СДК Дека откако провалија и крадеа кај стрина ми неможам да спијам мирно , голем хорор беше.Остави што зеле се , здравје да имаме.Оставија и големи трауми.А полицијата.... прегазија луѓе и луѓе , заминаа многу млади животи и сеуште не го најдоа кој го сторил тоа , а не па ова да го најдат. На многу ниско ниво ни е падната сигурноста и заштитата во оваа држава. Овде е секој ден се полошо и помрачно , не велам дека ндвор од тука е сјајно ама овде навистина е катастрофа без никаков ред и почит.
Najmnogu mrazam lugje shto mi kopaat vo privatnosta. Gi mrazam i im posakuvam se najlosho da gi snajde Moj lap-top, moj telefon, moja tashna, moi mejlovi, moj fb profil, moi fioki, moi tetratki, moi knigi se samo moi a vie shto ne znaete da go pochituvate toa mislam deka i da chujam ste pochinale ich oko nema da mi trepne . Mozh' i kje otvoram shampanj. Zlobno, znam, ama mnogu sum vnimatelna po toa prashanje. I pokraj toa shto nemam nesho posebno za krienje, me vadi od kozha, ne znam, ne mozham da se opushtam.
Дождот најпрекрасно и најспокојно чуство. Капка по капка слушам се рони исто како што се ронам и јас. И кога сите не напуштаат и кога светот ти се руши врз нозе во рок од една единствена секуда, тој е тука до мене се рони и паѓа како што се ронами паѓам и јас. Секоја капка проживеан момент,секој шум проживеан копнеж. Не, не сум секогаш позитивна и надежна, неможам ниту да сум, ја сум само човек кој паѓа и станува. Човек кој неможе понекогаш да се избори со своите емоции и чуства.
Денес сфатив дека е неопходно да се дистанцирам од една посебна категорија мажи тако звани - квази психолози. Кои немаат поим од психологија, но преку ноќ станале "експерти" во областа. Значи он за тебе знае се`. Ма не треба ни да те познава, уште на прв состанок ти дава дијагноза. Ќе ти каже колкаво ти е егото, дали страдаш од подвоена личност, опсесивно - компулсивно нарушување или си биполарна. Ваквите батковци ќе ги препознаете по покажувањето пасивна агресија, или у екстремни ситуација кога ќе почнат да се повикуваат на Фројд, па цитирајќи го очекуваат ние обичните смртници да паднеме на гз од нивната начитаност и надменост. Понекогаш дури и интересно ми е да ја играм нивната игра, па неретко тресам глупости кои тврдам дека се на фамозниов, а кажаното си нема благе везе. Чисто да видам колку се кадарни да препознаат реална студија од фиктивна. Ме имаат фатено, не викам не. Компетентните знаеле да ми кажат - измислуваш, тоа не е вистина! И на таквите симињам капа, иако се ретки... Од друга страна познавам и такви жени кои високо ја евалуираат квази психологијата, па применувајќи ги овие ефтини фори можеш лесно да ги ќариш. Неретко од страна по кафичи ги слушам како зборуваат меѓусебе - ''Леле, Кате нема да ти се веруе колку ми навлезе у психа''. Не бе душо, не ти навлегол у психа, освен ако психата не ти се наоѓа под матката. Тe провалил шо мустра си и ужива да те манипулира, така што прави да мислиш дека од тебе го вади најдлабокото, дур околу себе гради Кинески ѕид, како не би видела колку е всушност плиток и кутар. Со должна почит на професорите и студентите по психологија, кои знаат колку труд е потребно да се вложи за да се дојде до диплома и утврди ничија психичка состојба. Но, јас..јас се каам што воопшто некогаш во далечното минато имав намера да почнам да студирам вакво нешто. Од ваквиот шут пун булшит скрос изгубив волја. За крај еве едно гифче во склоп на муабетот, начинот на кој јас ги доживувам дотичниве.
Ne me mrazi mene, nishto nema da reshish taka. Jas samo ti go kazhuvam istoto shto drugite ti go mislat, a go premolchuvaat.
