Ми се чини дека уште малку главата ќе ми распука како презреан домат. Пркосејќи му на времето, сепак се решив да ги проширам моите умствени граници, истовремено надминувајќи ги и физичките, со тоа што на денешниов дожд со цел памет се летнав на планина. Ама вредеше секој миг поминат таму горе, сеуште го чувствувам мирисот на мајчината душица
Не почитувам луѓе што никогаш не прават шеги на своја сметка, а уживаат да исмеваат други. Извини ти совршено божество од друга планета, што некој тука си ги прифаќа мааните и не е искомплексиран до бескрај.
Не се помрднав од кревет денеска. Толку мрзлив, досаден, тапа ден. Одвај чекам да почне новава работна недела.
Ама па и ти не ги разбираш. Како може на убава и згодна девојка да не и пратат френд реквест и пораче. Имаат надеж дечките дека можеби ќе те освојат.
Ме нервираат луѓе што во секој муабет успеваат да вметнат политика. Јасно е дека не чини образованието, ама не мора ако си конкурирала надвор од државата на факултет, да ми се качиш на глава, секое среќавање низ град да тупиш како со душа чекаш да заминеш, се е катастрофа, нема перспектива за тебе, се е црно, се е катастрофа. Де бе, добро. Еднаш, два - три пати, ама ти 2 месеци па пи*нава жила ми попука еве.
Vino i cokolado.Ne sum sigurna deka bas odi edno so drugo, ama mene vo momentov mi e najubavoto nesto. Dobra nok
Некаде прочитав фраза која звучеше : Ако сакаш да инвестираш во нешто, инвестирај во себе. Најубаво ќе се чувствуваш кога работиш на сопствениот напредок. И не можам да не се согласам. Овој период дефенитивно си го посветив себе си. Тотална надградба Нешто на физички план, нешто на интелектуален, нешто на духовен. И никогаш не сум се чувствувала поубаво!
Aoooooo другарката на сестра ми ме избришала од фб Не сме на исто ниво признавам, Туку одамна и викам на сестра ми дека две од другарките што идат на гости кај нас не се баш најпаметни. И ја советував да не се дружи толку со нив пошо може да заглави у некој проблем. Некогаш ми се лутеше, али се познава човек бре кога зборува неповрзано и безвезе. И сеа пази ситуација, едната од другаркиве напишала текст од 15-16 реда за другата, демек да ја оговара кај сестра ми и по грешка на фб и го пратила на оваа другата другарка што намерава да ја оговара. Оваа другата (што ме избришала од фб) од што е за никаде, го прочитала текстот, не се препознала во текстот и и рекла ок е нема зашо да се замараш остави ја таму за никаде е. Бар да беа убави, ако не се паметни. Барем ќе го речев она добропознатото на Рејчел кон Џои ,,Thank God you're pretty''
Решив да и зготвам ручек на мама и ја прашувам -Ар ју хангри? и таа, кул како што си е ми одговара -Но, ајм Поланд.
СДК ... чудни ми чуда ... се дешааваат бре. Само денот кога ќе треба да дојде. За се' има причина. А ние треба да се наоружаме со трпение, издржливост и надеж за подобри денови, за поубави моменти. И да, кога најмалку очекуваме, ете ти БААП, чудо!
Неколку страни, си викам бетер од енглези сте станале со муабетот за времето. Оп, коментирана женава што и се соблекле чевлите на кафе, па со фала на славата на некоја друга жена станала шок по социјалните мрежи, леле кое чудо, зарем навистина ова се гледа, ама ок, си викаш барем сега се е во ред со универзумот Јас не се однесувам по годиниве во последно време. Значи вака, имаме во последно време во околина проблем со некој што не знае да паркира. Оди оди, и ќе се намести да некој не може да излезе од гаража. Два пати јас го фатив како мислел дека имам банана кола, поточно не мислел де. Пред недела дена му залепив налепница испринтана во виножито боја со зборовите, јас не знам ни како да возам право. Не знам колку време поминал без да ја забележи, ама го нема нешто последниве два три дена. Поарно е од дишнење гуми ви викам, жими лепота моја
Ах облачно време...бљак. Збогум крвава месечино. Баш некако...си одговаравме денес Ако ја сретнете кравче од пред неколку години кажете и почесто точакот да го вози. И нека пишува, изгледа и оди тоа од рака. Впрочем...се зголемува квантитетот на сметка на квалитетот. Дали со годините расте злобата кај луѓето? Понекогаш се чувствувам посебно злобна :/ Ако постојано учиме, се прашувам што научив денес Луѓето се тешки, веројатно и јас, навистина е тешко да бидеш со луѓе. СДК... љубов.
Ладно ми е. Не само физички туку и во душава ми е ладно. До пред некој месец си ја имав испланирано иднината. Имав желби и соништа и планови. Планови со него. Многу планови. Многу работи кои сакав со него да ги доживеам. Да завршиме факултет, па да аплицираме за постдипломски некаде низ Европа. Да патуваме, да имаме незаборавни доживувања и еден куп смеење. И да започнеме заеднички живот. И дечиња, бар две дечиња додека да имаме 30 години. Наша куќичка, малечка, со двор, со лулашка во него и неколку овошни дрвца. И по некое цвеќе. Некаде надвор од градот. Па да танцуваме танго после напорниот работен ден до раните утрински часови. Да ги гледаме ѕвездите и да замислуваме исти желби кога ќе видиме некоја како паѓа. А најмногу од сѐ сакав ваквиве тмурни и депресивни денови да ги минуваме заедно во кревет со шолја чај и љубов. Со брборења за следни планови и места кои не очекуваат. Да заспивам со насмевка во неговата прегратка и мирно да спијам. Да го будам со појадок во кревет и мазења додека да се расони. Да го гњавам додека се спремаме за на работа. Есента да ми биде само уште едно годишно време, а не болка и меланхолија. Да ми биде љубов и среќа. Ама животов одсекогаш ме изненадувал. Така и овој пат. Повторно лошо ме изненади. Ми ги урна соништата. Ми ја уништи љубовта. И само се надевам дека не беше залудно. Дека вака е подобро. Дека тој и јас не си бевме судени. Дека не сме еден за друг. Се надевам дека раните и лузните кои ги остави на мојата душа, ќе избледат. И можеби ќе сонувам пак, но за некоја нова љубов.
Најлошо е кога со некоја личност незнајш на што си. Константно си поставуваш прашање "што ако?" А секако ке си биде тоа што е одредено дури и кога најмалку очекуваме и се надеваме... Затоа - што помалку се надеваме помалку и се разочаруваме. Големите очекувања носат до поголеми разочарувања и затоа подобро да бидеме изненадени него разочарани! Добра ви ноќ и лесна работна недела!