Мислете дека сте интересни што ги оговарате и ги покажувате со прст дебелите жени? Биле дебели, имале стрии, имале целулит. Може едно прашање да ви поставам? Толку сте вие совршени што ги оговарате? Толку ви е досаден вашиот живот, па ајде да јадаме трици за другиве? Не сте интересни, само тоа можам да ви кажам.
Мене од муабетот леле ти па колку јадеш а пак си слаба(под тоа многу се подразбира доручекот на работа сабајле во 7 саат,онака навика ми е тоа,уште па кога ќе видат некој мрсен бурекќе пукнат од мака мислам)
Мајка ми ме научи на многу работи. Ме научи да готвам солени јадења,манџи,да месам кифлички.. Ме научи да правам слатки за имендените на брат ми и татко ми,торти,погачи.. Ме научи да палам оган кога не се дома .. Ми помогна за многу работи во животот Те сакам најмногу мамо!! Постојат уште многу други работи на кои ме научи,но нема да ги набројувам. ЕДНА Е МАЈКА !!
Hehehe slatko se iznasmeav najdov mislenje od 2010 i go sporediv so 2015 moeto razmisluvanje pred i potoa ne se smenilo. Ah kolku covek ako ima eden stav go drzi so godini
Многу си тонам кога ќе си најдам печатна грешка, а времето за редактирање ми е истечено. На Сител пак Спајдермен. Бетер стана од Тропски Горештини што иде премиерно на МТВ секоја година уште од '95та. Мислам дека веќе ги научив дијалозите и можам да ги глумам сите по ред, сосе свирките на таксињава моментално и начинот на кој овој со глупиов џемпер јаде пица. Јап...монотон (ми) е денов.
Некои луѓе затвореноста и таинственственоста ги сметаат за лоши особини.Многу луѓе ми имаат кажано дека сум многу затворена личност.Точно.Сум затворена личност,но тоа јас кај себе не го гледам како лоша особина.Подобро некои чувства и тајни би ги оставила во себе отколку да ги кажам на друг од проста причина дека се плашам.Се плашам утре тие истите чувства тие личности да ги свртат против мене.Се плашам дека кога ќе се отворам сите ќе избегаат кога највеќе ќе ми требаат.Не сум сакала дрски луѓе и затоа се обидувам да бидам се по скромна.Пред некој ден ја вклучив темата за самокритика на својот карактер.Се изненадив.Не сум била само јас таа на која и треба дрскост.Си трпам си трпам и така секој ден.Едно знам.Не дозволувам да ме газат.Барем за тоа сум свесна и колку толку имам самопочит.Си ги бранам своите ставови,но сум свесна и за своите грешки.Признавам.Признавам дека многу ретко се случува да се извинам и тоа не по своја вина.Но само да нема караници и нервози.Сакам мир и спокојство.Ми се случува на моменти да ги затворам очите и пред себе да видам еден розов свет.Поинаков свет.Свет којшто е совршен.И кога ќе ги отворам очите пред себе го гледам сивилото.Реалноста.Многупати сум била мета на луѓето и ме критикувале за мојот физички изглед.Точно не сум совршена,но сум задоволна од себе.И да го вратам времето ништо не би променила.Ни лузната на десната страна од мојата десна веѓа ништо.Бидејќи тоа ме прави посебна.И не ми е тешко да објаснам како сум ја добила.Тоа е.Се навикнав дека понатаму во животот треба да се справувам со тоа.Сакам да слушам музика,да читам,да патувам.Да живеам.Сакам да истерам до крај и да ги исполнам моите зацртани цели.Можеби нема да сум поразлична од никој.Но барем ќе се чувствувам така како што ќе сакам.Поразлична.
