Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.805
    Пол:
    Женски
    Da se bide Covek e najlesno.Samo treba da se saka..
     
    На SV1911, girl-miri, ozbilnazena и 10 други им се допаѓа ова.
  2. Kukla994

    Kukla994 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    4.682
    Допаѓања:
    46.946
    Иначе сакав да кажам дека целосно се пронајдов во рекламата на Вип...
    Кој ја видел -знајт :d: :D
     
    Последна измена: 2 септември 2015
    На Ketchup, Lella, Someonespecial и 2 други им се допаѓа ова.
  3. srcence1607

    srcence1607 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2012
    Пораки:
    2.368
    Допаѓања:
    2.475
    Пол:
    Женски
    11029896_10205023750415133_7309953753480103063_n.jpg

    Доволно јас мислам... :mp::d::?::rofl::rofl::rofl::rofl:
     
    На skorpija123, Ketchup, CameliaMiller и 13 други им се допаѓа ова.
  4. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.032
    Допаѓања:
    36.147
    Пол:
    Женски
    СДК... Ништо не чувајте за посебни пригоди затоа што одамна ја изгубија смислата и тежината на значењето. Се случуваат само формално колку да се потсетиме на нивното некогашно постоење.
    Секој ден може да биде посебен на свој начин доколку ја препознаете неговата посебност.
     
    На skorpija123, eliesaab, cloud и 21 други им се допаѓа ова.
  5. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.278
    Штом е така земи направи си ги и другарите на симс. За кога овие од вистинскиот живот ќе те прашаат зошто не си им била на свадба да им речеш како не бев, вие не ме видовте, еве ви доказ, и вклучи ја играта. :rofl:
     
    Последна измена: 2 септември 2015
    На Ketchup, tessie, Lella и 7 други им се допаѓа ова.
  6. Dreamer-V

    Dreamer-V Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јули 2015
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    460
    Пол:
    Женски
    Секому, во одреден период од неговиот живот, ќе му влета некоја личност што ќе го извлече од него неговото второ "јас". Случајно или имав потреба да дозволам да се случи, не знам. Знам само дека открив нова личност во себе. Личност што не се плаши да покаже емоции, што знае да избрза и направи грешка и не се срами да ја признае , да замоли, да има трпение, да разбере, личност што не се плаши да каже се што и лежи на срце зошто знае дека ќе биде разбрана без осудување, што може отворено да каже се во лице и да изнуди искрен одговор, што не се срами да признае дека не може да поднесе пораз, не се справува најдобро со изгубена контрола над нештата, личност што може да ги искаже своите стравови без чувство на вина дека ги оптеретува луѓето со глупости.
    Ете, тоа е моето второ "јас".Убаво се чувствував во мојата втора кожа иако на моменти и болка ми нанесе. И би сакала да остане тоа чувство, ама во моево прво "јас", не сум себична. А не можам да си дозволам себичност, зашто мојата себичност би ги повредила оние што ми значат. Едноставно некои личности само брзо ќе пројдат низ твојот живот, како торнадо, а ќе остават длабока трага. Но ништо не е залудно. Секогаш има причина зошто некој влетува во твојот живот. Или ќе го промени твојот живот или вие ќе го промените неговиот.
    Јас сум една сосема обична девојка со доблести и мани. Само сметам дека она што за околината е доблест за мене лично претставува мана. Во моето второ "јас" моите мани беа доблест.
    Да, јас пак ја навлеков резервираноста, воздржаноста, надворешна ладнокрвност, гордоста, ама длабоко во себе го знам чувството кога си опуштен, безгрижен, себичен и се почесто знам да им го покажам на оние што ми значат моето второ "јас".Всушност сакам да покажам колку сум емотивна, чувствителна, колку ме повредуваат ситници без да имам чувство дека претерувам и ги оптеретувам луѓето околу мене .
    Не знам веќе ништо за таа личност, но среќна сум што ми помогна да го откријам моето второ "јас"
     
    На eliesaab, samovila.red., julie77 и 9 други им се допаѓа ова.
  7. Скопјетесакам

    Скопјетесакам Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2015
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    9.191
    Никогаш нема да ги разберам луѓето кој имаат љубомора кон другите луѓето ради нивниот успех во некоја работа,никогаш нема да ги разберам луѓето кој носат гнев во нивната расипана душа.Зарем во овој краток живот има време за гнев,љубомора,омраза,непочитување?Еден ден кога ке сватат овие категории на луѓе ке биде многу касно,и ке се молат времето да се врати,а сите знаеме дека враќање на времето нема.

