Пазарувам во маркет ,ја полнам корпата со се што ми треба и што сакам ,а тука околу мене три сами Ромчиња, мали деца, околу 5-6 години. Сите три си земале по едно смоки, и стојат, а еднота од сите им кажува како сите три ќе јадат од едното, а другите да ги вратат, бидејќи немаат пари за сите три да ги купат. Ги слушам и гледам и душата ме боли. И не можев да се воздржам, а да не им дадам пари за да си купат сите три по нешто. Тоа е ситница и не е ништо, но не знам зошто животот е толку неправеден. Не зборам за големите,возрасните, бидејќи секој на свој начин може и нека си ги засука ракавите. Здрави и прави се нека работат нешто, нека се потрудат барем. Но што е со децата? ! Толку мали,невини, а не можат дури ни едно смоки да купат. А јас не сакам и не можам да имам само јас, би им помогнала на сите, на сите беспомошни. Дури и ми се заблагодарија и ми подарија насмевка. Не требаше ништо, но многу ме исполни. Едно смоки е ништо така? ! Е за некој и тоа е премногу, затоа да го цениме сето тоа што го имаме, а не со гладни очи да бараме уште и уште ,па и одозгора на се да користиме некој друг за нашите материјални "желби" и да си создаваме слика дека ништо не ни е доволно.
Си мислам како би изгледало барем еден месец да не го сетам ПМСот. Да не ги почувствувам сите тие симптоми, па ало бе хормони имајте милост. Вчера, почнувајќи од доцните попладневни часови па се додека си легнав, плачев за толку бизарни работи што мислам дека ако некој ме видеше одма ќе ме замеа во лудница. Ми текна на случка кога бев забаваче, имав проблем со сината и зелената боја. Ми се мешаа, и не можев да ги препознам, не знаев како треба да го обојам морето, како тревата, како дождот, а како небото Учителката ни рече да цртаме демек врне дожд и радосен човек на дождот...и јас наместо со сина, сум зела да бојам со зелена...цело небо, сите капки дожд...се обоив зелено Кога дојде учителката кај мене ми рече: Абе на твојов цртеж дожд или трева врне и почна да се смешка, и деца како деца одма сите почнаа да ми се смејат кои трауми ги имав.....кога појдов дома кажав и пак плачев, и татко ми и се јави и ја отера у пм учителката, а после тоа премногу пазеше како се однесува со мене... И така ми текна на оваа случка и си плачев.... Таман се потсмирив малку, хормоните се смирија, почна да ми досадува една мува и ја убив, и пред да ја фрлам и за неа плачев зошто беше мала, и таман се научила да лета а јас ја убив.... И на крај не можев да спијам, станав крај 4.00 ч. да си мачкам кришка со крем..одам во кујна гледам нема крем...и пак си плачев Денес некако гледам посмирена сум...ама до кога? Додека не ми текне што ми кажал Петко во второ одделение па сме се карале? Додека не убијам мравка некоја? Додека не ми текне како сум плачела во прво одд за да го држам дневникот кога се сликаме?
Ахх.. За денов имам еден збор- bittersweet. Вчера касно си дојдов од одмор, Лефкада со дечко ми. Денес ми е роденден. Тажна сум и среќна сум истовремено. Лефкада е сон. Толку убаво си немам никаде никогаш поминато. Се изнашетавме низ цел остров, низ најубавите плажи, бевме на крстарење, на бегање бевме Парга на 1 ден.... Се на се одлично си поминав, и вечер ќе си славам роденден но.... Жално е што се убаво мора да има крај. Иако баш заради тоа е толку непроценливо. Уште едно лето замина... Уште една година ми помина. Нека ми е среќен 21виот роденден, посакувам само здравје и среќа до следниот како и секоја година, другото ќе си го наредам и сама. Ве поздравувам со една слика од Лефкада.
Денес открив нешто скриено во моето битие... Дека јас уствари сум била многу голема романтичарка, а не сум знаела... Убаво е чувството да му посветуваш внимание на некој што ти значи.
Не само што се зборови на професор туку и кажани пред голема група на студенти, од кои само јас и уште една бевме муслимани. Секако не изреагиравме ама сфативме колку е саат со професорката, еве сеа мака мачиме.
