Дечкии што пиете? Никогаш не сум се израдувала толку на фејсбук објава - братучетка ми ќе се мажи. Запросување со тропски остров и романтики и се’ што ни изгледа лигаво кога е далеку или кога го гледаме на филм, а толку мило ни е кога ќе се случи на некој кој ни значи. Одма почнаа да ми се вртат спомени... деца, барбики, караници, па сонување за тоа што ќе бидеме кога ќе пораснеме, тинејџерски глупости... Како брзо помина времето. Ете таа назначи една нова фаза во поблиската фамилија и осеќам дека ќе има бран. Досега не’ тераа да се мажиме/жениме на секој семеен собир, сега не ќе знаат кај да бегаат. Ај и на ваша глава! Спојлер: Се прашувам... Зошто ми дојде веднаш да пишам на форумов? Изгледа пак ми навлезе премногу во животов, ќе треба повторно да смислувам начини на рехабилитација.
Колку и да сум лута на одредени личности (другарки, дечко) сепак на крајот од денот или секогаш кога ќе ги сретнам и ќе се присетам на убавите мигови што сме ги поминале заедно , чувствувам носталгија по тие времиња и сфаќам дека добро е што тие личности биле дел од животов. Посакувам да бевме само деца кои се раскарале поради омилената играчка и кои повторно би јаделе сладолед, чоколада и повторно би се дружеле а не да бидеме она што сме раскарани поради непромисленост завист или што и да е во нас што постои. Навистина по 100 0ти пат жалам затоа што голем број вредности и убавини од животов како што се љубов, другарство се изгубија некаде, природна реткост станаа а всушност секој треба да ги негува и да бидат заштитено добро. Во време на најмногу и лесно достапни материјални ствари заборавивме на најбитното духовното богатство и среќа.
Многу ми е криво што многу луѓе мислат дека постоиме за да патиме, да се бориме, животариме, платиме сметки и умриме... И уз сето тоа да осеќаме страв, дали ќе одиме во пеколот и цела вечност ќе гориме. А во мене гори една желба за учење, да видиме кои сме всушност и зошто сме дошле на овој свет. Дечки пеколот не постои, Данте се заебавал со нас
И на времето а богами и сега не го сакав понеделникот, зашто е прв работен ден .А често ми се случуваше понеделникот да ми биде многу поубав ден од саботата и неделата, слободни денови кои со душа ги чекав/м и ги обожував/м.
Од пред некој ден налетав на книга од Хоукинс, како ли му се пишува името, и се зачитав. На секоја втора страна гуглам, оти не ми фаќа паметот и ништо не го разбирам па има објаснувања, генерал релативити за дамис и така натака, па врти сукај, мисли му ја, пробај да му објасниш на мозокот како баш изгледа оној заоблен свемир, замислувај трамполина, фрлај железни топки... да стигнам до како сме верувале дека сме центарот на се, па до мултиуниверзуми, и ми се чини мозокот ми прокрвари. И јас како Џинџ погоре, рандом во 4ам со прашањата, кои сме, зошто сме тука? Многу ми е појасно кои сме, кога додека го шетам кучево и забележам народ да бара печурки, ако забележам некоја што се јаде да ја покријам со лист од папрат, за да не ја видат.
Уфф, немој, после шмизлите со сликите со дак фејсови, газови и цицки кај ке ги објавуваат? Можеби на форум ке ни дојдат и тука ке се рекламираат по темиве. Инаку, озбилно нека не го пуштаат фб, најсреќна ке бидам.
Еден сон ми ја побрка главата... Немаше да е толку страшно, во сонот да беше оној што треба, а не некој друг. Почнувам да звучам како срцекршачка.
