Во општина кога отидов се бараше да работи било кој со соодветно образовани затоа што беше итно, се бара шесторица а почнавме четворица, еден дечко се предомисли, не му било предизвик да работи во општина, инаку дете од фамилија, со тие курсчиња кои ги спомнувам, ниеден ден работно искуство. Ај да бидеме искрени, поубаво е да се трошат парите на тато сопственик на пола општина за курсчиња низ светот отколку за работа. Оглас за работата немаше, свекор ми слушнал и ми кажа, немаше кој да исконтактира со кабинетот на градоначалникот па се јави градоначалникот на мојот град кој патем е и наш близок пријател. Е јаките врски, да беа толку јаки сеа немаше да тресам коски дали ќе ме избрка газдава кај што работам бидејќи после 2 години маки во борбата за бебуш останав бремена буквално без да знам и без да пазам. Јаките врски машала. Свекор ми впрочем е од спротивната партија па немаше смисла да се јавува врски да ми фаќа, “врскава“ се јави, ме најави таму дека ќе одам на интервју и толку. Епа не сум имала мака досега да ја објаснувам толку детално работата како била. Битно беше? Сите кои дојдовме да работиме таму бевме преку некој донесени, но не со врски, врските ветуваат решение, ветуваат статус, ништо од тоа ние немавме, а бидејќи знаев дека не сакам вечно да работам таму не се ни потресував многу. И да, не знам дали се однесуваше на мене тоа али јас сум се контра од ова што го кажа, фала богу со работа сум стигнала до воде а не со нарцис синдром. Никогаш не сум се истакнувала и не сум си давала лажна самодоверба.
^ Не се однесуваше на тебе тоа, туку на грото луѓе. И не мораше да се објаснуваш, само беше - да те потсетам зошто ненамерно навредуваш можеби некој со многу потенцијал. Фактот е факт, врска или преку некој, наречи го како сакаш, тоа стои. Таа некоја девојка немала ни некој таков за да и овозможи такво искуство за да биде конкурентна, дури и поконкурентна заради и дополнителните курсеви. Битно не седи џабе, правела нешто, учела нешто. Муабетот ми е - ти си ја добила шансата што она ја немала, да ја подбутне некој за да стекне какво-такво искуство, а не дека не би ја бивало... Ако не ти помогнел тебе некој тогаш, ти сега ќе си била таа со празната биографија или па не толку полната, тоа е муабетот.
Од шалтер до комшилук Шалтериве наши се чудо работа.Колку луѓе чекаат на ред,мислиш ред карпет шоу со Џеки Чен во циркуска варијанта.Тие таму чоеците на шалтерите се ептен чукната раса.Тие изгледаат како од кога знаат за себе да работат против сите.Зад шалтерите чаушите и личотите си прават некои свои марифети додека луѓето си чекаат да им помогнат во маките.Маките?Идеална песна за чекање пред шалтер е со Маки сум се родила песната. Тие зад шалтерите манекенките то ест коконите фактички ќе земаат некои ќе ги стружат тие орлите нокти на нив па ќе земаат некој џиш лак и ќе се лакираат како то да е приоритет за дено да им биде типи топ.Чекај дечко,чекај тетко сега ќе проверам во архивот.Аха архивот.Да провери дали некој му лајкна на фејсбук или дали лакот за нокти му е досушен оти Пацето не ќе можи да пишува.Има некои шо ќе речат на овој шалтер не може ова да се документира одете на шалтерот број 13 па после на 7 и така по патот на свилата ќе чекорат луѓето.Стојат,чекаат,молат,пушат некое цигарче да ја згаснат нервата... со едно одење на шалтер не бива.Те враќаат да дојдеш утре пак оти страшно обожаваш шалтер ти.Ќе треба некогаш млади луѓе да завршат нешто.Стар чоек пред тебе и те гледа и ќе ти речи:Детееее и ти не слушаш? Ти ќе си велиш овој не ќе да е за тука и му велиш слушам чиче.И пак ќе те замара старчето со теророт:Ако земи си ти ѓеврек,јас не сакам,ќе си чекам ред.Ајде ќе излезеш од овој македонски ступидариум и доаѓаш дома.Имаш комшии кои знаат душата да ти ја вадат.Нешто како ма здрааавооооооо што би рекол Ѓура од топ листа надреалиста.Така ќе се најдат некои студенти под кирија и ќе му текни ќе ти се пофалат дека имало на месечината журка во петок навечер.Таман ќе си речеш ајде сега ќе си одморам од другата страна на тулата доаѓа звук од нешто на телевизија: а сега драги гледачи ќе ја промовираме најновата песна на здравко чолиќ уште ти ми требаш.Токму така!Ќе си речиш ајде релакс и ќе викнеш некој комшија отспротива, така да ти врви денот.Се таман ќе биде и кога ќе си заминува ти вели:Сега ќе ми викаш такси или пешки да си одам?Шо си велиш во себе...да земам касапот или да живеам на планина со волците?Ајде музика да пуштиш после.Њама таква работа...Пак комшиите доаѓаат во добро ова лошо опомение:абе немој да мислиш дека ти мислиме лошо,ама намали тоа музиката утре сум за на работа.Аха на работа.Сабајле ќе ти пушти утринска програма со некои песни како Жал за Деспина или пак реклама за серијата солзите на баба ти.И така ќе ти почни следниот ден,со комшиите кои ќе знаат и умеат да те разбудат заедно со кокошките.
