Чувството кога се опушташ со релаксирачка музика и забораваш на сите проблеми и обврски е тоа чувство е неописливо!!! Колку ли само е точно тоа што некој го рекол дека МУЗИКАТА Е МЕЛЕМ ЗА ДУШАТА!!! Ви посакувам Добра Ноќ и успешен почеток на новата работна недела.
Убаво ми е бидејки се трудам да го најдам мирот и спокојот... Уживам во најмалите нешта и ситници што ме исполнуваат.... Уживам бидејки трпеливо ја чекам мојата светлина на крајот од овој мрачен веќе долго изоден тунел.... Убаво ми е бидејки ја имам најпрекрасна особа што ми значи живот и сеница в око... Уживам бидејки љувам искрено од душа и ме љубат... Би сакала уште да заврне и да уживам во моето најубаво чуство - дождот... Убаво ми е кога ги наметнувам моите груби џемпери цела есен и зима... Уживам во секое мое патување кога гледам низ прозор и тивко се смејам од неописливата глетка на природата... Човек кога ќе си го најде свој мир и спокој и кога ќе ја влече и најмалата среќа од сите негативности е среќен и исполнет во целост.... да се најде сопствениот мир во себе значи да се живее и да се живее....
Па да не многу ама прилично напорен ден.Деновиве нешто со обврски растрчана сум.Ама многу сакам кога имам обврски.Многу сум активна сакам секаде да стигнам и се да направам.Си дојдов дома ај да пуштам си викам филмче..кога едно многу глупаво се погоди и отепав некако саат и пол.Сега музиче.. за некој саат нанкам и утре обврска,школо, дома. Тоа би било тоа.Поздрав феминки
СДК синоќа за малку ќе умрев. Да да. Глупо ви звучи вака ..ама така беше. Правев палачинки и го земав миксерот да матам. Арно ама кабелот го уклучив во струја а после тоа ги местев маталките. И така јас ги буткам во тие дупчињата кога наеднаш светна струја од мискерот, мене во иста секунда ме здрма струја на прстите , и почнаа да ми трнат. И почувствував јака болка во срцето. Ми се слоши веднаш..и одма седнав на стол. Почекав 5 мин. се напив вода и малку си дојдов на себе. Еве и сега кога ке ги допрам прстиве, ме болат. Ееее ..памет за друг пат..од грешките се учи..
Обожавам со саати да стојам пред плакарот и да си смислувам комбинации за утрешниот ден. Па пробувам, па пред огледало глумам нешто лудило, музика во позадина, уф.. А како што ми тргнало вечерва, ќе смислам комбинации за цела недела. Па вака да ми биде косата, така да ми биде, ептен сум преокупирана со тоа, шала на страна. И за крај, омилениот дел: бирање на чанта и средување на истата. Убава работна недела драги мои!
Животот е толку суров... посакувам да ја имам таа моќ сета нивна болка да ја превземам на мене за тие да не ја чуствуваат. Се уништија. Човекот кој го чуствувам како втор татко, мојот идол, го гледам како пропаѓа пред мои очи а јас само стојам немоќно. Не знам дали некогаш ќе успеат да се совземат, затоа што знам дека никогаш нема да заборават. Тоа не се заборава. Отворена рана ќе им остане за цел живот. Ќе крвари. Ќе крварат и тие. Времето никогаш нема да им помогне да заборават. Ќе боли. Веќе боли. Зошто!? Зошто ним?! Не требаше тоа да се случи. Не и ним. Тие не ја заслужуваат таа болка. Го мразам животов. Го мразам толку многу. Ги повредува луѓето кои ги сакам и кои ми значат. Не ми е битно што ми се случува мене, битно ми е тоа што им се случува на нив. Јас можам да поднесам се, секој болка, секој удар. Но не можам да ја гледам болката во луѓето кои ми значат. Тоа ме убива. И се би дала за да ги заштитам, да ги тргнам сите загуби и болки од нив, но не можам. Беспомошна сум. Проклетсво! Во ваквите моменти се мразам себе си и тоа што не можам да ги направам работите кои сакам да ги направам. Се надевам дека ќе научат повторно да живеат. Немаат друг избор. Се надевам дека ќе бидат тие личности кои беа пред случката, иако е скоро невозможно. Се надевам дека тоа е само еден период, подолог болен период од животот, кој некако ќе помине и дека во иднина ги очекуваат многу подобри денови.
Утре наутро ќе испратам CV за да се вработам и да си зимам по некој денар. Се надевам дека ќе ме повикаат на интервју. Инаку ова ми е прва работа. Добра ви ноќ на сите и ви посакувам убав почеток на работната недела.
Единствено што и замерувам на мајка ми е тоа што не ме воспитала да бидам ѓубре...Така полесно ќе успеев во животов .
Неможам да си уживам во дождот од грмењето (се плашам од грмење де ) Кога е мирно и дождот е сам, ептен е убаво лежејќи си да си го слушаш, ама кога е во комбинација со грмење...Богами и не уживам баш, а вечерва е баш тоа...Врнење и грмење Вас ви посакувам добра ноќ, а јас ке се помачам и на крај секако ке заспијам, немат друго чаре
Знам дека си мислиш дека те лажам ама да знаеш дека грешиш и точно знам каков филм ти се има свртено во главата бидејки добро те познавам и затоа така ти пишав во пораката. Пак ке ти кажам, твое право си е и како сакаш така прави.
Ако треба да избереш помеѓу тоа да си во право или да си лубезен,избери да си лубезен и секогаш ке си во право. Почита,љубезноста,немаат цена.
Љубовта е како цвеќе, ако не му дадеш вода, ќе овене, ако му дадеш премногу вода, ќе се "угуши". Разликата е што во првиот случај ќе се прашуваш што ако турев повеќе вода, а во вториот ќе се каеш што си турил повеќе вода. Цвеќето сака да се чувствува згрижено, за да не овене, но сака и да не го "угушиш" со премногу внимание, сака да му дозираш малце помалце од тоа што му треба за да живее, а малце повеќе од тоа што би го убило, сака само да преживува, сака мотив за да се бори и не сака никогаш да се "издише" олеснително. Зошто спокојот и среќата не одат рака под рака, љубовта е бура, а спокојот е мирно море и барајте бура пред мирното море, зошто тишината на брановите ќе ве убие побрзо од звукот на брановите. Во моментот кога цвеќето ќе го добие она што му треба за да биде спокојно, тоа ќе го изгуби единствениот мотив што го имало во животот, борбата да преживее
СДК...често ја жалав чистачката на влезови.Ринта по скали.Понеделник во неколку згради, вторник во други неколку.....секој Божји ден брише скалила... Ама кога случајно и отидов дома видов дека јас сум за жалење а не таа.
Ех... јас живци кинам, чистачката за 5 саати зема 1000 денари, јас за 8. Јас имам работа строго доверливо, имам магистратура, правосуден, една грешка ми е шанса за затвор, она само прашина брише и мие садови, најголема грешка и е да скрши чинија. Она оди во 3 куќи на ден, 3000 денари, и уште вика немала пари. Кога и се оди, оди на работа, кога не сака, не оди. Јас за еден ден денеска одмор, 2 недели чекав одговор. Па после ке се сетам дека плата како мојата зема докторката, а има туѓи животи во раце, па срам ме фаќа да се пожалам....
^ А јaс никoгaш не јa нaјдoв лoгикaтa кaј кoзметичките сaлoни. 1000кa зa 1-2сaaти (депилaзијa/нoкти). Спојлер: сaм себе убиo Амa дoдекa им плaќaме, ќе не ребрaaт