Обожавам добри луѓе, од нив и најповеќе се црпи енергија, од нив секогаш можеш да научиш нешто ново, тие ја поседуваат најголемата креативност од сите останати... Како спротивна сила, овие намќорите кои се почесто ги има, самобендисаните егоисти желни секогаш за кукање се секогаш присутни да ти расипат ден,месец, а да не речам и година... Ако сакаш среќа, едноставно е избегнувај вторите, цени ги првите! Ако ги немаш, пронајди ги, никогаш не се откажувај, никогаш не се закотвувај на едно место, никогаш не очекувај премногу од една личност,никогаш не се приврзувај за една личност освен ако таа не е вистинската, верувај во карма, среќа или што и да е...верувај дека еден ден коцките некако ќе се средат на свое место, не дозволувај да бидеш ранет брод со дупка во телото кое се полни со вода, а овие вторите се капетаните кои ти го покажуваат правецот на движење(тонење), а ќе се обидуваат да те потонат на секаков начин! Патниче уживај во секој момент од патешествието кое ти го крои животот во ова бурно море, одведи мисли на самотно место и уживај на момент, таму ќе пронајдеш парчина од нештата што ти се потребни за она мало нешто кое се вика исполнетост и среќа. Убава ви вечер!!!
Зошто во ова денешно време многу познаници кријат дека имаат врски.Толку ли се несигурни во себе или страв им е да не им го украде некој дечкото/девојката, па и од дома ги крија, а тие над 25 години.А пред тебе глумат лудило или ако нешто некажеш па се дознае подоцна "ејјј па ти ништо не кажуваш е муабетот". Мислам WTF луѓевооо!
СДК дека ми е многу мило што со мајчица се изнамуабетивме онака својски како најдобри другарки 4-5 сати дрдорење за секоја тема Дај боже и јас да бидам ваква мајка еден ден !
Eee, тоа чекање да го удри некого судбината по децата најубаво го користат големците коишто си мануфактурираат разни состојби, од типот на ако ги скараме овие и овие, ќе профитираме вака и вака. Камо да не им одеше од рака толку лесно, но тие големи играчи имаат искуство. Децата не заслужуваат да бидат жртвувани, дури ниту за да им се врати на татковците. Децата треба да ги поправат грешките на татковците и еднаш да престанеме да гледаме потресни слики. Ни малтретирање на мигранти, ни војни, ни обезглавувања на камера, ни зад камера, ништо од тие потресни нешта... Точно е дека на крајот, најверојатно човек ќе пострада од сопственото оружје, но каква би била поентата, доколку поколенијата не ги сменат нештата?
^ Јас сум за тоа да поколенијата ги сменат нештата.Да нема никакво следење на татковата постапка.Да биде на подобро.Но, колку и да си чист,животот ако сака ќе ти ја покаже лошата страна,а тогаш каде ќе бидат тие кои допринеле за тоа? Јас како млада личност сакам да замижам пред некои работи,но не можам.Живот е тоа.И да не сакаш,ќе гледаш.
Оној што може невини животи да носи на душа, не се плаши од господ, па колку сака нека се клања во црква или џамија. Но многу често знае да го види пеколот уште пред да тргне кон него.Верувам дека бог го створил секој човек таков да може достојно да си ги носи своите гревови на плеќи, но колку таа тежина е поголема, толку падот е поболен.
Идете во бестрага сите вие несовесни, гнасни, одвратни сопственици на кучиња!!! Сред центар, на фонтана од која вода пијат луѓето, без осет и без размислување еден кретен му дозволи на своето куче да пие вода и притоа да ја излиже целата фонтана!!! Вие правете што сакате со вашите кучиња, спијте заедно, јадете од иста чинија, пијте вода. Ама не сме сите така приврзани со животните. Јас видов, случајно поминав од тука, хааа, па има луѓе кои ни на крај на паметот не би им текнало за ова... Што не знаеш, тоа не те боли, арно кажале... Ете од ваквите си пати човештвото!!!
