До некаде е така, НО. Проблемот кај нас е тоа што или си богат или си утепан. Средна класа не постои. Има и од овие утепаниве што имаат и за ајфон и за одмори ама провери им ја кредитната, настрана тоа. Јас лично за себе и за моево окружување тврдам дека се преживува. Млада личност со 300 квалификации седи дома или работи за минимални примања. Ќе најдеш каква ткава работа и секој месец под срес дали ќе те избркаат. Сакам да основам мое семејство во моментот, ама мораш да причекаш (едно 10 години) да подзакрпиш некој покрив над глава. Е такви се барем во мојава околина. А според резултатите од акентата верувам на многумина им е така. Никој не е будала да замине од дома и да остави се , ако нема мака.
И тој со ќебапите е нарокоман, оти тогаш беше државата крива? Он сам се довел во ситација да нема Или оти е во Македонија, државата е крива, а во Америка, не може да е државата крива. Плус, кај нас не умре човекот, го осудија. Ама Уа Македонија, или fyrom што би рекла една феминка. Дечкото во Америка бил на лечење пред да отиде во затвор, не му дале терапија. И да бил дијабетичар, ќе умрел, немало лекови, или имало ама не давале. Колку и да е сиромав, колку и да е виновен, не смееле да остават човек да го гледаат како умира и да не реагираат. А овој е еден за кој дознаваме, оти е македонец. Којзнае колку умираат таму, ама битно Америка е држава. Има тема, таму објаснив зошто оди затвор за ќебапите. Човеков не платил сметка некоја. И си умре. Иначе, најтешко им е на твитерџиите наши, сите со телефони од 30 - 50 000 денари, им го купил татичко, да ти ебам државата. И ако некој купува ајфон на кредит, кретен е, жими мајка. Сериозно има луѓе што за толку небитна работа плаќаат камати во банка?! Ај кажете ми и дека истите немаат за леб?! Немаат у глава. Да купиш телефон од 1000 евра на рати плус камата, и да кукаш дека немаш за леб, е прилично застрашувачки за менталната развиеност на единката. Или побитно е да се фалиш дека имаш, а да го користеш за онлајн да кукаш како немаш? Еден ајфон е 300 кила свинско и 1000 леба. Стварно нема за јадење некој со ајфон?
@Sky-butterfly не е мерило ајфонот за лагоден живот. Тоа е веќе избор на човекот, кој како сака си ги распоредува парите; ама ако сака пример да си купи ајфон, ќе си скрати за други работи, за овој факт сигурно си свесна. Целиот твој хејт спич произлегува од површно набљудување на другите луѓе, не на факти. А со тоа, има и полошо... е, од таквото си патиме. Не зборувам само за парите, туку и за психичкото малтретирање и понижување, Со причина народот страда од комплекс на ниска вредност, ќе се потруди од едно летување до Халкидики да направи спектакл. А, за патување, ве молам. Тоа некои од нас го прават за душа, не оти имаат вишок пари. Шетањето се гледа како луксуз кога младите како пензионери ќе се забутат во некој хотел со 15 ѕвезди и потоа, уау, колку биле тие полни авантура и спонтаност.
mozam samo da kazam deka od doma poubavo nema.i jas mislev deka narvor ke najdam podobar zivot ama se izlazav. i da napomenam deka dojdov da studiram pa se sretnav so iljada problemi.da dojdev po rabota ne znam sto ke bese. doma sto i da bide.tvoite se so tebe.kolku tolku ke ti ponognat.
Е па тоа е тогаш најтрагично. Ќе земе кредит за ајфон? Тогаш и не треба да има повеќе. ајфон нека јади тогаш а не леб и маргарин те.ајвар со месеци @Magnolija јас не кажав лагоден живот и воопшто не хејтам. Ама мислам дека сум многу реална. Гледам луѓето околу мене што им е битно, материјалното пред се, нека си трошат свои пари како сакаат, само по мене тоа е неразумно и непотребно. Знае се што се мисли кога се вели да некој преживува, јас ретко гледам некој во вистинска потреба, не се богаташи, само се жалат, а сите се имаат. Ама ок, нивниот живот, нивно право.
Или па ај со нокиа 3310 да се шетаме 20 години уназад и да се помириме со судбината? Значи ние македонциве не сме заслужиле у тек со технологијава да бидеме? Ех збеснати едни смартфон за нас било кркај леб и ајвар и ќути... така е кога у кумплуг ќе те стаи државата и оп немаш избор и ќе се задужиш у сите можни банки.
