Луѓето секогаш брзаат во зборењето,прво им работи јазикот па потоа мозокот. За три работи не брзај да зборуваш: За Бога - додека не ја утврдиш верата во Него. За туѓиот грев - додека не се сетиш на својот... и ... За утрешниот ден - додека не се раздени.
Овие што бараат азил во Шведска, кога добиваат дозвола за престој се радуваат исто како и ние што се радувавме проано кога добивавме виза за во Грчка. Еве така ги замислувам.
Перфектната убавина е во едноставноста, спонтаноста и класиката. Ете јас сум човек што ја практикува едноставноста во се... За мене нема поубаво нешто од раните утрински часови и блесокот од сонцето исполнето со свежината на природниот воздух. Го обожавам утринското кафе или чај уз цигара и добра страна за читање... за мене непроценливите моменти се оние кои успевам да ја најдам мотивацијата во животот баш уз малите и небитни навики и ствари кои ми го исполнуваат секое секојдневие. Едноставноста и класиката секогаш ме водат кон помил и едноставно среќен живот, класична гардероба како пар фармерки или хеланки и совршено џемперче или блузон од некоја едноставна и не груба плетка, едноставна гломазна и голема чанта комбинирана со пар еднобојни и елегантни чевли.... Сето тоа ме прави среќна бидејки ја љубам елегантната едноставност во секој поглед... Дали гардероба или пак чуства, мали нешта, секојдневие, живот... секогаш се пронаоѓам во онаа едоставност и мала среќа.. миг кој многу ми значат. Најважното од се е да се обиде човек да се пронајде во она што му прилега, што го прави среќен, што му одговара... дали тоа се чуства или пак материјални добра, дали е тоа некоја мала и сосема небитна емоција или мал момент.. Треба да се најде мотивацијата во се што не опкружува и не прави среќни, за живот полн со елан...за среќен живот...
Од пеглање алишта, знам само да ги изгорам или да ја заборавам пеглата вклучена и да заминам Нц, не се обидувам веќе да пеглам, секако мајките ја имаат таа должност нели Имајте убав ден феминки и феминковци
Со пеглава ме наврати некоја година поназад кога пред да одам во школо си пеглав блуза и од брзање ја заборавив пеглата вклучена и заминав во школо. Едно 5-6 саати така стоеше додека не ја исклучија. Нормално кога се вратив дома следеше урлање.
Обично кога се наоѓам пред неколкучасовно учење се влечкам многу време, ми истекнуваат сите видови салати што можам да ги направам, ми доаѓаат милион идеи за цртежи и некако ми се бараат стари книги од колекцијата на татко ми. Штом го поминам тој стадиум си ветувам награда по учењето, како на пример големо ќесе чипс . И оттогаш тоа ми е мотивацијата. На крај, обично излегува дека сум учела до толку доцна, што сите продавници се затворени. Исто така, за десетина минути треба да излезам, а јас си уживам на форумов ко гавран во фацата и косата ко гнездо. Мислам дека треба да станам. Уште 8 минути имам.
Станувај де средија фацката како славеј а косата како срма (хаха колку поетски) НЕМАШ ВРЕМЕ САМО СИ БАРАШ ПРИЧИНА ДА ИМАШ. ПОЗЗ ова малку рчкање добронамерно
Ма никој не ја искчучи кај мене човече. 5 саати точно ја имав остаено и кога се вратив ја видов а на мајками другиот ден и кажав за настанот мислејќи ке одбегнам викотници, ама не, таа си ме караше пак За мое добро де хахаха. Ќути пожар шо не избувна фала му на Бога
Се омажи другарка ми....ме врати 9 месеци назад на мојат веридба која ја поминав во полусвесна состојбаЗа нејзината чувствував трема ,ми се тресеа раце нозе,срце ми биеше....за мојата бев 10ка.Господ давал храброст.Мажот ми вика некој Австралија непознат да умри ќе се потресишГи поминува сега таа истите работи кои јас ги поминав...раскажуваќи за нејзината тага која ја чувствува по нејзините и нејзиниот дом потсеќа на мене....Ми враќа спомени кои ме болат сеуште...ми недостига домот,спомени од минатото поврзани со моите...а иднината ме чека.......
Не си го разводнувам битието затоа што не сакам да ги живеам туѓите очекувања кои се плод на стесната перцепција, предрасуда, конвенција.... Тоа едноставно не и прилега на мојата извонредно кротка и мека природа, а верувам не му е иманентно и на било кој човек. Целта моја е да еволуирам, а не да бидам мртва вода во пластика. Поминав продуктивна недела, со луѓе кои уживаат во тишина. Тишина која е посилна и од карпа . Тишина која е погласна и од сите верско-мантриски звуци. Учествував во настан, каде целта и улогата беше да се насмеееме. Толку едноставно, без потреба од создавање на некаков симулакрум пред другите . Без семантички стап со кого ќе напипуваме во темнината, за да не наидеме на некој кој не е на иста бранова ширина со нас. Без страв и со насмевка која крши стакло, насмевка која на зборот му дава значење. Ајас се смеам. По цели денови . И ете . Ми понудија да држам предавање на институтот. Пресреќна сум. Ова е лектира за духот . Си ја чувствувам својата благопријатна енергија.
Ах сонце.. Колку сум емотивно врзана за тебе... Уште си тука, а веќе ми недостигаш Кога ќе ми текне дека за некој ден поретко ќе ја гледам твојата светлина и чуствувам твојата топлина, уште сега ми се Те сакам и со нетрпение ќе ја очекувам пролеттакоја е далеку... За утеха ќе ми преостанат твојте зраци кој ќе ме гушкаат преку облаците Збогум од дете на сонцето
Секое утро се будам со помислата ајде издржи ќе си легнеш кога ќе се вратиш. Ова требаше сабајле да го напишам ама немав време ќе каснев за на работа Поздрав феминки и спанки
Надежта не умира сама, ние ја убиваме, тоа го заклучив денес. До нас зависи дали сеуште ќе и се радуваме на лажната надеж или ќе ја прифатиме суровата вистина. А тешко е да прифатиш дека не можеш ништо да промениш. Иста ситуација е како кога ќе скршиш нешто стаклено, подобро е да го оставиме така, бидејќи доколку пробуваме пак да го вклопиме ќе се исечеме од парчињата. Убаво е работите да ги оставиме така како што се, убаво е да можеш да ја прифатиш реалноста и да го оставиш минатото зад себе, ама сепак не е така лесно тешко е прифаќањето на вистината. Човек едноставно не може да прифати дека во некои ситуации е сосем немоќен, а судбината е кучка.
Нешто од работите што најмногу ги мразам е шепотење во друштво.. Што друго да си помисли човек освен дека е или оговаран или вишок..