Сдк Премногу неиздржливо ми е смачено од секојдневието. Секој ден се случуваат едни исти работи....класика...клише...секојдневие... Не сум тип што би се ослонил да води и да прави се едни исти работи секојдневно во животот. Обожавам да патувам, и да менувам локации, да се дружам со најразлични луѓе и да го спознавам светот и неговата убавина. Убаво ми е душата кога го пакувам куферот и одам некаде..било каде, сета таа еуфорија и авантуризамми се прекрасни... Убаво е кога човек може да си преушти убави и несекојдневни работи, кога патуваш и среќаваш најразлични места и пријатели. Не, не го сакам овој период од животот ...ме докрајчува помислата што сум сама и осамена иако мирот ми годи... Сакам да избегам од ова периодично секојдневие и да одам таму каде што навистина припаѓам. Пријатен викендски ден дами... Ви посакувам љубов...многу љубов.
СДК дека личам на келнер у куба либре Си се понадевав дека не ми пиша за некоја услуга, али шо е тука е, барем ме насмеа
Браво миранда! Убав и поучен пост и гест. Јас во средно на час по историја ја слушав проф. како ми ја навредува нацијата. Ќутев, ќутев додека не ја ислушам што глупости има да каже, станав и и' изнакажав се' што ми дојде на душа, ја пријавив кај директорот и не се појавив повеќе на нејзин час. Страшно е колку исфрустрирани, напатени професори ни' предаваат. Таква не заслужува ни пет минути да поминам на нејзин час.
Не ми се исполни желбата... Лута сум на универзумот, лута сум на светов, лута сум и на другарка ми што 12 пати ме праша дали сум океј, лута сум на комшијата што ајвар прави а не дава тегла, лута сум му на него што нема веќе да го видам, лута сум на сите песни што ме растажуваат моментално, лута сум ви на сите вас.
Секоја шанса во животот мора да се искористи,животот е прекраток за губење време со небитни работи.Гледајте си ја својата черга и гледајте да е секогаш чиста.
СДК огромна благодарност до сите што ми го честитаа роденденот! И иако лично не ве познавам, ми го разубавивте денот (да не речам вечерта)! Ми посакавте многу желби и многу убави желби, ама од сето тоа јас само ќе изберам здравјето да ме послужи, за да можам да се потрудам после околу другите работи. Инаку, @Someonespecial, тортата ми стана реалност (пред некој ден ми беше изненадување и сега само фотографирам ), тоа ти се вика телепатија.
Мое мислење е дека голем дел од фрустрациите кај луѓето потекнуваат од нивните избори и одлуки...зборувам за разгалени луѓе и луѓе кои не знаат што сакаат... Ме нервира докторот кој секој ден оди пијан на работа, бидејќи не сакал да стане доктор си ја лечи тагата со алкохол, ама мајка му и татко му се доктори па морал...ме нервира снаа ми која не знае дали сака да биде мајка или сака "да си го живее животот" , па на крајот невино дете мора да се справува со неа...ме нервира колешка ми што не знае колку е 2x - x ама се запишала на информатика бидејќи филм и е да се нарече себе си програмер иако едвај фаќа услов за да запише година...ме нервираат сите деца кои не добиле доволно љубов од родителите, па малтретираат други деца... ме нервира професорот кој се изживува врз студентите...ме нервираат сите луѓе кои не знаат што сакаат од животот и на крај други луѓе патат заради нив. Далеку од тоа дека немам фрустрации, јас сум тешко искомплексирано суштество ама само сакам некои луѓе да пораснат веќе еднаш. Ме фрустрираат туѓи фрустрации и туѓи комплекси. Аман чувајте си ги во себе. Пораснете.
