Не само шо миев садови, туку го искористив тоа што цимерот не е тука 2-3 саата и перев, го чистев станот, пеглав и сфатив дека алиштата подобро ми мирисаат кога во перална додавам Семана Purple него Семана Blue
@joy1 Повозрасна си од мене, позрела, секако дека поинаку размислуваш и го ценам тоа. Во претходниот пост напоменав дека не сакам да бидам погрешно сватена, во никој случај не сакав да кажам дека факултетот е подлога на тоа да бидеш добар родител. Вистина е дека јас немам никакво право да судам, секако дека секој си има право да избере што сака да прави во животот, само сакав да кажам дека ЈАС размислувам така, не мора сите да се согласуваат со мене, што е сосем во ред.
Едвај чекам да дојде зима, да биде ладно, да си варам чај на огнот додека во позадина оди некоја добра песна пуштена на радио. А потоа да земам ќебе, да пуштам романтичен филм на телевизор со марамчињата и чајот до мене. Да одам на долги прошетки и дома да се враќам со вцрвенето носе и вцрвенети уши од студот. Да пиеме топло чоколадо и капучино со цимет. Да уживам во мојата серија со кафето до мене до доцна во ноќта. Ја обожавам зимата. Сепак е подобро да спиеш со 4 ќебиња и јорган отколку да спиеш полугол и повторно да ти е жешко.
Незнам зошто но мислам дека е ова тој. Претворена сум во глупава смотана заљубена изгубена целата сум во занес како некоја ...па заљубена. Толку многу се плашам..Се случува пак, после толку години, и јас сум во транс. Се надевам ќе биде ок, тој е..некако знам дека е, он е кроток сладок скромен мирен срамежлив и грижлив и мислам дека сум многу блиску за да го засакам...
Не знам дали јас сакам многу, не знам дали имам преголеми очекувања од животот. Во последно време често ги преиспитувам моите ставови, дали се погрешни или не. Ама знам дека не сум воопшто среќна, а тоа трае подолг период. Немам храброст да прекинам нешто што до пред некој период беше толку убаво и чисто, а сега остана само бес, разочарување, лутина и незадоволство. Можеби сум кукавица и премногу се плашам, и само размислувам што би било кад би било... Горко е чувството кога не си сфатена, не си разбрана од некој кој ти значи многу, најмногу. Уште полошо е што на крајот на денот, и покрај сиот труд, пак ми останува кнедла во грлото која никако да ја проголтам и да ми помине. А се обидов да објаснам, да се искажам, ама бадијала.. И така секој ден, секоја вечер, времето си минува, повеќе од година пројде. И ништо не се менува, само тивко тонеме надолу, и ние и она што остана од нас..
Мајка ми мие и во меѓувреме крши 3 чаши, 2 чинии, 2 тегли, 5 филџани и вика: Ајде ништо страшно, на секој може да му се случи....Јас мијам и ќе ми се лизне од раце едно малечко филџанче што собира 3 голтки кафе, ќе се скриши иииии погледот мајка ми што ми го упатува И нејзината реакцијата после 5 секунди.... Па нели на секого може да му се случи????? п.с. Тие сељаците од шител нека пазат малку што пуштаат...ми пренесуваат порно во живо?? Што им е на луѓево бе? Цел ден (сред бел ден) на реклами даваат дека вечер следува секс на мотрус пијана курва и некој глупак што го користи нејзиното пијанство за да е*е нешто во животов.... Дефинитивно сме најмизерна држава....
@YoungandBeautiful те читам редовно и драга си ми ептен ,ме изненади ова твое размислување Точно тоа сакав да кажам да не се суди никому и не пред време,бидејки само Бог знае еден ден каде ке бидеме. @mimiiiii да имам две керки.Што би ги советувала? Да си го следат срцето Јас потајно ке се надевам и суптилно ке дејствувам да станат образовани и независни девојки.Но независно од тоа дали ке имаат или не факс пред да станат мајки ке им кажам дека за да си мајка прво треба да имаш челични нерви,лавовско срце,трпение,очи широко отворено. Ако се спремни и на 20 год тоа да го дадат тогаш така нека биде
Здраво луѓенца мили. Темава не сум ја посетила неколку месеци, а омилена ми беше едно време. Гледам сте ме барале, па ќе пробам да се вратам и да бидам по редовна. Ми недостигавте и вие мене. Кај мене во изминативе неколку месеци се променија премногу работи. Конечно се вработив. Не по струка, ама добро е додека да се најде нешто друго. Супер ми е, времето ми е исполнето и никогаш досега не сум се чувствувала толку продуктивно. И на љубовно поле работите се променија на подобро. Бивша љубов ми се враќа по 468460 пат, ама се надевам дека овој пат ќе биде подобро од претходно. Научив да ги елиминирам од животов луѓето кои ме прават несреќна и се` подобро и подобро ми оди. Иако, морам да признаам, сеуште тешко се разделувам и одвикнувам од луѓето, без разлика колку долго ги познавам, ама научив дека за да бидам среќна мора да бидам опкружена со луѓе кои ме прават среќна и дека сето тоа е за мое добро. Се променив, онолку колку што може една личност да се промени, ама сепак е на подобро. И посреќна сум.
