Расчистував во собата и кога во фиоката на дното ја најдов книгата, книгата која беше наменета за него, книга која никогаш не ја доби. Ја прочитав посветата иако добро ја знам напамет и јас искинав првата страница. Посакав цела книга да ја искинам, ама зошто таква убава книга од таков посебен писател. Судбина и било да остани кај мене. Си ја сместив до другите книги, во мојата мала библиотека. Ми се вратиа многу спомени и чуства на бес, лутина, среќа и самата не знам какви, само едно знам дека прв пат во мојот живот изгубив, јас која не бев навикната да губам, а сега гордо можам да кажам да изгубив, го изгубив, но животот сигурно има нешто многу повредно за мене, така да тој повеќе изгуби.
Vo zivotot nekolku pati udirame pecati za svoeto postoenje. Najubavo mi stoi raganjeto na mojot sin. Nisto poloso ne lici vrz mene i negovoto krstevanje.
СДК не знам да изглумам емоции дури и тоа да го очекуваат од мене. Имав ситуација каде што очекуваа нешто од мене, а јас само сменив тема на разговор за да не го кажам своето мислење затоа што знам дека нема да им се допаднеше. Да се работеше за мене ќе си го кажев,а кој не е за мене знам и да си преќутам затоа што не сакам да се мешам во туѓи животи на кого како му е арно така нека прави.
Оно кога истата девојка смара со својата тежина од лани ова време, веќе потвдено ти е дека страда од анорексија неуроза и си пред морална дилема дали јавно под сликите да и го пишеш да се освести и оправи или директно кај мајка и дома. Нејзиниот опис - карактер била. Девојче, дечко не се фаќа со мразење на себе си, како да ти кажам еве не знам! За греВота.
Ѝ се јавуваш по неколку месеци тишина. Ја прашуваш „Жива си?“, а таа ти се смее. Ти вели, добро што ти текнало, гласот ти го заборавив. „Еве ме, доаѓам, за петнаесеттина минути сум таму.“ Без непотребно договарање, без оние глупавите утре, ајде викендов, следната недела... Ѝ отвараш врата во пижами, и од другата страна гледаш подеднакво разбушавена пунџа. Не ви е гајле. Седнувате во дневна, и веднаш продолжувате од таму кај што сте застанале. Ти раскажува за новата глупост што ја направила, ви снемува воздух од смеење. Ѝ го објаснуваш она комплицираното, и те слуша. Можеби не разбира, но слуша. На крајот наместо она познатото „Таков е животот.“, „Ех, што да ти речам...“, таа кажува што навистина мисли, ти дава вистински совет од нејзина гледна точка, колку и да е банално или бесмислено. Непрестајно зборувате, не затоа што има некаква тишина да се пополни, туку затоа што, едноставно, сакате да зборувате една со друга. Темите варираат, од најновите фризури, сите трачеви во градот, до дискусии за актуелните светски проблеми. Ти раскажува некоја од оние лажни приказни што се вртат на социјалните мрежи, а ти без влакна на јазикот ѝ велиш „Глупости се. Навистина веруваш во ова?“. И знаеш дека не се лути. Како што знаеш дека не се лути поради тоа што ѝ се немаш јавено со месеци. Затоа што и ти не се лутиш. Можеби не сте зависни една од друга, можеби не постои задолжителна средба еднаш неделно. Но, знаеш дека секогаш е тука за тебе. Знаеш дека наредниот пат кога ќе се видите, повторно во тебе ќе се разбуди она чувство на комфор, сигурност, а сепак, потполна слобода. Чувство дека до тебе се наоѓа твојата најдобра пријателка.
оние кои понижуваат и ги навредуваат другите луѓе се всушност несигурни луѓе, тоа се луѓе кои имаат комплекси ги сокриваат со тоа што ке се исмејат на друг .....жал ми е за таквите луѓе...ве поздравувам сите и JUST SMILE.....
Знаете кога ви е нанесена неправда, она чувство кога се контролирате да не направите циркуз и будала од себе...епа така ми е.
