Во денови когa сонцето ни е претворено во облак и не облева врнежливо расополежение, прибегнувањето кон непотребна шопинг - терапија предизвикува да се чувствуваме нови, сè додека парчето облека кое сме го купиле не остари и дојде време за ново по само еден ден носење...
Јулче тоа ми беше и поентата на постот што ти го упрости и го кажа со пократки реченици . Јас сум таа што не очекува од луѓето ами од животот и господ. Имај убав ден, гушка.
Сакам да кажам дека јас постојано се карам со времето. Кога е најтопло јас се облакам најдебело а кога е најладно јас се облакам најтенко... Згора на тоа, секогаш кога ке настинам имам некој настап и ај сега пак пиј ракија и мед за грлото за да не се обрукаш ...
СДК 1. Ме иритираат луѓе што коментираат работи од типот: „Леле како искочила денски со црвен кармин, како се облекла вака за на кафе, природно си е природно види колку се нашминкала...“ Па уште кога ќе шерне некој од оние бифор енд афтр слики на нашминкани средени девојки, па некој ќе искоментира демек шминката била за да се истакне природната убавина а не да изгледаш како друг човек... А бре терајте си како вас ви одговара, никому не му е местото да коментира за туѓ изглед. Јас ако не се шминкам ни за искачање, баш ме заболе ако некоја се шминка за утринско кафе, пример. Не е моја работа да критикувам некого за нешто што јас не би го направила. СДК 2. Имам кризна состојба на коса моментално. У таа фаза сум што не знам дали да ја пуштам да потпорасне или повторно да ја скратам кратка. Повеќе си се свиѓам со кратка искрено, ама ме предомислуваат луѓево околу мене дека подолга поубаво ми стоела.
Во принцип никогаш не зборувам за негативните работи, работите кои ме прават тажна, не поддавам слабост, иако имам и такви моменти. Колку што е можно повеќе одолговлекувам, ги буткам позади мене, се додека еден ден, сето тоа веќе не е воопшто важно. Едноставно така, поминува... Шоља топло, миризливо, јако турско кафе и те како може да ми го подобри расположението.
Единствена убава работа која на која татко ми ме научил е готвењето, неговата струка е таа па така уште од мала ме учеше на некои работи, ми покажуваше мали трикови, ме оставаше да грешам и да учам од грешките. Готвењето е она што сакам да го работам, можеби е касно ама ете сега го сфатив тоа. Готвењето ме смирува, уживам во тоа, ми годи, ме прави среќна. После дечко ми готвењето ми е најголемата љубов. И сакам да учам, да научам уште многу јадења, трикови. Штета во мојот град нема никаков курс за тоа, да има со песна би одела. Наскоро ќе имам своја кујна па уште од сега почнав да си купувам алатки. Најмногу се радувам на кујната, едвај чекам да дојде време да си ја спремaм
Само ова и ништо друго не ми е потребно во овој дождлив ден! Конечно поминаа пеколните жештини, конечно се осеќа есента. Најубавото годишно време
Во последно време сум претворена во машина за решавање проблеми. Е, давајте некој проблем, веднаш ќе го решам. Валјда универзот ме виде како таква и интересно му е. Е, мене веќе не! Некој нека ме остави во некоја колиба во планина и нека ме заборави некое време таму, за нервите ми е. И плус за сериите
СДК Повеќе од ден час шетам по форумов да си најдам некоја интересна тема и што да видам фемина е окупирана од деца од по 15-16год. Се некои банални теми, прашања, одговори. Деџа дајте оладете малку шетајте уживајте и остајте малку салам муабет да си чиниме ние што стварно имаме што да прашаме и кажеме, а не се бакнавме можно ли е да сум бремена.
Познати ви се оние луѓе кои оговараат баш секого и сешто, се подсмеваат на се, подценуваат, се мешаат во приватноста на туѓите животи, кажуваат и као демек знаат кој што прави и дали истото било добро или не? ! Е токму таквите имаат најмногу работи за подсмевање позади нив. Но имаат среќа, бидејќи не се сите како нив, па да зборат за нивната вистинска срамота ,а ништо не би било лага. И не може некој да изгледа како старлета, по модерно кажано, да оди сред бел ден на Водно со штикли и кило шминка, да се прави "паметна".Џабе им е таа маска на паметни и интелигентни луѓе и преправање пред другите. Некои работи ги издаваат, секогаш и секаде. Не се свесни они за тоа, но тоа е тој факт и очигледност.
Спојлер: 18+ 4 години фемина, 4 години место за емоционално празнење...место каде што запознав доста добри личности, место каде што го почуствував тоа што човек може истовремено и да го излечи и да го направи болен, луд...Во таа чест, lets get smashed...
^ Мене ќе ми расипе пијанчење вечер ако вака продолжи. Ајде сега е моментот ако има некој горе да не разубеди нас атеистите дека исполнува желбички.
Јас пак спротивно на тие феминките горе што се молат да престане дождот, се молам да продолжи да си врне (ама не да студи! )....и се надевам дека сме од различни градови, пак кај вас нека престане, кај мене нека продолжи Многу ми е поубава атмосверата кога врне, ме смирува и баш во тие моменти можам со полни гради да дишам. Сакам летен дожд, а мразам есен. Ама околу мене веќе баш се мириса на есен. Се печат пиперки, децата почнаа на школо, јас го барам бодито да го облечам, некој си цепи дрва...се подготвуваат за зима луѓево. И не сум свесна колку брзо времето лето, стварно не сум. Ден за ден, недела за недела и веќе друго годишно време се сменило. Пред една недела денот траеше до 20 и нешто ч.,а сега веќе во 19.00 час имам сијалица пуштено. Сега ми преостанува да си најдам филмче или да му пробуричкам кај татко ми во неговата библиотека, за да си најдам добра книга. Плус мајка ми прави палачинки....кремчето тука, бананите тука, оревчиња тука...ќе си експериментирам Обожавам ваков период.... п.с. Доста се нервираат луѓево дека сме губеле кошарка...не знам што очекувавте толку па сте разочарани... п.с.2. Ми недостига баба ми, колку време не сум ја видела Ајде ќе се потрудам наскоро да ти дојдам во посета ама се надевам нема да ме прашуваш за дечко и факултет
Колку вреди вистината? Или подобро, колку не вреди? Сите ја бараме онака на голема врата, декларативно, сите сакаме да не бидеме лажени, а на крај, баш и не ни се допаѓа нејзиниот, не ретко, горчлив вкус. Покомфорно се чувствуваме онака со некоја слатка лага со некое лицемерно додворуање иако често знаеме дека е баш такво. Дали вистината е преценета? Или ние луѓето не секогаш имаме стомак за неа...
Ги обожавам ваквите денови. Сакам побрзо да дојде зима, ладно. Годинава сакам да падне некој страшен снег, да не може да се излезе од дома. Е тоа ми е мерак.