Си се побркала, не ми беше тоа поентата на мојот пост. Дали дечкото имал или немал соодветен третман во затвор не коментирам. И сигурно некој што размислува да се отсели нема како критериум да ги земе условите во затвор. Ако тие се критериум дали да се остане во државава, треба сите штрафта да фатиме од овде. Затоа што затворите во Норвешка (на пример) во споредба со нашиве не само затвори, туку и студенски домови, се луксуз.
Мислам дека македонската нација генерално пати од комплекси. Им се битни површни работи, зависат од туѓото мислење, немаат никаква самодоверба и почит, се гледат кроз и преку материјалното, се некој друг им е крив. Тоа е моето мислење.
Државата не може да биде крива за лошото менаџирање. Срам е за секое семејство да јаде леб и маргарин, а 4ца дома да имаат ајфони на кредит. 4000 евра се тоа. НА КРЕДИТ. Јас сфаќам да се нема, ама да немаш и ајфон да купиш па уште и кредит од банка?! Денеска денов ќе го запишам како ден во кој дознав дека има луѓе кои трошат пари на ајфон оти немале апри. А јас мислев дека имаат. Со 1 ајфон, може да купат 600 кила свинско, или 500 кила јагнешко, или 2000 леба, или 2 тона моркови, или 400 кила кашкавал, или цел факинг факултет во државно! Комплекси комплекси насекаде.
Недела, па уште дождлива е кога се соочуваш сам со себе. Долго излежување во кревет. Јога, чај, филм (му се спремам, осеќам дека е екстра добар, ќе ви го препорачам ако е така), Себично ја јадеш како благо после долга диета. Денес не трпам никого до себе, не затоа што ми е нешто, туку затоа што ми е убаво сама до себе. Сум направила една ту ду листа... не знам дали имам доволно животи за неа. Трики прашање ми е - зошто некои луѓе ја имаат таа моќ да ни го пробиваат енергетското поле и секогаш пред нив и после нив да се чувствуваме како издишан балон во вир на гнасен коловоз?
Врел чај од шумско овошје, тажен есенски прозор и Антонио Вивалди... Камо среќа пијам цедевита и го слушам гугл транслејт како вика 6969696969696969696969 на јапонски. Роко ќ роко ќ роко ќ роко ќ роко ќ роко ќууууууууу роко ќ роко ќ роко ќ СКРИЛЕКС ИН Д ХАУС Добро е да се вратиш на форумов после толку време бе И не ви се пофалив дека бев матурантка. И дека имав пролив на матурската вечер. И дека не созреав во буквално ниедна смисла. Уште побудала сум. Океј, без зезанција, летово беше бурно А јас бев брза и бесна и од земја се трескав. Ама најсериозно! Вака будалите одамна ме немаат фатено и се прашувам, дали навистина за месец дена полнам деветнаесет или тринаесет. Тоа ти е, пубертетов ми е на стероиди и уште нејќе да ме пушти. А таман помислив да се оладам и јас заедно со времево...
Значи според вашава логика цел свет пати од комплекси за материјалното ради тоа што сака да си приушти добра облека или да биде у тек со технологија. Одамна сум сфатила дека македонецот не е привилегиран да ги ужива благодетите на овој свет и да биде во тек со настаните. :/
@Sky-butterfly добро, очигледно живееме во различни средини. Јас гледам многу луѓе кои буквално преживуваат, а работат до исцрпеност во конфекциите. Прекувремено, слабо платено и со мобинг. Доаѓам од Штип, па знам убаво за што зборувам. Инспекциите ништо не можат затоа што се поткупени, каде тогаш човек да обрати? Сигурно не некоја жена што работи за 9000 и е свесна дека и тоа може да го изгуби ако се побуни. Инспекциите се праќаат само кај газдите кои не гласаат за владеачката партија и за ова никој да не се расправа со мене, зашто се' многу добри знам со факти. Од друга страна ти гледаш луѓе на социјалните мрежи како си ги лечат комплексите. Сосема те разбирам, и таквиот начин на живот е простачки, ама факт е дека тие сепак се откажуваат од примерните работи за еден посран ајфон. Балканецот е со таков менталитет, очекува се' од државата . Тоа е уште од времето на Тито, кога луѓето не ни смееле да се интересираат за политика освен ако не се негови газолижачи. Од тогаш сме ние мрзеливи створови. Комплексот на ниската вредност на паланката произлегува и од евтината работна сила, и од глупиот американски маркетинг и едноставно, од простата паланка која сензацијата ја гледа само надвор.