Ако се распадне фб прва самоубиство ќе изврши ина многуфина. Женава преокупирана е со фб, мислам и на твитер (не знам), ако не напише статус во рок од саат време не е жива. Најлошото е што всушност мисли дека е многу смеша ама за плачење е кутрата. Има некои статуси онака да ти измамат насмевка, ама другите сите се шта речи... Се ќе беше ок ако си ја гледаше работата, ако си пишуваше статуси без да навредува никого...мислам гадно е за читање кога ќе почне да руга некој, па ајде некои нејзини "пријателчиња" и даваат поддршка, и женава не знае да престане. И тоа треба да биде смешно? Се надевам дека ќе и дојде некогаш паметот. Би требало. Инаку не можам никако да ги сфатам луѓето, што англискиот им е мајчин јазик, не можат да прават разлика помеѓу your и you're Ама ваљда нешто слично е како и кај нас што не прават разлика помеѓу мои и мој, кој и кои, некој и некои, твој и твои...така и тие....ај за една буква/апостров, што има врска де
СДК, скроз тишина в парк, bby на клупата шо паѓа под сенка ич не се гледа и јас на крлешка се крлам и се смеам за то шо ми збора онака на глас. Два- три случајни пара ме загледаа под око. Штом не стигна комбе да ме собери океј сум
Го гледам бебенцево 5 пати дневно и го сакам!!!! https://www.facebook.com/xendanweb/videos/10152843887456795/?pnref=story
Мене задоцнето ми доаѓа несоница од полна месечина. Се преплетка околу мене, диши, се поти, нешто си мрмори во сон...и се разбуди и како мачор ги крена ушите низ јорганот. Си ќутевме во мракот... Љубота ни е некоја стара хабанера, ама јас сум тешка за водење низ неа. 8 удари со акцент на првиот, тамам да се свртиме јас ќе го подбутнам. Во право е... особено годинава. Тешка ми е бе душава...претешка еден тон, а него па не му е ни па ич поарна. Уште неотпакувана, пак се пакувам... мачето ми спие во куферот. И него му е мачно како и мене. Мисли дека сум му мајка. Го собравме од улица. Го тепаше мајка му и го земавме... и сега мисли дека сме му родители. Пак почнувам да правам зоолошка. Мачор, маче, мачно... а јас шо сум? Ме чека состанок сабајле... а чувствувам нагон за повраќање од се што треба да се излајам. Ме чека преглед на тироида. Спремна сум да се карам со аргументи. Ме чекаат 10 работи за координирање од кои за 5 ќе испаднам крива за нешто. Си мислам, а што ако бе... што ако си родам дете? Во моментов поспремна за друго и да не сум била, со огромна желба во гради. Му го гледам сјајот во очите и гледам дека тоа го сака. Јас мртви луѓе не можам да му вратам, ама можам копија да му родам. Добро, ќе личи на мене, нескромна да не испаднам, ама посуптилни и егзотични црти имам од него . Стварно, поспремна и пожелна за друго освен да се реализирам како родител немам ништо друго. Мајка ми па ми го дефинира како - стануваш зрела жена, а и можда дека на твои години јас бев бремена со тебе... Не можда, туку и сигурно. Како да и ги чувствувам сите емоции на нетрпение да ме доноси и види на овој свет. Сенешто ќе ми текне во ноќва... ама ... многу сериозно и со многу љубов ми доаѓа желбава, кажана пред не знам колку илјади жени... може и ќе се оствари, вештици сте. Многу е интересно. И двајцата сме преинтуитивни, повторно нескромно за себе ќе кажам, можам комотно да отворам гатачко атеље. Се што ќе спомнеме се случува, се што ќе претпоставиме се случува. Предвидов раѓање на сите бебиња во животов што ми се појавија и двајцата покојни дедовци ги испративме како што ми кажа интуицијата. Па се зезаме, да се сконцентрираме и да го добиеме од небо првиот милион за да си оствариме сон! Ма најсериозно. И колку повеќе ти е криво во животот зошто нешто не ти се случува тебе, да знаете дека за милијарда пати дека ќе му се случи на некој околу тебе. Канализирајте мудро енергија, јас друго објаснување немам. И не знам дали е нормално, но доволен ми е во животот, тој и нашите другари и другарки. Некако не чувствувам потреба од семејствата, особено потесните. Премногу драма, премногу услови, премногу игри. Добро, моето семејство е навистина мало... но и тоа ме заморува. Ме заморуваат емоциите и загриженостите на мајка ми и бурната драматичност во раскажување на обична дневна случка, вечната воздржаност на татко ми. Луѓе за восхит се...ама периодов... баш ми треба одмор. За неговата страна не ми се ни зборува, а не ни имам право, само знам дека ми се премногу. Премногу ми се сите тие услови на прифаќање, а јас стварно не чувствувам потреба да ме прифатат, а нив тоа ги нервира, како сега тоа мене не ми е битно и не се трудам... Па се појавува друга загрозена страна која можда има заеднички интерес ко мене (јас немам, она така си мисли). И по некое непишано правилно, најтешка е задачата на најстариот син, особено па најтешка е кога е во врска со ќерка единица... Си се успа пак... јас дежурам, кој знае до каде ќе отпатувам со мислите. На Марс по вода можеби.
Залади и баш ми е мило поради тоа. Денес со нетрпение чекам да си го преуредам плакарот. Зимската/есенската гардероба да ми биде прва, при рака. Чизмички, убави џемперчиња/блузи, јакни, крзно, капи, шалови... Јеј, тоа го чекав. Како што сум личност која сака промени, при крај на зима, знам со нетрпение ќе чекам пролет и така се во круг. Но важно е тоа што секое годишно време ми е посебно убаво и се радувам на сите. Добро утро.