    Ви посакувам убав ден исполнет со љубов,почитување,и насмевка на вашето лице :D
     
    На Ketchup, julie77, srcence1607 и 12 други им се допаѓа ова.
  8. anel

    anel Популарен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    583
    Допаѓања:
    19.936
    Пол:
    Женски
    СДК... Често на форумов ми се случува да се согласувам со нечие мислење ама не можам да стиснам лајк заради "тонот" со кој се дискутира. Имам чувство како да се вмешувам во нечија кавга. Не знам зошто не се обидеме да дискутираме посмирено.
    И цитат се пишува во наводници, инаку го пишуваме како да е наше мислење, а не е.
    Не сакам некој да се пронајде, само си кажав што ми засметало на форумов.:mm:
     
    На SV1911, bittersweet, eliesaab и 20 други им се допаѓа ова.
  9. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.052
    Допаѓања:
    52.529
    Пол:
    Женски
    Пак се будам лесно, пак слушам музика додека се туширам, пак играм во дискотеки, возбудена сум за работење, имам волја да се нашминкам. Мали работи, ама животот ми е пак убав.
     
    На Ivy89, SV1911, bittersweet и 41 други им се допаѓа ова.
  10. rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr

    rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    968
    Допаѓања:
    4.036
    Пол:
    Женски
    Никогаш нема да ги сфатам луѓево на фб што честитат роденден со толку долг за мене реферат, направено со едно копи пасте. |( Јас таквата порака не ја ни читам, ниту пак на некој друг така правам.

    Поубаво е кога сами ќе смислиме па макар и два реда но да е од срце кажано. :)
     
    На eliesaab, Ketchup, jovanovska94 и 4 други им се допаѓа ова.
  11. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    9.420
    Допаѓања:
    127.010
    Веќе незнам како да се справам со моите свекрви...свекрвами ај свекрва,макар што не верував во приказните за лоша свекрва ама еве си начекав,со здравје да си ја носам.А свекорми бетер од свекрва.Човекот повеќе не го можам,а некогаш толку многу ги сакав и почитував луѓето.И си помислив до мене е штом и двајцата се невозможни.Но не,ќеркаму е од моја страна,вели пубертетот втор ги фатил:DАко не му мине за брзо незнам што мене ќе ме фати.
     
  12. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.029
    Допаѓања:
    45.942
    Пол:
    Женски
    Многу е лошо кога ќе седнеш со луѓе со кои си пораснал и притоа нема што муабет да си направите...одмна почнав да чувствувам дека ќе се одалечиме и дека пријателството кое го имавме ќе го намали интензитетот и дека некогаш ќе згасне.Со нив пораснав, со нив почнав да излегувам, со нив ги поминав најубавите години од животот и просто не ми се верува дека тие не се веќе луѓето кои ги знам.Додека бев во Ск наоѓавме време за некое кафе кога се враќав, сега цело лето ако се видовме 5 пати па ете.Живееме во иста зграда, на иста улица, а сепак сме толку далеку.Јасно ми е дека луѓето растат, им се менуваат преоритетите, ама има луѓе со кои и две години да не се видиш пак ќе се осеќаш како секој ден да ги гледаш и ќе имате милион работи да си кажете... но не другарките мои се толку сменети и јас сум запрепастена, откако се вработија единствена тема на разговор им е работа и плата, на што ќе ја потрошат и што ќе купат, втор муабет на дневен ред е нечие оговарање и трет ако ме прашаат нешто или јас нив ќе одговорат.Но и тоа не е тоа, ме иритира што и кога им зборуваш тие не те регистрираат, не те гледаат во очи, не комуницираат туку само колку да се рече дека те слушаат...се отвараат некои површни теми, не може човек да направи подлабок и стимулирачки разговор повеќе од 2 мин.Се е толку бледо и со сила.Кога треба да се договорам да се видам со нив имам таква тежина, го правам тоа некако со сила и се осеќам лошо зошто имам такви чувства се срамам од себеси, а сепак не можам да го минувам времето со нив, ме полни со негативна енергија.На крај ме обвинуваат зошто не сум ѕвонела за кафе, зошто ова зошто она, па ако толку сакате подигнете телефон вие, на работа сте знам, а јас сум слободна, па кога имате време јас ќе се прилагодам, ама не пак јас крива на крај и тоа исто ме нервира.
    Сфатив дека малите места и истото секојдневие ги затупавеува луѓето, кој што сака нека каже и нека се навреди ако мисли дека тоа е за навреда, ги прави монотони, досади и површни или можеби тоа е до луѓето со кои се, зошто и дечко ми цело време е тука, па со него имам разговори и разговори, не знам ама јас не можам да го минувам времето со некој кој не ме инспирира, со некој со кој не можам да правам муабет на секаква тема, од најпрости бош теми како кога стана сабајле, до теми за тоа како функционира универзумот.Можеби е до мене не велам не или до далечината кој абеше присутна последниве години...што и да е мене ми е тешко што се јави како проблем кој веројатно ни нема да се реши.