Ама забораваш дека јас имам уште 5 други работни искуства до кои сум дошла сама, ама битно е тоа едно за кое некој ми помогнал така? Јас не отидов да одмарам после факултет туку почнав за 6 000 да работам за да стекнам искуство. И да, тие курсчиња се најчесто од беснотилук, тато има пари па ќе му ги трошам, бар кај моите колешки беше така.
Во најубавата тема најдовте да се карате? Сакам да прочитам нешто убаво, а не да ми ширите негативна енергија. Пет страни со безврска расправии се Карајте се во приватни пораки, или разменете броеви и на телефон изнавикајте се
Јас не ја знам твојата работна биографија, но знам како се фалеше тука и за што конкретно. Дали е битно тоа едно или не, не знам, ама знам дека ако пишеш во биографија искуство од јавен сектор тежи на папир 10 пати повеќе отколку во приватна фирма. Не знам зошто, ама така е во пракса. Со тоа ти отвара порти на повеќе места. Дали се од беснотилук или не и тоа е нешто. Можеле едноставно ништо да не прават.
Факторот среќа игра голема улога. Но, ние луѓето, какви сме си несовршени, а вообразени, одма си го припишуваме нашиот успех на својата велелепност, доблести, ти реков-ми рече, не гледајќи дали со тоа фалење, на сметка на укорување на оние коишто на животот поинаку му пристапиле ги повредуваме поразличните од нас. Но, истата среќа не те следи вечно. Кога ќе биде човек на местото на коешто некогаш со презир и потсмев покажувал со прст и подвиткувањето на опашката боли.
Таман ќе подзаборавиш, мислите нема да ти одат само таму и тогаш како за инает ќе те побара и ај не мисли после
Ех сеа, испадна дека џабе везев овде на државна фотеља, пишував и избришавте се на крај, па сега не можам да се повторувам а и не планирав ни таму кај што направија чистка ама мм кој прв почна Ќе му мавнам сникерс и ќе бегам дома. Да ја одморам и оваа фотеља више А и да не читам муабети, сме немале работа и цеееел ден сме пишувале на фемина. Ете реин избриша и испаѓа дека ова ми е прв пост денес. Останете во добро здравје.
Зошто се потценуваат курсевите на кои некој одел во странство? Па таму ќе стекнат повеќе знаење отколку тука на една "пракса", од проста причина што светот е напред и постојано е во тек, а не како тука, по стар тек, каде праксата може да значи само и печат. И не сакам да се карам, ама не ти фатиле врски само те најавиле? Немало кој, па се јавил градоначалникот дека бил добар пријател? И воопшто не ми пречи ни врска ни мрска, не си ни прва ни последна, ама кој убедуваш во спортивното, нас или тебе? Тоа е тоа кога пишуваш есеј, убедуваш и филозофираш за труд, и само едно зборче ги дави сите реченици во океанот.
Јас само се најавувам да и кажам на девојките на кои им ја уништуваме „најубавата тема“ со дискусии, комплетно да се преместат во друга тема каде ќе си пишуваат која боја карминче и одговара и да се потсетуваат меѓу себе колку се најубави.
http://forum.femina.mk/threads/Вработување-на-партиска-основа.24648/ Од технички причини не можам сите претходни мислења да ги префрлам, ве молам, да не ве бришам подолу, да ја продолжите дискусијата таму, ако сакате да реплицирате на пост од тука цитирајте го во новата тема. И без навреди, по не знам кој пат. Оставете ја оваа тема да си тече лабава, сепак, со причина е во кафе муабети, не во политика.
Сакам да кажам дека кога и да гледам некој филм со оваа актерка, веднаш ме асоцира на @crimson. Многу ми личат