен маж, како нема да оди по други, маж е тоа, кој ќе трпи нездрава. АКо маж се разведе, пијаница е, затоа го оставила. Или не му се крева.

    Ако не се разведеш, ке ти измислат швалер. Зависи од комшиката каков е, ама мора да го има.

    И на крај, кога умираш, спремаш алишта за умирачка, кажуеш златото кој кај ќе го стави и носи, и што да се даруваат луѓето оти срамота е.

    Да ти се плукнам у живтоот по правила. Само еден беден живот живеен за друг. И не вреди некој да плаче кога ќе умре ваков човек, овој човек не умрел сега, умрел на раѓање. Сега се спасил од огромните усти на оние кои немаат живот и го живеат неговитот. Со лесно умирачката, и со желба за нешто подобро во следниот живот. Белким ќе се родиш крава у Индија, оти ако си со сопствени желби било каде некаде на светов и си човек со IQ повеќе од 100, пак ќе се соочиш со правила на живеење.

    ПС Постов не е за мојот или нечиј конкретен живот, ме инспирираше филм. А вие пробајте да направите нешто што вие сакате, а не што сака некој друг. Па макар било и црвена коса и пирс на носот. Нека умре комшиката од мака.
     
    На daylight, Captain-Omni, MiloMalo и 69 други им се допаѓа ова.
  6. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.205
    Пол:
    Женски
    Dali e mozhno vo ovaa drzhava da postoi tolku glupava masa na narod shto na katolicizmot gleda kako na sekta?
    Dobro, sektashi sme. Jas ne znam shto pravam ushte, trosham energija na ovie prostaci neobrazuvani... Kuferite i zbogum.
     
    На eliesaab, presiosaP, GirlLove и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.032
    Допаѓања:
    36.150
    Пол:
    Женски
    Со текот на животот и турбулентните вртежи на годините, понекогаш, некои пријателства умираат.
    Таква е вистината. Сурова, болна, горка но праведна во реална ситуација.
    Не се обидувајте да се борите против случувањата и судбинската игра.
    Не бидете гневни и не се обвинувајте себе си. Тежината е краткотрајна кога ќе го прифатите крајот.
    Едно утро ќе се разбудите среќни и ќе сфатите дека тие што сте ги чувствувале блиски биле толку вистински во вашиот живот што останале таму каде што заслужуваат.
    Затоа, пред да погледнете назад, добро размислете што не сакате да видите.
     
    На anel, samovila.red., eliesaab и 10 други им се допаѓа ова.
  8. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    6.484
    Допаѓања:
    16.979
    За сите луѓе има 'лек'. Со секој посебно треба да се однесуваш. Сега,нормално нема да толерираша некои со кои не се сложуваш. Ама сепак, мислам дека треба и со нив да знаеш како. Не знам зошто ќе ми речат некогаш со еден си ваква кога ќе зборуваш, со друг си таква. Па, тоа е тоа. Треба да знајш да се прилагодиш. Слободно, кажете ми ако грешам.
    Peace8)
     
    На Candid, eliesaab, PiaMia и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.119
    Допаѓања:
    163.768
    Пол:
    Женски
    Oние блиски луѓе кои знаат да те излажат само со цел да те израдуваат пријатно изненадувајќи те, е тие да си ги чувате! :sun:
     
    На rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr, Lella, Anabelle.Amorette и 17 други им се допаѓа ова.
  10. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    5.507
    Допаѓања:
    35.183
    Пол:
    Женски
    Убаво е чувството кога ќе си ја видеш другарката после неколку недели, искрено ми недостигаше разговорот со неа. Фала ти сестричке на посветеното внимание. :f:
     
    На Anabelle.Amorette, Rama, vitamina и 5 други им се допаѓа ова.
  11. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    ги МРАЗАМ дипломатите затоа што мислат дека се надопирливи и над другите(особено помладите)
    арноо вели Владо Јаневски во една од песните загризи до крв и смешкај се од горе:!:
    ГОСПО ГЛЕДА
     
    На presiosaP му/ѝ се допаѓа ова.
  12. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.166
    Допаѓања:
    221.860
    Пол:
    Женски
    Сдк.
    Можеби сум бесна и за самата мене, и воедно сум исто толку бесна за сите мои луѓе и би рекла после долго размислување за просветлување на нашите животи дека фали уште да се направат списоци колку се иселиле од нашите а колку од нивните, за да се види кој повеќе ја сака оваа земја насилно ослепена како самуилов војник, не гледаајќи дека сите топтан живеат во оваа држава како на автобуска станица, како на терминал, чекајки ја првата линија за.....било каде, со карта во еден правец.
    Меѓутоа нашата преродена, проширена и надградена држава од претстоеност почнува да смрди на расипан сторен расол, а нивниот одново сечен, лепен, креиран и монтиран живот е толку автентичен што дури поздрав е од оргиналот.
    Нека ни е на здравје.
     