    И друго што сакам да кажам, најдов работа повремена во една игротека и луѓе мислев дека човештвото ќе се оправи, ама гледајќи ги децава изгубив секаква надеж.Толку се некултурни, себични, лоши и злобни, не бесни туку злобно бесни, арогантни и лигави, секоја чест на исклучоците, а гледајќи ги и родителите гледам и на кој се такви...јас не знам, не сум верувала дека може едно дете да биде толку безобразно и невоспитано, ама секој ден се уверувам со неверување.Да не чува Господ и да ми даде сила да се справам со моите, со надеж дека ќе ги изнесам на прав пат и ќе ги израснам во културни и добри луѓе, оти се помалку се на светов.
     
    На Captain-Omni, SV1911, Salome и 43 други им се допаѓа ова.
  13. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.052
    Допаѓања:
    52.529
    Пол:
    Женски
    People grow apart. Тажно е, ама доаѓа возраст кога сфаќаш дека си созреала и си се сменила додека некои останале исти.
     
    На eliesaab, tessie, joy1 и 6 други им се допаѓа ова.
  14. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.313
    Пол:
    Женски
    Во изминатиов краток период кога еден добар човек ќе ме праша „Како е, како оди? Како се чувствуваш?“, само му велам дека сум добро и дека не чувствувам ништо спектакуларно, како што некој друг ми велеше дека би требало. Само велам дека се чувствувам како што треба да се чувствувам кога сум нормална, а тоа е чудно.

    Чудно е... На убав начин...
     
    На eliesaab, Ketchup, poenta и 15 други им се допаѓа ова.
  15. zarah

    zarah Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2012
    Пораки:
    389
    Допаѓања:
    1.557
    Пол:
    Женски
    Месецов is all about неизвесност и рокови, рокови,.... роковиии насекаде, за се и сешто!!! [​IMG]
    Убаво напишани обврски, подвлечени со флуоресцентен маркер, залепени на стикер, само чекаат да бидат прецртани. Колку сами се наметнуваат, толку и сама си ги барам.
    А јас пак научив најубаво да се снаоѓам во хаосот што сама си го создавам.
     
    Последна измена: 2 септември 2015
    На Waka-waka, Madam-A, kjukli и 2 други им се допаѓа ова.
  16. CrazyOne

    CrazyOne Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    2.108
    Допаѓања:
    20.036
    Пол:
    Женски
    Ретки се оние приjателства кои траат повеке од 20 години и сеуште се одржуваат. Со една другарка се знаеме од прво одделение, завршивме и средно заедно, и сеуште знаеме да седнеме со кафето да се потсетуваме на моменти поминати во средно.
    Иако и двете сме тргнати по различни патишта, секогаш наогаме време една за друга. Ако немаме време да се видиме, по телефон обавезно се слушаме.
    Еве и денес, пиеjки кафе и добарр муабет, успеавме и ноктите да си ги направиме една на друга.
    Буквално се си знаеме една за друга, тука сме биле да си помогнеме и во добро и во лошо. Jас сум срекна и задоволна што имам една вистинска другарка.
    Да не ме разберете погрешно, имам и други приjателства, небитно машки или женски. Со нив можам било кога да седнам на кафе, а пак ништо да не знаат за мене. Не сум тип на луге кои се кажуваат пред сите уште првиот пат кога ке се запознаат. А и некои работи подобро е да останат таjна.
     
