Денес беше убав ден по година и 7-8 месеци и секојдневно зборување на чет или по телефон се видовме со @nevermet18. Иако беше на 5 минути, утре најверојатно ќе се видиме подолго. Благодарам фемина што благодарение на тебе склопив убави пријателства.
Ти се натураат , ти се нафрлаат.Им се иде на грб да ми се качат, за врат да ме тегнат . Ако не зборувам, значи не ми се збори. Ако не возвраќам значи не сум заинтересирана. Ако одбивам кога ми се ложи некој, значи не ми се праи тоа . Воопшто или конкретно со таа личност. Тоа не значи дека се понашам или изигравам нешто. Да споменам во една ситуација и каде што добив прашање "Ти дане си лезбејка што не сакаш машки ?" .. Чисто оти не сакав да излезам со него.Нешто му фали изгледа. Ова испаѓа дека мораме да бидеме со некого затоа што другиот така сака. Ако не , бојно поле се отвора. Им се чудам на Абориџините. Откако им земале се, ги затвориле. Првото и единствено нешто за кои тие замолиле било , барем кровот да им го остават отворен , да се восхитуваат во бескрајното небо. А, овие што се? Егото им е до небото, до бескрајот . Личности затворени во решетките на егоманијата. Ние не сме трофеи. Побогу.
Прилично досаден роденден, имајќи предвид дека бевме ја, она и двете досадни другарки. Tуку интересна ситуација во студентски. Чекаа 2 другарки пред мене ред и иде едно типче и и почнува муабет на еднава. Не го слушав од почеток муабетот, туку баш кога и рече од кај си и у рок од 10 секунди ти мене многу ми се аресаш, кога ќе ми дојдеш на гости Mислам не се ни издиша пред да каже, у еден здив две реченици кажа Си викам колку и да сум опуштен, ова е пренападно. И му вика другарката на оваа, како така нападен, а овој не ја ни слуша си продолжи со приказните имал стан у близина. И оваа почна да се тргнува на страна, која натажена фаца ја имаше дечково, на крај ко некој накиснат од дожд седеше сам хахаххаха И сеа коа ќе размислам ова беше перфектна можност да се упознаам со другарка и. Да им се убацев у муабет у стилу, брат ај да не бидеш само ти корпосаниот денес еве и ја да ја прашам другарка и. Ако не бидне кафе да речеме, хехехе ништо страшно, се зафркавав за дечково да не биде толку тажен, сочувстувам со него. Дури и да не бидне, ќе му одржев лекција на дечково да не биде толку нападен. У стилу ја загубив битката но не и војната т.е денес ме корпоса, али за месец дена ...аххааха забегав. Дека доволно е размена на имиња и некои рандом муабети за почеток. Ќе се сретнеме и други денови, никаде не брзаме, денеска упознавање, за некој ден скрипта некоја ќе побара, кафе... Али кој да мисли гладен
Сдк тетке од 50 години иако си згодна и имаш добро тело за твои години фармерки со низок струк и гол стомак не ти идат ама ич.А она ти била образована од висока класа па и незините на времето биле господа и она е сега "госпоџица"нели, али може да се облече многу убаво ко за незини години ама пуста желба да се докажува и само неа да ја лајкаат на facebook.
Три ипол е јас пржам компир добро де гледав 24kitchen и се настрвив па што и така не можам да заспијам, вака барем нема да бидам гладна.
Барав на јутуб клипчиња од целосните епизоди од "шоуво" ама немашеГо загледав на Алфа тв и првата реакција ми бешеа потоа се згазив од смеење.Па добро,дали се нормални?Како прво,глумата е катастрофа,одма се гледа дека е фејк.Друго-"приказниве"...хмм..очувот на поќерката и пишувал пораки па го откриваат,па двајца браќа заљубени во иста женскаабе ајдеТуку моментот беше што сакаа да го доловат шмекот од странскиве серии а тоа нема врска и не се поклопува со Македонија и македонскиот менталитет,начин на живот и изгледа...смешно.На пример и вика на девојката -вечерва?ок,се гледаме.А за саат да ја прашаше,за место...или си знаат они? Инаку најновата вест од Македонија е-Осаменост левел си збори со инсектите што му влагаат од прозор
Вчера конечно пристигнаа другарките кои заминаа америка. Кога дознав дека ќе одат бев мн тажна затоа што знаев дека ненормално ќе ми фалат! Цели четири месеци немав на кој да им се пожалам на кој да им ги кажам среќните вести. Вчера кога ги пречекав летав од радост. Конечно се тука до мене. Ми фалеа многу. Поклоните не се ни битни што ми ги купиле.Што ми е најважно пак ги имам и продолжуваме таму каде што застанавме.
