Го знаете она чуство кога заморот почнува да ве издава? Физчичкиот, но и психичкиот. Кога секој може да забележи дека повеќе не можеш да функционираш и си "dead on your own feet"? A ти се што сакаш е една минута одмор за да земеш еден здив и да ги наполниш дробовите, еден момент исполнет со мир и тишина за да можеш да собереш уште малку сила, и после повторно да продолжиш таму кај што си застанал. Но тоа не го добиваш бидејќи тогаш некој ќе дојде и ќе започне разговор со тебе кој ти го одзема здивот и добро те протресува. Увидувајќи ги твоите слабости, ти укажува на работи кои ти си се трудел да ги прикриеш. Те "соголува" пред себе и те прави толку ранлив... Сака да ти помогне, но не може. Премногу си затворен и горделив за да го дозволиш тоа. Освен тоа, тука е и фактот дека никој друг не може да ти помогне освен самиот ти, на себе си. Баш во такви моменти сфаќаш колку си кршлив и немоќен. Колку беспомошен си самиот за себе и колку многу ти треба здравиот разум, концентрацијата и стабилноста. Резервите се изтрошени, и тогаш се соочуваш со некој вид на колапс. Се присилуваш да почнеш да водиш ред за твоето здравје и психа, тоа што треба да го правиш цело време од дамна, ама сепак не си го правел. За да можеш да бидеш тоа што си, за да бидеш тоа што сакаш да бидеш, за да си способен да го правиш тоа што сакаш да го правиш... И тогаш сфаќаш дека си само човек... уште еден, од многуте други....
Разочарана сум од општетството во кое живееме.Секој ден иста приказна,никој да се потруди околу тебе,да те задржи,насмее и чува.Секој гледа да се истресе,олесни и чао.(општо кажано). И најсељачки ми е кога ќе ставите слики од пари "еве колкава плата имам" резили сте сами си ги повикувате "поштените"девојки да се палат на вас. И некој ќе ми каже имам девојка ама имам и швалерка,љубовница и Сека Алексиќ се пали на мене,а он сироткиот брка жени по фб. Не ми е криво што се другите среќни,криво ми е што касно сфаќам дека себе си не се направив среќна. Незнам кога сум сменила последен пат статус single ама знам дека од скопсково општетсво ми се гади. Место да градам мостови ќе градам ѕидови,има поубави работи од мостовите.
Девојки не знам што ми се случува.Сега почнав со факултет, на Филолошки сум . Ме фати паника ,баш до пред малце размислував како ќе се снајдам сепак е тоа друг град.Секој ден патување.Ме фати некоја носталгија,депресија.Ова ми делува толку голем залак кој не би можела да го поминам. Можеби е така затоа што земав друг јазик наместо тој што требаше,бидејќи оваа година го нема мојот јазик и се разочарав најмногу.Толку бев возбудена и среќна што ќе си го учам јазикот кој го сакам,ама ете така испадна. :/ Не знам, како само јас да почнувам со факултет па ме фаќа паника :/
Единствено нешто што ме изненадува е кога некој ќе си го исполни ветувањето. Е до тој степен сум дојдена со луѓето...
Немај гајле, за патувањето ќе се навикнеш. Ќе ти стане секојдневие, нема ни да осетиш дека патуваш. Да, може е мачно да се патува секој ден, не викам не, ама како што напоменав, нема ни да осетиш дека патуваш. И мене така првиот ден кога почнав т.е цел месец имав паника, се дур не се навикнав. А, за јазикот, доколку го има догодина тој што го сакаш, може да си се префрлиш Само ќе ти речам, уживај и осети го студентскиот живот, забавувај се
Не сум се произнесла на тема : бегалците.... и сега нешто читав за тоа па ми се мрси муда на темата. Може ќе испаднам бесчуствителна но ете, мене не ми е сфатливо тоа протестите низ Европа за нивно прифаќање. Тие што протестираат нека си ги земат дома. Ако се прашувам јас, не ѕидови, планини треба да подигнат на границите.
