Старите дремачи по социјални мрежи кои дури мислиме и дека се претвориле во мит, стварно не ми е јасно дали вистински постојат, дури и кога ќе ги сретнам на улица ми се како холограм, некоја грешка во програмата; е тие се нашле да поставуваат стандарди за како овие, некои нови деца да се понашаат по социјалните мрежи. Јас гледам тага, не знам за вас.
Има едно турско кафе, ама грчко. Го обожавам со сета своја чистина и разноликост од другите кафиња. Посебно во вакви напорни денови . Не знам кое ми е по ред, трето? четврто ? Не, нема да ми здосади , колку и да не обожавам кафе без млеко . Колку и да ми е одвратен мирисот на турско кафе од оној пилингот за целулит. Е ваков mood имам периодов Не смета , баш уживам
Отсекогаш мислев дека сум down-to-earth личност и многу посветена и внимателна на тоа што го правам. Дури понекогаш и ме нервира што сум толкав перфекционист бидејќи ништо не може целосно да ми биде совршено и по ќеф. Ама денес не знам што ми стана, дали бидејќи прв ден од школо, можеби и бидејќи ми е „последен прв ден“ од ова школо, или пак поради нешто друго, ми се случи да се избрукам за сите пари во книжара и патем да ги промашам тетратките. Можеби ви изгледа себично, ама многу мразам кога мајка ми или сестра ми купуваат тетратки, бидејќи не ми ги погодуваат, а мене тетратките ми се многу важни. Значи, ептен, премногу, повеќе од нормалното. Затоа, поминувам пола саат в книжара да си ги одберам сите тетратки, па некои ми се тесни редови, некои многу црни внатре, некои вакви, некои онакви, абе прав лигуш, шо да ви кажам. Не знам како ме трпат луѓето околу мене. Како и да е, дури кога се вратив дома сфатив дека сум промашила ептен. Од 6 тетратки со линии, јас сум земала само 2, другите со квадратчиња. Сите ми викаат, па пишувај во тие де, не, луѓе, разберете, не можам, со линии ми требаат. Како не ми е срам значи, некои деца немаат ниедна тетратка јас сум запнала за квадратите, за ќотек сум некогаш навистина, еве се мразам себеси, ама не можам да се сменам. Уф, ептен забегав, денес нешто не сум со сите, ај чао, ќе се вратам во нормала, ветувам.
Сакам да им посакам на тие што одат на училиште добар успех да ги следи да добиваат само 5 и 10 на факултет, само среќа здравје во новата учебна година
Немам каде,па овде ќе се пожалам дека сум многу уморна,ненаспиена, немам време за ништо , нема ни кој да ми помогне нешто... Не можам да седнам на раат и да јадам ниту пак да му зготвам некоја убава вечера на мм.Човекот се убива од работа,но што можам јас тоа е толку можам сама со бебу. Ајде добра ноќ.
Искрено? Ми фали широка прегратка во која можам да се стуткам како маченце и да се чувстувам заштитена од надворешниот свет. Барем за миг сакам да ја осетам топлината. Си признавам себеси.... Ми треба некој.... Сигурен.... Добра ви ноќ
Се прoнaјдoв вo пoстoт нa @Lella . И мене oд секoгaш ми биле вaжни тетрaтките вo шкoлo. Уживaв купувaјќи ги нaјубaвите. Мнoгу пaти дури oд штo ми биле убaви дури и не сум пишувaлa вo нив, ги чувaв зa кoјзнaе штo. Ги нaјдoв пред некoе време, aмa дoдекa студирaв не видев белешки и пaк не дoјдoa нa ред дa бидaт искoристени. И сегa штo? Ги рaздaдoв. Кoи нa брaтучеди, кoи нa внуци, некoи дури и пo бaби зa брoеви дa зaпишувaaт. Еееее мери ми гo пaметoт...
Убави работи се случуваат... Блискоста со партнерот,ммм ... Убаво се чувствувам Дознав дека @SelinaKyle ја донела на свет својата ќерка,честитки .се радувам на вакви вести многу Ви посакувам добра ноќ .
Секогаш ми е мило и драго за туѓ успех и среќа. Баш се радувам кога гледам дека некој си ги исполнил зацртаните цели, кога доживува среќни моменти и сл. Исто така сакам и луѓето кога сочувствуваат со мојата среќа. Но, секако има и такви кои скришно гледаат, нема да кажат ништо ,но очите ги издаваат колку ги јаде тоа. Туѓиот успех и среќа. Па како гладни чекаат тоа да ви помине. Ги труе омразата и љубомората. Ако, секој сам си е одговорен за тоа каков е и каков решил да биде. За последиците од тоа никој не им е виновен.
Во некои моменти стварно си ги трошам и последните пари како да имам уште цел милион. Што ѓавол ми требаше да купам четири пара чевли денес а? Објаснување? Ма не. Потребни ми беа. Ех, колку некоја глупост може да ме натера да си се потрошам беспотребно и без мерка. Тргнуваш со една намера од дома, арно ама налетуваш на сопка и оп ај на шопинг да се орасположиш.
СДК дека кај мене во животов се ми е испомешано. Секогаш. Во исто време ми иде и да се смеам и да плачам.
Живеам за љубов, од љубов; баш ко онаа дамнешна песна на Каролина - и мене ми е (ко) религија. И ме боли како жива рана, кога гледам како извесна љубов умира угушена од нечии хирови или пак бетер - каприци. Уште полошо е тоа што, ужасно многу се приврзувам со мили парови кои ми се баш како створени еден за друг, но најчесто, на крај остануваат само фино сеќавање на кое со задоволство се навраќам и притоа си отварам „болни“ и депресивни теми. Еднаш, во некој таков излив на емоција, му спомнав дека некои кои ги познавам подобро, се толку прекрасни и совршени од секој можен аспект, што дури и со закон треба да им се забрани да прават будали од себе и од она заедничкото. Или пак, со закон да им се забрани да заедничарат додека не созреат, макар траело години и години. Нормално, се изнасмеав на сопствената „мудрост“ откако сфатив какви бисери изнакажав и откако ми рече: „А ти сигурно си плачела повеќе од нив двајцата, кога си сфатила дека повеќе не се заедно.“ Ма не, само ми е ужасно криво, зашто ме боли како за себе кога гледам како банални глупости земаат замав и во она најпрекрасното и најневиното. Не знам дали така сум воспитана или сосема случајно ми се паднало такво окружување, но откако знам за себе, живеам со вистински и безвременски љубови во разнолики форми и големини околу мене. Ве молам од дното на мојата душа - не ја силувајте љубовта; не може да умре туку-така за минута или можеби едноставно не сакам да признаам и не прифаќам таква опција, којзнае...