Нема проблем, ќе ти пратам и две, само дај ми адреса, да знам каде да пратам Дап, и од ист семестар се, нели, Ти благодарам, ќе дадам се од себе Се надевам ќе биде доволно Јас дојдов да кажам дека добив уште една покана за дејт Не начекаа едни дечки кога се враќавме од диско во петокот и почнаа да ни прават муабет, и ни два ни три, дајте фејсбук, да се видиме на кафе. Ајде океј, им дадовме и јас и најдобрата пријателка, и вчера гледам ме адна еден дечко, и ни два ни три, кога си слободна да одиме на кафе. А што е најинтересно она му го фрли меракот него И ми вика бреј не си фер, еве три месеци си сингл, одма фрчат понуди за кафиња, дејтови, запознаваш странци.. Дај смилувај се, остави некој и за мене Ич да не се сеќира, и онака си имам еден заборавен во срце, по кој пеперутките кои беа заробени три години ми се враќаат Чекам да се врати од Америка, па да му предложам некоја дружба. Поминаа три години откако ми го скрши срцето, пораснавме и јас и тој, се сменивме, се изгубивме еден со друг. Јас пак се заљубив, засакав, ама и поминав низ хорор во срцето заради таа љубов. И откако излегов од тој пекол, сфатив дека иако беше голема љубов, не беше онаа вистинската, не беше он вистинскиот. И ете заспаните пеперутки се вратија. Сега го чекам и тој да се врати. Можеби овој пат ќе биде поинаку. Ама јас сега не се надевам на нешто, како ќе биде, така.
Меѓу сите глупи слики на интернет/фб, тука е и тип што скришно фатил 4 слики како професорот му пишува оценка во индекс.
^ Си можела сликава во спојлер да ја ставиш барем Инаку она што сакав да кажам беше дека многу ги сакам оревите ова време кога не се уште исушени. Така млечни и крцкави, можам да си грицкам до безконечност Плус ако некој ми ги кршит за да не се вапцам во рацете,мх мх, уште поубоо
Полагав пак денеска. Резултати тек во четврток, ми здосади веќе еден ист материјал да учам. Ако го паднам пак, се откажуем!
Никогаш нема да ми биде јасно како некои луѓе можат да бидат толку злобни.Како може некој да ти се меша во животот до толку да ти нанесе штета со некое свое сценарио.Се плашат ли таквите луѓе од Господ?Што имаат тие да понудат како личности освен ситната душа исполнета со злоба?!Ете за тоа се несреќни.И ќе бидат.Никогаш нема да се израдуваат на својата среќа вистиски.И да се израдуваат,нема тоа долго да трае,затоа што не можеш ти да градиш среќа брз туѓа несреќа.Има еден горе на сите што ни суди!!!
Никогаш нема да разберам како луѓето не умеат да си ја затворат муцката кога се нервозни. Абе заврти се, број, не до 10, ами до 1000 ако треба, ама задржи ги гадотиите за тебе. Можеби не го мислиш баш тоа што си го рекол, нели не размислуваш трезвено, ама јас не сум таа која толерира нечии испади, со објаснување дека нешто излетало. Абе ајде, што не прднеш или ждригнеш така фино, во друштво, додека седиш во извикан кафиќ, оти тоа се гасови кои излегуваат гласно, а ненамерно, м? Ептен фина комбинација- најбитен испит сесијава, го спремив 90%, легнувам да спијам барем неколку часа, и тогаш сонот реши да ме напушти! Ептен забавно, се превтував низ кревет, па наместо да одморам, јас се заморив. И да, алармот ме поштеди од несоницата...
...имам многу книги за читање. си го избришав твитерот. ми продолжија договор од работа. уплатив лото. ми е страв да одам на забар. вчера си кажав што ми тежеше и ми олесна. обожавам што е есен. уживам да се враќам пешки од работа и на 45 и на -45. се лажам дека ќе почнам со пилатес. посакувам да оздрави мајка му на дечко ми. ми треба викенд на планина. а релативно мирно живеам. и така.
Една цела карпа ми лежи на душава, не се чувствувам дека живеам туку дека преживувам. И до кога вака, се изморив со последни сили се борам. Едно нешто научув од оваа навистина тешка година а тоа е дека што и да се случи во животот, во колку тежок период и да сме без разлика од кој аспект во животот, молитвата е нешто што дава спокој во душата и надеж за подобро утро. Почнав да практикувам и барем успевам со малку надеж да заспијам бидејќи како Господ никој не е, после овие мрачни облаци над моето семејство очекувам да изгрее сонце и да ни ги стопли душите.