Кога ќе ја видеш некоја личност после некое време, кажи здраво. Не ја врти главата, сигурно те нема заборавено. Немаш претстава колку е невкусно. Биди човек .
Љубов! Неколку години исполнети со многу љубов, насмевки, прекрасни спомени. Му кажав ДА на човекот кој го љубам со целото свое битие! За учениците Септември почеток на новата школска година, за мене - почеток на една нова етапа од животот!
Зборува, зборува, раскажува за Папуа Нова Гвинеја , научила се . Потоа следува прашањето , а каде се наоѓа ,на кој континент? И таа: Во Африка(како од пушка). Ме гледа мене се мрштам и брзо вика аааа Азија бе , и се слуша пппффффффффффффф .... и на крај вика, абе Европа бе и јас па згрешив . Етнологија и антропологија студира ,а не знае која цивилизација ја има во Австралија? Оооооф на Плутон ќе откријат култура уште малце она у Европа ги премести папуанците Ами и вака си викам, и не е да и се лутам , не е да и се чудам .... вика немала време за чекање да бара работа и онака у бутик ќе работела кога ќе завршела. Си мислам не е до знаењето , посиромашен човек нема од оној што мисли дека нема и му одминало времето. За оние што научија да зборуваат на Скопски дијалект, нека го кажат чарето оти ја у сите овие години не научив . Уште не знам да речам "Една коа кола ако може" .
Сдк, си имам триста работи а некако мува не ме лазе. Со комшијава се довикуваме јас од балкон тој од двор кој ќе даде по едно пиво Додека го пишувам ова тој го зеде пивото, у меѓу времену ја наполни и чашата и ја стави на шкембе масата Кој го гледа дали е леп во душа нема грев. Вика се дере ајде озбилна стиже пиво ледено, остави тој топот ѓаволска работа. Ај што небило, денови години поминале на работа крај не се најде Оди мор напрај живели и така ден ти отиде Е така, да сменам и јас од опозиција во позиција се забравив во темана Останете така фини и паметни а детето во себе не заборавајте да го нахраните Не гледајте кој што рекол направил, свој живот живејте во него вие царувајте
Пуштам радио и слушам "Се бара продавачка за во колониална продавница до 27год "....... Ах моја чудесна земјо шо не ќе видиш и чуеш
Секогаш ќе се жалам дека немам доволно пари, а секој ден ќе купувам минимум по една непотребна работа. Па да, така оди тоа. Немаме пари, ама затоа секој ден по два пати се оди на кафе. Немаме пари ама затоа секој викенд сме по кафани и на диско. Сме немале пари а секое лето се оди на одмор минимум по една недела. Изгледа забораваме колкави ни се стандардите. Ќе треба малку штедење, на големо.
Изминатиот викенд кај мајка ми, истегнавме јуфките, направивме салца( повеќе они отколку јас) и седиме приквечерта во двор да се одмориме со кафе и снаата и вели на мајка ми: - ќе прават веридба Ајтен и незнамкој И јас цела возбудена велам " Ајтен ќе се мажи????( инаку Ајтен е комшика која имаше несреќна судбина и со која кога и да појдам ни оди муабетот иако е доста помлада) Ме погледнаа двете и ми велат " Не таа Ајтен" и си продолжија. Да ти е милина да ги гледаш колку се сакаат, едната раскажува, гледала на интернет, другата од уста мислиш и пие. И тоа водат дискусија како за свадба да се спремаат. Уште поклон што не купиле. Е за друго не им оди муабетот, сѐ се рчкаат, ама за тоа само да ги чуеш Сакав едно време да викнам " Еј, и јас сум тука, да ме прашавте како сум!!!!" Ми се завртија едно време А Карадај не гледаш??..... А Дила....????? Не, не гледам Ќе одам да си поиграм малку. После турско не чинело, дури и снаи и свекрви зближува.
знaм декa и кoгa ќе нaпунaм 200 гoдини шoферскo искуствo, тaткo ми сo зaдoвoлствo ќе ми суфлирa декa требa дa дaдaм жмигaвец, нели секaкo, oткaкo веќе сум дaлa. М,
Не сум многу запознаета со тоа како оде пријавувањето на некоја личност од форумот, ама сакам да упатам еден апел до @RainBow личноста што денес ја пријавив да биде блокирана на цело. Луѓе се запрепастив, зарем некој "манијаци" форумов го гледат и како место за пуштање и пишување недолични пораки
нема поголема љубов од таа што мајката ја чувствува за своето дете.само таа е вечна.се друго е минливо.
Не е прв пат такво нешто, за жал нема ни да биде последен. Баниран е членот и ви благодарам за пријавите и ве замолувам секогаш кога ќе добиете ваква порака да ја пријавите.
Јас....таа искрената, позитивната, борбената, што секогаш верува слепо во љубовта и недажта денес потклена пред животот, ми загорчи воздухот, срцето ми се распрарчи на милион делчиња, душата ми се претвори во пелин до смрт. Се прашувам зошто вака? Зошто после долги години вака? Изневерена и фрлена на улица уништена до бескрај ... о господе имаш ли? Голем си! Не сум ни претпоставувала дека мојата душа моето срце ги фрлив во недоглед... не сум знаела што шета низ земјава какви се луѓе постојат, незнам како човековиот разум е толку безмислен толку злобен толку лицемерен. Лицемерие до бескрај! На кого повеќе да верувам кога не верувам ни на мене самата?! На кого? Каде? И во што? Како да продолжам? Како да џвакам незнам? Како лице да правам кога не сум таква и никогаш нема да бидам. Судбино моја црна, осудена на горка и сурова љубов, замини и остави не да дишам. Не барам ништо повеќе, не сакам ништо повеќе .....освен да заспијам, да заспијам додека тагувам сама на дождот и се тресам од студ, да заспијам и да не се разбудам.
Гледа некој Велики Брат ? Како е можно бре да не им ставаат камена пудра , светаат ко новогодишни лампиони , слободно може да се огледа некој на нив