    На Anabelle.Amorette, eliesaab, mareane и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.784
    Пол:
    Машки
    [​IMG]
     
    На Captain-Omni, galapce, SV1911 и 10 други им се допаѓа ова.
  14. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.823
    Допаѓања:
    7.048
    Јас под сама дома подразбирам дека можам конечно убаво и на раат да си поплачам онака гласно и јасно.
    Без никој да ме види...како на филмовите.плачеш се шеташ од соба во соба.
    Меѓутоа мојот плач,во комбинација со многу испиен коњак заминал малце надвор од границите на ѕидовите.
    Патувал патувал и стасал дури до ушите на мојата стрина во соседната куќа.
    Која видно преплашена ми дојде на ѕвонче.
    И првото прашање и беше
    За кого плачеш ?
    Како солзите за љубовта да имаат посебна мелодија,а незе таа мелодија и била одлично позната.
     
    На SV1911, rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr, Madam-A и 9 други им се допаѓа ова.
  15. Esmeralda-MD

    Esmeralda-MD Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2015
    Пораки:
    1.183
    Допаѓања:
    42.451
    Пол:
    Женски
    А за тоа колку им е ратата за кредит па да им помогнеш,а секоја вечер во кафеана,страшно
     
    На crimson му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Esmeralda-MD

    Esmeralda-MD Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2015
    Пораки:
    1.183
    Допаѓања:
    42.451
    Пол:
    Женски
    Малку повеќе храброст,ти се молам господе,и се да биде како што отсекогаш сакав,сите заедно.Не за Џабе рекле,трпение спасение,јас за ова чекав 18 години.За арно,за убаво :)
     
    На galapce, the.vampire.girl, anel и 5 други им се допаѓа ова.
  17. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485
    :!:

    Мравката и Штурецот

    Си биле еден штурец и една мравка. Тие биле добри пријатели. Цела есен мравката вредно работела и собирала храна за зимата. Не се сончала, не уживала во вечерното зајдисонце…
    …ниту пак трошела време на седенки со пријателите пиејќи пиво после работниот ден. За тоа време штурецот само пеел по градските барови со пријателите , не се изморил ни минутка, пеел и преку целата есен, играл, се сончал, уживал бескрајно негрижејќи се за ладното време кое допрва доаѓало.
    Дошла зимата и малата мравка изморена од напорната работа се повлекла во својата куќичка преполна со храна, Касно вечерта некој тропнал на вратата и кога мравката отворила, за изненадување, го видела својот пријател штурец, во ферари и скапоцена крзнена бунда.
    Штурецот рекол: -Замисли, минатата недела пеев во еден бар и еден продуцент ме слушна и му се допадна мојот глас… Потпишав договор за шоу во Париз. А, ти сакаш ли нешто од Париз?
    Да, – рече мравката. Ако го сретнеш Ла Фонтејн (авторот на басната), речи му да оде у п.м…од мене….
    Наравоучение: Искористи го животот, работиумерено и забавувај се, затоа што претераната работа носи корист само во басните на Ла Фонтејн. Работи, но уживај во животот, затоа што е само еден. Ако не си го пронашол своето парче портокал, не барај го, земи лимон, стави шеќер, додај лед и коњак и биди срекен. И сети се: Ако живееш само за да работиш од тоа ќе има корист само………твојот газда!
     
    На Salome, Candid, Anabelle.Amorette и 15 други им се допаѓа ова.
  18. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.166
    Допаѓања:
    221.860
    Пол:
    Женски
    Есмералда мила сме имале иста мака, секоја чест за храброста и трпеливоста. Конечно ти се исплатил трудот и си ја победила борбата :clap:
    Силна жена си не се даваш, ти посакувам понатамошен успех и многу љубов, си стигнала до самиот крај затоа не се плаши ке помине и летот битно радоста и среќата се непроценливи нели?! Ете и јас чекам ко тебе... до кога? Ќе видиме:hug:
     
    На anel, joy1, Rama и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Minnie 1

    Minnie 1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 декември 2014
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    27.411
    Пол:
    Женски
    Konecno malku vreme za nas dvajca. Ubavo e da se proseta,no sepak se raduvam da se vratam vo naseto malo gradce. Golemite gradovi ne se za mene.
    Kako i da e, pozdravce od mene :hug:
    20150829_192339.jpg 20150829_202226.jpg 20150829_192330.jpg
     
    На Salome, Anabelle.Amorette, the.vampire.girl и 15 други им се допаѓа ова.
  20. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.538
    Допаѓања:
    184.397
    Пол:
    Женски
    Затворам очи. Тифко. Толку тифко што можам да го наслушнам залечувањето на сопствените рани. Отворам очи и одеднаш.. повторно хаос.Толку е гласно што го губам трагот до сопствените мисли. Ако нишо друго.. барем никогаш не е монотоно.
    Протнувам убави илузии низ магловити слоеви љубов. Ми се чини дека секое негово добро утро ми зашивува по една рана, а секоја негова добра ноќ ми покрива стара лузна со свила... Она време додека сме разделени...изгледа како да чекориме еден кон друг на бодликава жица.. бавно и болно, со очи полни желби. А кога се разделуваме..како две лавини снег кои се слеваат надолу.. од различни страни на еден ист рид. Се побрзо и побрзо, собирајќи со себе големи таги во своите прегратки. Па ќе ми кажат.. убави биле тие таги. Ја мајке ви!!! Еве, на ви ја душава, па кажете и го тоа.

    Едвај чекам да залади. Па стварно доста му беше на сонцево. Оти и ние што сме алергични треба понекогаш да уживаме у денот надвор додека уште календарски е лето!
     
    На the.vampire.girl, Madam-A, fallenangel и 6 други им се допаѓа ова.