Абе не зезај жити све овде сме очекуеле све од државата? За е*ани 150 евра им рмбаш 8 саати и ќутиме траеме а ваму кажуеш збеснати сме биле и сме чекале од државата, е како тоа? Што ни дала нас државата освен што ни зема? И сите сме свесни дека у странство треба да го испотиш гзот за да земеш плата ама бе брат со таа плата ќе имаш да си дозволиш и за облека и за технологија и за живот, а не јас да берам 5 месеци пари уназад за еден е*ан концерт. "Комплексот на ниската вредност на паланката произлегува и од евтината работна сила, и од глупиот американски маркетинг и едноставно, од простата паланка која сензацијата ја гледа само надвор." ^Пример за човек со комплекс на ниска вредност е токму ова што го кажа некој што нема комплекси нема својот народ и држава да си ја нарекува обична паланка а странците да ги уздигнува, али комплекси шта чеш.
Ме прашаа кое е моето мото за живеење, што ме тера да продолжам натаму до успехот... Мојот одговор е секогаш ист: „Кога ке помислиш дека не можеш и сакаш да се откажеш потсети се дека си бил најбрзиот спрематозоид од милиони и милиони други.“ Многу ја сакам поракава, јака е. Освен тоа, ајвар не ли е доволна мотивација за да продолжиш до успехот? Ајвар и Срцка постови ар каминг цела зима.
Update: Синојќа му се појавив на железничка пред да си иде. Од каде таква храброст во мене, ни сама не знам. Ми олесна што му кажав како се чувствувам, ми олесна што и тој се чувствува исто. После тоа вечерта поубаво ми идеше пиењето.
Полека малку, толку ме возбуди што дури по грешка Ми се допаѓа ти стиснав. И баш мене најде да ми зборуваш за државата, кога веќе не знам за што се немам протестирано, Ама јас не вадам бугарски пасош и не бегам, зашто си ја сакам оваа наша државичка, а тоа што со години дозволуваме да ја силуваат мали куриња, дозволуваме. Ако сакаш да промениш нешто, ајде да станеме сите заедно и да побунеме.
Те разбирам јас апсолутно што сакаш да кажеш. Еве најблизок пример ќе ја земам свекрва ми. Таа работи во конфекција, во Штип. И плата колку е толку е, ама бре и од тоа малку што зима јас и се чудам на паметот. Купува и се задужува на тотално небитни работи. Те купува шерпи и лонци, а дома има еден куп, собрани, насобирано со годините, ама немала оваква форма баш, а шерпата и е скоро 1000 денари. Сметката за телефон плаќа чудесни 2000 денари, тоа и за нејзе и за свекор ми. Јас плаќам 500 месечно и никогаш не ги истрошам минутите. Од Авон и Орифлејм од жените таму по конфекциите мора се, буквално се да се има, од парфеми до џиџимиџи кои и не ги носи, ама битно да ги има, оти нели како сите, така и таа. Не сакам да ме разберете погрешно, јас илјада пати и имам кажано истото и на неа, дека многу слабо менаџира, само кука на крај, сака да има се, а не и ни треба. Ама 3 лцд телевизори имало дома, потреба ли е тоа? Ама она е само пример помеѓу сите други. Повеќето се такви што ги знам. Или ако имаат дома тинејџери и млади деца како @honest girl која ќе и врши притисок дека не сака да оди 20 години уназад, па јадна жена ќе се задолжи за кредит за малечката да и купи ајфон, да и таа била ко другите. Мислам, зачаран е круг, ама со колку-толку средства може да се направи повеќе и да се умножат исто така, за да не ги водеше тоа "како сите-така и јас да се покажам" менталитетот.
Алелуја, за истото се залагаме и ја си ја сакам државава и сметам дека сме нација со капацитет а не обична паланка како што рече ти али тие што ги имаат конците у свои раце не ни допуштаат талентите да си ги искажеме како нација па мораме да идеме негде да избие тоа од нас пошто сме амбициозни и сакаме поквалитетен живот наспроти просек кој моментално се нуди овде.