Па гледај си го детето твое,кој мислиш дека може да трча по него,да ти го чува...Па никој не е должен.И на крај следи"Јас сум многу посветена мајка,никој мене не ми го чува,јас сама се справувам со се "Со што се справуваш,ааааа???Ќе го облечиш,ќе го нараниш и работата е завршена?!А кој ќе трча цел ден по него,алоооо?????Е не можам повеќе да издржам од такви лица
Денов ( нели во духот на 1ви сеп. ) ме потсети на одреден период од времето кога си бев средношколка. Прва година, второ полугодие. Бев заљубена во професор по англиски, дојде на замена, млад тогаш може допломирал...ете најсила 26/7 год нека имаше. Леле кога ќе ми текне што сум правела пред него, ме фаќа срам сама од себе и срам ми е да се погледнам во огледало Секогаш прва клупа седната, најактивна, секогаш на неговите часови најубаво облечена, марами, наочари, демек модни додатоци Кога беше дежурен професор и нели мораше низ ходник да стои и јас цело време зад него, до него, пред него...и демек јака и смешна, околу мене 2-3 другарки и кутрите мораа да се смеат со сила на моите "шеги". Ако видев дека зборува со некои од ученичките од 4та година, ми идеше да си пукнам од љубомора. Не знам што сум мислела, детиште. Може сум сакала поголемо внимание да ми посветува Ама после ми се скрши срцето кога дознав дека имал девојка. Му бев лута Му одев контра, му презборував за се, тој ме стануваше да читам јас му викав не можам. тој ќе ме извади на табла а јас го имитарав, глупости тресев...И дури и тој ми рече: Ама ти беше супер, зошто вака сега одеднаш збудали? И знам другарка ми рече: Може е заљубена, затоа така се однесува.... После и бев лута и на неа, зошто така рекла.... Ама тоа се пубертетско-тинејџерски проблеми, а не како овие денес...Помошшш девојкииии имам 15 години, со дечко ми имавме анален секс и сврши во мене. Дали сум бремена? Невиноста ќе ја чувам до првата брачна ноќ и затоа само анален имаме, а некогаш во уста или во уво...зависи како сум расположена хихихи инаку за другарка прашувам хихи...
mi zvuci epten detski koga ke procitam komentari od tipot:mila si,zlatna si,srce si,dusa na devojki od 23,24 godini pa i poveke, abe ne detski mi se gadi . a pak edna moja skolska bolna za lajkovi na fb : mi pisuva :lele pa ti non stop se vklucuvas na fb a ne mi lajknuvas sliki,sram da ti e... molam?????? uffff bolni za vnimanie, aman.
Сакам да им посакам на сите ученици многу успеси,петки во текот на оваа учебна година па и во понатамошните класови
Внимавајте кого прегрнувате и на кого подарувате љубов често се случува да држите змии отровници со сопствени раце кои порано или подоцна ќе ве нападнат!
Тоа мизерно чувство кога буквално 4то одделенци се перчат со тоа ајфоните на сред улица.. Сериозно бе? Ми се повраќа од разгалени детишта.
Добро е што ги оставате и цените на новите ствари во Што последно си купивте ,да не се секираме дали носите фалш или јак бренд.
За малку ќе бев офтопик во несоодветна тема, па ми текна овде да си кажам. 'Ние се запишавме во градинка'? Феноменов со зборување во множина не е веќе ни смешен. 'Имаме температура, имаме проливче, конечно се искакавме'. Еј, не сте свесни колку глупо звучи. Нашите мајки се изразувале за нас како за посебни личности. Изгледа биле полоши мајки од денешниве што ќе ти скокнат ако им искоментираш дека нивното лигавење ги надмина сите граници.
Интересно е тоа што во последно време сум особено позитивна , а не бев. Возбудена сум и едвај чекам да летнат деновиве, ден по ден особено интересен период за човек што секогаш може и знае да си најде работа за да ги игнорира небитните работи и луѓе. Убаво ми е, не се жалам, а особено придавам важност на моето претчуство и интуиција, бар досега не ме излажале, дека се ќе биде во ред и ќе излезам победник од биткава. Што понатаму? Незнам а и не сакам да знам. Оставам животот да ме води така како што одат околностите, а секоја работа да си доаѓа како што е редот и судбината. Едвај чекам да дојде и есента, го чекам и првиот дожд и есенските шаренила. Доколку сите луѓе бевме малку поискрени и малку по нелицемерни и доколку сите проблеми ги решававме со искрен разговор, денешницата немаше да ни стане ваква каква што е! Убав прво септемвриски ден.
Надимаците според училиштето: -РЈК: Корчагинец -Орце Николов: Орцаш -Никола Карев: Каревчанец -ЈБТ-шмизла
Веќе не ми е чудно да гледам студентки на факултет да одат во кратки шорцеви, маици на прерамки и ред други несоодветни комбинации за во образовна институција. Но, денес мислам дека го видов максимумот и најдобриот примерок на суштеството од женски род "дроља"! Типката носеше сив, памучен фустан, на прерамки (во вид на јаже), со гол грб, БЕЗ ГРАДНИК!!! Црна, висока девојка, навистина згодна. Дно- дна... Отиде во бестрага и бон- тонот и почитта кон образованието и гордоста. Ајт...
Поврзано и со овој и со претходниот муабет. Денес пост на фејсбук - тргнавме во прво одделение. И девојчето во минич со леопард принт. I can't even... Ок, доста ми беше мрчење за денес мислам.
А дa се oтвoри темa -Вaшиoт кујнски прибoр? Цел ден листaм флaери сo тaњири, тенџерињa, чaши и oстaлo, пa ми дoјде идеa. Нa тoлку дoмaќинки, еднa вaквa темa требa дa имa, нели?
СДК ... Ох, толку ми е јасно. Сурово, без влакно на јазик ама толку вистинито ... Ќе се пронајде секоја, по некоја ... " За сите бивши партнери со кои сум била во врска или врска без врска, нема врска… Поздрав и до вас, секое мое раскинување со вас имало скриени намери, ништо не беше случајно. Бидејќи не постои случајноста, кратко и јасно. Сите ве имам изневерено, едни физички, други постојано во моите мисли, што да правам кога не сте биле совршени, никој не е совршен знам, но секогаш сте ставале маски на мачо момци кои во моите очи биле само мали маченца кои ми трчале по задникот секогаш кога ќе сум изгребела на креветот со ноктите. Не велам дека тоа не е убаво, но е провидно, а јас мразам провидни работи. "
Mojaта омилена тетка ми дојде на гости, за прв пат откако се преселив и имам свој дом ми дојде на гости Нема поубаво чуство кога ја гледам нејзината насмевка. Ах тетино не ми се верува дека доживеав да ти дојдам на гости во твој дом да ме пречекаш ти како домаќинка,како жена- ми вели .Абе и јас сама неможам да си поверувам ама ете тоа е реалноста Се мачела направила баклава со вишни , ми донела грозје, па дури и букет цвеќе знае вистински да ме погоди секогаш ! Нема ништо поубаво од тоа кога тетката која што те израснала и научила многу работи се радува искрено и е среќна за нејзината внука ... Се гордеам што ја имам Ветувам дека еден ден ќе бидам најдобра тетка и јас , дека со цело срце ќе им се радувам на своите внуци и ќе им ја дарувам љубовта која што јас ја доживувам од тетка ми Само да сме живи и здрави се ќе биде
Ме фаќа носталгија кога ќе помислам дека треба за неколку дена да одам на факултет и ми завршија средношколските денови.