Многу ми е убаво што си имаме живеачка со мојава менструација. Ми каснеше 10дена за да ми дојде на одмор. Цуца таа убава сакала со мене на море . Ја обожавам. , ваша М,
Ја сакам удобноста на мојот дом. Сакам кога после секое патување, престој по луксузни хотели ја спуштам главата на мојата перница, се стуткам во мојот кревет . Не би го менувала за ништо. Го сакам своето катче за живот во кое сите тројца заедно знаеме да изгледаме некоја комедија и да се смееме како луди во ниедно време во ноќта се додека некој не нѐ предупреди дека е време за спиење или секој да се повлече во своето катче и да ужива во својата тишина. Ги сакам нашите попладневни кафиња на тераса. Тој ми раскажува како си го поминал денот, а јас со поглед барам ново бело влакно во неговата коса или некоја нова брчка на лицето. Не знам, со годините ми станува поубав или само помил на срцето. Тој пред многу години почна да пие кафе за да ми прави друштво, а јас сега не го пијам попладневното кафе без него. Ми значат тие моменти, не сакам да ги менувам за ништо на светот.
Еве ја временската прогноза за денес: се очекува женските да почнат да се будат и нивото на естроген полека но сигурно да се искачува за да го достигне својот максимум во периодот помеѓу 16:00 и 20:00 часот. Нивото на тестостерон се очекува да варира во зависност од тоа каков субсахарски ветер ќе дува и колку јајца ќе донесе. Сонцето ќе зајде кога последната феминка ќе каже. Месечината ќе е присутна во полн состав. Можни се врнежи и грмежи од пмс облаци. И драги гледачи и гледачки, тоа беше временската прогноза на Фемина Метео, ви благодариме за вниманието. Шала на страна, ми текна ваква блесавштина од немајкаде па не можев да ја сопрам и морав да ја прелеам на фемина. 100% сум трезен ако мислите дека инспирација сум добил од пиво, вино и сл. Не сум спиен цела ноќ, па претпоставувам оттука изворот на инспирацијата. Доказ дека кога мозокот бара сон, спремен е на се.
- Оди таму,мувај се биди досадна! - Посетувај партиски штабови ене ги изборите што чекаш! - Леле,како живееш така,без работа! - Активирај се бре,ВМРО пак ќе победи,ако можеш да се закачиш на листа! - Не седи дома,што си затворила,што не излезеш да се дружиш! - Децата ќе си бараат што си е нивно,како ќе им дадеш пари? А јас сакам само сите да ме остават на мира.
Алоо значи ако некој се омажил и оформил семејство или се вработил,или заминал во странство,не значи дека и јас морам да го направам тоа со брзина на светлината,имам и јас свои желби и планови што не мора на секој да му ги образложувам,ми се здосади веќе и подбуцнувањето што им го прават на моите да ме форсираат за се...ми се смачија глупавите споредби од Тетки,Вујни,Стрини,комшии,ајде бе гледајте да си го исчистите ѓубрето од сопствениот двор,па после средувајте го мојот
На сеанси со самата себе, во себе. Со чај од брусница се борам со сопствените демони. Нивните рогови против мојот ореол. Вечна борба за подобра верзија од себе со секое ново утро. Го читам Samuel Taylor Coleridge и отварам порти меѓу реалноста и имагинацијата. Во совршената прегратка на бесконечноста го наоѓам гнездото.
Имам прекрасни луѓе околу мене на кои можам да се потпрам во секој момент. Другарка која се грижи да не излегувам на топло или да си земам џемпер затоа што е свежо. Другар кој ме трпи додека му плачам затоа што сум разочарана. Имам луѓе кои ме смејат и ме сакаат. Ги сакам и јас нив многу. Ама очајно ми фали некој кого ќе го љубам и ќе ме љуби. Ми фали да имам некој во чии очи ќе пливам и во чии прегратки ќе тонам од убавини. Се затворив после него толку многу што со месеци и месеци не направив место за некој нов. И еве ме сега пак разочарана затоа што почнав да се отварам на некого што не заслужува. Можеби овој пат бев за нијанса попаметна па прекинав додека е време и не заглавив во некоја љубов која ќе ме фрустира. Ама разочарана сум затоа што мислев дека после толку време најдов некој што вреди. Можеби сепак проблемот е во мене не во нив.
Колку повеќе ги цениш и сакаш луѓето околу тебе,толку повеќе ке бидеш повредуван.Колку повеќе навлагам во размислувањето на луѓето во скопје толку повеќе разбирам колку сме беден и сиромав народ,не сиромашен на план матријално,сиромашен на план култура и школо,премногу жално. Ако нешто е за тебе, никој не може да ти го одземе. Ако нешто не е за тебе, ни сам не можеш да го задржиш.