Никогаш не сум се замарала со личности кои не се веќе во мојот живот,од икс причини, кои не ги познавам, а сум слушнала за нив, а уште помалку за луѓе од овој виртуелен форум. Многу ми е убаво што доста од членките тука, ги запознав и во живо, некој дури ми станаа и многу блиски, а има и такви кои не сум ги запознала сеуште, но ми се многу мили и драги. Редовно ги читам, пратам, исто како и они мене. Почитувањето е взаемно. Баш ми е убаво поради тоа. Но, никогаш нема да ги сватам, а не се ни трудам, оние на кои одредена личност не им се допаѓа или им се допаѓа можеби, но не ја поднесуваат, но битно константно се замараат со неа. Што прави, каде оди, што пишува. Едно е да влезеш во дискусија, да кажеш свој став за нечие нешто, но сосема друго е да демнееш некого со будно око. Сите сме различни и фала богу не би ни било добро цел свет меѓу себе да се сака, да им се допаѓа све кај секого. Бидејќи сето ова е релативно, имаме различни карактери ,вкусови... Но каде да се сместат оние кои се опседнати со одредени личности и константно ги следат што прават, но сепак кажуваат како не ги сакаат. Јас не би ги сместила никаде можеби, бидејќи не се сакаат доволно себеси и немаат сопствен живот. Кога првенствено се сакаш себеси, никој нема да може да те претвори во такво суштество, а уште помалку да мразиш некого. Имајте убав ден.
Некои работи треба да бидат замижани и проголтани, едноставно така треба колку и да ни звучи сурово колку и да не боли душава. Ако ние самите не си створиме психички мир и спокој никој не може да ни помогне, очекувањето е лоша работа и раздразнетост на нашите чуства и нашата душа. Големината на еден човек е да простува но не може и да заборави, затоа исчистете си ја душата од гнев и омраза од мачење и страдање и едноставно прифатете го животот онаков каков што е, простувајте за свој мир, немора да заборавате, но не си ја трујте душата и живејте спокојно, бидејки ако самиот човек е чист и нема грижа на совеста и помогне некому еден ден таа помош ќе му се врати. Не очекувајте секогаш да ви враќаат со арно, вие помогнете а очекувањето ќе ви биде вратено од Господ онаму каде што најмалку очекувате. Човек не е само за арно, големината на човекот е во лошите мигови од нашиот живот,искреноста е најголемата доблест за човековото битје. Имајте убав ден преполн со позитива и радост во душава
Јас сум многу голем љубител на животни, имам мачор, дечко ми има куче, ги гледаме како деца. Ама за ова се согласувам дека не е во ред. И мене лично ми смета. Ако мене миленичето ми е најубаво, најмило, го сакам и не ми е гадно ништо поврзано со него, некој друг од страна не го гледа тоа така. Луѓево никако да го сфатат тоа. Дечко ми кога го шета си зема ранче со него, внатре става чинивче за вода и кога сака да пие, полни и и' дава. А не на фонтана каде што луѓе, деца пијат кучето да се лигави. Пак ќе кажам мене не ми е гадно, ама не секој сака миленици, а најмалку можеме да очекуваме па дека некој моето куче или маче ќе го гледа како јас што го гледам. Ова ми е исто како мајкиве со бебињава. Нивни деца се, си ги сакаат најмногу, што е нормално, ама не можеш бре во сред соба да го пресоблекуваш и да му бришеш каки кога на два метра од тебе некој јаде или пие.
@Daydream не ги спомнувај мајките, тие се ендемски вид, заштитени со сите закони кои можат да ти паднат на ум!!! Јасно е дека тоа е бебе, и повеќе од јасно е дека има тоа потреби, да цица, да кака, секако на било кое место, а тоа тебе не смее да ти пречи, бидејќи ти не си мајка и ништо не разбираш!!! Јасно? Се извинувам за иронијата, ама треба да се има осет и разбирање за другите.