Тоа што денес деколтето на женското тело изгледа воочливо и привлечно за сечиј поглед има свој развоен период низ годините... Историјата на женскиот градник http://www.crnobelo.com/video/6849-kako-se-menuvaa-gradnicite-niz-godinite
^ Јас да си кажам дека со шеќер го пијам Еве сега ке си направам ама прво да апнам нешто. Неможам да пијам кафе ако немам јадено ништо. Не е до мене, желудникот така наредвит Добро ви утро луѓенца, имајте пријатен викенд Пс. Чудно ви е што вака рано сум станала? И мене
Ова е најмилото и најубавото нешто што ме насмеа после првата студентска недела. Суров е животот, а суров е и факултетот иако е почеток. После првата неспиена полунедела веќе сум зомби. На здравје уште 6 години Срц. http://www.kafepauza.mk/medijateka/...e-najslatkoto-neshto-koe-kje-go-vidite-denes/
Prokleta da e mojata crna tugina i sudbina.Tragedii kolku sakas Tolku omraza a oni se tie sto se vo prednost.Gi sakaa moite pari ,mojata dusa sloboda sega posegnaa i po mojata krv
Викенд меѓудругото ми е за да се шлапам со маски на лице и да шетам со косата замотана во ќеса затоа што конечно сум врзала некој саат плус да можам да и направам третман со масло на раат. И обично во таква зен состојба листам некое списание или скролам на нет, пасам мозок со некои бош статии, убави слики, трошам пари во онлајн продавници...и така. Често испробувам и некоја боја на лак што поим немам како стои и дали има врска со било што од тоа што ми е во плакар. Денес иако поворно во некое слично издание, денот ми е посветен на активно барање на ново живеалиште. И превозбудена сум на самата помисла, будно сонувам. Се радувам и кога го пишувам ова. Би се насмеала, ама маскава ми ги помешува лончињата : )))) #firstworldproblems што би се рекло. Убав ден, за убави работи
Моментот кога сакате да носите некоја блузичка, но заприметувате дека има една црна точка. Се прашувате дали е од маскара, од креон или засекогаш ќе остане мистерија ( како случајот со Мерлинката и Кенеди ). Пробувате со влажно шамивче да ја извадите црната точка, па со течен сапун за раце па со обичен и веќе заприметувате дека цела блуза е водена, пола сапун е потрошен, а точката се уште си стои таму. Потоа ја цедите блузичката и ја ставате да се суши и што потоа си викате, пааа ќе носам нешто друго
Paris се смета за дефиниција на љубовта. Луѓето го доживуваат на поинаков начин. Но ако вие не сте среќни , само сосебе а потоа со својот партнер, вашиот Paris,нема да изгледа ништо поинаку. И многу луѓе , родени се , пораснале и уште живеат таму но се несреќни. Кога ќе бидете среќни дома, во кола, на кафе ... тогаш вашиот Paris ќе биде било кој град . Затоа што вие така одлучувате , дали градот ќе го именувате како Мост на љубовта, Град на светлината... Тоа е ваша одлука. За вашата среќа вие одлучувате. Кога ќе сфатите дека животот е авантура, за вас секоја обична статуетка ќе значи светлина, и ќе зрачи со љубов. И Венеција е град на љубовта , и Барселона , па макар и Скопје..... Само вие одлучите, одлучите дека ќе бидете среќни.
Половина од мојата генерација имаат дечковци и девојки, женските излегуваат со штикли, се шминкаат, а јас еве уште јадам киндер јајца и се нервирам за играчката од него. Не ми е жал..