Посебно и почесно место во мојата љубов кон книгите, им оддавам на учебниците. Обожавам да листам и разлистувам некогашни, сегашни и идни учебници. Многу ми е релаксирачки кога разлистувам било каков учебник, без разлика дали е некој предмет кој ми лежи или пак не ми се допаѓа, или пак станува збор за нешто тотално неповрзано со моето школо. Не знам колку пати го имам прелистано фамозниот дебел учебник по кривично право, кој за мајка ми има преголемо сентиментално значење , Уставот, со кој патем си игравме Собрание со братучедите , разноразните збирки на татко ми по основи на сметководство за кои бев убедена дека се полни со некои ултра-тешки математички задачи, читанки по историја; учебници по архитектонски конструкции и градежни физики од пред сто години, кои патем немам поим како и од каде мајка ми ги довлечкала по дома. Прирачници за воведување цврста храна кај бебиња од пред дваесет и кусур години и некоја „апдејт“ верзија од пред петнаесетина години, кога се роди брат ми. Мислам дека на памет имав научено што треба, а што не треба да јаде бебето во одреден месец - што можев да направам, кога покрај преголемата љубопитност, книгите беа прешарени и полни со слики од овошки, зеленчуци и бебиња со образи за штипење. Во тој период, вујна ми насекаде ме фалеше како јас сум била родена за на медицина - немам поим како ѝ падна таа брилијантна идеја, иако не покажував никаков интерес за истата. Денес, кога ми текнува на мојата фобија од игли и крв, само се смеам, така баш од сце. Туку, брат ми тргна во средно и неодамна добија книги. Не можев да одолеам, се оправдав дека прстите сами почнаа да ми се лепат по книгите и тргнав на тура разлистување. Се убив од вртење страници, од Панонски легенди и Глаголица, до процес на сублимација, хидростатски притисок, преку мономи и полиноми, стигнав некако до историја. Историја ми беше омилен предмет во прва, па си реков чекај да видам дали добро се сеќавам на сето она кое сме го учеле. Не само што се потсетив, туку и сфатив дека брат ми всушност добил моја книга. Среќа што тогаш сум била доволно паметна (или пак само среќа е во прашање), да си го пишам никнејмот од некогашниот MSN (кој патем беше тотално неповрзан со моето име) за анонимност на ниво, инаку навистина не знам која друга будала би се потпишала „*никнејм* + John Frusciante“ во срценце на сред лекција за Месопотамија. Ми фалеше уште она 'together forever in love', за да биде врвот на тинејџерската глупоќа.
Го гледав видеото до крај, типката растури и лом направи. Се гледа дека Nicole Arbour ја погодила до срж. Во право е за некои работи. Fat people should stop eating. Еве го оригиналното видео: Ги искина девојкава the fat people, ама начинот на кој го направи тоа е многу предизвикувачки и подбуцнувачки леле лом направи и типкава, за ќотек е, море не за ќотек за е*ење е! Наводно и го суспендирале youtube акаунтот заради ова видео со изговор: hate speech. Ова што е погоре е закачено од друг корисник.
Во моментов лежам во кревет и гледам низ прозорецот како сонцето посилно светка.Прекрасно чувство носи почетокот на денот.Чувството кога си само ти,птиците кои црцорат и цветовите од дрвото во дворот кои се будат заедно со сонцето.
Секoе срце имa свoјa бoлкa,сaмo нaчинoт нa изрaзувaње е рaзличен,некoи јa сoкривaaт вo oчите некoи вo нaсмевкaтa.
Зашо влагате во брак, па уште и со амбиција сами да живеете, а очекувате дел од месечните трошоци да ви ги покриваат вашите? Многу зрело...
Си направив сок од банана,диња,праска и лимон,прекрасни вкусови на овошје.Малце време и за мене да побуричкам по форумов.Сабајлево надвор беше многу ладно,чиниш есената на прагот е.Најискрено едвај чекам да почнам да ја изработувам дипломската работа,но ете ме кочи тој еден предмет.Како сум на крајот веќе се потешко е.Јас се доближувам а тоа бега Имајте убав ден
" Сакам секогаш да бидам сакана. Не сакам тоа да биде секогаш во друга прегратка. Сакам што понекогаш не сум сама дома. Не сакам што не е тоа секогаш. Сакам што можам да одолеам да не му одговорам. Не сакам што тој понекогаш не ми одговара мене. Го сакам чувството кога сум со него. Не го сакам тоа кога не сум."