@Madam-A ма каква чувствителност... Европа прави некои пропаганди за мир и соживот, прифаќање и незнам таму што, а ни самите не ги сакаат ниту прифаќаат. Зашто Британците ги тепаат во Ла Манж, зашто другиве ставаат бодликави жици, зашто Грците им ги превртуваат бродчињата... што не си ги земат ако толку ги сакаат овие другиве што протестираат незнам стварно. Толку ли се слепи луѓево или сакаат да глумат лажна човечност и чувствителност незнам. Тој мигрант, да не кажам терорист тргнат од таму со мисија, се онесвестува припаѓа на наша територија и одбива помош од Црвен Крст затоа што имало знакче крст, а тој бил муслиман, wtf? И што мајка бараат сите, ама баш сите у Германија. Ако гледаме така на нив и Македонија им е премија со оглед на тоа од каде доаѓаат, ама не, не им рекле така таму кај што им ги перат мозоците. Им рекле, правец у Германија ќе одите, таму нашите имаат здруженија кај што собираат пари, ќе ве помогнат финансиски, куќи ќе ви дадат, ќе се намножите убаво, пополека и оружјето ќе стигне... Затоа нив бе ни жици ни планини ни ништо нема да ги спречи да стигнат до целта. Да фатиле да мигрираат за подобар живот ќе отидат било каде, негде поблиску. Емиратите им се сто пати боље опција, а они се запнале за Европа? Зошто, што ќе работат у Европа? И кај им текна бе на цела држава 100000 луѓе баш сите у Германија да се тупнат, ко договорени цела држава, ајдеее се пакуваме и одиме... Па тие немаат грам мозок што мкнат и жени и деца и се, у потрага по подобар живот не се оди така, иди у околина, изгинаа по патишта и деца и се, али они упорно тераат за Германија, се прашувам како без децата ќе имаат подобар живот. Ќе се чудиме за некоја година кога ќе не решетаат од сите страни што сме глумеле хумани и разбрани за туѓата мука...
Сакав да немам обврски, да немам за учење..А сега, сега едвај чекам да почнам на факс.Ми фалат колегите, утринското расонување со најубавото кафе на факс, кратките но слатки паузи измеѓу предавањата, филозофирање за животот и тоа колку едвај чекаме да ни завршат предавањата и да одиме дома.. Епа убав бил и факултетскиот живот.Океј,има и доста стресови ама и дефинитивно најубави моменти.Луѓе со исти мислења, исти ставови, а можеби по некоја најдобра другарка, идна кума, сродна душа.. Убав период, себеспознание, созревање. Иако понекогаш хистерија ме фаќа.Пред испит.Најтежок.Се да искршам.Секој ми е крив. Ахх Ок.Контрадикторност.2ипол сабајле е де шта чу, дифрент филингс. Ајт, добра ноќ ве гушкамм
Пред неколку години имав некаква замисла и очекувања за тоа каде би била денес. Сега, гледајќи на моменталната ситуација во која се наоѓам, скоро ништо не е онака како што сум очекувала дека ќе биде. Не е лошо, можеби е и подобро од очекуваното, само сакам да кажам дека животот е не предвидлив и секогаш ти носи нешто ново, нешто што ни на крај памет не би ти паднало. Се надевам дека сево ова ќе води кон се` подобри и подобри работи. Битно ми е само што покрај мене се луѓето што ги сакам и без кои не можам да си го замислам животот.
Во текот на целиот живот се наоѓаме во ситуации во кој се бориме со самите себеси,бидејќи се соочуваме со нешта кои сакаат да не бутнат на подот,без разлика за какви проблеми се работи,едно е сигурно дека само соочувањето може да не подигне да се исправиме. Најтешките моменти нѐ учат на најдобрите лекции.
Арна станав сабајле што ми стана вака наеднаш па се накурчив(простете)....Од стрес, од стрес ќе да Е!
Знаете, најтешко е да се започне она кога е од душа... Патиштата кои ги избираме, одлуките кои ги носиме понекогаш знаат да бидат погрешни. Така и ова, со години носев погрешни одлуки за неа, додека таа со години ме подгледнувала срамежливо, тајно во себе се надевала дека некогаш ќе соберам храброст за да прозборам само, искрено и мене ми се допаѓаше но, немав храброст да и го признаам тоа...И така времето поминуваше леташе, ние мислевме дека се заборавивме, двајцата со погрешни на двете страни...Сватив не сме повеќе оние срамежливи средношколци кои тајничко разменуваа погледи, пораснавме во возрасни и одговорни личности, нашите патишта веќе се тргнати во сосема спротивен правец, јас во еден, таа на друг... Колку ли само те гушкам кога сме заедно, колку ли само ги мрморам тие зборови "посакувам да сме повторно средно!" , а ти ќе ме запрашаш "Зошто, што ќе промениш? " ... Можеби нема да бидам премногу различен од сега, но дефенитивно ќе го променам тоа со нас, никогаш нема да дозволам повторно да долеташ во погрешни прегратки полни со лажна надеж, никогаш нема да дозволам да постанеш ладна кон љубовта како што си сега...Но знам знам дека гориш во себе, сакаш да викаш на цел глас но премолчуваш... И не ги сакам збогувањата, не ги сакам разделувањата но свесен сум и дека мораме, нашата последна средба е на повидок, како што и започнавме така и ќе завршиме со шише вино и ние гушнати во парк до мугрите... Прости ми, прости ми многу згрешив на тебе...