Спојлер Се присетувам на деновите 10 години уназад кога мајка ми велеше дете отвори си ги очите, не е така розево се како што ти мислиш, зошто си заслепена и не гледаш што се случува околу тебе...дури сега сфаќам дека баш поради тоа што не верував во тоа колку далеку оди човечката злоба животот за да ме увери дека постои и темна страна на луѓето кои сум ги сакала, оние кои сум мислела и сум ги чувствувала за пријатели, оние кои ги прифаќав такви како што се и се трудев да бидам најдобра девојка, пријателка секогаш ме ставаше во улога на сведок на нивното предавство и сопствената несреќа, секогаш бев таа која лично мораше да го види тоа што најмногу и причинува болка. Имам доволно години за да бидам зрела личност но понекогаш лузните од минатото, повредите, болките го будат детето во мене со скршено срце кое се распрснало како стакло на ситни делчиња.
Колку се осеќам пријатно кога ќе добијам комплимент. Деновиве, како чести комплименти се тоа дека сум се ослабела многу. Да, и многу ми е мило, не само за тоа што ми даваат комплименти, туку и ја самата си се осеќам убаво со -20кг. Сега со мерак можам да си носам алишта, што порано не би ме собрале. Ама, тоа го постигнав со многу труд и волја. Затоа луѓе, доколку сакате нешто да постигнете, верувајте дека ќе го постигнете тоа што го сакате, само доколку имате волја за тоа. Добра ви ноќ
@Lady Phoenix Среќен роденден, ти посакувам пред се Здравје, а потоа Среќа, Љубов и се најубаво во животот.
Иии ете,се среди се' и со студентскиот дом,примена сум. Моиве поиспаничени од мене беа,ама се среди се',како се израдуваа сите. Последен викенд како средношколка,искрено мака ми е малку .Отсега па натаму ќе биде многу поинаку. Мака ми е што нема секој ден да се гледам со другаркиве,нема прошетки секоја вечер до доцна,а и ќе треба повеќе учење,но нетрпелива и љубопитна сум . Се трудев деновиве да бидам колку што е можно поопуштена,да не паничам безврска,но дури сега еве почнав во стомакот да чувствувам bubble од трема и возбуда,едвај чекам да видам како изгледа секојдневието на еден студент. Прилагодување на новата средина,стекнување на нови пријателства,познанства,поголема одговорност се само дел од процесот низ којшто треба ние студентите да поминеме. Како и да е, имам позитивен став во однос на сето ова,искрено се надевам дека се' ќе биде во ред,дека ќе биде забавно и интересно. Велат дека студентскиот живот е еден од најинтересните периоди во животот...Ајде да видиме,почнуваме следнава недела конечно. By the way,пред некое време ми прати една другарка линк од една песна,како се изнасмеав од текстов. Поздрав до сите бруцоши! Спојлер
Сабота вечер.... Седам во тишина... Чувствувам дека ми е потребна.... Ме храни.... За крај еден цитат од Мајка Тереза..... "We need to find God, and he cannot be found in noise and restlessness. God is the friend of silence. See how nature - trees, flowers, grass- grows in silence; see the stars, the moon and the sun, how they move in silence... We need silence to be able to touch souls." Mother Teresa
Најфините какао зрна доаѓаат од Гренада. Го пробав тоа какао, коe потекнува од Островот на зачините. Ретко познат специфичен вкус.Има јака арома на ментол, а на вкус потсеќа на црно кафе. Го измешав со цимет, нели циметот ми е составен дел од животот. И мене и на мајка ми. Уживав во дворот на баба ми , во светлината и шаренилото . И во душата така се осеќам . Осветлено. Сакам да сум сама. Сама со себе, втурната во едни димензии на бескрајно големото растојание на Космосот и на бескрајно малото растојание на атомот. Човек може да биде со многу луѓе а да се чувствува осамено , а најубаво е кога е сам а не чувствува самотија. Ова си го мислев денес, вчера ....Мислев и за патот до вистината . Интензивен , спиритуален и општествено одговорен. Го испив напитокот, кој ме потсети на еден момент кој ми остана длабоко запишан во умот. Моментот кога сфатив дека страста е креатор на светот, за да се преобразиш мора да се ослободиш од минатотот. Затоа и се имам одлучено за живот исполнет со алтруистичка љубов, отколку за чувството на моќ и успех. Вака изгледа тоа чудо. Чудо од рајот кое има едноставна моќ. Да те поврзе со својата длабочина.