    На Elena69221, eliesaab, Dreamer-V и 13 други им се допаѓа ова.
  17. ninja35

    ninja35 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 декември 2011
    Пораки:
    2.682
    Допаѓања:
    88.176
    вчера слушнав дека Карфур се повлекува од Македонија...и тоа сега на 15 месецов...:^)
    којзнае дали е вистина или ме возеа малку...:?:
     
  18. macka91

    macka91 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 ноември 2013
    Пораки:
    4.410
    Допаѓања:
    77.771
    Пол:
    Женски
    И јас го слушнав истото уште пред месец дена. Мислам дека имаат проблем со лиценцата.
     
  19. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.278
    Moгуче ли е бе за неполни пет месеци луѓево у мое опкружување на возраст
    од 16-22 години да рипнат у тавче? :^)

    Светов полудел, мајке ми. По се изгледа, се вратија триесеттите години, времето кога нашите баби и дедовци се венчаа малолетни. За ситуацијата да биде уште помелодраматична, повеќето од овие кои јас ги познавам, потпишувам со лева рака дека гзот не знаат да си го избришат. Секоја чест на исклучоците, кои без оглед на годините свесно ги донесуваат одлуките, и знаат со што се соочуваат, бидејќи се остало благо речено е хаос.

    Освен тоа, кога ќе направам споредба меѓу моите и нивните ''дневни обавези'' не знам дали да плачам или смеам, ама најозбилно. Пример, јас размишљам како ќе ја завршам испитната сесија, и дали другар ми Станко ќе го донесе плејстејшнот да изиграме некоја партија Tekken, додека oвие дали ќе останат трудни, запршката дали ќе им испадне, абе чуда.

    Еве баш вчера ми дојде тазе мажената другарка и ми вика - Се` повеќе размислувам за развод. И јас Зошто бе? И таа - Па свекрва ми сред секс ни влага со свеќа. На што мојата реакција беше ваква - :o Пошто првин мислев ме ребра, ама не, сериозна беше, уште вика - Не советува во вторник и петок да немаме секс зошто тие денови се раѓале женски деца.

    Се шокирав... Ако ми верувате едно три минути молчев со мутава скиселена фаца, за потоа без збор интуитивно да ја прегрнам и потапшам по рамо како блесава. Зошто стварно не знаев што да кажам.

    Ми се згади, мајке ми. Како што не го сакав бракот, сега уште бетер. :puke:
     
    Последна измена: 2 септември 2015
    На blackstyle, Ivy89, Captain-Omni и 32 други им се допаѓа ова.
  20. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.274
    Допаѓања:
    67.881
    Пол:
    Женски
    Не мораш да се водиш по такви примери. Секој си е одговорен за себе и сам како ќе си ја нареди работата така ќе му биде. И јас колку работи се изнаслушав, зашто ќе се мажиш, седи си уште дома, ќе правиш после само ручеци и ќе чистиш, така ќе ти отиде животот.
    Јас секогаш одговарав, ако вас ви е така жал ми е навистина, ама не значи дека и мене ќе ми биде така.
    И навистина не е така, зашто најдов маж кој ми одговара, со кој апсолутно се разбираме и животот ми стана страшно подобар откако се омажив. Чувството е незаменливо кога поминуваш низ лош период и имаш секогаш поддршка, да си дојдеш дома и да се опуштиш со човекот кој го сакаш, да слушнеш прекрасни вести и прво на него да му кажеш за заедно да се радувате...
    Понекогаш подобро е да се угледаме на исклучоците и да се стремиме и ние да бидеме еден.;)
     
    На Buttterfly, SV1911, bittersweet и 28 други им се допаѓа ова.