Ставила слика на фејсбук. Знаете, напучена, дак фејс, џиш црвен кармин, трепките поголеми од неа, косата исфарбана руса скоро бела... И одоздола другарка ѝ коментира: Aw src nemoj ima luge so slabo srce. Сигурно мислела дека некој ќе се исплаши од неа. Или пак во става статус: Cager 04:04 sto znacii? Значи дека треба да си легнеш упм, што значи. Сè почесто ми треба смајли што прска со крстена вода нешто.
Утрото да ви го прави свеченост бре... без исклучок да ве гушка од позади и да ви вика дека сте најубави поспани, а вие...да ми опростите на нарушување на романтиката - ама немиени уште. Да ви го прави утринското кафе зошто он е баш утрински тип, а вие ноќна птица. Да ви ќути од љубов, а вие да му мачкате лепчиња со намаз и да го терате да пие витамини, му подметнувате смутија, па и му мрчите да ги откаже цигарите. А тоа па тоаааааа... баш е секси кога пали цигара, ама... поважно ви е да е здрав. И ви се смее кога ќе го прекорите за секоја цигара и ве бубнува во нос. Да ви се јави да ве праша дали јадевте на работа, дали сакате нешто да ве изненади, каде ви се шета, или едноставно... да ви каже дека му недостигате и дека ве сака. Да си се вратите во најтоплата прегратка и спремен ручек или вие да му спремите нешто и на секое да прави - мх, мх, мх...а може му е бљак. Да ви завршува денот со нежно гушкање, а он веќе клапнал, ама не, не испушта да ви ја даде дозата нежност. А вие ноќна птица... очите пет банки, тогаш ви е шоу, ви се зборува, ви се работи, ви се чисти, а он поспано ви клима со главата да ви удоволи и ете се предава, си заспива. Па... ви оди од што ви е мило да го изгмечите од љубов. Му викам како си така добар во тоа што го работиш? Како знаеш шо треба да правиш? А он голицаво вика... абе занает, ништо не се учи на факултет... треба да знаеш добро да гуглаш, а јас сум добар во гуглање и истражување...молк и едно иф ју ноу уат ај мин па и намигнува. Глупав низаеден! Ова ми е силата за гадните денови. Го сакам до срж, со се сите беснотилаци и глупости што ги носи со себе, прекрасен хаос кој се спојува со мојот хаос. Патем... погадно нешто од тоа да ти се пушта женет маж со две деца... Нема!!! Дечкото е фин, убаво изгледа, дури и згоден, можам да кажам... ама пуштањево...па и жена му ја знам. Ми дојде да бљуцнам. Да беше некоја друга може и ќе и поласкаше, ќе се препуштеше, па и предизвик ќе и беше дека е женет. Е и тоа не можам да го сфатам. Ај тој се пушта, ама па и тие глупачки што подпаѓаат на вакви срања и си го комплицираат животот? А башка како ти е привлечен бе маж што би изневерил жена и има две дечиња? Одма губи на привлечност пута миљарда. Колешкава вика - ау овој блага еротика ти направи. На интерфон го пуштив за да го чуе шо збори, да не испадне јас крива после и си замислувам.
Не сум личност која е базирана да живее во виртуален вештачки свет исполнет со доза лицемерие и бајки. Милувам да го испијам утринското кафе покрај луѓе што ми значат... луѓе што се квалитетни и умеат со духовност, непроценливите моменти ги доживувам баш во секојдневното друштво со моите пријатели кои значат премногу... Животот ми се базира врз еден реален свет исполнет со љубов, добар збор и расположение... Ми се базира врз вистински животни вредности и многу работа, труд, успеси, трпение и упорност. Немам време да губам за да се улизавам, мразам лицемерие и неискреност, мразам нереални бајки... исфрустрираноста, комплексите, неизживеаноста и малограѓанштината не се дел ниту чуства од мојот живот. Немам простор и време за горенаведените епитети.